Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
На големо задоволство на кавадаречката театарска публика, на 7 март 2026 година во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ се одржа премиерата на урнебесната комедија „Тестостерон“. Претставата е во режија на Јордан Витанов, а работена според текст на полскиот драматург Анджеј Сарамонович. Режисерот Јордан Витанов, кој добро го познава потенцијалот на актерите од кавадаречкиот театар, со внимателно избрана актерска екипа создаде динамична и ...
Сенките на минатото и кризата на сегашноста: Иран–САД (1979–2026) Односите меѓу Иран и САД претставуваат една од најдолготрајните и најсложени конфронтации во современата историја, чија динамика се обликуваше преку идеолошки пресврти, дипломатски кризи, воени судири и нуклеарни тензии. Почнувајќи со Исламската револуција од 1979 година, која го прекина прозападниот курс на шахот и ја постави новата Исламска Република како предводник на ...
Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот меѓународен конкурс за стрип. Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23. Меѓународен стрип-салон „Велес 2026“ – најзначајна стрип-манифестација во државата. Тој е финансиран од страна на Министерството за култура и Општина Велес. – Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста; должината на стрипот треба да биде ...
Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ ќе биде прогласен на прес-конференција в среда, во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата во состав: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денкова (професорка по книжевност за деца). На вториот конкурс ...
Се одржа Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, каде што беа доделени наградите од конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“. Жирито во состав Маја Мојсова (членка), Даниела Андоновска Трајковска (членка) и Зоран Јакимоски (член) донесе едногласна одлука да не ја додели првата награда „со оглед на (како што се наведува во образложението) послабиот квалитет на пристигнатите творби во однос на претходните години, а со ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (10) Емпатијата во секое зрело општество треба безрезервно да застане на страната на жртвата – уште од моментот на пријавата, па сѐ до институционалната разврска. Сепак, во случаи на каснување од куче, жртвите често се соочуваат со сомнеж, релативизирање и јавна стигматизација, дури и кога постои правосилна судска одлука што им го признава статусот на жртва. Овој ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул на 10 март (вторник) со почеток во 20 часот, ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа. Настанот се организира по повод 10 март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и Турција. Панелот ќе биде посветен на ...
Знаменитостите на Македонија Во секој град постојат обележја што со текот на времето стануваат дел од неговиот идентитет. Тие стојат тивко во просторот, ги следат генерациите што доаѓаат и си заминуваат и стануваат неми сведоци на колективната меморија на едно место. Таков е и големиот споменик посветен на демирхисарските револуционери, кој речиси половина век (1968) претставува едно од највпечатливите обележја на Демир Хисар. Илјадници ...
„Александар јава на запад“ од Венко Андоновски („Три“), „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски („Maкедоника литера“), „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска („Арс либрис“), „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска („Или-или“), „Три Марии: (роман – басма)“ од Оливера Ќорвезироска („Арс либрис“) и „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ („Паблишер“) се романите што се најдоа во најтесниот избор за ...
Францускиот институт во Скопје и „Танц-фест“ по повод отворањето на Месецот на франкофонијата и во знак на предотворањето на фестивалот имаат чест да ве поканат на танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група „К дансе“. Претставата ќе биде изведена утре, во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Оваа танцова претстава истовремено е и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката ...
Свештеникот Моџтаба Хамнеи е именуван за нов врховен лидер на Иран, наследувајќи го својот татко Али Хамнеи, кој загина во еден од првите напади за време на неодамнешниот конфликт со САД и Израел. Одлуката ја донесе Собранието на експерти на Иран, тело составено од 88 свештеници кое е надлежно за избор на врховниот лидер, пренесе „Ројтерс“. Во соопштението објавено по полноќ по локално време во Техеран, се наведува дека со убедливо мнозинство ...
Претставата во режија на Теа Беговска, „Ова е само крајот на светот“, ќе се игра денеска, во 20 часот, во Драмскиот театар. Беговска сподели дека станува збор за семејна психолошка драма на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишана во 1995 година. Овој текст за првпат се поставува во Драмскиот театар – Скопје. Актерската екипа ја сочинуваат актерите на Драмскиот театар: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, ...
Најновата конфронтација меѓу Шпанија и САД околу Иран е значаен показател за продлабочување и веќе суштински несогласувања во трансатлантските врски, особено затоа што вклучува директно спротивставување на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за надворешна политика од страна на сојузник на НАТО. Шпанија, под премиерот Педро Санчез, одби да им дозволи на американските авиони да ги користат нејзините воени бази „Рота“ и „Морон“ за ...
На виделина и други сценарија од Европската комисија за ЕУ-интеграција, кои сепак имаат либерално-политичка заднина (2) Надежите на Украина и некои земји од Западен Балкан за забрзано членство во ЕУ беа потопени деновиве на една обична вечера во Брисел, при што амбасадорите на ЕУ му кажаа на Бјорн Зајберт, моќниот шеф на кабинетот на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дека земјите членки нема да го прифатат контроверзниот предлог на ...
Францускиот претседател Макрон реагира на газењето на меѓународното право на Блискиот Исток, а заборава дека тој постапи идентично кон нашата земја Македонија е синоним за прекршено меѓународно право, во кое „најдлабокиот клинец“ го закова францускиот претседател. Станува збор за двојни критериуми на Макрон во поглед на меѓународното право, односно тој бара тоа да се почитува кога се загрозени француските интереси, а замижува пред ...
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во КПУ „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште беа повикани пет сведоци, но пред Судот се појавија четворица. Јавниот обвинител најави дека на крајот од рочиштето ќе се произнесе во однос на сведоците со кои обвинителството не успеало да стапи во контакт, со цел тие да бидат повикани со судска наредба, ...
Случајот „Менкиноски“ како повод Со одлуката на бугарските власти да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиноски, Софија отвори нова и сериозна дипломатска и правна пречка меѓу Скопје и Софија. Случајот не е само административна мерка против еден адвокат туку Софија се обидува да обликува нова форма на силен политички пресинг, пред кој замижува и Брисел. Но дали Софија е свесна дека со тоа идентификува и ...
Осмомартовски марш По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повикува на традиционалниот марш за женски права, кој ќе почне на 8 март, во 12 часот, во паркот „Жена борец“. Маршот ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, во знак на протест и отпор кон фактичкото и фигуративно бришење на жените во нашето општество. Жената постои на маргините на заедницата, како и на маргините на историјата, под ...
Три лица се лишени од слобода, а две се повикани на службен разговор поради случаи на семејно насилство во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, синоќа околу 20.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г. (43) од Скопје, по пријава дека околу пладне во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз својата 40-годишна сопруга, со која веќе извесен ...
На Меѓународен аеродром Скопје попладнево пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани од регионот на Блискиот Исток. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати официјално започна процесот на евакуација на македонските државјани од повеќе земји во регионот. Евакуацијата, како што информираа од Министерството за ...
Фотографијата Патеката на чемпресите на авторката Гонца Перунковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Едно од најфотографираните места во Тоскана, Италија, кое се наоѓа во близина на Ашано и теракотните полиња на Сиена. Од оваа панорамска точка се отвара спектакуларен поглед на патеката со најпознатите чемпреси на светот, со кои како во прегратка е обвиена фармата Баколено, фотогенична и примамлива за ...
Војната во Иран ќе ги постави земјите од Г7 пред еден од најзначајните дипломатски тестови во модерната историја. Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г7 ќе одржат итен состанок за Иран во наредните денови, соопшти француското Министерство за економија и финансии, а пренесе „Си-ен-би-си“. Групата – која ги опфаќа САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство , беше под притисок за време на ...
Со минута молк и пораки за правда денеска во Скопје започна традиционалниот Осмомартовски марш, организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија по повод Меѓународниот ден на жената. Маршот започна точно напладне од паркот Жена борец, од каде учесниците се упатија кон Градски парк Скопје и бистата на Вера Јоциќ. Слоганот на годинашниот марш – „Нема да нè снема“, според организаторите, ја симболизира упорната борба на жените да ...
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, побара објаснување од Украина за големи суми готовина кои, според него, биле транспортирани преку унгарска територија. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, тој постави прашања за потеклото, намената и крајната дестинација на средствата. Сијарто посочи дека унгарските власти сè уште чекаат појаснување за наводниот трансфер на 900 милиони долари и 420 милиони евра во готовина преку ...
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека само иранскиот народ има право да одлучи кој ќе биде следниот врховен лидер на земјата, по смртта на Али Хамнеи. Во интервју за емисијата „Запознајте го печатот“ (Meet the Press) на „Ен-би-си“, тој нагласи дека странски лидери, вклучително и американскиот претседател, не треба да се мешаат во внатрешните работи на Иран, пренесе „Ал Арабија“. Арагчи порача дека изборот на нов ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека ќе стапи во контакт со адвокатот Тони Менкиновски за подетално да се информира за случајот во кој Бугарија му изрекла забрана за влез во земјата до 2036 година. Мицкоски изјави дека веќе има комуникација со Менкиновски и дека планира директно да разговара со него за да ги добие сите детали поврзани со случајот. Тој нагласи дека институциите ќе ги искористат сите расположливи механизми и ...
Триглав го зголеми својот деловен резултат и обемот на работење, при што одржа солидна капитализираност • Вкупниот деловен обем на Групација Триглав, во однос на 2024 година, се зголеми органски за 9 проценти и достигна 1.868,3 милиони евра. Ако се земе предвид и новото работење на италијанскиот пазар, тој изнесуваше 2.561,2 милиони евра (раст од 49 проценти). Органски раст беше остварен во сите деловни сегменти. • Деловниот резултат пред ...
Властите во Норвешка интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред Амбасадата на САД во главниот град Осло, објави новинската агенција ДПА. Министерката за правда Астри Ас-Хансен изјави дека станува збор за сериозен и неприфатлив инцидент. – Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно – рече Ас-Хансен. Според првичните информации од истрагата, експлозијата се случила во близина на еден од ...
Дел од поентите на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, истакнати во рамки на „Двете сесии“ Во продолжение издвојуваме дел од коментарите на шефот на кинеската дипломатија дадени во рамки на годинашниот најголем политички собир во Кина „Две сесии“ што почна неделава. „Двете сесии“ привлекуваат особено големо внимание во услови на несигурна геополитичка ситуација Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изнесе цврста осуда ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека во изминатите месеци јавноста во Македонија била изложена на опозициска кампања, дека Владата тајно преговара за прифаќање мигранти од Обединето Кралство, тврдење кое, според него, било демантирано од британската дипломатија. Мицкоски посочи дека британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, јавно изјавил дека не постои и никогаш не постоел договор за прифаќање ...