Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на Бизнис-форумот „Македонија – Турција“ во Истанбул порача дека Владата останува посветена на создавање предвидлива, конкурентна и инвестициски ориентирана деловна средина, со цел поттикнување на нови инвестиции, економски раст и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, пренесе МИА. Како што соопшти Министерството за економија и труд, Дурмиши во своето обраќање истакнал ...

Размислувања на американскиот претседател по повод податоците за инфлацијата во САД ААмериканскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше податоците што покажуваат дека инфлацијата во САД се зголемила за повеќе од четири отсто, повторувајќи го своето верување дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран, пренесува „Ројтерс“. Податоците на американската влада покажуваат дека потрошувачката инфлација во мај се зголемила со најбрзо ...

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со дитекторот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ изврши увид на ...

Во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамките на иницијативата „Градски ѕид за нови лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која „Лабораториум“ ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци ...

Две претстави се вечерва на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“. „Едмонд“ на Народниот театар од Битола во режија на Оливер Мицевски, во официјална конкуренција е од 19 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Благој Мицевски, а музиката – на Марјан Неќак. Играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, ...

Вестите за отпуштања поради воведувањето на вештачката интелигенција доаѓаат сè почесто. Според неодамнешниот извештај на Голдман Сакс, вештачката интелигенција веќе го намали месечниот раст на платите во САД за приближно 16.000 работни места во текот на изминатата година. Сепак, се чини сигурно дека луѓето ќе продолжат да бидат потребни уште некое време. Постојат чекори што можете да ги преземете за да спречите вештачката интелигенција да ве ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на бизнис-форумот „Македонија – Турција“ во Истанбул, каде што ја нагласи потребата од продлабочување на економската соработка и создавање нови партнерства меѓу двете земји, пренесе МИА. Во своето обраќање, Сали истакна дека Македонија и Турција негуваат исклучително блиски и пријателски односи, изградени врз заемна доверба, почит и ...

Јубилејното петто издание на „Маалски фестивал“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни во КСП Центар – Јадро и во Паркот на франкофонија. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добропознати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини што ќе го обележат јубилејот: работилници, изложби, уметност во јавен простор, филм, музика, базар и многу простор за средби и маалска дружба. Програмата започнува со ...

На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (I фаза). Предлог-законот за ...

Турција останува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, а билатералната трговска размена меѓу двете земји минатата година достигнала една милијарда американски долари, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пренесе МИА. Муцунски денеска учествуваше на бизнис-форумот „Македонија – Турција“, што се одржува во Истанбул и е посветен на унапредување на економските врски, трговската ...

Министерството за финансии подготвува измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со кои се предвидува значително зајакнување на регулаторната рамка, воведување построг надзор и поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на овие субјекти, пренесе МИА. Предложените законски измени предвидуваат воспоставување задолжителни внатрешни контролни механизми во секое финансиско друштво. Меѓу нив се формирање одбор за внатрешна ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на меѓународниот симпозиум организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај, оствари билатерална средба со гувернерот на кинеската централна банка, Пан Гонгшенг. На средбата беа разменети мислења за актуелните глобални економски и финансиски движења, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на зголемена неизвесност ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи го помина првото читање на пленарна седница во Собранието, што претставува значаен чекор кон зајакнување на мерките за заштита на јавното здравје и усогласување на домашната регулатива со современите предизвици поврзани со употребата на никотински производи, пренесе МИА. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека новото законско решение има за цел да ...

Презентирана платформата АРБУ за рангирање на балканските универзитети Дискусијата за состојбата и иднината на високото образование во Македонија и во регионот, како и за потребните реформи за напредок, беше отворена со презентацијата на платформата за Академско рангирање на балканските универзитети (АРБУ), која се одржа завчера во Стопанската комора на Македонија. Претседателот на АРБУ, проф. д-р Марјан Бојаџиев, ја претстави методологијата ...

Суверенистичките влади не ја напуштаат Европската Унија, туку тие ја редефинираат одвнатре. Нивната логика не е излез, туку преговарање во насока на повеќе национална контрола, помалку идеолошка униформност и постојано балансирање меѓу либералната доктрина на Брисел и сопствените економски реалности. Во таа смисла, иднината на ЕУ нема да се реши со големи расколи, туку со серија континуирани компромиси. Европската интеграција влегува во фаза ...

Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа. – Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени ...

Новите предлози на големата европска петорка го потврдуваат фазното пристапување Проектот за таканареченото „фазно пристапување“ и Европа во повеќе брзини, кој подолг период се обидуваше да се претстави како мртва идеја во бриселските дебати, очигледно се враќа на голема врата. Најновиот заеднички документ подготвен од петте влијателни земји членки на Европската Унија – Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург – јасно покажува ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, откако вирусот е регистриран во уште три нови здравствени зони, покажуваат најновите податоци на тамошните здравствени власти. Според владин извештај, заклучно со среда во земјата се потврдени вкупно 676 случаи на ебола, од кои 136 завршиле со смртен исход. Информацијата ја соопшти министерот за здравство преку објава на социјалната мрежа „Икс“. Новите жаришта на ...

Македонија денеска ќе биде зафатена од значителна временска промена, со пониски температури, повремени врнежи од дожд и услови за локална нестабилност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на одделни места дождот ќе биде проследен со грмежи. Локално се очекува поинтензивна нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и можност за ретка појава на ...

ПОВОД: НА САМИТОТ НА ПРОЦЕСОТ ЗА СОРАБОТКА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (ПСЈИЕ) ВО БУГАРИЈА, ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА НИ ГИ РАСЧИСТИ ВНАТРЕШНИТЕ ДИЛЕМИ Наместо дипломатски магли и европски фрази, бугарската страна конечно отворено кажа што мисли и што планира да направи натаму во врска со наметнатиот билатерален спор со Македонија во врска со нашата евроинтеграција. Имено, уставните измени не се крај на условите, туку само почеток! Ако некој во Македонија ...

Од редакциски агол Понекогаш во политиката најголемата услуга не ја прават пријателите, туку оние што конечно ќе ја кажат вистината без дипломатски ракавици. Токму тоа деновиве ѝ се случи на Македонија. Со години слушаме дека треба да направиме уште еден чекор, уште една отстапка, уште еден компромис и дека потоа европскиот пат ќе биде отворен. Со години се создаваше впечаток дека проблемот е во нас, во нашата недоволна подготвеност или во ...

Централниот суд во Сеул му изрече казна затвор од 30 години на поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол, откако го прогласи за виновен дека наредил операција за испраќање дронови во Северна Кореја со цел да предизвика прекугранични тензии и да создаде услови за воведување воена состојба во 2024 година. Според пресудата, Судот оценил дека обвинетите, под превезот на воена операција, се обиделе да испровоцираат реакција од Северна ...

Иран се согласи со најголемиот дел од нацрт-текстот за потенцијален договор со Соединетите Американски Држави, но нема да отстапи од своите „црвени линии“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, посочувајќи дека конечна одлука сè уште не е донесена. Багеи нагласи дека најголемиот дел од документот е веќе усогласен, иако, според него, американската страна во текот на преговорите повеќепати ги менувала ...

Листите на чекање се чисти, имаме пациенти коишто, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу, на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека дел од лекарите злоупотребуваат односно бараат мито за да ги оперираат пациентите. – За листа на чекање, сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, ...

Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано чад. Забележува дека денеска имале среќа што е спасен човечки живот. ...

Европските сојузници на Украина треба да назначат единствен претставник за преговори со Русија за прекин на војната, им рече денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони на пратениците во италијанскиот Парлемeнт, додавајќи дека помалите групи нации не можат да го претставуваат целиот блок. Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија, кои предводат неформален безбедносен сојуз наречен Е3, во неделата се сретнаа со украинскиот ...

Бугарија повеќе нема да обезбедува оружје за Украина изјави новоназначениот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, при што ги повика Москва и Киев да седнат на преговарачка маса за да ѝ се стави крај на војната, објави новинската агенција БТА. – Не е планирано бугарската страна да ѝ обезбеди повеќе оружје на украинската армија. Веќе јасно изјавивме дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле. Време е да се бара ...

Новото иранско тело задолжено за следење на Ормускиот Теснец го потврди целосното затворање на овој стратешки воден пат „до понатамошно известување“, откако Корпусот на Исламската револуционерна гарда донесе таква одлука во текот на ноќта. Управата на Персискиот Залив (PGSA) објави на социјалната мрежа Икс дека „поради тензиите предизвикани од агресијата на американските сили во регионот и соопштението кое синоќа го дадоа иранските вооружени ...

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешкоповредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...

Голем пожар повторно избувна и беснее на територијата на општина Штип, каде во моментов се одвива сериозна спасувачка операција. На терен веќе е активиран и дејствува еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за да го локализира огнот од воздух, соопшти Стојанче Ангелов. Според првичните информации кои ги соопшти Ангелов, во пожарот има и едно повредено лице, кое е сопственик на викендица во зафатениот регион. Голем ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
1.18
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.62
44%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.82
41%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
42%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
53%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
60%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.15
39%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.58
53%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
61%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.82
89%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39