Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука. Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,50 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари. Според новата одлука, од 21 април во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 ...

Директорот на Транспортна заедница, Матеј Закоњшек, изјави дека се работи на решение за ограничувањата на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, нагласувајќи дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци со цел изнаоѓање компромис. Тој денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Транспортната заедница, истакнувајќи дека процесот на усогласување се ...

Министерството за образование и наука (МОН Северна Македонија) денеска ја одржало последната средба со коалицискиот партнер Вреди во врска со новиот закон за високото образование. Министерката Весна Јаневска соопшти дека на средбата биле разгледани шест точки од предлог-законот, при што документот е веќе финализиран и ќе биде испратен во владина процедура. Таа истакна дека пет од точките не биле спорни и биле претходно усогласени, додека ...

Конфликтот меѓу Иран и САД и Израел ја создава најлошата енергетска криза со која некогаш се соочил светот, изјави во вторник шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), пренесе „Ројтерс“. – Ова е навистина најголемата криза во историјата – изјави Бирол во интервју за радиото „Франс Интер“. – Кризата е веќе огромна, ако ги комбинирате ефектите од кризата со нафтата и кризата со гасот со Русија – додаде тој. Војната на Блискиот Исток ...

Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државен просветен инспекторат, кој при надзор утврдил неправилности при упис на студенти на магистерски и докторски студии. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека факултетот веќе презема мерки по заклучоците на инспекторатот и дека се чека конечен извештај врз основа на кој ќе биде донесена одлука, пренесе МИА. Таа ...

Редакциска опсервација Кога американскиот претседател Доналд Трамп во свој стил се пошегува дека ќе го обвини потпретседателот Џеј Ди Венс ако пропаднат преговорите со Иран – а ќе ја преземе целата заслуга ако успеат, тој всушност несвесно ја сумираше суштината на улогата што му е доделена на потпретседателот. Во администрација што ретко толерира неуспех, Венс се позиционира како политички амортизер. Тој сега е човекот што треба да апсорбира ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера привеле 50-годишен скопјанец на подрачјето на Општина Аеродром. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени 41 саксија со насади од канабис, како и прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори и опрема за одгледување растенија. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена ...

Обновата на моликата на Пелистер и редовните нуркачки екоакции во Охридско Езеро пример за успешна синергија меѓу граѓаните, науката и институциите На површина од околу сто хектари во националниот парк Пелистер е забележан забрзан и охрабрувачки напредок во обновата на моликата, автохтониот петиглест бор, кој претставува едно од позначајните природни богатства на земјата. Овој позитивен тренд следува по воведувањето шумски ред и спроведените ...

Романот „Млекарот“ од ирската писателка Ана Бернс, во превод од англиски на Катерина Јосифоска, е објавен од издавачката куќа „Артконект“, со поддршка од програмата „Креативна Европа“. „Млекарот“ е едно од највпечатливите книжевни дела што се објавени во англиското говорно подрачје во последната деценија, за што сведочат и многубројните признанија што ги добива ова дело, како наградата „Орвел“ (2019), меѓународната книжевна награда „Даблин“ ...

Новиот роман „Замир“ од Хакан Ѓундај пристигна и на македонски јазик, во издание на „Матица македонска“, носејќи пред домашните читатели едно од највпечатливите и највознемирувачки дела на современата книжевност. Станува збор за роман што уште со својата тема, наративна напнатост и силна внатрешна драматика се наметнува како книга за која ќе се зборува. „Замир“ е роман со моќен емотивен и општествен набој, дело што отвора крупни и болни ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати критики кон американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, обвинувајќи ги за недостиг на почит кон Украина. Во интервју за државна информативна програма, Зеленски изјави дека е неприфатливо да се посетува Москва, а да не се дојде во Киев. Тој нагласи дека е свесен за безбедносните предизвици поврзани со патувањата во земја погодена од војна, но потсети дека бројни странски претставници ...

Планирана тепачка меѓу млади луѓе ескалираше во масовно пукање во парк во Северна Каролина во понеделник наутро, во кое загинаа двајца тинејџери, а пет други лица беа повредени, соопштија властите. Капетанот на полицијата во Винстон-Сејлем, Кевин Бернс, потврди дека 16-годишник и 17-годишник починале на местото на настанот откако биле застрелани околу 10 часот наутро во паркот Лајнбах, во близина на средно училиште. Пет други, на возраст од ...

Пресек на првичните резултати од парламентарните избори во Бугарија Поранешниот претседател Румен Радев со новоформираното движење Прогресивна Бугарија освои значајно мнозинство на завчерашните предвремени парламентарни избори. Токму таквиот факт дава можност тој да стави крај на политичкиот ќор-сокак во кој се наоѓа Бугарија по осумте изборни циклуси во изминатите пет години. Најдисфункционалната членка на Европската Унија се бори со длабока ...

Лидерот на Прогресивна Бугарија ќе ги продлабочува релациите со Москва врз основа на почитување на принципот на рамноправност на државите и нациите од меѓународното право: До кога двојни стандарди од Софија? Клучната поента во градењето добри односи меѓу земјите е тие да бидат воспоставени на рамноправна основа и соодветен реципроцитет, односно никој да не се чувствува во подредена улога или, што е уште полошо, да чувствува дека тие односи ...

Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел, во интервју за „Брисел тајмс“ упати остри критики кон Европска комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, обвинувајќи ги за пречекорување на овластувањата. Според Мишел, Комисијата се обидува да преземе надлежности што ѝ припаѓаат на Европскиот совет, особено во областа на одбраната, надворешното претставување и работата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). – ...

Остра порака од европските суверенисти до водечките функционери на Европската Унија со барање за суспензија на „ЕУ-политиките на погрешни приоритети“! Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд се раководени од Марсовци и тие се злонамерна двојка, но ние ќе ги симнеме назад долу, на планетата Земја, остро порача од собирот во Милано изминатиот петок Матео Салвини, лидерот на италијанската десничарско-суверенистичка партија Лига, кој е ...

Од печат излезе романот „Јета“ од Ивана Трајаноска, објавен како 249-та книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-или“ од Скопје. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. „Јета“ е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот, но и женскиот идентитет во историскиот и современиот контекст на поранешна ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО, Метју Г. Витакер, на која се разговараше за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата. Во фокусот на разговорите биле и актуелните безбедносни предизвици, како и заедничките приоритети за унапредување на регионалната и глобалната стабилност. – Ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во ...

По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на Нова Македонија, ...

Суверенизмот по брегзит и Трамп: Од идеологија до политичка практика Најопшто земено, суверенизмот традиционално се разбира како политичка и идеолошка позиција што инсистира одлуките да се носат што е можно поблиску до (во и од) националната држава. Во таа рамка, државата се гледа како примарен носител на легитимитет, додека надворешните наметнати влијанија и зависности, било економски, политички или културни, би требало да се сведат на ...

Министерство за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се лишени од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, осум возачи управувале без возачка дозвола, по двајца биле затекнати како возат под дејство на алкохол и со значително надминување на дозволената брзина, додека по еден возач управувал со активна забрана и во спротивна насока. Според податоците на МВР, четири ...

Венко Андоновски, писател „Мачкина глава“ е драмски текст на Венко Андоновски, македонскиот романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Премиерата на претставата „Мачкина глава“, во режија на Дејан Пројковски, е закажана за 21 април, денот на централната прослава за 80-годишнината на Драмскиот театар. За драмскиот текст, инспирацијата, пораката на „Мачкина глава“ разговараме со ...

Илјадници корисници низ цел свет пријавија проблеми со ОпенАИ (OpenAI), кој го управува популарниот четбот ЧетЏПТ (ChatGPT), пишува британски „Сан“ Според податоците од Даунтектор (Downdetector), извештаите достигнаа врв околу 15.30 часот попладнево, кога 8481 корисници пријавија проблеми со големиот јазичен модел. Статусната порака на веб-страницата на ОпенАИ гласеше: „Моментално се соочуваме со проблеми“. Потврдено е дека корисниците не ...

Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода. Во еден од случаите, 47-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот партнер физички ја нападнал неа и нејзиното куче во нивниот дом во скопската општина Центар. Според пријавата, тој упатувал закани кон неа и нејзиниот син, а потоа ѝ побарал пари, кои таа му ги дала од ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски порача дека Македонија останува кредибилен сојузник во рамки на НАТО, со значителни инвестиции во модернизацијата и опремувањето на Армијата, што придонесува за зајакнување на колективната одбрана. Изјавата следува по средбата со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во НАТО, Метју Витакер, која се одржа во касарната Илинден во Скопје. На средбата, на која присуствуваше и началникот на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече, заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со законот за високо образование. – Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот, за да види дали е во согласност со ...

ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Според ...

Македонските државјани, кои се меѓу најбројните странски работници во Хрватска, ќе бидат опфатени со нов Правилник за престој што воведува построги услови за сместување, задолжителни здравствени контроли и ограничување на трошоците за кирија. Според податоците од хрватското Министерство за внатрешни работи, во 2026 година најмногу работни дозволи добиле државјани на Босна и Херцеговина, по што следуваат работници од Филипините, Непал, Србија ...

На 20 април 2026 година, претседателот а Н.Р. Кина, Си Џинпинг одговори на телефонски повик од престолонаследникот и премиер на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд. Во врска со моменталната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање на мирот и се залага за решавање на споровите ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
70%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
53%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
61%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
49%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.96
57%
1014
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
77%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
72%
1015
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
44%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1011
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
43%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
75%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Алуминиум

3.59

Калај

50.34

Платина

64365.79

Паладиум

46843.64

Злато

151336.48

Рутениум

53788.20

Цинк

0.00

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Сребро

2399.81

Родиум

326330.08