Скопје
38ᴼ /
38ᴼ
Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 26 мај годинава, за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за животна средина за периодот 2026-2031 година, денеска членовите на Локалниот управен комитет (ЛУК) го одржаа првиот состанок. Воведно излагање имаше координаторот Јасминка Трајковска Момироска, а претставник од Друштвото за консултантски услуги „Деконс – Ема” ДООЕЛ Скопје, ја презентираше методологијата за изработка на ...
Либан останува слабата точка во договорот меѓу САД и Иран. Израелската армија, според сопствените наводи, во текот на ноќта и во петок наутро извршила воздушни напади врз позиции на шиитската милиција Хезболах во јужен Либан. Претходно, Хезболах испукал ракети кон израелски војници, соопшти армијата на платформата X. Според воени извори, четворица израелски војници биле убиени, а уште четворица биле повредени во напад со дрон. Според ...
Во Вишиот суд во Белград во четврток (18 јуни) беше донесена втората првостепена пресуда за Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето К.К., кој во 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби десет лица, меѓу кои работник од обезбедувањето и девет ученици. Неговиот татко е осуден на 14 години и шест месеци, а мајката на две години и 11 месеци затвор. Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен за тешко дело ...
Јавното обвинителство бара притвор за осум лица и мерки за претпазливост за уште четири, уапсени во рамките на истрага за проневери и злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во вредност од над 180 милиони денари. Со истражната постапка се опфатени 18 физички и осум правни лица. Сите 12 уапсени, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд ...
Граѓаните, наместо да ги вложуваат своите средства во недвижности, да добијат можност да учествуваат во изградбата на хидроенергетскиот проект „Чебрен“ преку инвестиции во акции, предложи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. Изјавата беше дадена на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, организирана од „Фајнанс тинк“. РКЕ: ...
Во соопштението, ФФМ посочува дека случајот бил пријавен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција уште во 2019 година, по што била спроведена истрага од Управата за финансиска полиција и во 2020 година била поднесена кривична пријава. „Во врска со предметот кој Фудбалската федерација на Македонија го пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во 2019 година, ...
Пратениците во Европскиот парламент и земјите членки на Европската унија постигнаа договор за нови правила за заштита на правата на авиопатниците. Со нив на семејствата ќе им се овозможи бесплатно резервирање соседни седишта на летови, а од авиокомпаниите ќе се бара поголема транспарентност во прикажувањето на цените на билетите. Договорот го потпишаа претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и министерот за транспорт на Кипар ...
Земјоделското земјиште зафаќа околу половина од вкупната површина на земјата, а со тоа сушата претставува сериозен ризик со директни последици врз производството на храна, приходите на земјоделците и руралната економија. Во услови на намалени врнежи, повисоки температури и подолги сушни периоди, потребата од поефикасно користење на водата и поотпорни производни практики станува сè поизразен. Ова се укажувањата на Германското друштво за ...
Денешното утро петок, 19 јуни во Македонија ни донесе ведро и релативно топло време со релативно високи утрински температури на воздухот. Имаше појава и на мала до умерена локална облачност. Денешното утро не донесе некој изразен ветер, тоа значи дека беше претежно тивко или со слаб северен ветер. Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 8 степени, а на Скопје Зајчев Рид и на Скопје Петровец се измерени 19 степени. На ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол. Три лица во Куманово, двајца во Гостивар и по еден во Скопје, Прилеп (малолетник), Тетово (учествувал во сообраќајна незгода) и Неготино возеле без возачка дозвола. Додека, по еден возач во Македонска каменица и Кичево ...
На 17.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека на 16.06.2026 на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.Е.(59) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека по кратка расправија во семејниот дом се ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била пронајдена дрога. На 17.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(30), В.С.(26) и Љ.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли. На 17.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – ...
Дебатата за напредокот кон Европската унија повторно се интензивира, откако најновиот извештај на Европскиот парламент отвори низа прашања за реформите и политичката насока на земјата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека документот јасно укажува на застој во клучните процеси. На прес-конференција во Скопје, тој ги отфрли тврдења дека европскиот пат го загрозува националниот идентитет. Според него, наместо напредок, државата се ...
Во периодот од 15 до 21 јуни, во рамки на европската акција на ROADPOL, Министерството за внатрешни работи, преку полициските станици за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол или наркотични средства. Како дел од акцијата, на 19 јуни на територијата на целата држава ќе биде реализиран 24-часовен ...
Министерката за енергетика на Македонија, Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како македонски уникатен полускапоцен камен. Со ова, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство. Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на ...
Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов зборувајќи за демографската слика истакна дека Македонија се соочува со сериозен проблем на ова поле, па затоа треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да придонесуваат за македонската економија. „Апсолутно ќе дојде време, можеби не сега но за некои 15, 20-25 години комплетно да се смени ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во „Каде се парите“ потенцираше дека иако во овие две години вратени се 4,6 милијарди евра стари долгови, сепак државата проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, додека долгот е намален како процент од БДП и воедно се справивме со најголемата енергетска криза во поновата историја. „На дневна основа комуницирам со институциите кои се задолжени да го полнат ...
Денеска (18.06.2026) во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното ...
Уште пред официјалното потпишување на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран кое се случи синоќа (18.06.2026), еден ден порано од планираното, висок претставник на владата на САД во голем дел ги потврдил наводите за содржината на документот кои претходно циркулираа во медиумите. Повикувајќи се на американскиот функционер, Си-Ен-Ен објави дека текстот го одразува договорот кој печатена форма во дворецот Версај го потпиша американскиот ...
Бродовите на германската морнарица предвидени за евентуална мисија во Ормускиот теснец во моментов се на пат кон Црвеното Море. Тие треба да бидат распоредени таму однапред за потенцијална операција во овој теснец, изјави министерот за одбрана Борис Писториус во Брисел, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО. „Додека зборуваме, нашиот миноловец Фулда и придружниот брод Мосел минуваат низ Суецкиот канал кон Црвеното Море“, рече ...
Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Ќе понудиме брз карго превоз до 200 километри на час и до 160 километри на час за превоз на патници. Со тоа целосно ќе ја трансформираме економијата, се обрати заменик претседателот на Владата Александар Николоски на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан ...
Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа, порача заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што денеска се одржува во Солун во присуство на високи претставници на Европската Унија, министри од замејите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции. ...
Охрид доби современ, достапен и сеопфатен Културен информатор за сите празници, манифестации, годишнини и јубилеи! Ова дигитално и практично решение е целосно усогласено со Програмата на Општина Охрид, но и ги опфаќа најновите: Театарски претстави, Концерти и музички фестивали, Изложби и уметнички колонии, Литературни случувања и слично. www.kulturaohrid.gov.mk Охрид доби современ, достапен и сеопфатен Културен информатор за сите ...
На 17.06.2026 во 03:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.А.(49) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ со рамка 13 куршуми без соодветна документација и поголема сума пари. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека Г.А. извесен период ја малтретирал неговата ќерка ѝ забранил да излегува и дека поседувал оружје. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Република Северна Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници ...
По усвојувањето на извештајот за напредокот на Северна Македонија од страна на Европскиот парламент во средата (17 јуни), известувачот Томас Вајц порача дека земјата има резултати, но уставните измени остануваат клучен услов за отворање на преговорите со ЕУ. На прес-конференција тој порача дека постои разбирање за позицијата на македонската Влада која стравува од дополнителни услови и нагласи дека ЕУ мора да обезбеди поголема предвидливост ...
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а став 3 од Кривичниот ...
На 17.06.2026 во 00:55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.П.(36) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 66-годишен татко. На 16.06.2026 во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од ...
На 17 јуни 1990 година беше одржано Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје. Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон ...
Европратениците го одобрија извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на денешната пленарна седница во Стразбур. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа „против“. Гласањето се одржа по жестока дебата за текстовите поврзани со спроведувањето на обврските на Македонија според преговарачката рамка со ЕУ. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, со кој ќе се избрише ставот 73 од идната ...