Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две награди на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, со што уште еднаш го потврди своето место меѓу водечките ивент и ПР агенции во земјава. Признание за најдобар ПР настан доби проектот „50 години две легенди – BMW серија 3 и Влатко Стефановски“, додека наградата за најдобар музички настан ѝ припадна на концертниот караван „Нека трепка“ на Сара Мејс. Покрај ...
Кинотеката на РС Македонија е дел од меѓународниот проект „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning (ILMovie)“, финансиран преку програмата Erasmus+, кој има за цел унапредување на интеркултурното образование и развојот на вештини преку користење архивски аудиовизуелни материјали. Покрај Кинотеката, во проектот се вклучени и партнерски организации од Бугарија, Албанија и Црна Гора. Целта е развој на иновативни едукативни ...
Италија е прогласена за најдобра европска дестинација за „соло“ патувања во 2026 година, според индексот на компанијата „Мач бетер адвенчурс“. Рангирањето било направено врз основа на безбедноста, пристапноста на храната, инфраструктурата и условите за патување. Според авторите на истражувањето, Италија нуди идеален спој на врвна гастрономија, развиен железнички сообраќај и разновидни природни предели, што ја прави особено привлечна за ...
Германски турист добил повеќе од 900 евра обештетување по судска пресуда, откако неговото семејство за време на летување во Кос останало без лежалки покрај базенот поради нивно рано „резервирање“ од други гости. Според пресудата на Окружен суд во Хановер, семејството во летото 2024 година престојувало 11 дена во хотелски комплекс со повеќе базени, релакс-зони и пристап до плажа, за што платиле 7.186 евра. Туристот навел дека лежалките биле ...
Антихистаминот Фексофенадин, кој најчесто се користи за ублажување на симптомите на алергиски ринитис, осип и чешање по каснувања од инсекти, може да има намалено дејство доколку се комбинира со одредени пијалаци. Според здравствени експерти, начинот на кој се зема лекот е многу важен, бидејќи некои сокови и алкохол можат да влијаат на неговата апсорпција и ефикасност. Сокот од портокал е меѓу пијалаците што може значително да ја намалат ...
Рударите во Мјанмар (поранешна Бурма) откриле редок и исклучително голем рубин, за кој се смета дека е втор по големина пронајден во земјата, која е дел од Југоисточна Азија и со години е погодена од конфликти. Огромниот скапоцен камен бил ископан во близина на градот Могок во регионот Мандалај, познат како центар на профитабилната индустрија за скапоцени камења, која во последниот период била и сцена на жестоки борби во граѓанската војна. ...
Јапонскиот производител на автомобили „Хонда Моторс“ ја заврши изминатата фискална година со загуба, првпат по седум децении, откако компанијата се соочи со огромни трошоци поврзани со реструктуирање на бизнисот со електрични возила. Компанијата соопшти дека финансискиот резултат бил оптоварен со околу девет милијарди долари трошоци, што довело до најлош извештај откако „Хонда“ стана јавна компанија во 1957 година. Од раководството оценуваат ...
Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...
Маснотијата, бигорот и непријатните мириси во мијалникот можат лесно да се отстранат со едноставни природни состојки што веќе ги имате дома. Без потреба од скапи хемикалии, можно е да се постигне чист и свеж изглед на кујнскиот одвод и површините. Едно од најпрактичните решенија за валкан и мрсен мијалник е комбинацијата од сода бикарбона, оцет и топла вода. Овие состојки помагаат во разградување на маснотиите, отстранување на непријатните ...
Новo истражување покажува дека и недоволниот и прекумерниот сон може негативно да влијаат врз организмот и да го забрзаат биолошкото стареење на телото. Меѓународен тим научници анализирал податоци од речиси половина милион луѓе вклучени во базата UK Biobank и открил јасна поврзаност меѓу времетраењето на спиењето и здравјето на повеќе органи и системи во телото. Според резултатите, лицата кои редовно спијат помалку од шест часа или повеќе од ...
Нови истражувања сугерираат дека црниот чај може да има важна улога во одржувањето на здравјето на срцето, благодарение на природните соединенија што ги содржи. Во време кога сè повеќе луѓе се загрижени за кардиоваскуларното здравје, експертите посочуваат дека едноставна дневна навика како пиењето чај може да донесе значителни придобивки. Истражување спроведено на 1.000 возрасни лица, анализирано од Советодавниот панел за чај, покажало дека ...
Волво размислува повторно да ги врати караван моделите во својата понуда, во време кога SUV возилата веќе подолго време доминираат на глобалниот автомобилски пазар. Извршниот директор на компанијата, Хокан Самуелсон, во интервју за Motor1 изјави дека постои можност пазарот да „отишол предалеку“ во насока на SUV модели, оставајќи простор за враќање на пониски и поаеродинамични автомобили. Според него, караваните нудат речиси иста практичност ...
Во љубовта нè учат дека стабилноста, почитта и сигурноста се темелот на здравата врска. Но ретко кој зборува за другата вистина – дека најинтензивната страст често се случува со личноста што не е „добра“ за нас. Зошто телото реагира посилно на некој што е емоционално недостапен? Зошто хемијата е експлозивна таму каде што има нестабилност? И зошто мирот понекогаш ни изгледа здодевен? Страста не секогаш сака сигурност. Таа сака напнатост. ...
1. Мозокот не прави голема разлика меѓу љубов и зависност Кога сме заљубени, се активираат истите центри во мозокот како при зависност од супстанци. Затоа „не можам без него/неа“ не е само поетска фраза – туку и невролошка реакција. 2. Непредвидливоста ја зголемува привлечноста Истражувањата покажуваат дека луѓето се повеќе привлечени од некој чиј интерес не е целосно сигурен. Малата доза неизвесност ја зголемува допаминската реакција. 3. ...
Ghosting, situationship и страв од обврска – како се смени динамиката на блискоста Во последната деценија љубовните односи драматично се трансформираа. Наместо јасни дефиниции, се појавија нови термини: ghosting, situationship, breadcrumbing, slow fade. Речникот на современите врски станува сè покомплексен – но стабилноста не. Сè почесто луѓето влегуваат во односи без јасен статус. Се гледаат, комуницираат, делат интимност, но избегнуваат ...
Вниманието како нова валута Во дигиталната економија, вниманието има конкретна вредност. Следбеници, реакции, пораки и интеракции функционираат како мерка за релевантност. Во таков контекст, лесно е вниманието да се замени со интимност. Сè почесто се создава динамика каде фокусот не е на градење стабилен однос, туку на одржување интерес. Разликата меѓу љубов и валидација Љубовта подразбира континуитет, одговорност и емоционална инвестиција. ...
Интимниот однос е важен дел од секоја врска и не треба да биде рутина, туку простор за блискост, доверба и поврзување. Со неколку едноставни пристапи, може да внесете свежина и да ја зајакнете врската со партнерот. Отворената комуникација е основа на сè. Разговарајте искрено за тоа што ви одговара, што ви недостасува и што би сакале да пробате. Кога двајцата партнери се чувствуваат слушнати, врската станува подлабока и поисполнета. Малите ...
Постојат промени во телото кои не се појавуваат нагло, туку доаѓаат тивко и постепено. Една од нив е намаленото либидо – состојба за која сè повеќе жени денес отворено зборуваат. Наместо целосно да исчезне, сексуалната желба често станува поретка и помалку спонтана, што може да предизвика збунетост, особено кога однадвор сè изгледа непроменето. Секојдневните обврски продолжуваат, но чувството на енергија и спонтаност се намалува. Заморот ...
Интимноста и блискоста во една врска не се случуваат сами по себе – тие бараат внимание, грижа и малку креативност. Со текот на времето, многу љубовни двојки влегуваат во рутина, па страста може да избледи ако не се негува. Токму затоа е важно да се пронајдат начини за повторно разгорување на емоциите и поврзувањето. Малите гестови, вниманието и отворената комуникација можат да направат голема разлика. Овие 7 совети ќе ви помогнат да внесете ...
Тишината во спалната соба не мора веднаш да значи проблем, но често открива подлабоки состојби во една врска. Намалувањето или паузата во интимноста е нормална појава кај многу парови и може да биде резултат на стрес, замор, емоционална дистанца или брзото темпо на секојдневието. Во одредени ситуации, ваквата пауза може дури и да има позитивна улога. Партнерите се насочуваат кон комуникацијата, меѓусебната поддршка и емоционалната поврзаност, ...
Постојат периоди кога блискоста во врската почнува да слабее, а причините често не се поврзани со недостаток на љубов, туку со секојдневниот стрес, заморот и емоционалната оддалеченост меѓу партнерите. Многу жени во одреден период од врската или бракот чувствуваат намалена желба за интимност, а експертите посочуваат дека тоа најчесто е последица на психичка и физичка исцрпеност. Работните обврски, грижата за домот, децата и секојдневните ...
Не е доволно да зборуваш за чувства Во последните години, речникот на психологијата стана дел од секојдневниот говор. Луѓето зборуваат за „тригери“, „граници“, „трауми“, „емоционална интелигенција“, но зборувањето не е исто што и зрелоста. Емоционалната зрелост не е способност да именуваш чувство, туку способност да го регулираш. Регулација, не реакција Психологијата ја дефинира емоционалната зрелост преку неколку клучни карактеристики: ...
Сите зборуваат за заминување Во секој разговор меѓу млади луѓе, барем еднаш се појавува реченицата: „Тука нема иднина.“ Анкетите редовно покажуваат висок процент на млади кои размислуваат за иселување. Германија, Швајцарија, Словенија се најчестите споменувани држави – имиња што звучат како стабилност, систем и перспектива. Но истовремено, илјадници остануваат. Зошто? Економија или психологија? Да, причините за заминување често се економски: ...
Град што живее на маса Во Скопје, кафето не е пијалак. Тоа е институција. Без разлика дали е понеделник во 10 наутро или сабота навечер, кафулињата се полни. Средби, договори, паузи, флертови, бизнис-разговори – сè се случува на маса. Но што точно значи оваа постојана потреба да „се излезе на кафе“? Ритуал на припадност Социолозите го опишуваат кафето како ритуал на социјална интеграција. Да не излегуваш – значи да исчезнеш од кругот. Да не ...
Од 25 до 29 март, комплексот „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Саемот на мебел 2026, кој годинава се одржува под мотото „Инспирација за секој дом“. Настанот традиционално ги обединува производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата за мебел и ентериер на едно место. Во текот на петте саемски дена, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат најновите колекции мебел, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и ...
Кели Озборн се најде во центарот на вниманието по појавувањето на доделувањето на Brit Awards во Лондон, каде што присуствуваше заедно со својата мајка Шерон, по повод постхумното признание за Ози Озборн. 41-годишната пејачка и ријалити ѕвезда се појави видливо ослабена, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од коментарите сугерираа дека претерала со лекот Оземпик, кој последниве години често се споменува во контекст на брзо ...
Поранешната војвотка од Јорк, Сара „Ферги“ Фергусон, наводно моментално престојува кај блиски пријатели, меѓу кои и Присила Присли, по иселувањето од Кралската ложа во Виндзор. Според Page Six, Ферги и принцот Ендрју ја напуштиле резиденцијата откако кралот Чарлс III во 2025 година му ги одзел кралските титули и почести на својот брат. Додека Ендрју се соочува со нови контроверзии, извор за медиумот тврди дека ќерките Беатрис и Јуџин се ...
Во свет каде што пријателствата се мерат со „колку често се слушате“, „дали сте лајкнале“, „дали сте одговориле веднаш“, постои една тивка форма на блискост што ретко се анализира – пријателства што не бараат постојан контакт, а сепак не се распаѓаат. Не се слушате со месеци. Нема драма. Нема пасивна агресија. Нема „изгледа веќе не сме блиски“. И кога конечно ќе се видите – продолжувате од таму каде што сте застанале, без објаснување, без ...
На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од јавниот живот, Лиора започнува ново поглавје. Не од амбиција, туку од чувство на цел. Родена во Израел, таа зборува за Македонија со искрена емоција – како за место што го чувствува како дом. „Македонија ме допира секојпат кога ќе дојдам тука“, вели таа. „Се чувствувам приземјено, инспирирано и потсетено на тоа што навистина е важно.“ Лиора со години е активна во ...
Живи екосистеми во стакло што не бараат речиси никаква грижа – рачно изработени терариуми од Скопје со тропски растенија Во време кога природата ни станува сè подалечна, еден скопски бренд ја враќа директно во домот – како жива уметност и самоодржлив екосистем што може да трае вечно. Заборавете на растенија што венеат и бараат постојана грижа. MiniGreen создава терариуми со вистински тропски растенија, затворени во стакло и дизајнирани да ...