Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“. Во спротивно Локалната власт и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред ...

Во текот на денешниот ден среда, 17 јуни територијата на Македонија ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. Во ваква ситуација, денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, ...

Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот. Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди. Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. ...

Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Северна Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше потпишување на Декларацијата за намери за спречување на насилството меѓу младите, со цел зголемување на безбедноста и активното учество на младите во Северна Македонија. Пет министерства, заедно со партнерски институции, невладини организации и членови на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, ...

Министерството за економија и труд го поздравува почетокот на новата инвестиција на компанијата CAVO Otomotiv во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, која претставува значаен придонес кон економскиот развој на државата и дополнителна потврда за довербата на странските инвеститори во Северна Македонија. Инвестицијата, која според најавите ќе достигне вредност од 21 милион евра, ќе овозможи отворање на околу 550 нови работни места и ...

На 17 јуни 1991 година полскиот премиер Јан Кшиштоф Белецки и германскиот сојузен канцелар Хелмут Кол во Бон, тогашното седиште на германската влада, го потпишаа Договорот меѓу Сојузна Република Германија и Република Полска за добрососедство и пријателска соработка. Овој договор овозможи нов почеток на германско-полските односи по децении непријателство и недоверба. 35 години подоцна, двете држави, кои во меѓувреме станаа блиски партнери во ...

Денес градските советници ја одржаа единаесеттата седница. На дневниот ред најзастапени беа одлуките за избор на членови на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија и неколку точки од урбанистичката сфера. Во продолжение се сите точки кои беа усвоени на денешната седница. Предлог-одлука за разрешување на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид; Предлог-одлука за разрешување на вршители ...

Под покровителство на Општина Охрид, а во организација на Здружението за уметност и култура „Арт Вивенди“ синоќа во предворјето на црквата Св. Софија се одржа манифестацијата „Чалгиски звуци”, посветена на легендарниот охридски виолинист и трубадур Климе Садило. Годинава манифестацијата се одржа во знакот на два значајни јубилеи – 145 години од раѓањето на Климе Садило и 120 години од постоењето на такамот на Садиловци, симбол на охридската ...

Со поддршка на Општина Охрид синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ свечено беше отворено петтото јубилејно издание на Меѓународниот кошаркарски турнир „Ohrid Lake Hoops“. Годинава настапуваат над 300 деца од 11 екипи од Македонија, Турција, Грција, Црна Гора и Албанија. Организатор на настанот е Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид. Со поддршка на Општина Охрид синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ свечено беше отворено ...

Со финансиска поддршка на Општина Охрид синоќа во ЦК „Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Барајќи си дом“ од уметникот Тони Попов. Со настанот авторот одбележува значаен јубилеј – петнаесет самостојни претставувања пред публиката. Изложбата која е дел од Годишната програма за култура на Општина Охрид ќе биде отворена за посетителите до 28 јуни. Поставени се четириесет дела изработени во маслена и акрилна техника. Изложбата е најнов ...

Започна Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери” што се одржува по 25-ти пат со поддршка на Општина Охрид. Млади музичари од државава и Светот ќе ги претстават своите знаења и талент во дисциплините: пијано, виолина и камерна музика. Во изминатите 25 години, на натпреварот учествувале повеќе од 2.500 млади музичари од 36 држави, а дел од жирито биле над 135 врвни музички уметници од 28 земји, што го вбројува овој ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот на високо ниво за превенција на насилството кај младите и на Церемонијата за потпишување на Декларацијата за намери за превенција од насилство кај младите, организиран со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот, на кој присуствуваа претставници на Владата, меѓународната заедница, институции, младински и граѓански организации, беше истакната потребата ...

Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес вторник 16, и утре среда 17 јуни во Македонија очекувам поголема дестабилизација на времето. Времето ќе биде променливо облачно но топло со сончеви периоди. Локално пак денес вторник 16 јуни, а утре среда 17 јуни на повеќе места во Македонија ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради ...

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М, вели дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ потпишала капитулација со прифаќање на бугарските барања, посочувајќи дека оваа Влада нема да попушти на уцените. „Јас испраќам генерално три пораки. Првата порака е дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема. Политичарите од опозицијата можат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет и државност, и тоа е ...

Изминатиов викенд бевме домаќини на Балканското триатлон првенство Охрид 2026! Повеќе од 350 репрезентативци во различни категории од 17 земји ги одмерија своите сили и покажаа што значи вистинска издржливост и спортска подготвеност. Честитки до сите учесници кои дадоа сè од себе на патеката, а особено до најдобрите на кои Катерина Стојаноска, во име на Градоначалникот на Општина Охрид, им ги додели заслужените награди и признанија. Голема ...

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, ...

Успешно заврши уште едно издание на турнирот од Јадранската Teqball лига во Охрид, настан кој трета година по ред позитивно ја мапира Македонија на светската текбол мапа. Турнирот беше одличен пример за тоа како спортот, туризмот и локалната заедница можат да функционираат во совршена синергија. На турнирот учествуваа и репрезентативците на Македонија во овој спорт охриѓаните Коста Трифуноски и Димитар Пејчиновски. Димитар освои бронзен ...

По повеќенеделни преговори, Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа привремен договор за окончување на војната. Ова беше потврдено, освен од посредникот Пакистан, и од властите во САД и во Иран. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави на платформа X дека двете страни се обврзале на моментален и конечен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.Според него, официјалната церемонија на потпишување треба да се ...

На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен ...

САД ја користат трансформацијата на енергетскиот систем во Европа за да го прошират своето геополитичко влијание на Балканот, пишува весникот Келнер Штат-Анцајгер. Со инвестиции во гасоводи, терминали за течен гас и долгорочни договори за снабдување, тие настојуваат да станат главен снабдувач со гас во регионот. Во Брисел расте загриженоста дека Европа на овој начин може да замени една зависност со друга. Весникот наведува дека на маргините ...

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни ...

Ова лето 2026 ќе биде значително потопло во Македонија и тоа за околу 2 степени ќе биде потопло од повеќе годишниот просек. Ова лето ќе бидеме сведоци на чести и екстремно топли бранови од Африка кои ќе условуваат да имаме екстремно високи температури на воздухот кои во најголем дел ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието, Скопската котлина и во југоисточните предели почесто температурите ќе надминуваат и 40 степени, особено во јули и ...

Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На средбите со министерите за трговија и министерот за транспрот договоривме воведување на нова авиолинија од 2 јули, линијата Анкара-Скопје како и железничко карго поврзување меѓу двете земји, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Сител. Тој ...

Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју во вестите не ...

Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ. Во таа насока, упатуваме апел до корисниците на ...

Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух. Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Соговорниците разговараа за можностите за ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
25%
1008
weather icon

Белград

38ᴼ / 36ᴼ
5.4
28%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
6.17
55%
1007
weather icon

Софија

35ᴼ / 33ᴼ
5.14
28%
1010
weather icon

Сараево

39ᴼ / 39ᴼ
3.22
19%
1008
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
82%
1008
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.14
38%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
34%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
4.63
28%
1011
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
5.66
39%
1007
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.23
89%
1011
Currency

61.525

Currency

52.6287

Currency

71.6902

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Сребро

2219.78

Платина

60089.75

Бакар

13.15

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Злато

146070.49

Цинк

0.00

Калај

55.08

Паладиум

42824.79

Иридиум

252383.36