Владата го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи, со што се отвора патот за негово разгледување и усвојување во Собранието. Од Министерството за здравство информираат дека станува збор за значаен чекор кон унапредување на јавното здравје и создавање поздрав и побезбеден јавен простор. Законот е подготвен по обемни консултации со претставници на тутунската индустрија, угостителскиот сектор, ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје во рамки на регионалната турнеја низ Западен Балкан, при што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. На скопскиот аеродром Кошта беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој оцени дека посетата претставува важна можност за разговори за европската перспектива на државата, реформската агенда и следните чекори ...

Повеќе лица се лишени од слобода во рамки на обемна акција на Управата за финансиска полиција, насочена кон откривање и документирање на финансиски криминал и корупција. Од Управата информираат дека акцијата се спроведува врз основа на предистражна постапка, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според првичните информации, постојат основи на сомнение дека службени и други лица ја ...

Пилот-проектот ги поврза универзитетот, училиштата и локалната заедница со цел темите за одржливост, обновлива енергија и биодиверзитет да се доближат до младите генерации. Резултатите од Akuo EduLab, пилот-проект во кој беа вклучени повеќе од 400 ученици, десетици студенти и наставници, беа претставени на завршен настан одржан на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Проектот беше реализиран од Akuo, во ...

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, смета дека ниедна земја, без разлика во колку тешка состојба и да е, не смее да има предност и по скратен пат да влезе во ЕУ. Таа треба да го изоди патот на преговори и реформи и потоа да стане дел од Унијата. Затоа, смета, земјите што имаат право да станат членки на Европската Унија, првенствено се оние од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. – Што се однесува до предлогот на ...

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот биле пријавени 10 ...

Јавното обвинителство на Република Македонија презентира нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 – 2028 година и акциски план за нејзина имплементација. Според државниот јавен обвинител Ненад Савески, еден збор од овој стратешки документ што треба да го опише пристапот на кој ќе инсистираат е „проактивна“ комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, која нема да чека да се постават прашања, па да се даде ...

Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеризација во сите сфери во општеството. Без оглед дали се работи за мали или големи држави, Западен Балкан, како и целиот Балкан, отсекогаш историски, културно и логично ѝ припаѓал на Европа и треба да го најде своето место внатре – смета претседателката Гордана Силјановска-Давкова. – Се согласувам дека таканаречениот Западен Балкан не ...

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две лица, инвеститор и инспектор од општина Куманово, бидејќи инвеститорот градел без одобрение за градба, а инспекторката постапила несовесно. Инвеститорот уништил куќа-заштитен објект на културно наследство. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...

Во четврток ќе направиме анализа на сите проекти што се почнати, што се во фаза на реализација или кои набргу треба да почнат, станува збор за бројка меѓу шест и седум милијарди евра – изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за досега завршените стратешки проекти на Владата, но и оние што се во тек, а се во насока на подобрување на економскиот стандард. Мицкоски, по отворањето на новиот базен во Карпош, ...

Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени ...

Западен Балкан има историска можност да стане еден од клучните партнери на Европа во обезбедувањето чиста енергија, порача премиерот Христијан Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје, пренесе МИА. Тој нагласи дека актуелната енергетска криза треба да се сфати како можност за развој и економски раст, а не само како предизвик. – Да ги претвориме предизвиците во наша ...

Буџетот е во исклучително добра состојба и ги надминува проекциите поставени на почетокот на годината, изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека Владата внимателно ја следи енергетската криза и е подготвена да воведе нови мерки доколку тоа го наложат околностите. Говорејќи по регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој – МЕФ 2026, Мицкоски оцени дека државните финансии остануваат стабилни и покрај ...

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат под знак прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите. – Најважното прашање е дали постои ризик по ...

Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и тоа го прави како пријател, партнер и сојузник. Но, во исто време јасно велиме дека проширувањето како процес мора да биде фер, предвидлив и заснован на истите правила коишто важат за сите кандидати, рече словачкиот претседател Петер Пелегрини на денешната прес-конференција по средбата со македонската претседателка Гордана Силјановска – Давкова која е во официјална посета на ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во втората половина на јуни ќе се одржат разговори со коалициските партнери за натамошните чекори во работата на Владата, по оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и во пресрет на можната реконструкција на владиниот состав, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новиот базен „Карпош“, Мицкоски изјави дека тогаш ќе биде појасна и идната структура на Владата. ...

На предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг за периодот 2027–2029 година, со проекции до 2031 година. Од Министерството за финансии соопштија дека документот ја потврдува определбата за одговорно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојни и инфраструктурни проекти. Според проекциите во стратегијата, ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на својот став во однос на евроинтегративниот процес и дека нема да прифати чекори без јасна перспектива и извесен исход за членството во Европската Унија, пренесе МИА. Говорејќи за денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мицкоски истакна дека Македонија во континуитет покажува капацитет, знаење и политичка волја за брзо напредување кон ЕУ, но дека не може ...

Цените на нафтата на светските пазари забележаа остар раст откако се појавија информации дека Иран би можел да ги прекине дипломатските контакти со Соединетите Американски Држави поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите, американската сурова нафта ВТИ порасна за 7,84 проценти и достигна цена од 94,11 долари за барел. Истовремено, цената на нафтата Брент се зголеми за 6,53 проценти и достигна ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини, пренесе МИА. Во рамки на посетата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Силјановска-Давкова ќе оствари средби и со претседателот на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека е надминат проблемот поврзан со железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија и дека од Софија пристигнуваат позитивни сигнали во однос на изградбата на граничниот тунел, пренесе МИА. Во гостување во поткастот „Риштази“, Николоски посочи дека прашањето било од техничка природа и дека двете страни покажуваат подготвеност за продолжување на проектот. -Проблемот со ...

Како Америка гради нова архитектура на стабилност преку енергетика, инфраструктура и капитал Наместо цртање нови граници, Вашингтон се обидува да создаде нови коридори. Наместо поделби, интеграции. Наместо политички договори што траат додека трае притисокот, економски интереси што траат со децении Кога Доналд Трамп се врати во Белата куќа, многумина на Балканот очекуваа драматичен пресврт во американската политика. Одредени кругови во Брисел, ...

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп „Девојките на Марко“ според „Боинг Боинг“ од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во превод, адаптација и режија на Синиша Ефтимов, е новата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ што премиерно беше изведена на големата сцена од ЦК „Марко Цепенков“. Претставата е дел од годишната програма на театарот „Војдан Чернодрински“ за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. ...

Во бистрото „Комедија“ се одржа промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката го промовираше Олгица Крстеска. Книгата е издание на издавачката куќа „Или-или“. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. „Јета“ е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот, но и женскиот ...

Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2026, традиционално, како и секоја година, ги презентира најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон, САД. Фестивалот почнува на 1 јуни и ќе трае до 6 јуни, а во селекцијата на играни филмови е македонскиот филм „Рано изутрина“ од Јани Бојаџи, како и анимираниот филм „Неми филмови“ од Крсте ...

Бугарија се обидела да ги исполни критериумите за влез во еврозоната преку административни трикови, а не преку вистинско економско зајакнување Само неколку месеци по официјалното приклучување кон еврозоната на 1 јануари 2026 година, Бугарија се најде во непријатна позиција да биде предмет на „постапка за прекумерен дефицит“ што ќе ја покрене самата ЕУ. Наместо да го слави историскиот чекор кон подлабока европска интеграција, Софија денес се ...

Иран го прекина посредниот дијалог со Соединетите Американски Држави поради израелските напади врз Либан, објави иранската новинска агенција Тасним. Според агенцијата, иранскиот преговарачки тим ја суспендирал размената на пораки преку посредници и нема да продолжи со разговорите сè додека не бидат земени предвид ставовите на Иран и Хезболах. Техеран бара прекин на израелската воена офанзива и целосно повлекување на израелските сили од ...

Променливо облачно време со сончеви периоди и локална нестабилност во попладневните часови се очекува денеска низ земјава, информираат синоптичарите. Во текот на денот на повеќе места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до силен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе надминува брзина од 60 километри на час. Дневната температура ќе се движи од 9 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје се ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Според информациите од Владата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата функционери, по што ќе следи и заеднички состанок на владината делегација и делегацијата предводена од Кошта. По разговорите, Мицкоски и Кошта ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Посетата ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави отворање на пет нови авионски линии во наредните недели, истакнувајќи дека Македонија е една од ретките земји која во услови на глобални предизвици во авиоиндустријата го проширува бројот на дестинации, пренесе МИА. Според Николоски, австриската авиокомпанија „Австрија ерлајнс“ наскоро ќе воспостави редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид, што ќе овозможи подобра поврзаност со ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.07
36%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.68
53%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.37
40%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.56
45%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.91
37%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.79
55%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
5.36
57%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.4
38%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.79
37%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
44%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
6.71
54%
1017
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 17ᴼ
8.68
77%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59