Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 40 степени. Повремено ќе засилува фенски ветер од источен и од североисточен правец. Особено во Повардарието, ...

По разорните земјотреси во Венецуела, спасувачките екипи работат под огромен притисок на времето, пребарувајќи ги урнатините во потрага по затрупани лица. Во спасувачките операции се вклучуваат и странски тимови, додека германската Техничка помош (ТХВ) испраќа екипа со обучени кучиња за пребарување. На врвот од куп урнатини во Каракас, маж со мегафон повикува на тишина – со цел да се слушнат можни повици за помош под рушевините на урната ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја испиша најубавата страница од својата кариера, но и за историјата на македонскиот спорт воопшто! Лина се пласираше во главниот ждреб на најпрестижниот грандслем турнир Вимблдон, станувајќи на тој начин прва македонска тенисерка во историјата која се изборила за ваков настан Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја испиша најубавата страница од својата кариера, но и за историјата на ...

Работна маса покрај прозорец на јужна страна – сончевата светлина и топлината се дефинитивно предност во текот на студените, зимски месеци од годината. Меѓутоа летно време ваквите работни простории без сенки и климатизација стануваат неподносливо жешки. Како последица на климатските промени, во Германија сè почесто има сѐ подолги периоди на жештини со температури и до 40 степени Целзиусови. Ефикасен систем за ладење релативно ретко се наоѓа ...

„Во овој ребаланс на Буџетот капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари и тоа се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции, од автопатските секции, преку програмата за финансирање на општините каде дополнително се обезбедени околу 2 милијарди денари, преку обезбедени дополнителни пари за пречистителни станици како скопската, битолската, ...

„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку ...

„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски сознанија од мултилатерални и билатерални средби, без ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг истакна дека доколку се направи споредба со владеењето на СДСМ, оваа влада, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, остварила за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри. „Во ред е вашата кампања која што ја водите, во ред е што ги ...

Денеска, имав средба со младите кои го изучуваат македонскиот јазик во Република Хрватска, придружени од претставници на заедницата на Македонци, предводени од Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб. За нив, можноста да бидат дел од 65. Струшки вечери на поезијата е уникатна можност да ја почувствуваат неповторливата атмосфера на фестивалот и магичната моќ на јазикот, поезијата и културата. Особено ме радува што младите, ...

Лени пред две години забележала дека почнала прекумерно да го користи телефонот. Таа сè помалку излегувала од собата за да разговара со своите родители, на викенди некогаш воопшто не излегувала надвор, а повремено поминувала и до десет часа дневно на ТикТок и Јутjуб. Сега веќе 18-годишната девојка за ДВ вели дека сфатила „оти го запоставувам училиштето и дека порано учев многу повеќе. Потоа почнав да го следам времето минато пред екранот, ...

Сенатот на САД направи изненадувачки пресврт во однос на ограничувањето на овластувањата на претседателот Доналд Трамп во контекст на војната со Иран. Само еден ден откако мнозинството сенатори гласаа за ограничување на неговите надлежности, истата институција повторно застана зад него на ново гласање. Резолуцијата што требаше дополнително да го ограничи дејствувањето на Трамп беше отфрлена во средата со 50 гласа „против“ и 47 „за“. Овој ...

Жестока расправија и меѓусебни обвинувања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја одбележаа денешната седница во Собранието за пратенички прашања. Дебатата се фокусираше на (не)успехот по 2 години власт, реформите, економската состојба и прашањето за правда и одговорност. Филипче: Две години неуспех и неисполнети ветувања Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини Мицкоски за, како што рече, целосен ...

Анализите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе покажат дали граѓаните ќе добијат евтина дневна тарифа за струја од четири часа, наместо сегашните два, како и дали таа ќе важи и во сабота покрај недела. Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во интервју за МИА најави дека се разгледува ревизија на блок тарифите воведени за време на енергетската криза во 2022 година. Според него, денес има значајни промени во енергетскиот систем, што ...

Денеска (25.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со Џон Гоутанис, висок функционер во Американскиот Оддел за внатрешна безбедност и заменик потсекретар на Канцеларијата за стратегија, политика и планови. Во конструктивна и пријателска атмосфера беше разговарано за продлабочување на билатералната соработка, особено во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Соговорниците ја нагласија важноста од ...

Во првата декада од овој месец, ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“, на 11 мерни места на потегот од авто – кампот „Андон Дуков“ до хотелот „Ројал“, изврши физичко – хемиска анализа на водата од езерото. Според добиените резултати на 8 мерни места водата е од прва класа, на две мерни места е од втора класа, а само на плажата „Грашница“ е од трета класа. Според законските норми, дозволено е капење во вода со квалитет од прва и втора класа. ...

На 24/25.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ч.Ј.(47), А.Т.(19), Е.Р.(48), Б.Х.(27), Д.А.(18), Ж.Е.(48), Е.Е.(39) и Д.Д.(53), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и шишиња со течна материја. На 24.06.2026 во 15:25 часот во Градскиот парк во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната ...

На 24.06.2026 во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 24.06.2026 во 20:30 часот, полициски ...

Два силни земјотреси ја погодија Венецуела и предизвикаа сериозни разурнувања, вклучително и уривање на згради во главниот град Каракас. Според Американската геолошка служба (УСГС), првиот потрес бил со јачина од 7,2 степени, а вториот дури 7,5 степени по Рихтер. Според проценките на УСГС, постои висока веројатност бројот на жртви да достигне десетици илјади, па дури и до 100.000, со оглед на силата на потресите и густината на населението во ...

На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 ...

Бугарското МНР негира дека споделило дипломатска нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, откако случајот предизвика ново затегнување на односите меѓу двете земји. „Бугарското Министерство за надворешни работи не откри дипломатска нота или друга формална кореспонденција поврзана со посетата на членови на семејството на официјален претставник на друга држава“, се вели во изјавата од ...

Топлотен бран зафати големи делови од Европа. Според извештај на стручниот магазин „Лансет“, бројот на смртни случаи поврзани со екстремни горештини се зголемил речиси низ целиот континент. При температури околу 40 степени Целзиусови, во главниот град на Франција, Париз, за време на музичкиот фестивал „Fête de la musique”, на јавни места беше забранета консумација на алкохол. Самата жештина претставува огромно оптоварување за организмот. А ...

Децении по завршувањето на Студената војна во 1989 година, одбраната не беше висок приоритет за европските лидери. Воените трошоци беа намалени, вооружените сили беа намалени, а залихите на опрема беа исцрпени, што резултираше со намалена борбена готовност. Меѓутоа, руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година послужи како повик за будење и ги поттикна европските влади да ја променат насоката и да се фокусираат на одбраната. ...

Бугарскиот амбасадор во Северна Македонија во вторникот (23 јуни) бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), каде што било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста, поврзана со патувањето во Пампорово на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, за случајот се информирани и претставници на стратешките партнери, како и на НАТО. ...

Нестабилноста и циклонската активност со центар над Турција која ја зафати територијата на Македонија во изминатите два дена и донесе посилно невреме на повеќе места кај нас полека слабее и нестабилноста кај нас полека се намалува. Сепак и овие два дена, четврток и петок 25/26 јуни, по сончевото и топло претпладне, сепак во попладневните часови ќе се развиваат локални конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг мисијата на земјата за статусот на WBIF портфолиото во земјава. На состанокот на којшто присуствуваа високи претставници на министерства и институции, се дискутираше за Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската ...

Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, ...

Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција.Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот води, министерот ја истакна изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки инфраструктурен проект во државата, поддржан од Европската ...

Министерството за европски прашања беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој започна Мониторинг мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Северна Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик-претседател на ...

Под покровителсто на Општина Охрид, а во организација на „Крафт продукција“ утревечер во градов започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival. Тридневниот настан кој нуди вина од земјава и Светот, вкусни јадења и богата културно уметничка програма ќе се одржува на платото на кеј Македонија пред хотелот Палас со почеток во 20:00 часот. На денешната средба со новинарите Претседателот на Советот на општина Охрид Перчо Божиноски зборуваше за ...

weather icon

Скопје

39ᴼ / 39ᴼ
2.06
24%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
6.3
28%
1008
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
51%
1008
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
21%
1013
weather icon

Сараево

39ᴼ / 39ᴼ
2.24
23%
1009
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
87%
1008
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
5.14
37%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 34ᴼ
4.63
34%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.6
23%
1011
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 35ᴼ
4.12
26%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
5.66
39%
1007
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.75
88%
1012
Currency

61.525

Currency

52.6287

Currency

71.6902

Currency

37.5633

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Платина

60089.75

Алуминиум

3.19

Бакар

13.15

Калај

55.08

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Злато

146070.49

Паладиум

42824.79

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Сребро

2219.78