Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Давид Албахари (1948-2023) беше првиот добитник на главната награда на книжевниот фестивал Друга приказна. По тој повод во 2016 година тој напиша книже со 16 кратки раскази, специјално за малата едиција на фестивалот. Од таа мала книга издвојуваме пет раскази, во чест на големиот писател. ПИСАТЕЛОТ Писателот е стар и веќе ништо не пишува. Смачено му е и од самата помисла на пишување и не може да сфати како можел сиве години тoлку редовно да ...
Состојбата на ова село е одраз на поголемиот тренд кој ја зафати земјава во последните 20 години. Според последните статистички податоци, над 60 општини во земјава забележале значителен пад на населението, што претставува сериозна загриженост за иднината на руралните места Додека сонцето изгреваше над живописните предели, тргнаваме на патување до селото Требичино, сместено во ридско-планинските предели во струмичкиот регион. Порано ...
Денеска, по долго боледување,на 75-годишна возраст, во Белград, почина српскиот писател и преведувач Давид Албахари. Давид Албахари, роден 1948 година во Пеќ, ја објави својата прва книга, збирка раскази „Семејно време“ во 1973 година, во издание на „Матица Српска“ од Нови Сад. Истата издавачка куќа го објави неговиот прв роман „Судијата Димитријевиќ“ (1978). Објавил повеќе романи „Цинк“, 1988; „Кратка книга“, 1993 година; „Снежен човек“, 1995 ...
По изборите на 23 јули, постоеше можност радикалната десница во Шпанија да ја преземе власта за првпат по падот на Франко. Ако конзервативната партија Партидо Популар освоеше мнозинство од гласовите, популистичката десничарска партија ВОКС, која уживаше поддршка од околу 13 проценти од гласачкото тело, ќе можеше да формира коалиција како малцински партнер. ВОКС е партија со големи амбиции. Нејзините лидери сакаат да го укинат абортусот, да ги ...
Издадена е нова поштенска марка „Скопје се сеќава 1963 – 2023“, во чест на одбележувањето 60 години од разорниот скопски земјотрес. Марката беше промовирана од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со АД Пошта на Северна Македонија. По иницијатива на УНДП, поштенската марка е испечатена во 6.000 примероци по дизајн изработен од Лоран Куфало, со препознатливиот стилизиран мотив на часовникот на Старата ...
Дибеци, торлаци, глупаци и други вмровци расправаат за тепачки и афери, чаршиски интелектуалци зборуваат за битки, тактики и идентитети, додека војсководци и државници мислат на логистиката на војната. Пресудниот чинител за исходиштето на сите војни била и секогаш ќе биде логистиката. Она што се случува во позадината, способноста на завојуваната страна да го обезбеди дотурот на храна и муниција, свежи трупи и оружје, превозни средства и ...
Скулпторката Пети Варашина во поголемиот дел од нејзината 55 годишна уметничка кариера e фасцинирана од човечката фигура. Нејзиниот постојан интерес веројатно се должи на тоа што таа на сопствено тело гледа како најблискиот извор од кој ги црпи своите идеи. Дивиот син аутсајдер Употребата на телото дава афирмација на секојдневното постоење на Варашина и служи како тема на нејзиниот „визуелен дневник“ кој, за неа претставува потсетник, рефлексија ...
Денес сè почесто зборуваме за климатските промени, нивните причини и последици, вниманието ни го привлекуваат екстремните (не)прилики, а повеќето од нас барем донекаде се запознаени со поимот „урбан остров на топлина“, за кој се пишува сè почесто. Меѓутоа, постои уште еден поим кој е особено важен за сите нас кои живееме во градски средини, а за него сè уште не се знае доволно (барем кај пошироката јавност). Тоа е надворешниот термален комфор. ...
Прошетката низ градините на приватниот имот Портрак во Шкотска, не е само прошетка меѓу раскошот на природата. Доживувањето на овој простор оди подалеку од тоа. Aмбиентот таму повикува на прошетка низ енигмите на космосот. Формулата на куќата Портрак е спојот на уметничката интервенција, научното знаење и формите на самата природа. Зошто? Прво, да ги задоволи нашите сетила, а потоа да испровоцира рефлексија за сопственото постоење. Каскадата на ...
Игор Ласиќ во маицата со натпис „No al calcio moderno“ Не е од некоја важност за нештата, но нека биде кажано: пишувањето на овој текст го прекина едно лаење. Значи, во последната вечер на престојот во родното дело Граб на Голија, вечерта на 27. јули, почнав да им пишувам одговор на шестмина читатели (сите машки) на нивните јулски пораки по електронска пошта, чија содржина може да се изрази со прашањето: а зашто ни во јуни, ни во јули не напишав ...
Зборот „чувствителност“ по својата дефиниција е двосмислен, бидејќи може да значи способност за спознавање на светот околу нас, но и нечија ранливост на напади или акции на другите. Всушност, кога таа ранливост е поинтензивна, обично ја нарекуваме пречувствителност, па секоја личност која е таква лесно ќе пушти солза на романтичен филм, но и емотивно ќе реагира на речиси секој, според него/неа, „погрешен поглед“. Пречувствителноста стана особено ...
Скопје 1963-2013 130 прилози за Скопскиот земјотрес 1963 со неколку стотици фотографии. списание МАРГИНА 89 (целото посветено на Скопскиот земјотрес) Скопје 1963: сеќавања и сведоштва на земјотресот Славко Јаневски - Телеграфски либрета Влада Урошевиќ - Денови без град Блаже Конески - Во земјотресот Александар Матковски Хроника на земјотресот во Скопје (фељтон во 24 делови со стотина фотографии) Михаил Токарев 50 години обнова и изградба на ...
Да се сетиме на Парго од Црниче. Не ќе му крене паметник Скопје. А и зошто би. Рамно пред пет децении со штици од ограбена ограда со завртки и пердуви аероплан направи. Неранимајко, му се потсмеваа виличави, лебот за ништо го јадеш. Тој - тоа па тоа. Малоумен умник ко секој сонувач. Но еден ден го снема чиниш би сон од клепка распливнат. Едни - Го затвориле. Други - Го закопале. Неграмотниците не знаеја: лета Парго во височини, меѓу галаксии ...
„Проектот „Гордите жени од долината Омо" е реализиран во внатрешноста на племето Сури, во долината Омо во Јужна Етиопија. Моделите не биле подготвувани специјално за фотосесијата, едноставно биле фотографирани такви какви што се. Не се користело вештачко осветлување. Фотографиите се направени во темен шатор со светлината што влегува од влезот на шаторот. Фотографот Јони Блау, кој е автор на овој проект, го споделува своето искуство од поминатото ...
Пени Блек Во четириесеттите години на 19 век во рамки на реформата на британскиот поштенски систем кој до тој момент бил мошне хаотичен и претставувал плодно тло за корупција и разни злодела, настанала првата поштенска марка. Системот бил пред распад зашто оние што ги добивале пратките често не сакале или не можеле да ја платат услугата. Од друга страна, праќачите не се колебале да праќаат големи, кабасти предмети, или упорно секојдневно да ...
Кинескиот архитект oд компанијата „MAD Architects" беше предводник за дизајн на уметничкиот центар на отворено, за театарскиот фестивал Аранја за 2023 година, којшто се одржува на крајбрежјето на Кина. Ма Јансонг доби задача да го проектира „Градот на времето“, како поддршка за презентирање на работата на 300 уметници од различни области поканети на „Птици преселници 300“ (300-часовна резиденција на уметници која обединува 300 творци од различни ...
Во 2023 година, анти-родовото движење беше зајакнато со нови влијателни актери – религиозни лидери, нивни поддржувачи, јавни личности, интелектуалци, академици и други. Иако медиумите и новинар(к)ите имаат етичка должност да не шират дезинформации и говор кој поттикнува омраза или дискриминација, меѓу другото, и врз основа на пол, род, родов идентитет, сексуална ориентација и припадност на маргинализирана група, многу медиуми не се придржуваа ...
Во шумата Еберсвалд во Бранденбург, германски регион најпогоден од пожари, неодамна се инсталирани околу 400 сензори за рано откривање пожар. Сензорите со соларна енергија се прикачени на дрвјата и ги следат температурата, влажноста и притисокот на воздухот. Компанијата Driad Networks која стои зад оваа технологија, наведува дека тие во суштина дејствуваат како „електронски нос“ и можат да детектираат гасови што се испуштаат во најраните фази на ...
Тој фатален скопски ден, далечната 1963 покажа дека Скопје е кревок град. Оттогаш, со секој изминат ден Скопје се сеќава на трагедијата која го зафати нашиот град, но и на силниот светски наплив на солидарност кој го издигна Скопје во бастион на хуманизмот и обновата. По тој повод, на 26-ти јули (среда), во 21 часот, Младинскиот културен центар како институција која е дел од проектот за издигнување на пост-земјотресно Скопје, со пригодна ...
На неодамнешната посета на Загреб, во Музејот на Современа уметност, мојот поглед се запре на плакатот дизајниран за Првиот саем на научна фантастика одржан во 1972 година во претходната намена на музејот како Галерија на современа уметност. Дизајнерот на плакатот, Михајло Арсовски, дизајнирал изложбени постери за галеријата повеќе од една деценија и овој плакат бил награден со Златен медал на Меѓународната изложба на плакати во Варезе, Италија, ...
бев принесена жртва чисто лутање волчица во шумите во ноќта на телата Напуштената клада го убива сопственото светло. Заљубената птица ја возвишува песната. Толку волеви суштества во мојата тишина и ситниов дожд што ме следи. Дела и ноќи да ѝ дозволам на жедта да ми биде амблем да стои за единствениот сон никогаш веќе со љубов да не се храни бев принесена жртва чисто лутање волчица во шумите во ноќта на телата невин збор да се изговори. Превод: ...
По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт. Во еминентната галерија „ Константин Бранкуши”, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса ”, на ...
Во визуелната цивилизација во која денес живееме се покажува дека врз создавањето на клучните современи планетарни симболи стрипот и графичката литература имаат поголемо влијание од, на пример, книжевноста. Иконографијата на стрипот денес ја проникнува не само поп културата. Иако стрипот извесен период во вредносна смисла се сметаше за најниска културна продукција, за шунд и евтина забава, во последните децении на минатиот век се случија ...
Минатото лето беше најтоплото во историјата на мерњеата во Европа. Жештините беа причина за речиси 62 илјади смртни случаи во вкупно 35 европски земји, а особено беа погубни за женската популација. Ова се резултати од студијата која неодамна беше објавена во списанието Nature Medicine, која ја спроведе меѓународен тим научници предводен од Институтот за глобално здравје од Барселона. Во текот на изминатото лето надлежните органи забележаа ...
Јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на Земјата во последните стотици, ако не и илјадници години, им рече на новинарите во четвртокот Гевин Шмит, директорот на Институтот за вселенски студии Годард при НАСА, додека постојаниот топлотен бран пече делови од американскиот југ, пренесува Гардијан. Шмит ова го изјави на состанокот во седиштето на НАСА во Вашингтон на кој беа свикани експерти за климата и други лидери на агенцијата, вклучително ...
1. Првото извртување е дека гарантираат целосна безбедност на складирање на јаловината од процесот на вадење бакар и злато. Во нивна недамнешна објава се тврди следното, „Нема никаква основа за каква било грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана." „Никаква основа"!? Само со намера да се излаже јавноста се даваат вакви ветувања. Народната поговорка јасно предупредува кога се ветуваат "Кули и градови". 2. Второто ...
Вчера (20.07.23.) во културниот центар Бруталиск се одржа промоција на антологијата „Скопски Раскази”. Издавач е „Темплум", а книгата е објавена како 138 издание во едицијата Магма. Во антологијата, на 500 страници, се застапени раскази од 66 автор(к)и. Изборот го направија Никола Гелевски и Лидија Капушевска Дракулевска. На промоцијата говореа уредникот и приредувачот Никола Гелевски и новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски (застапен во ...
За норвешкиот илустратор и графичар Бјорн Ли, кој живее и твори во Шкотска, неговите „цветни студии“ се начин да се поигра со обликот, шаблонот и симболот, без да се грижи премногу за композицијата. „Поточно, јас ги гледам како дводимензионални скулптури кои имаат одредена физикалност“, објаснува тој. Бидејќи илустрирањето е негова основна занимација, овие дела му нудат можност да истражува и да се изгуби во процесите на изработка без никаков ...
Во моментов во оптек се четири можни сценарија за непосредната иднина на глобалната економија. Три од овие четири сценарија носат сериозни ризици и потенцијално далекусежни последици за глобалните пазари. Најпожелно сценарио е „мекото приземјување“ кое може да се очекува ако централните банки на развиените економии успеат да ја намалат инфлацијата на два проценти и притоа не предизвикаат рецесија. Втора можност е „полумеко“ приземјување, ...
Уметницата Дарија Федорова (со уметничко име Dasha Plesen) од Москва интервенира во процесите на природно распаѓање, акцентирајќи ги текстурите и боите, поместувајќи ги границите на науката и уметноста. Федорова, како голем ентузијаст и експериментатор на ова поле ги врзува јадењата со мувла со разни бактерии и други организми пред да додаде дополнителни елементи како меки топчиња, шеќери и попрскувачи во пластичните садови. Овие произведени ...