Белград
0ᴼ /
0ᴼ
Италијанската влада денес постигна договор, според кој банките и осигурителните компании треба да придонесат со околу 11 милијарди евра во буџетот во период од три години, што ќе помогнат во финансирањето на намалувањата на данокот на доход за средната класа. За 2026 година, финансискиот и осигурителниот сектор треба да издвојат 4,3 милијарди евра, приближно иста сума се очекува во 2027 година, додека во 2028 година таа бројка ќе изнесува повеќе ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија досега невидена фотографија од телото на Јахја Синвар на годишнината од атентатот врз лидерот на Хамас. – Една година откако човештвото беше ослободено од господарот на поплавата на злото. Доброто не може да се победи и правдата, без разлика колку долго се одложува, ќе победи. Проклет да си, и каква мизерна судбина те чека, Синвар – напиша портпаролот на ИДФ за арапските медиуми, Авихаи Адреи, според ...
Окружниот суд во Варшава денеска одби да го екстрадира украинскиот нуркач Володимир Ж., кого Германија го сомничи за саботажа на руско-германскиот гасовод Северен поток во Балтичкото Море во 2022 година. Полските власти на 30 септември го уапсија Украинецот, кој живее и работи во Полска, врз основа на европската потерница, со која Германија побара негова екстрадиција. Но, по судската пресуда 49-годишниот Володимир Ж. е ослободен. Треба да се ...
Две лица загинаа откако се преврте автобус на патот Сремска Митровица – Јарак попладнево. Во несреќата има и повредени луѓе, јавија српските медиуми. Полицијата, пожарникарите и екипите на брзата помош се на местото на несреќата. Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот. Сообраќајот на патот од Засавица до Рума моментално е затворен поради велосипедска трка. Од правец на Сремска Митровица кон Рума, можат да се забележат ...
Кремљ денеска соопшти дека средбата помеѓу рускиот и американскиот претседтаек Владимир Путин и Доналд Трамп би можела да се одржи за две недели или малку подоцна, но оти има уште многу детали да се договорат пред да се одреди точниот датум. Во вчерашниот телефонски разговор Путин и Трамп се договорија да одржат втор самит за војната во Украина во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Првата нивна средба беше на Алјаска на 15 август, на која не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на работниот ручек со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Белата куќа, изјави дека евентуалната испорака на ракети „Томахавк“ за Украина би можела да се сфати како ескалација на конфликтот од страна на Владимир Путин. Contents – Многу лоши работи би можеле да се случат – рече Трамп, додавајќи дека и на САД им се потребни тие ракети „за да ја заштитиме нашата земја“, јави Би-Би-Си. Украинскиот ...
Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на последниот ден од изборната кампања, пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, в недела, на ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Клик Плус” на телевизија 21 узрази уверување дека концептот „За Центар што го сакаме” ќе биде победник на локалните избори во Центар. – Верувам дека ќе победиме во првиот круг, иако гледаме доста анкети изминатиот период и ние направивме неколку, во коишто имаме добри резултати. Гледаме тесна битка меѓу двајцата кандидати од ЗНАМ и ...
Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка.Станува збор за обвинението против реалниот сопственик на фирмата за обезбедување на дискотеката. „Советот за оценка на обвинител акт, постапувајќи по дополнителното обвинение со КО 2317/25 поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решени со кое во целост го одобри актот. ...
Во општините Дебар и Центар Жупа утре 92 болни и изнемоштени лица, треба да го остварат правото на глас во домашни услови. – Треба да гласаат 80 болни и изнемоштени лица. Барање, имаа доставено 83 лице, но, по разгледувањето, три од нив не беа прифатени поради некоплетна документација. Како комисија ги имаме преземно сите потребни активности, изборниот материјал е пристигнат и истиот ќе го распределиме во текот на утрешниот ден – рече за МИА, ...
Вашата сила е во гласањето. Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела, со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на митинг во Крива Паланка. Филипче се заблагодари за, како што рече, масовната поддршка и порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи „нашиот дом власта да продолжи да го руши ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор. – Во суштина имаме две понуди една понуда кој нè враќа назад во оние ...
Да излеземе масовно на 19 октомври, да гласаме за број 9 за 64 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и за листите со кандидати за советници, порача генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, на последниот митинг за првиот круг на локалните избори што се одржа вечерва во Охрид. Сајкоски укажа дека актуелната Влада направи исчекор кој го нема направено ниту една влада, посебно не за така краток период за само нешто повеќе од една ...
Драги мои, мојата програма не е само букви и бројки на хартија, таа е програма од срце. Од охриѓанец за охриѓани. Пред четири години, чесно и достоинствено ја побарав вашата доверба. Денес, повторно стојам пред вас — со исправена глава и чист образ. Со резултати зад себе и со уште поголема енергија пред себе! Охрид не смее да застане! Охрид мора да продолжи да се развива! Знаеме како, Покажавме дека умееме. И продолжуваме — со уште повеќе срце, ...
Иако јавноста ја распна поради зголемувањето на телесната тежина, Адријана Лима сега ги замолчи сите. Откако доживеа брутални напади поради нејзиниот физички изглед, една од најубавите жени во светот, Адријана Лима се појави во полн сјај на шоуто на Викторија Сикрет во Њујорк – послаба, посамоуверена и подеднакво неодолива како порано. На спектакуларното враќање на модната ревија на „Викторија Сикрет“ 2025 во Њујорк, една од најголемите икони ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објави отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. „Драмолетање“ претставува платформа посветена на откривање и поддршка на нови драмски гласови, развивање и презентација на оригинални драмски текстови, поттикнување креативен дијалог меѓу авторите, режисерите и театарските ...
Хрватската Финансиска агенција (ФИНА) доби дозвола да стекне квалификуван удел во Македонската берза, индиректно преку Загрепската берза., соопшти Комисијата за хартии од вредност. Според соопштеното, уделот што ФИНА може да го стекне во Македонска берза нема да надмине 30% од издадените акции со право на глас. ФИНА, чиј единствен основач и сопственик е Република Хрватска, веќе има согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА да стекне квалификуван ...
Пратка шверцувани цигари го заврши своето патување на хрватскиот граничен премин Брегана благодарение на Мобилната единица на Царинската управа. Царинските службеници имаа многу да видат кога во четвртокот вечерта запреа камион со хрватски регистарски таблички кој превезуваше контејнер за превоз по патарините, а специјално обучено куче за откривање тутун и тутунски производи и наркотици си ја заврши работата, објавува Dnevnik.hr. Откако беа ...
Словенечката влада усвои предлог-законот со кој се воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени во јавниот и приватниот сектор. Вработените треба да го добијат додатокот најдоцна до 18 декември, а износот ќе биде 639 евра, односно половина од бруто минималната плата. Законот треба да ја помине расправата во парламентот пред да почне да се применува. Според најавата на вицепремиерот Матеј Арчон, божиќниот бонус нема да биде задолжителен ...
„’Алкалоид’ е присутен во ЕУ веќе 18 години, но фактот дека доаѓаме од земја која не е членка на Унијата секогаш носи дополнителни специфичности. Со домашен пазар од само 2 милиони жители, наспроти европскиот пазар со 448 милиони чинители, растот и развојот се возможни само доколку деловните видици се насочени надвор од границите.“ Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за првпат зеде учество на водечката ...
Буџетскиот дефицит на САД се намали за 41 милијарда долари на 1,775 милијарди долари во фискалната 2025 година како резултат на зголемувањето на приходите од царините и намалувањето на трошоците за образование кои помогнаа да се компензираат повисоките трошоци за здравствена заштита, пензии и камати за долгови, соопшти Министерството за финансии на САД. Ова е резултатот за фискалната година што заврши на 30 септември,. Во фискалната 2024 година, ...
Американскиот монетарен завод го објави дизајнот на спомен-монета од 1 долар посветена на покојниот коосновач и извршен директор на Епл, Стив Џобс. На монетата е прикажан Џобс на млади години, седнат со прекрстени нозе пред пејзаж на северна Калифорнија – ридест предел со дрвја, и, се разбира, со својот препознатлив имиџ – црна ролка. На неа стои и натписот „Make something wonderful“, („Направи нешто чудесно“) цитат од 2007 година што неговото ...
Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на Рускиот совет за безбедност по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија руските новински агенции во петокот, повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Според Јуриј Ушаков, рускиот претседател Владимир Путин детално ги информирал членовите на Советот за безбедност за неговиот разговор со Доналд Трамп. Трамп и Путин се согласија во четврток да одржат ...
Зависноста од коцкање денес е тивка епидемија што ги уништува семејствата, ги менува личностите и ги поткопува темелите на вредностите на општеството. Особено загрижува фактот што младите се најранливи, додека властите и институциите речиси целосно го игнорираат овој растечки проблем. Кај младите коцкари, често слушаме дека сè започнува „за забава“. Кога ќе се премине таа граница – кога коцкањето престанува да биде забавно поминување на времето ...
Општата болница „Прим.д-р Абдулах Накаш“ собра експерти на конференција за пулмонална артериска хипертензија (ПАХ) – ретка, но тешка болест која ги зафаќа пулмоналните артерии и срцето. Пациентите, исто така, ги споделија своите искуства од животот со оваа ретка болест на денешниот настан. Беше нагласено дека иако терапиите што го продолжуваат и значително го подобруваат квалитетот на животот се достапни во земјите од Европската Унија, оваа ...
Руската војска нападнала воен аеродром во близина на украинскиот град Кривој Рог, каде што се наоѓале авиони на НАТО. Како што пренесуваат светски медиуми, се слушнале околу 15 експлозии на аеродромот „Лозовацки“, на северот од градот, каде што имало околу пет авиони, меѓу кои имало и авиони на НАТО. Нападот бил извршен со беспилотни летала „шахед“. Украинските власти соопштија дека руските сили редовно напаѓаат локации каде што се наоѓа воен ...
Украина и Русија не се подготвени да склучат мировен договор и покрај „енергичната дипломатија“ на американскиот претседател Доналд Трамп, вели американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Според него, војната меѓу Русија и Украина продолжува и покрај месеците преговори, бидејќи ниту една страна не е подготвена да постигне мировен договор, пренесува Њузмакс. – Енергичната дипломатија на претседателот на САД не може да ги натера луѓето да ја ...
Страшна експлозија што уништи голем дел од станбена зграда го потресе романскиот главен град Букурешт утрово. Властите објавија дека има двајца мртви и повеќе повредени. На социјалните мрежи се појави видео од моментот на експлозијата, снимен од надзорна камера во продавница. Се гледаат две жени во продавницата, како и маж кој стои надвор. Во моментот кога од силата на ударниот бран се слушнала силна експлозија, стока паднала од полиците, а две ...
Специјалниот пратеник на рускиот претседател и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, го повика Илон Маск да учествува во изградбата на тунел што би ги поврзал Русија и САД преку Беринговиот Проток. Дмитриев ги сподели на социјалната мрежа Икс (X) и документите објавени од републиканската конгресменка Ана Паулина Луна, кои се однесуваат на периодот на Џон Ф. Кенеди. На тие документи е прикажана областа на Алјаска и ...
Последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема ...