Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно финансиско друштво откако вонреден надзор, спроведен по пријава од граѓанин, утврдил сериозни прекршувања на законските обврски. Според наодите од контролата, биле констатирани груби повреди на прописите, непочитување на правилата за заштита на корисниците и практики што директно ги изложувале граѓаните на ризик при користење финансиски услуги. Поради сериозноста на утврдените ...
Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Со објава на социјалните мрежи од нив се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го средното образование. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа ...
Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со ветувања за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“, обвинија од Левица во соопштение. Од партијата велат дека, и покрај најавите на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски, Скопје и натаму нема нови автобуси, а состојбата со јавниот превоз е сè полоша. Во соопштението се наведува дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат го блокирале Советот на ...
Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина, според државните медиуми во земјата. Експлозијата на гас се случи во рудникот за јаглен Лиушенју, управуван од групацијата „Тонгжу“, во покраината Шанкси. Стотина спасувачи се испратени на местото. Снимките од државните медиуми покажаа болничари кои носеа носилки на местото, а амбулантните возила се во позадина. Спасувачките операции на местото се во тек. Експлозијата ...
„Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДСМ со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата“, изјави денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ „На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, ...
На 21.05.2026 година околу 22:30 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш. (26) од Тетово. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет од Б.Б. (41) од Тетово. Одземениот тротинет е пронајден и вратен на сопственикот. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе ...
Американската амбасада во Белград денеска издаде предупредување за граѓаните на САД во врска со најавените демонстрации што треба да се одржат во сабота во главниот град на Србија. Во соопштението објавено на мрежата X, амбасадата наведува дека организаторите најавиле повеќе протести на 23 мај 2026 година, а полицијата очекува големи маси луѓе, затворање на улици и сообраќаен метеж во поширокото централно подрачје. Според најавите, маршевите ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки донесе одлука за поништување на постапката за набавка на електрични автобуси и станици за нивно полнење, соопшти Министерството за транспорт. Од Министерството информираат дека јавната набавка повторно ќе биде објавена во најкус можен рок и во согласност со важечките законски процедури. Претходно, како најповолен понудувач беше избран конзорциумот составен од унгарската компанија „Електробус – ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 25-годишна жена осомничена за обид за внесување наркотични дроги во Казнено-поправната установа „Идризово“. Според информациите од обвинителството, случајот бил откриен на 20 мај, кога жената дошла во посета на својот сопруг кој издржува затворска казна. При контролата, таа носела две табли со вкупно 60 јајца, но деталниот преглед со скенер и рачна проверка открил дека во 28 ...
Жителка на Прилеп пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот партнер во семејниот дом. Како што информира СВР Битола, случајот бил пријавен на 21 мај 2026 година во 12:10 часот во ОВР Прилеп. Според пријавата, жената навела дека била нападната од нејзиното момче А.М. од Прилеп. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Откако германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмено обраќањето до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, и кипарскиот претседател Никос Христодулидис, чие претседателство моментално раководи со Унијата,предложи нова динамика во процесот на проширување, не стивнуваат реакциите. Мерц ја нагласи потребата од „интензивирање на динамиката“ и за земјите од Западен Балканодносно ...
Словебечкиот премиер во заминување, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин кабинет денеска треба да биде ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, само една недела откако Пентагон го откажа претходно планираното распоредување на 4.000 војници во оваа земја. Трамп истакна дека одлуката е донесена врз основа на, како што наведе, добрите односи со новоизбраниот полски претседател Карол Навроцки, кого претходно јавно го поддржал. „Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на ...
Во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, меѓу четирите жртви се и баритонот на Македонската опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Велков беше оперски солист и еден од водечките македонски баритони со богата уметничка кариера. Познат е идентитетот на уште една жртва – Петар Миланов (20) од Скопје, додека се работи на идентификација на четвртото починато лице. Во текот на својата ...
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите“, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на платформата „Икс“. Да влеземе во тендер-коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. Поврзани ...
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека приговорот поднесен од ЕСМ против одлуката за запирање на истрагата за случајот „Мазут“ отвора можност предметот повторно да биде активиран и, како што наведуваат, претставува доказ за непрофесионално и селективно постапување на обвинителите Катерина Коларевиќ и Ислам Абази. Од партијата тврдат дека истрагата не била запрена поради недостиг на докази, туку како резултат на, како што велат, политички мотивирана постапка ...
Повеќе домаќинства во скопската општина Ѓорче Петров денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради најавени интервенции во дистрибутивната мрежа. Од надлежните служби информираат дека прекинот е дел од редовни активности за одржување и техничко унапредување на електроенергетскиот систем. Без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Мечкин Камен“, во потегот од куќен број 33 до 45. Снабдувањето со електрична енергија ќе ...
Министерството за внатрешни работи објави детали за тешката сообраќајна несреќа што синоќа однесе четири животи на скопската обиколница. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 21 мај во 23:00 часот, на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. Товарно возило „ман“ со полуприколка и косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, изгубило контрола, ја пробило заштитната метална ограда и ...
По речиси 17 години од една од најтрагичните авионски несреќи во поновата историја, Апелацискиот суд во Париз ги прогласи „Ер Франс“ и „Ербас“ за виновни за убиство од небрежност во случајот со летот АФ447, во кој во 2009 година загинаа 228 лица. Судот оцени дека авиокомпанијата и производителот на авионот сносат целосна одговорност за трагедијата што се случи на рутата Рио де Жанеиро – Париз, кога авионот се урна во Атлантскиот Океан за ...
Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, околу половина час пред полноќ дошло до директен судир меѓу патничко возило „БМВ“ и товарно возило, по што автомобилот се запалил и целосно изгорел. Поради сериозноста на несреќата, сообраќајот на делницата Велес – Тетово бил пренасочен преку клучките Мирковци и Приштина. Обиколницата ...
Променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер се очекува денеска во поголем дел од државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одредени места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, при што постојат услови за невреме проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силни налети на ветер над 60 километри на час и појава на град. Во Скопје ќе преовладува променливо ...
Фудбалерите на Вардар во сабота и официјално ќе го подигнат шампионскиот пехар за сезоната 2025/2026. Крунисувањето на новиот шампион е предвидено по натпреварот од последното коло против Шкендија, кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“. По завршувањето на средбата ќе следи свечено доделување на трофејот, а потоа и шампионска прослава во Градскиот парк, кај популарната „Школка“. Во пресрет на славјето, од таборот на Вардар упатија апел ...
Пешак е повреден во сообраќајна несреќа што денеска напладне се случила во центарот на Скопје, во близина на Жена парк. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 13:09 часот на улицата „Филип Втори Македонски“, кога патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак. На местото на настанот веднаш интервенирале надлежните служби и бил извршен увид, додека полицијата работи на ...
Дури 1.822 вработени во јавните здравствени установи низ државата поднеле тужби против своите работодавачи, а вкупната вредност на побарувањата достигнува 134,6 милиони денари или околу 2,18 милиони евра. Тужби се евидентирани во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, покажуваат податоците презентирани од Фондот за здравствено осигурување. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека најголем дел од тужбите се однесуваат на ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија отвори повеќе дисциплински постапки по финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, врз основа на службените извештаи и официјалните информации од натпреварот. Против Шкендија се поведени постапки поради непочитување на националната химна од страна на навивачите, употреба на голема количина пиротехнички средства, националистички скандирања, истакнување ...
При претрес спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“, затворските служби пронашле и одзеле 92 кесички со прашкаста материја, како и дигитална вага. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 10:26 часот во СВР Скопје, а претресот бил извршен околу 08:00 часот во затворот. Пронајдената материја е предадена на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, која ќе спроведе ...
Општина Центар на пензионерите ќе им ги врати спомените од младоста со проектот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“ во соработка со Здружението на пензионерите. Старото скопско корзо, односно потегот од Ристиќевата палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“ биле места каде што за старите скопјани се создавале најубавите спомени од прошетките, средбите и игранките. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид во скопското село Копаница, каде била пронајдена 37-годишна жена со прострелна повреда на главата. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а истовремено се преземаат дополнителни истражни дејствија за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Според информациите од Обвинителството, во непосредна близина на телото бил пронајден пиштол ...
ХРОНИЧЕН НЕДОСТИГ НА ПОЖАРНИКАРИ ВО ГРАД СКОПЈЕ, ПОТРЕБНИ СЕ УШТЕ 171 ЗА ЗАКОНСКИОТ ОПТИМУМ Kомандантот на скопската противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски предупреди дека на Скопје му недостигаат 171 пожарникари, бидејќи според законските стандарди, главниот град треба да има 384, а сега располага со 213 пожарникари. Дополнителен проблем е недостигот на противпожарни возила, бидејќи дел од нив се стари повеќе години. Градоначалникот на ...