Во Собранието денеска настан посветен на животот и делото на претседателот Борис Трајковски. „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“ е насловот на настанот, кој ќе почне со свечено откривање на портретот на претседателот и отворање на изложба во негова чест. По окривањето на портретот обраќање ќе има претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во Собранието денеска настан посветен на животот и делото на претседателот Борис ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. ...

Американскиот претседател Трамп изјави дека кинескиот колега Шји му ветил оти Пекинг нема да му испорачува воена опрема на Иран. На финалните разговори во Пекинг двајцата лидери се согласија дека Ормускиот теснец мора да остане отворен и дека Техеран никогаш не смее да има нуклеарно оружје, соопшти Белата куќа. Воедно, Кина се согласила да нарача 200 авиони од американскиот производител Боинг. „Разговаравме за Иран. Имаме многу слични ...

Русија изврши еден од најголемите комбинирани напади врз Украина од почетокот на војната, со стотици дронови и ракети насочени кон повеќе региони, при што има загинати и ранети. Зеленски изјави дека Русија се обидува да предизвика што е можно повеќе страдање, додека Украина продолжува со дипломатски напори и бара засилен меѓународен притисок врз Москва. „Не се откажуваме од дипломатските напори и се надеваме дека притисокот врз Русија, заедно ...

Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75% од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот Николоски. “ Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75% реализација, што е ...

Има забрзани реформи и поголем напредок од претходната година, во септември ќе покаже новиот извештај за Македонија подготвуван од Европската комисија, рече евроамбасадорот Рокас. Досега само 40 проценти од реформската агенда се исполнети. До крајот на јуни треба да се исполнат уште 12 чекори од реформите финансирани од планот за раст на ЕУ. Од планот за раст за реформи од ЕУ за Македонија се предвидени 750 милиони евра. Овие средства се ...

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски повика на конструктивност од опозицијата за клучните реформски закони – Изборниот законик и правосудните реформи. Министерот ја повика опозицијата, европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, одговорност и минимум национален консензус околу најважните прашања. Владата не сака реформи за ЕУ вели лидерот на СДСМ, Филипче. Според него уставни измени, значат почеток на преговори и отворање ...

Куба се соочува со сериозна енергетска криза откако остана без дизел и мазут, поради што делови од земјата се без струја и до 20 часа дневно. Министерот за енергетика предупреди дека електроенергетскиот систем е во „критична состојба“, додека кризата дополнително е продлабочена од недостиг на храна, гориво и лекови. Властите соопштија дека производството на електрична енергија е ограничено, а Куба води преговори за увоз на гориво по прекинот ...

Сомнителна дијагностика е утврдена кај девет од 13 анализирани случаи за непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции во приватните клиники – соопштија од Министерството за здравство по резултатите добиени од странската комисија која постапуваше по сомнителните индикации. Наташа Јанчиќ-Менковски ги има информациите од прес-конференцијата на министерот Алиу. Сомнителна дијагностика е утврдена кај девет од 13 анализирани случаи за ...

Во март годинава во земјава се евидентирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 19.7% се домашни, а 80.3% се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5% се од домашните, а 73.5% од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 проценти. Во март годинава во земјава се ...

Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопштија од МВР. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ...

Русија изврши еден од најголемите комбинирани напади врз Украина од почетокот на војната, со стотици дронови и ракети насочени кон повеќе региони, при што има загинати и повредени, соопштија украинските власти. Штети се регистрирани и во Киев и во западни и јужни делови од земјата, а дел од инфраструктурата е погодена и оштетена. Нападите следуваат по претходен масовен удар во кој беа употребени околу 800 дронови. Зеленски изјави дека Русија ...

Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с. Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед, соопштија од МВР. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По ...

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека премиерот телефонски разговарал со државниот јавен обвинител, но тврдат дека не станало збор за детали од конкретни предмети, велат дека обвинителот бил информиран со истите информации што претходно биле јавно соопштени во медиумите. И нагласуваат дека предметниот обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција одлучува самостојно, согласно со законските и уставните гаранции за независност ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати по повод отворањето на Народната канцеларија на Претседателот, во Скопје. Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на Претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна. На ...

На 12.05.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(61) од Тетово. При претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. На 12.05.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(61) од Тетово. При претрес во ...

„Нема скала за мерење на гордоста. Горда е онаа држава што се сака преку својот народ“, беше одговорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прашањето колку Македонија се искачила на скалата на гордоста по една година од нејзиниот мандат. А каква е состојбата низ призмата на шефицата на државата по две години од нејзиниот мандат? Ќе се бараат клучни одговори за внатрешната и надворешната политика. Отвореното студио „Две години ...

Ексминистерот за земјоделство Љупчо Николовски на седми месецов бил повикан на разговор во полиција. Не наведувајќи ги причините, од МВР посочија дека тој бил повикан во единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по наредба на Обвинителството. На социјалните мрежи пратеникот и поранешен министер за земјоделство Николовски напиша дека не станувало збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. ...

Премиерот Мицкоски со остра реакција по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Предупреди дека доколку предметот не биде преиспитан, Обвинителството ќе го изгуби кредибилитетот. Марина Стојанова-Тонева известува. Премиерот Мицкоски со остра реакција по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за ...

Пуштен во употреба реконструираниот дел од Градската општа болница „8 Септември“. Здравството нема да функционира по навика, туку по прописи, вели министерот Алиу. Надлежните посочуваат дека во здравството недостига кадар, но проблем е и преголемата централизација на здравствените услуги во Скопје. Известува Андријана Ѓурческа Пуштен во употреба реконструираниот дел од Градската општа болница „8 Септември“. Здравството нема да функционира ...

Агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, вели министерката Јаневска. По неколкуте случаи кои во последниов период ја брануваат јавноста, рече дека ќе побара со закон да се овозможи казна за родителот чие дете врши насилство во училиште. Александра Велинова со повеќе информации на оваа тема. Агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, вели министерката Јаневска. По неколкуте случаи кои во ...

Во судницата во Идризово ново рочиште за случајот „Пулс“ продолжи со доказна постапка. Адвокатите на обвинетите побараа сведоците кои се недостапни лично да сведочат, но судот го одби барањето, поради тоа што од стручни лица било потврдено дека тие се со нарушена здравствена состојба. Рочиштето го следи Викторија Милевска. Во судницата во Идризово ново рочиште за случајот „Пулс“ продолжи со доказна постапка. Адвокатите на обвинетите побараа ...

Во време на зголемени геополитички тензии поврзани со војната во Иран и нарушувањата во Ормускиот теснец, американскиот претседател Трамп во Пекинг на разговори со кинескиот лидер Џјинпинг. Средбата доаѓа по неколкунеделни обиди Вашингтон да обезбеди поголем кинески притисок врз Техеран за завршување на војната, како и за стабилизирање на трговските односи меѓу двете најголеми економии во светот. На агендата се и Тајван и глобалната ...

Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево. При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во ...

Хрватскиот ракометен стратег Лино Червар од следната сезона ќе седне на клупата на РК Еурофарм Пелистер. Со ангажманот на искусниот тренер, битолскиот клуб сака што побрзо да се врати на врвот на македонскиот ракомет. „Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со ...

Крајот на војната во Украина е многу близу-тврди Трамп додавајќи дека нема договор со Путин Русија да го задржи Донбас во евентуален мировен договор. „Крајот на војната во Украина, навистина мислам дека е многу близу“, рече американскиот претседател Доналд Трамп. Киев предупредува на можен нов руски напад, додека продолжуваат гранатирањата по истекот на примирјето. Украинските сили возвратија со напади врз цели во Краснодарскиот регион, а во ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, се соочува со посериозна повреда отколку што првично беше објавено, пренесува „Атлетик“. Иако првите медицински прегледи покажале истегнување на тетивата од втор степен, дополнителен преглед направен во Шпанија открил потешка и пообемна повреда. Дончиќ се повреди на 2 април на натпреварот против Оклахома, поради што го пропушти финишот на регуларната сезона и целиот плејоф во НБА. Без словенечкиот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.82
30%
1016
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
43%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
43%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.12
35%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.48
23%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
54%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.92
43%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.87
44%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.29
42%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
34%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
44%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.56
86%
1016
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2778

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Паладиум

42696.19

Родиум

257205.97

Бакар

13.11

Алуминиум

3.43

Злато

139029.54

Рутениум

48965.59

Платина

57196.18

Цинк

0.00

Калај

55.36

Иридиум

253540.09

Сребро

2236.23

Кобалт

45.39