Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, ...
Во Грција во текот на една седмица се регистрирани 47 нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, а починале четири лица, покажуваат најновите податоци на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), пренесе МИА. Од почетокот на сезоната, во земјата се потврдени вкупно 157 домашни случаи, додека бројот на починати достигна 13 лица. Сите починати биле постари од 65 години, со просечна возраст од 82 години. Најголем дел од ...
Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешка во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, биле во фокусот на денешниот семинар „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“. Семинарот, организиран од Министерството за дигитална трансформација, со поздравни обраќања го отвориле ресорниот министер Стефан Андоновски и чешкиот ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави драстично засилување на економскиот притисок врз Иран, заканувајќи се со „економска војна“ и изолација на Техеран во досега невидени размери. Најавата доаѓа во услови на застој во преговорите меѓу САД и Иран. Трамп преку својата платформа „Трут соушл“ порача дека Иран не ја искористил можноста за постигнување договор, иако, како што наведе, од американска страна му била дадена голема можност за ...
Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 година е дел од Министерството за здравство, каде што досега ...
Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук. – Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – ...
Околу напуштените куќи во селата или викендички што ретко се користат сопствениците да направат противпожарни пресеки, широки по десетина метри во зависност од околната вегетација, апелираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според него, во борбата со пожарите, кои, рече, во иднина ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Куршумлија изјави дека српските вооружени сили наскоро ќе располагаат со 40 борбени авиони, оценувајќи дека состојбата на српската воена авијација денес е неспоредливо подобра во споредба со периодот пред 12 или 13 години. За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ се присети на периодот кога бил министер за одбрана и кога српските вооружени сили располагале само со ...
Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот беа во фокусот на испитувањето на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесува МИА. Професорот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници, соопшти ОЈО. – Предметот беше ...
Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во ...
СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за коруптивните ...
Летото е период кога сакаме да си го олесниме секојдневието, а токму тогаш и финансиските одлуки можат да бидат едноставни и достапни од каде било. Со Онлајн депозитот на Шпаркасе Банка, клиентите можат да ги орочат своите средства директно преку мобилната апликација S-Banka, без посета на експозитура и без непотребна документација. Во моментов, за нови Онлајн депозити, Шпаркасе Банка нуди фиксни каматни стапки до 3,80 % за денарско и до 3,00 ...
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. – По ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Пожарот кај селото Чаниште во Мариово сè уште е активен и е проширен во неколку краци. Во справувањето со огнената стихија се мобилизирани противпожарни екипи, но и припадници на Армијата. Огнот зафаќа поголема површина од подрачјето кај село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, како и кон реката Црна. Станува збор за еден од најголемите пожари досега, во чие гаснење се вклучени повеќе пожарникари, месното население, Дирекцијата за заштита и ...
Граѓаните не бараат избори, туку реформи. Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме – изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одоговор на новинарско прашање. – Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почетокот – три спрема еден – ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати. Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – село Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон село Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: село Белушино и село Јакреново (ниска ...
Заштитата на македонските национални интереси, зајакнувањето на економската дипломатија и заштитата на граѓаните кои живеат или престојуваат во странство се трите стратешки национални интереси што денеска им беа презентирани на амбасадорите и генералните конзули на Амбасадорскиот совет, пренесе МИА. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски посочи дека целта е дипломатско-конзуларните претставници директно да ги ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, што е за 177 денари повеќе во споредба со јули, кога изнесуваше 68.498 денари, информира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пренесе МИА Најголем дел од месечните трошоци отпаѓаат на храна и пијалаци, за кои се потребни 25.032 денари. За образование се предвидени 7.192 денари, додека за облека и обувки се потребни 6.511 денари. За станарина, ...
Горивата од полноќ значително поскапуваат, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 4,50 денари за литар, додека дизелот поскапува за 6,50 денари. За 6,00 денари по литар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство. Со новата пресметка, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 93,50 денари, а ...
Од почетокот на годинава до крајот на јуни, од наплата на патарини во Северна Македонија се собрани рекордни 1.919.775.277 денари, односно повеќе од 31 милион евра, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за МИА. Во споредба со истиот период минатата година, приходите се зголемени за 21.891.532 денари, пренесе МИА. Најголем сообраќај е регистриран на наплатната станица Тетово, по која следуваат Петровец, Романовце, ...
Шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка вчера во Скопје изрази силна поддршка за македонските евроинтеграции Шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка во своето искрено и отворено обраќање во јавноста рече дека треба да се има „некој одвнатре што може да зборува со ист јазик, кој има ист поглед кон светот како нас, кој ги разбира работите во ЕУ“, при што нагласи дека сега, кога Чешка е во ситуација да е членка на ЕУ, уверува дека Чешка е ...
СУША ВО ЕВРОПА?! – ВОДАТА ВЛЕЗЕ ВО ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ ВОДИ Коритото на една од најголемите европски реки и важна транспортна артерија во Западна Европа – Рајна – ова лето се повлече на историски минимуми. Црвениот аларм беше вклучен откако убавиот син Дунав исто така се повлече на рекордни минимуми во одредени зони, по што мораше да се внимава на безбедноста на нуклеарните реактори што се ладат од неговите води. Зошто ова лето Европа виде вакви ...
Дали на Вашингтон му се симнува ореолот на „единствен арбитер на Блискиот Исток“ Квалификацијата на повеќе светски аналитичари дека на Блискиот Исток се создава нов воен пакт, сличен на НАТО, но со исламски, односно муслимански предзнак со потпишувањето договор меѓу Саудиска Арабија, Пакистан и Турција што предвидува заемна одбрана врз принципот „напад врз една од страните се третира како напад врз сите“, во јавноста го лансираше називот ...
Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа во рамките на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“, која се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“ настапија младите унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува меѓу највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на ...
Мице Јанкуловски се претпоставува со самостојна изложба на слики, графики и видеа со наслов „Пигменти и пиксели“ во Музејот на современа уметност во Лерин, Грција. Изложбата беше отворена вчера и ќе трае до 19 септември. На отворањето се обратија: Николас Јоану, заменик-градоначалник на градот Лерин за култура, Андреас Цокас, претседател на Музејот за современа уметност во Лерин, и Николас Тамуцелис, професор на Факултетот за општествени и ...
Филмот на Косара Митиќ во трка за „Срцето на Сараево“ Македонскиот долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ премиерно беше прикажан пред преполната сала во Народно позориште – Сараево, во рамките на 32. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сараево. Оваа регионална премиера го означи официјалниот почеток на трката на филмот за престижната награда „Срцето на Сараево“ во главната натпреварувачка програма за ...