Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден ...

Бранот на екстремни жештини во Франција од четврток наваму однесе најмалку 40 животи поради давење при капење. Жртвите, според изјавата на премиерот Себастијан Лекорну во вторникот, во најголем дел се млади лица. Министерката за спорт Марина Ферари предупреди дека луѓето, барајќи разладување, не треба да влегуваат во необезбедени или опасни води, како што се канали и реки. Во меѓувреме, во југоисточниот град Карпентра, две деца на возраст од ...

Универзитетската клиника Хамбург-Епендорф (УKE) е добро подготвена: во нејзиниот двор има многу стари дрвја, преку улицата се наоѓа парк, а на некои згради се извишуваат диви лози или бршлен по фасадите. Сето тоа помага против топлината. Пред сѐ, дрвјата ја ладат околината со својата сенка и со испарувањето на водата се одзема топлината од воздухот. И растенијата на фасадите имаат ефект на ладење и спречуваат топлите зраци на сонцето да ...

Полска и Украина долго време се најблиски сојузници. Политичката и воената поддршка од Полска во голема мерка придонесоа Украина успешно да се одбрани на почетокот на руската инвазија која започна во февруари 2022 година. Но, повеќемесечниот спор околу минатото сега ги турка двете соседни земји во подлабока криза. Во петокот вечерта (19 јуни), полскиот претседател Карол Навроцки објави на платформата X дека му го одзема на украинскиот ...

Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем. И покрај зголемените приходи, во 2024 година тие не го покриваат растот на расходите за пензии, поради што продолжуваат трансферите од државниот буџет, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на ПИОМ. Државниот завод за ревизија спроведе ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ...

Денеска (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен. На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката ...

Територијата на Македонија и денес среда, 24 јуни останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција. Во ваква ситуација атмосферата ќе биде многу нестабилна и времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на ...

И по осум години од истекот на рокот за електраните во Западен Балкан да ги исполнат стандардите со кои ќе се спречи загадувањето на воздухот, обврските постојат на хартија, но реалноста е поинаква. Загадувањето останува и понатаму високо, а во одредени делови и се зголемува. Според најновиот извештај на Бенквоч – „Усогласување или затворање“, емисиите на сулфур диоксид (SO₂) се значително над дозволеното, додека загадувањето со прашина ...

На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При ...

На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На ...

На 23.06.2026 година, Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во Скопје, во хотел „Холидеј Ин“, го организираше Годишниот состанок на Таск форс единицата за економски и компјутерски криминал на СЕЛЕК Центарот. На состанокот присуствуваа претставници од сите 11 држави од Југоисточна Европа членки на СЕЛЕК, како и претставници на Интерпол и ФБИ, кои се оперативни партнери во борбата против финансискиот и ...

📢 НОВ ТЕСТ ОД КРВ ШТО МОЖЕ ПОРАНО ДА ГО ОТКРИЕ ВРАЌАЊЕТО НА РАКОТ ❓Може ли едноставен тест од крв да покаже дали ракот се враќа уште пред да се види на скен? Денес на Универзитетската клиника за урологија беше презентирана новата метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, дури и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени. ...

Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што ...

Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на Индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година. Признанието беше доделено на настан организиран од Министерството за јавна администрација, согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека ова признание претставува чест, но ...

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на развојните приоритети на државата. Како што кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, ребалансот е подготвен во услови на зголемена ...

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови ...

На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, проф. Д-р ...

Циклонски систем со центар над Турција во деновите вторник и среда (23/24 јуни) во Македонија атмосферата ќе ја одржува многу нестабилна и често ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата и поради тоа што истата е загреана локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски ...

Денеска (23.06.2026), во Струмица, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со поклон и положување цвеќе им оддаде почит на македонските херои Атанас Јанев и Кољо Китанов, по повод 25-годишнината од нивната херојска жртва. Беше истакнато дека нивната жртва, дадена во одбрана на татковината, нејзиниот суверенитет и институции, останува симбол на храброст, чест и пожртвуваност, како и траен аманет за идните генерации да ги ...

На 22.06.2026 во 19:43 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Б.К., со кого биле во бракоразводна постапка и упатувал закани. На 22.06.2026 во 19:05 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со В.К.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека миграцијата не претставува ...

На 22.06.2026 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода З.Б.(32) од Битола. При претрес во домот и помошните простории кои ги користи, извршен со наредба од Основен суд Битола, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја, дигитална вага, марихуана и банкноти во различни апоени. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна ...

Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули треба да биде под 3 отсто. За да се постигне оваа цел, Владата започна разговори со маркетите, а ќе следуваат средби и со производителите и дистрибутерите. Според премиеротХристијан Мицкоски, целта е да се обезбедат пониски цени и стабилизирање на инфлацијата. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе спроведе компаративна анализа на цените, споредувајќи ги ...

Кога Европската Унија реши во новиот пакет санкции против Русија да ги вклучи рускиот православен патријарх Кирил и поранешниот претседател на „Лукоил“, Вагит Алекперов, само една земја-членка се спротивстави – Бугарија. На својот прв состанок на Европскиот совет на 18 јуни како бугарски премиер, Румен Радев најави дека Софија ќе стави вето на пакетот санкции, кој опфаќа 34 лица и 47 компании, доколку овие две имиња не бидат отстранети од ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 отсто во однос на одлуката од 15 јуни. Според одлуката на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари по литар и ќе изнесува 84 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар. Најголемо намалување има кај дизелот и екстра ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави: „Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и ...

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста ...

Дозволете ми најнапред да упатам искрени честитки по повод 25 години од постоењето на Центарот за извонредност во финансиите – организација која во изминатите две и пол децении прерасна во еден од најзначајните центри за знаење, професионален развој и регионална соработка во областа на јавните финансии. Овој јубилеј не претставува само одбележување на еден временски период. Тој претставува признание за една мисија која четврт век придонесува ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
25%
1008
weather icon

Белград

38ᴼ / 36ᴼ
5.4
28%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
6.17
55%
1007
weather icon

Софија

35ᴼ / 33ᴼ
5.14
28%
1010
weather icon

Сараево

39ᴼ / 39ᴼ
3.22
19%
1008
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
82%
1008
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.14
38%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
34%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
4.63
28%
1011
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
5.66
39%
1007
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.23
89%
1011
Currency

61.525

Currency

52.6287

Currency

71.6902

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Паладиум

42824.79

Родиум

282926.57

Платина

60089.75

Цинк

0.00

Бакар

13.15

Алуминиум

3.19

Сребро

2219.78

Злато

146070.49

Иридиум

252383.36

Калај

55.08

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50