
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана. Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот. Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни – денот на ...
Повеќе од 200 милиони евра ќе се инвестираат за изградба, доградба и реновирање на здравствени установи, кои пациентите од внатрешноста ги чекаат со децении. За да почне да се гради и реновира, министерството ќе треба да има јасна визија ставена на хартија и да бара пари. На Детската клиника реновирани оддели, набавена и нова опрема. Министерот за здравство најави отворен ден за средба со граѓаните. Проблемот со паркингот на Клинички центар ...
Законот за правична застапеност ја разбранува политичката сцена. Власта уверува – кога решението ќе се врати од Венециската комисија ќе има јавна расправа и ќе влезе во собраниска процедура. Секој пратеник ќе може да придонесе за функционално решение, со кое треба да се реши прашање кое требало да биде затворено пред две децении. И додека Меџити тврди дека нема да се загрози албанскиот јазик, опозицијата критикува – Законот е нетранспарентен и ...
Доживотна казна затвор за четворицата обвинети Палевски, Кешишев, Манев и Видевски за грабнувањата и убиствата на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски и 14-годишната скопјанка Вања Ѓорчевска. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски пак, доби ослободителна пресуда за наводната вмешаност во грабнувањето на неговата ќерка. Обвинителството задоволно од пресудите, со исклучок на онаа за Ѓорчевски, за која најави жалба, бидејќи смета дека исказите на ...
Во Клиниката за детски болести завршени 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти. За да биде здравството поблиску до граѓаните има три столба коишто директорот денес ни ги претстави – инфраструктура, добри технологии во работата и добро обучени доктори. Голема благодарност до директорот Мемеди за тоа што го видовме пред и после реализираните проекти, ...
Нуклеарните централи во Иран се целосно уништени во американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех, уверува претседателот на САД. Иран нема да има нуклеарно оружје, дециден е шефот на Белата куќа по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран. Секое примирје е кревко, но фокусот треба да биде на фактот дека двете страни се согласија да се случи, став на Стејт департментот. „Претседателот го реши тоа ...
Утринава во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта. Н.К. е задржан во полициска станица, известен е јавен ...
Кривичниот суд во Скопје денеска изрече доживотна казна затвор за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, извршени во ноември 2023-та година. Петтообвинетиот, Александар Ѓорчевски – татко на Вања, е ослободен од обвинението. Судскиот процес траеше 10 месеци со речиси 40 рочишта. Обвинителството побара максимални казни за ...
Мајката со три деца, успешно се евакуирани од Израел, со лет од Тел Авив до Атина, соопшти нашето МНР. Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12, осуммина со владиниот авион беа вратени преку Египет и последните четворица преку Атина. Од нив, седум се деца. Нашинците можат да здивнат по смирувањето на кризата на Блискиот Исток и постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Од МНР велат ...
Нуклеарните централи во Иран се целосно уништени во американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех, уверува претседателот на САД. Иран нема да има нуклеарно оружје, дециден е Трамп по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран. Секое примирје е кревко, но фокусот треба да биде на фактот дека двете страни се согласија да се случи, став на Стејт департментот. „Претседателот го реши тоа многу брзо. Не ...
Јапонската војска за првпат тестираше ракета на јапонска територија, додека земјата го забрзува своето воено засилување за да ја одврати Кина. Ракетата со краток дострел беше тестирана на противвоздушниот полигон на најсеверниот главен остров Хокаидо во Јапонија. „Овој вид обука со боево гаѓање спроведена на домашно ниво помага да се обезбедат повеќе можности за обука за различни единици и веруваме дека е исклучително важна за одржување и ...
На Самитот во Хаг, украинскиот претседател Зеленски побара итна помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана, предупредувајќи дека плановите на Путин ја загрозуваат безбедноста на целиот сојуз. Холандија најави воена помош за Украина во вредност од 175 милиони евра. Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Песков, го обвини НАТО дека намерно ја прикажува Русија како чудовиште за да оправда зголемување на воениот буџет, нагласувајќи дека ...
Претседателот на САД, инсистира дека нуклеарните централи во Иран се целосно уништени од американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех. Иранците се одлична трговска нација и имаат многу нафта. Иран нема да имаа збогатување на ураниум ниту нуклеарно оружје, дециден американскиот претседател по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран. „Она што го нарекувам Трампова доктрина е доста едноставно. Прво, ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На дневен ред на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Вчеравечер во Хаг, на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс, министерот Владо Мисајловски учествуваше на средбата со своите колеги – министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Министерот Мисајловски подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот. Исполнувањето на НАТО Целите на способности се највисок приоритет на ...
Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови. Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната ...
Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да биде изречна пресудата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Во завршните зборови обвинителството побара судот да им пресуди доживотен затвор на четворицата обвинети за убиствата, а на таткото да му пресуди соодветна затворска казна. Бранителите побараа ослободителни пресуди за обвинетите. Според обвинението, првоосомничениот Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје на која се разговараше за на партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија. „Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин. На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции. Вршителот на ...
Се согласија на прекин на огнот, па продолжија со напади. Израел и Иран ги прекршија условите за запирање на непријателствата-разочарано коментира американскиот претседател Трамп, неколку часа откако го објави примирјето. Вели дека не е задоволен од ниту една страна, особено посочувајќи кон Израел и барајќи од него да се смири. Тврди дека Иран повеќе не е способен да изгради нуклеарно оружје со опремата што ја има. „Имаше истрелана ракета преку ...
Владата го усвои Предлог-законот за правична застапеност. Тој има цел да создаде јавна администрација која ќе биде сервис на сите граѓани, администрација заснована на знаење и квалитет, рече премиерот. Законот за правична застапеност ќе оди прво пред Венециската комисија, а потоа во Собрание пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти. Надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на ...
Вчера во 04.00 часот во с. Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.П.(67) од с. Слепче, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар, рамки за куршуми, документи и други предмети за кои постои сомнение ...
За сработеното во образованието и науката во изминатите 365 дена ресорната министерка вели може да се напише книга од 200 страници. Но на нив немаше да пишува решен проблемот со образовните асистенти за учениците со попреченост. Минатиот септември учебната година почна без стручна помош, надлежните си ја префрлаа одговорноста. Годинава конкурсот е во тек. Јаневска најави дека ќе прави анкети преку целата година помеѓу родителите, учениците и ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Хаг, на покана на холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс ќе учествува на работната средба на министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата. На средбата организирана на маргините на Самитот на НАТО, министрите за одбрана ќе разговараат за неколку клучни теми поврзани со одбраната и тоа инвестициите во одбраната како предуслов за исполнувањето на НАТО Целите на способности, ...
Скопје ќе дише на над 40 степени целзиусови, почнаа оние пеколни горештини од кои сите стравувавме. Под влијание на топла воздушна маса од југ, наместа температурата ќе се искачи над 30 степени, па дури и над 40, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Високи се температурите за овој период од годината, се жалат граѓаните, кои обврските ги завршуваат рано наутро. Мобилни екипи на Црвениот крст со лекари од 11 до 16 часот ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе одлука за отфрлање на кривичната пријава поднесена против новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено снимање телефонски разговор со раководителка на Одделението за односи со јавност во Град Скопје. Обвинителството оцени дека нема основи за гонење, бидејќи се работи за известување во јавен интерес, поврзано со сообраќајниот метеж предизвикан од нефункционирање на сигнализацијата во ...
Вчера во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип, информираат од МВР. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена ...
Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен“ македонски јазик во извештајот на Вајц за Македонија претставува сериозен удар врз македонските позиции, оценува СДСМ. Партијата смета дека ова е и шлаканица за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи амандманот беше предложен од член на германската ЦДУ, која доаѓа од редовите на европските народни партии. Против беа само бугарските европратеници, кои добија поддршка од социјалдемократите, велат од ВМРО ...
Уште едно одложено судење. На таткото на Васил Јованов, кој во јануари ја прегази смртно Фросина Кулакова во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола ќе му се суди во септември. Зоран Јованов не дојде поради неуредна достава, што беше констатирано од судијката Марковска согласно повратниците. Негодуваше таткото на Фросина поради тоа што истата судијка им суди и на синот и на таткото Јованови. Тој најави кривична пријава. Измени извршило и ...