Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
БАЛКАНOT ПОД ПРИТИСОК ОД МОЖЕН „БОМБАШКИ БРАН“: АЛАРМ ЗАРАДИ ПРЕВЕНТИВА, ЗА СЛЕДНА СТАНИЦА ДА НЕ БИДЕ МАКЕДОНИЈА Во последните 24 часа серија дојави за поставени бомби ги вознемирија граѓаните во повеќе балкански градови – од Подгорица и Будва, преку Загреб, до Зеница. Најнова цел на ваквите закани се училиштата во повеќе градови низ БиХ (Мостар, Коњиц, Чаплина и Јабланица) и низ Хрватска (Загреб, Сплит и Дубровник), кои биле навремено ...
Бројот на луѓе во Европската Унија што не можат да си дозволат да ги затоплат своите домови се зголеми за 16 милиони за време на инфлацијата и зголемувањето на цените, а повеќето од овие луѓе беа вработени. Европската конфедерација на синдикати предупредува дека Европа побрзо тоне во енергетска сиромаштија отколку пред неколку години. Според пресметките, а врз основа на податоците од Евростат, бројот на сиромашни работници што не можат да си ...
Државата треба да го засили фокусот на безбедноста во сообраќајот преку продолжување и надградба на проектот „Безбеден град“, како и преку координиран пристап на сите институции, препорачува Транспортната заедница во најновиот извештај презентиран во Собранието. Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек истакна дека, и покрај напредокот, реформите и инфраструктурните проекти мора да се спроведуваат паралелно за да се постигне ...
Национализмот како алатка за бегање од личната одговорност или, пак, повторно лансиран како амбиција за поширока платформа на дејствување?! Во време на голема геополитичка неизвесност, кога буквално не се знае кон што се движи светот, внатрешната кохезија во општеството е повеќе од клучна за да се одредат заедничките цели кон кои ќе се стреми државата. Но се чини дека дури и во едни вакви турбулентни времиња некои политички сили во земјава ја ...
Од наш агол Има моменти кога политичкиот говор престанува да биде само реторика и станува тест за зрелоста на едно општество. Изјавата на Блерим Беџети дека „Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредување и сами да одредат како и каде сакаат да живеат“ не е само уште една дневнополитичка реплика. Тоа е нешто друго. Прашањето е што точно? Имено, во држава што поминала низ конфликт и изградила мир врз компромис, ваквите ...
Кога историјата, татковината и образовните институции едуцираат, воспитуваат и обединуваат Посетата на учениците од осмо одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга на Спомен-домот на браќата Миладиновци претставува пример за тоа како образованието може да ја исполни својата суштинска мисија. Да образова, да воспитува и да обединува. Учениците што следат настава на албански јазик, преку предавања од едукатор од музејот „Д-р Никола ...
Наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава е зголемена за 11 милиони евра во однос на истиот период лани, при што во Буџетот се слеале вкупно 2,14 милијарди денари, односно 34,7 милиони евра, соопшти Царинската управа на Македонија. Како што информираа оттаму, во истиот период, царинските служби спречиле осум обиди за шверц, при што се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои пообилно ќе бидат застапени во западните и југоисточните делови од земјата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Според прогнозата на УХМР, утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 15 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денеска во судницата во Идризово со сослушување сведоци предложени од Обвинителството, пренесе МИА. На претходното рочиште, одбраната на сопственикот на дискотеката и првообвинет Дејан Јованов-Деко побара мерката притвор да биде заменета со куќен притвор, повикувајќи се на неговата влошена здравствена состојба. Во текот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, со цел да му се даде дополнително време на Техеран за преговори, додека американската поморска блокада на иранските пристаништа останува во сила. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп соопшти дека одлучил да го продолжи примирјето сè додека Иран не достави предлог за ставање крај на конфликтот. Тој наведе дека одлуката е донесена на барање на Пакистан, ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Како што објави на својот профил на „Фејсбук“, на средбата се разговарало отворено за предизвиците, но и за можностите за развој на државата. Мицкоски ги повикал иселениците да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во економскиот развој, истакнувајќи дека Владата работи на создавање стабилна и предвидлива ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ги предупреди лидерите на земјите од Западен Балкан дека регионот може да изгуби до 750 милиони евра од Европска Унија доколку не се забрзаат реформите предвидени во Планот за раст. Во обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Кос истакна дека средствата се строго условени со конкретни резултати и рокови, при што повеќе од 700 милиони евра се доведени во ризик да бидат ...
Иранската новинска агенција Тасним објави дека Иран е „целосно подготвен“ за можноста од повторно избувнување на воен конфликт. Според објавата, Техеран подготвува распоредување на воени сили, изработува список на потенцијални цели и најавува нови „изненадувања“ во случај на ескалација. Оваа порака доаѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „Си-ен-би-си“, во која тој оцени дека Иран „нема избор“ освен да испрати ...
Цените на нафтата се задржаа на високо ниво и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето со Иран ќе биде продолжено, додека пазарите и натаму остануваат внимателни поради геополитичките тензии. Нафтата од типот Brent crude за испорака во јуни синоќа накратко надмина 100 долари за барел, првпат по околу една недела, а потоа се стабилизираше околу 99 долари. Тоа претставува дневен раст од речиси четири проценти. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Соединетите Американски Држави да постигнат „одличен договор“ со Иран, и покрај тоа што не планира да го продолжи примирјето кое истекува во среда. За „Си-ен-би-си“, Трамп посочи дека верува оти Техеран нема многу избор во преговорите. – Мислам дека немаат избор – рече Трамп, говорејќи за можниот исход од новата рунда разговори. Тој истакна дека американската страна значително ја ...
Со свечено дефиле и богата културно-уметничка програма на Плоштад Македонија, вечерва во Скопје официјално беше отворено Светско училишно првенство во ракомет 2026, кое за првпат се одржува во земјава. Настанот е во организација на Федерација за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерство за спорт. Во наредните денови, Скопје ќе биде центар на младинскиот ракомет, обединувајќи повеќе од 700 млади спортисти од 21 ...
Генералниот секретар на Советот на Европа најави дополнителни консултации и анализа во рамки на институционалните механизми Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изрази подготвеност институцијата внимателно и детално да се запознае со случајот со адвокатот Тони Менкиноски, по поставеното прашање од пратеничката Ивана Василевска. Берсе нагласи дека за Советот на Европа остануваат приоритет заштитата на човековите права, ...
На седум студенти на магистерски студии и на четворица на докторски студии на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, чии додипломски студии биле тригодишни стручни, им се поништува уписот и статусот на студенти, односно им се прекинува студирањето. Раководството на Филозофскиот факултет на УКИМ попладнево на прес-конференција соопшти дека ги почитува и ги спроведува заклучоците на Државниот просветен ...
Изградбата на професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација усогласена со европските стандарди е еден од клучните приоритети на Северна Македонија на патот кон членство во Европска Унија, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев. На Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлински процес, Минчев нагласи дека ...
Поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, јавно се извини за својата улога во поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Индипендент“. Во подкастот што го водел со својот брат, Карлсон признал дека чувствува одговорност за актуелните случувања и дека неговата поддршка имала последици. – Јас и ти и сите што го поддржувавме… на некој начин сме причината зошто ова се случува сега. Ова е момент да се соочиме со ...
Во Куманово рано утринава избувнал пожар во две паркирани возила на улицата „Никола Вапцаров“, информираше полицијата. Во пожарот нема повредени лица. – Денеска во 01:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул. „Никола Вапцаров“ во Куманово настанал пожар во паркирани патнички возила „опел“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Е.Ф. од Куманово и „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.С., а ...
Иран сè уште не испратил претставници на најавените разговори со САД во Исламабад, јавуваат државните медиуми. Според извештаите, во пакистанската престолнина не пристигнале ниту експертски тимови за прелиминарни дискусии, ниту главна делегација. Властите во Техеран порачаа дека нема да преговараат под „закани и кршење на договорите“, пренесе ДПА. Иднината на разговорите останува неизвесна, а евентуалната втора рунда ќе зависи од тоа дали ...
Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле вкупно 1,5 милиони денари, кои ги примиле по основ на неправилна пресметка на плата, информираше генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. – Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од околу милион и пол денари – изјави Клековски. Тој нагласи дека покрај медицинската, Фондот спроведува ...
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, соопшти нејзиното семејство. Алтипармакова целиот свој работен век го посвети на јавниот сервис, каде што остави значаен белег како спикерка, новинарка и уредничка. Со својата професионалност и препознатлив глас, таа беше дел од генерацијата новинари што ја градеа довербата во медиумите во Македонија. Погребот ќе се одржи утре (22 април) во ...
Британскиот крал Чарлс Трети упати емотивна видео-порака по повод 100 години од раѓањето на неговата мајка, Елизабета Втора, во која посочи дека таа веројатно би била загрижена од актуелната состојба во светот. Во обраќањето, снимено во Балморал, кралот истакна дека кралицата во текот на животот сведочела на големи историски промени, но останала доследна и посветена на народот. Тој го нагласи нејзиниот оптимизам и вербата дека добрината ...
Заменик-шефицата на македонската делегација во Советот на Европа во Стразбур, Иванка Василевска, соопшти дека упатила директно прашање до генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во врска со десетгодишната забрана за влез во Бугарија за адвокатот Тони Менкиноски. Како што информира Василевска преку објава на социјалните мрежи, поради ограниченото време за поставување прашања, интегралното прашање дополнително било доставено и во ...
Во Галерија Остен вечерва ќе биде отворена изложба на карикатури од членови на Хрватско друштво на карикатуристи (ХДК). На изложбата ќе се претстават бројни еминентни автори, меѓу кои Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван ...
Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто. Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,5, а ЕУРОДИЗЕЛ ...
Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. -Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките ...
Дождот што со различен интензитет врне од вчера попладне во дебарскиот регион предизвика помали одрони на повеќе патни правци, поради што надлежните апелираат на внимателно возење. Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта информираат дека се регистрирани чести одрони од камен и земја, особено на делници каде што теренот е познат по вакви појави. – Има помали, но чести одрони, а коловозите ...