Скопје
38ᴼ /
38ᴼ
Современа ендоскопска технологија на Универзитетската клиника за урологија Во рамки на посетата беа презентирани и демонстрирани најновите флексибилни уретероскопи од нова генерација – технологија која овозможува третман и на сложени камења во бубрезите и уретерот без хируршки рез. Предностите за пациентите се значајни: Универзитетската клиника за урологија изрази интерес за воведување на оваа опрема, со цел пациентите во Северна ...
Во изминатите две години ја зајакнавме меѓународната позиција на македонската полиција, градејќи силни партнерства со Европол, Интерпол, SELEC и бројни безбедносни институции ширум светот. Имаме 31% повеќе меѓународни предмети и разменети информации, реализиравме бројни заеднички операции против организираниот криминал, недозволената трговија со дрога и оружје, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, а значително го зголемивме и бројот ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...
Европскиот Парламент ги изгласа новите европски права на патниците во воздушниот сообраќај. Големо мнозинство од 646 европратеници гласаа за реформата, која, меѓу другото, предвидува дека родителите во иднина ќе можат да резервираат бесплатно места до своите деца во авионите и дека цените на билетите мора јасно да бидат прикажани. Правилата во врска со надоместокот за доцнење на летовите треба да останат во суштина непроменети. Сега, ...
Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна муниција. Албанија купи шест артилериски системи „Боран“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави турскиот медиум „Улу Савунма“. Договорот за нивна набавка е потпишан со ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство. Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за ...
На ден 07.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 6 пожари на отворен простор, од кои 1 пожар е активен, а 5 пожари се изгаснати. Активни: 1 Општина Крушево – атар на с. Бучин (ниска вегетација) Изгаснати: 5 Општина Теарце – с. Непроштено (ниска вегетација) Општина Карбинци – атар на с. Карбинци (запалени дрва) Општина Струга 1 – с. Ложани (депонија) Општина Струга 2 – с. Подгорци (ниска вегетација и жито) Општина Куманово – ...
Сега во аптеките се достапни Enoxaparin, Nadroparin и Rivaroxaban со полесен пристап и пониски трошоци за граѓаните. 💊 Enoxaparin и Nadroparin — досега достапни само преку рефундација, сега директно во аптека, препишани од специјалист. Партиципацијата изнесува 160–240 ден. во зависнот од дозажа и пакувања (наспроти цена од 1.160–2.700 ден.) Еден бренд е целосно без доплата (другите два се со доплата). По барање на граѓаните Фонд за ...
На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) ...
Поради изведување на градежни работи за санација на дефект на канализационата мрежа, од денес 07.07.2026 година (вторник) до 13.07.2026 година (понеделник) ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на градот. Ги замолуваме жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди. Поради ...
Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока. Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која ...
Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати. Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а ...
Нафтен танкер бил погоден во Ормускиот теснец од „непознат проектил“, соопшти рано во вторник британската Служба за поморски трговски операции (УКМТО). Бродот бил погоден „на левата страна, што предизвикало пожар, додека пловел кон југ“, соопшти УКМТО. Инцидентот се случил источно од Лимах, Оман. Танкерот бил нападнат откако ги игнорирал предупредувањата, објави иранската државна телевизија, без директно да преземе одговорност за нападот. ...
Марк Руте на неговата последна посета во Вашингтон кон крајот на јуни дојде добро подготвен. Кога Доналд Трамп почна со поплаки за европските сојузници и нивната неподготвеност да ги поддржат САД за време на војната против Иран, генералниот секретар на НАТО не штедеше на пофалби. И покажа кон големи паноа украсени со златни наслови, едното насловено како: „Билионот на Трамп“. Пред камерите, Руте беше во полна форма. „Сакам да ви покажам што ...
На ден 06.07.2026 година, до 20:00 часот, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 12 се изгаснати. Активни пожари (2): Општина Кичево – во близина на Стадионот во Кичево (стрниште и сува трева); Општина Битола – кај Тунелот на обиколницата. Изгаснати пожари (12): Општина Демир Капија – с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума); Општина Ѓорче Петров – с. Волково, кај Лепенец ...
Во турската престолнина сѐ е подготвено за самитот на НАТО. Завршена е и работата на воениот мегакомплекс „Ај Јилдиз“, познат и како „турскиот Пентагон“. Безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво. Забрането е движење на тешки камиони и градежни машини, како и демонстрации и јавни собири. Се отстранува сè што би можело да го наруши посакуваниот имиџ на градот. Се одведуваат кучињата скитници, просјаците се бркаат од улиците, а долж ...
Политичките партии и натаму не можат да постигнат согласност за новиот Изборен законик, а најголемите разлики остануваат околу начинот на гласање на дијаспората. Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржа можноста за електронско гласање, доколку се обезбедат сигурна идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Во меѓувреме, СДСМ предупредува на можни злоупотреби, додека ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата за блокирање на ...
На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни ...
На ден 06.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 6 пожари на отворен простор, од кои 1 пожар е активен, а 5 пожари се изгаснати. Активен пожар (1): Општина Куманово – м.в. Пармакови Ниви (сува трева). Изгаснати пожари (5): Општина Демир Капија – с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума). Општина Ѓорче Петров – с. Волково, кај Лепенец (депонија). Општина Новаци – с. Новаци (сува трева). Општина Дебар ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 отсто во однос на претходната одлука од 29 јуни. Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и новата цена изнесува 82,50 денари за литар. Екстра лесното ...
Во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT) за приоритетната криминална област трговија со луѓе, во периодот 8-13.6.2026 беа спроведени заеднички акциски денови. Оперативната акција Global Chain, во која учествуваат вкупно 59 држави, е насочена кон сузбивање на трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација, трговија со деца, но исто така и илегална миграција, питачење, трудова експлоатација, се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и ...
На 05.07.2026 околу 14:20 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари малолетната ќерка на пријавителката била физички нападната од нејзиниот партнер А.Е.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.07.2026 во 00:20 часот во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Р.С. (33) од Гостивар, постапувајќи по пријава од неговиот 56-годишен татко дека Р.С. физички го ...
На 05/06.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Т.(37), З.Т.(25), И.Д.(31), Б.Ј.(20), М.Г.(20) од Скопје, Ш.Б.(33) од с.Инџиково, скопско и Е.Н.(25) од с.Кондово, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. На 06.07.2026 во 02:40 часот, на улица „101“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници го ...
На 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се ...
Грант средствата во вредност од 30,8 милиони се обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ. „Навистина е убаво кога почнуваат нови проекти и денеска сме на почеток на еден нов проект, а тоа е изградба на едно автопатско решение кое треба да оди по Трансевропската рута 6, која ќе ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму ќе продолжи кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и ...
Со целовечерен концерт на Ансамблот „Танец“ и настап на КУД „Ѓердан од бисери“, вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворено 65. јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, една од најзначајните фолклорни манифестации во регионот. Фестивалот традиционално ги обединува ансамблите од Балканот, кои преку музика, игра и народни носии ја претставуваат богатата културна разноликост и автентичност ...
Се известуваат сите граѓани дека, поради изведување на градежни работи за уредување на потпорните ѕидови во кругот на ООУ „Христо Узунов“, почнувајќи од понеделник, 06.07.2026 година, потребно е да се отстранат сите паркирани возила од паркингот во кругот на училиштето. Се замолуваат сопствениците на возилата најдоцна до почетокот на работите да ги дислоцираат своите возила, со цел непречено и безбедно изведување на градежните активности. ...
Изминатиот викенд Охрид беше домаќин на второто издание на Ohrid Cocktail Festival, манифестација која повторно ги обедини врвните бармени, љубителите на коктел културата, музиката и летната атмосфера. Фестивалот се одржа на 3 и 4 јули на просторот пред хотел „Палас“, привлекувајќи бројни домашни и странски посетители. Во текот на дводневната програма, посетителите имаа можност да уживаат во презентации на најновите коктел трендови, ...