Иран денеска изврши ракетен и беспилотен напад врз повеќе држави во Заливот, при што експлозии и сирени за воздушна опасност беа регистрирани во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин. Според првичните информации од регионалните медиуми, системите за противвоздушна одбрана биле активирани во неколку земји, а во повеќе градови биле забележани пресретнувања на ракети и дронови. Дописниците на Ал-Арабија и Ал-Хадат јавуваат дека кувајтската ...

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, во кој изразил солидарност по најновите напади во регионот. Како што информира Мицкоски преку „Фејсбук“, тој упатил искрено сочувство до семејствата на жртвите и поддршка до народот на ОАЕ. -Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за пријавување интерес од правни субјекти кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди, со што започнува практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Целта на повикот е обезбедување директна поддршка за домаќинствата што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи, преку доделување ваучери за набавка и ...

Наставниците од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ со внимание ја разгледаа последната верзија на Предлог-концепцијата за средно гимназиско образование и со свои забелешки се вклучија во јавната расправа во согласност со своето подрачје на експертиза и компетентност, како единствена високообразовна и научна институција од областа на класичните студии во нашата држава, којашто редовно и континуирано ги следи ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет истакна оти минималната плата се зголемува и оти ќе почне да се исплаќа со мартовската плата. Не прифаќаат вели тој, обврски за некој друг мандат по истекот на овој во 2028, туку ги преземаат тие кои сакаат да ги исполнат во постојниот мандат. За жал, вели тој, ова е Влада која, исто така, ќе мора да ги реши сите оние напластени проблеми кои што се наследени од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на одлуката од 27 февруари 2026 година. Од РКЕ информираат дека референтните цени на светските пазари бележат зголемување кај бензините за 2,977 проценти, кај дизелот за 0,464 проценти, кај екстра лесното масло за 0,370 проценти, додека ...

Шпаркасе Банка АД Скопје го воведе новиот онлајн потрошувачки кредит – современо дигитално решение што овозможува брз, едноставен и целосно онлајн пристап до финансиски средства, без посета на експозитура и без административни процедури. Целиот процес се одвива дигитално, со највисоки стандарди на сигурност и заштита, при што од апликација до исплата на средствата се потребни најмногу 10 минути по одобрувањето. Решението е целосно без ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата биле убиени потенцијалните наследници на врховниот лидер на Иран. За Еј-би-си њуз (ABC News), Трамп рече дека операцијата имала значително влијание врз иранското раководство и врз можната транзиција на власта по смртта на Али Хамнеи. -Нападот беше толку успешен што ги елиминираше повеќето кандидати – рече тој во разговор со новинарот ...

Континуитет на „лапсуси“ како дел од стратегија за редефинирање на унитарна Македонија Во дипломатијата, зборовите никогаш не се случајни. Особено кога доаѓаат од шеф на држава или од министер за надворешни работи. Тогаш тие не се само реторика – туку сигнал. А кога сигналот се повторува, од различни функционери, со слична терминологија и иста насока, тогаш повеќе не станува збор за дипломатски лапсус туку за континуитет на пораката. Во ...

Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Во интервју за МИА, Дурмиши открива дека се размислува, освен за трговците, глоби да има и за добавувачите. Веќе се подготвуваат законските измени, а пред да бидат дефинирани и донесени, ќе се одржат средби со сите засегнати страни – дистрибутерите, трговците и производителите. Според министерот, иако Законот за нефер трговски ...

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната ...

Диме Ратајкоски, новинар, сценарист, документарист Диме Ратајкоски е новинар, уредник и сценарист во Македонската радио-телевизија, автор на голем број документарни филмови, телевизиски емисии и репортажи, кои ги истражуваат историјата, културната меморија, уметноста и современите општествени процеси. Бил главен и одговорен уредник на МТВ1, во 2016 година ја реализира изложбата „Животот во војна: Велушина 1917“, со фотографии од Македонскиот ...

Зоолошката градина во Јапонија под притисок Веруваме дека нема љубител на животни што не ги следи настаните поврзани со најомилениот мајмун во светот овие денови. Иако целата планета е воодушевена од Панч, бебето снежен мајмун во зоолошката градина „Ичикава“ во Јапонија, зоолошката градина неодамна беше принудена да ја брани својата практика да му дава на мајмунот играчка по реакцијата од јавноста и од групите за заштита на животните како што ...

Целите на САД во Иран во голем дел се постигнати, во најава контролирана деескалација според утврден план Поранешниот американски претседател Доналд Трамп оценува дека со операцијата „Епски бес“ веќе во голема мера ја постигнал стратешката цел, односно сериозно ослабување на капацитетите на Иран и создавање нова рамнотежа што ќе овозможи политичко решение под услови поволни за Вашингтон. Во изјава за Аксиос, Трамп посочи дека има „неколку ...

Одбележувањето на 20-годишнината од започнувањето на проектот на Форумот на словенски култури за превод на 100 словенски романи се одржа во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На почетокот, куси поздравни обраќања имаа директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам на Македонија и помошник-министерот од ...

Шоуто за сите генерации, „Златна бубамара на популарноста“, се одржа по 29. пат, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Најпопуларната манифестација кај нас го оправда мотото под кое се одржа годинава – „Апсолутна власт, апсолутна забава“, за што беше најзаслужно комичното дуо Атанас и Тино. Публиката уживаше во вечер исполнета со смеа, музика и актуелни теми од домашната сцена. Атанас и Тино со своето стендап-шоу ја кренаа атмосферата во ...

Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (9) Во сите сфери каде што се согледуваат декадентност, заостанување и неподносливо повторување на минатите лоши практики, има три причини: историска (намерно создадена), социолошка (незаинтересираност на мнозинството) и политичка калкулација (избегнување промени и ризици). Оваа колумна, иако се однесува на животните, ја разгледува проблематиката низ призма на ...

ФЕЉТОН „ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН“ (14) Од капиталното дело „Славјанско-маќедонска општа историја“ на Ѓорѓија М. Пулевски можеме да прочитаме многу информации за античките македонски кралеви, а посебниот дел познат и како „Царственик Александров“ содржи опис на животот на Александар Трети Македонски. Пред да се запознаеме со трудот на Пулевски за Александар, ви претставуваме дел од неговиот опис за таткото на Александар, Филип Втори ...

Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги ...

Воената сила на САД на Блискиот Исток Американското воено присуство на Блискиот Исток останува едно од најголемите и најкомплексни воени системи надвор од територијата на САД. Според медиумски и аналитички извори, во регионот се распоредени меѓу 40.000 и 50.000 американски војници, заедно со значајни воздушни, поморски и копнени капацитети. Присуството е распоредено во повеќе држави и опфаќа постојани бази, повремени локации и поморски сили ...

Мапирање на целите на САД во Иран: Погодените воени цели во Иран ги идентификуваат американските политички цели Според официјалните изјави од Вашингтон, нападите биле насочени исклучиво кон воени цели, со јасна намера да се ослабат ракетните капацитети и потенцијалната нуклеарна инфраструктура на Техеран. Но со најновиот бран американски напади врз иранска територија, со нивниот обем, а особено со нивната прецизност, се идентификуваат целите ...

Дваесет и седумте земји-членки на Европската Унија повикуваат на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран и низ целиот Блиски Исток, вели шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, пренесува МИА. – Повикуваме на максимална воздржаност, заштита на цивилите и целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации и ...

Фотографијата Зимска глетка од Маврово на авторот Гоце Паришев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“. Вашите авторски ...

За легитимноста и легалитетот на употребата на сила во меѓународните односи Токму на крајот на февруари годинава, САД во коалиција со Израел извршија воени напади врз територија на Иран. Тоа резултираше со серија ракетни контраудари од Техеран кон американски и израелски цели во регионот. Овој инцидент повторно го отвори прашањето за легитимноста на употребата на сила во меѓународните односи. Американската администрација ги образложи нападите ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие детектирал објава на социјална мрежа која укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетно лице. Од МВР информираат дека веднаш по добиените сознанија било постапено итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на корисникот. За кратко време лицето било ...

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток, пренесува МИА. Таа додаде дека ...

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација, пренесува МИА. Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат ...

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа, пренесува МИА. – Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго – беше цитиран од списанието „Атлантик“. Тој не коментираше ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во разговорот, министерот Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите. Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран врз ...

Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, пренесе МИА – Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови – вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ ...

Повратник

10 минути - МРТ

Џи ај џејн

24 минути - МРТ
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
41%
1027
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
8.23
36%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
39%
1024
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
7.2
44%
1029
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
6.29
41%
1030
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
39%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.23
52%
1026
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
48%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
48%
1025
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
47%
1033
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
6.17
40%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
11.32
56%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Платина

68931.20

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05

Сребро

2696.16

Злато

164352.04

Родиум

374556.20

Калај

50.61

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Бакар

11.57

Паладиум

52052.06