Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Барам итна проверка на законитоста на работењето и туристичките активности во пештерата Врело – Кањон Матка, се вели во пријавите кои Марија Бундалевска, македонска државјанка која повеќе од десет години живее и работи во Сингапур, ги поднесе до надлежните институции. Таа тврди дека на Матка не се издаваат фискални сметки, дека дел од туристите одат на турите без појаси за спасување… „На 5 јули бев во посета на Кањонот Матка и неосновано бев ...
Независниот синдикат на професионални војници преку соопштение реагира на состојбата со водоснабдувањето во касарната Петровец на АРМ. Од синдикатот велат дека 35 години нема технички исправна вода во касарните Петровец и Чојлија. „Додека министерот си ја тера пиар-кампањата, со снимање на филмови за наводното реновирање на објекти во Армијата, се заборава најбитниот факт и проблем во Армијата – а тоа е ВОДАТА ! Додека министерот за одбрана ...
Ватерполо репрезентацијата на Австралија направи големо изненадување на Светскиот куп откако по изведување на пенали го елиминираше светскиот првак Шпанија. Во регуларниот дел дуелот заврши нерешено 18:18, а по изведувањето на пенали Австралија победи со 5:3. Сигурна победа во четвртфиналето избори Италија која со 18:12 ја совлада Грузија, додека Грција беше поуспешна од Црна Гора со 14:13. Полуфиналето го обезбеди и Унгарија, со триумфот над ...
Манчестер Сити и официјално го реализираше најскапиот трансфер во својата историја, откако го ангажираше англискиот репрезентативец Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Дваесет и тригодишниот играч за врска потпиша петгодишен договор со актуелниот англиски вицешампион, а трансферот е вреден 116 милиони фунти, односно околу 135 милиони евра. Со ова, Андерсон стана најскапото засилување во историјата на „граѓаните“, надминувајќи го досегашниот ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата „Избор на трудови“ (2023) е дело на „Македонска искра“ , печатено на 430 страници на – јазик, а е спонзорирано од бизнисменот Џорџ Атанасовски од САД и д-р Лефтер Манче од Канада. Таа е посветено на објавени трудови за македонското иселеништво ширум светот, за црковно-духовниот живот, за голем број познати личности и други текстови поврзани со етничка Македонија и македонското ...
Македонскиот првак Вардар доживеа пораз (2-3) од летонскиот тим Рига во првиот дуел од второто квалификациско коло во Конференциската лига што се одигра во Скопје. Рига прва се закани во 11.минута, кога напаѓачот Мухамед Бадамоси шутираше од вртење, но не беше прецизен. Три минути подоцна, одлична шанса за гостите, а Вардар имаше многу среќа. Раки Ауани нафрли од десната страна во петерецот, а Орландо Гало со удар од непосредна близина ја ...
Новиот дигитален систем за контрола на границите на Европската Унија – Entry Exit System (EES) – предизвика сериозни застои на дел од европските аеродроми, а патниците се соочуваат со подолги редици и чекања при влез и излез од Шенген-зоната. Директорот на главниот аеродром во Рим изјави дека системот речиси го тројно зголемил времето потребно за пасошка контрола за британските патници, и покрај направените подобрувања. Од 7 на 20 минути за ...
Вчерашниот ветер во Скопје, Штип и во Струмица имал јачина на оркан/ураган, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118км/ч. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери“, вели УХМР. По невремето со силен ветер и дожд што вчера ја зафати ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од силното невреме што го зафати Скопје и најави дека штетите ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури. Одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе останат сами да се снаоѓаат со материјалната штета, Мицкоски рече дека институциите веднаш реагирале. „Никогаш оваа влада не ги оставала граѓаните сами да ...
Кризниот штаб формиран за справување со состојбата во Гостивар по епидемијата ги започна првите активности за обезбедување техничка вода за граѓаните. На состанокот на градоначалниците од Полошкиот регион присуствуваше и претставникот на Централниот кризен штаб, Горан Савовски, кој побара информации за расположливите ресурси и капацитети на општините. „Денешниов состанок беше свикан за да видиме кој со какви ресурси од општините располага, да ...
Македонската репрезентација освои три бронзени медали на Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ 2026) во Клуж-Напока, Романија. Бронзените медали ги освоија Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, ученик во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп, Андреј Ангелов од Македонска Каменица, ученик во Математичко информатичката гимназија во Скопје и Тодор Пљаков од Велес, ученик во гимназијата „Кочо Рацин“. Нашите натпреварувачи ги ...
Во Градски парк, каде во завчерашното страшно невреме паднаа голем број дрва, ќе бидат засадени нови садници јавор и јасен, вкупно 60. Садењето, како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, започна денеска, откако во текот на вчерашниот ден се расчистуваа последиците што невремето и ударите на ветрот ги оставија во паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата „Огледало“, (2023), е дело на „Македонска искра“, печатенона 140 страници и претставува дел од значењето на добивањето на Славе Катин на престижната „Награда за животно дело 2022“ на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД. Делото ги содржи главните настани и собитија за наградата која од Република Македонија ја добиле Киро Глигоров и Славе Катин Меѓутоа, уште на ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026, во кој очекувано доминираат финалистите Шпанија и Аргентина. Новиот светски шампион и вицешампионот имаат по тројца свои претставници во најдобрите единаесет, додека останатите места ги пополнија фудбалери кои оставија силен впечаток со своите настапи на турнирот. Шпанија, која во финалето ја совлада Аргентина и ја освои светската титула, е ...
Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите ранг-листи покажуваат дека со резултатите се приближуваме до враќање на позицијата која носи директен пласман во Лигата на шампионите. Сепак, ниту во сезоната 2027/28 македонските клубови нема да имаат обезбедено загарантирано место во елитното европско натпреварување. Добрата вест е дека Македонија напредуваше за едно место, откако ја престигна Словенија, па сега е многу ...
ФИФА отвори дисциплинска истрага против Аргентина, по масовната тепачка што изби веднаш по финалето на Светското првенство во кое Шпанија ги совлада „гаучосите“ со 1:0 и ја освои светската титула. Дисциплинската комисија назначи дисциплински и етички обвинител што ќе ги испита сите околности околу инцидентот на стадионот „Мет лајф“, а можно е да следуваат суспензии за играчи и за членови на стручниот штаб, како и парична казна за ...
Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање на резидентна Амбасада на Индија во земјава, но и зајакнување на економската соработка биле дел од темите на кои денеска во Скопје се осврнале претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзината индиска колешка, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија и која е прва посета на индиски ...
Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа е оценета како небезбедна и неупотреблива за каква било намена. Во врска со случајот е отворена истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и уште двајца раководители, кои се приведени. Обвинителството соопшти дека против тројцата е поведена истражна постапка за кривичното дело ...
Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако дивеењето не траеше повеќе од десет минути. Од ветрот граѓани не можеа да се движат по улиците, а и беше опасно од прашината, дрвјата што паѓаа и разните предмети. На тоа уследи обилен дожд кој ги прекри улиците. Голема штета невремето им нанесе на жителите во зграда непосредно до пазарот Буњаковец, од која беше откорнат целиот кров. ...
Со поставување челична конструкција над галериите со витражи и стакла почна превентивната заштита на Македониумот во Крушево, во кој со години навлегува вода. Работите се изведуваат под стручен надзор на Завод и музеј – Прилеп и треба да завршат до крајот на месецот. Мерката се презема поради долгогодишното протекување на споменикот, кој во ноември 2025 година беше прогласен за културно добро во опасност. „Со цел да се заштитат галериите со ...
Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана ...
Соопштение на ИРГЦ (Иранската револуционерна гарда): „Криминалниот американски режим, уште еднаш, среде преговори и во заблуда за наводното слабеење на Иран, официјално ја продолжи војната што всушност никогаш навистина не ја завршил. По неколкудневни борби против нашите вооружени сили и откако претрпеа поразителни одговори на агресијата на Трамп, и сфаќајќи дека иранските вооружени сили станале многу посилни отколку на првиот ден од војната, ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографско дело насловено „Гојко Јаковлевски“, „Македонска искра“ од Скопје, на, 216, е готова и се отпечатени пет (5) примероци за Библиотеката „Св. Климент Охридски“ за добивање ЦИП и десеттина примероци за негови пријатели.. Таа е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовенпосветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската ...
Поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство тешко им падна на аргентинските репрезентативци, а фрустрацијата кулминираше веднаш по последниот судиски свиреж. Наместо спортски поздрав, на теренот настана хаос, откако неколку играчи на Аргентина влегоа во физички конфликти со фудбалерите на новиот светски шампион. Во метежот беа вклучени голем број играчи од двете селекции, како и членови на стручните штабови. ФИФА веќе потврди дека ...
По елиминацијата на Вардар од Лигата на шампионите, македонскиот првак продолжува во Конференциската лига. Таму останува и тетовска Шкендија која лесно го мина составот на Европа од Гибралтар. Кратовски Силекс го заврши настапот по елиминацијата од белорускиот Динамо Минск на пенали. Така два преостанати македонски претставници во УЕФА Конференциската лига, Вардар и Шкендија ги дознаа противниците за третата квалификациска рунда. Прво, Вардар ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијазабизнисменот„БлагојаМехан–џиски“-Зегин,„Македонска искра“ и ЗЕГИН, Скопје, 2015, на 450 страници, е готова, и се отпечатени пет (5) примероци за Библиотеката „Св. Климент Охридски“ за добивање ЦИП и десеттина примероци за негови пријатели. Таа е на македонски и англиски јазик и е посветена на бизнисменот, хуманистот и донаторот Благој Механџиски. Име, кое е познато и респектирано ...
Машката селекција на Македонија за кошаркари до 20 години, заврши како ДЕВЕТА во Б Дивизијата на Евробаскетот во Словачка Македонските младинци во последниот натпревар, односно, во дуел за пласман од 9 место ја имаат селекцијата на БиХ. Избраниците на селекторот Никола Велев славеа победа со 10 поени разлика. Уште од самиот почеток нашата селекција најави дека ќе атакува на победата. Имаа црвено-жолтите и најголеми 12 поен и предност, а на ...
Шпанија е нов светски шампион! „Црвената фурија“ ја симна Аргентина од светскиот трон, откако по продолженија славеше со 1-0 во големото финале на Светското првенство на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси и ја обедини европската и светската титула. Човек на одлука беше Феран Торес. Напаѓачот на Барселона влезе во игра во 62. минута на местото на Микел Ојарсабал, а се претвори во херој на Шпанија. Во 106. минута, по одличната акција на Нико ...
Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Намалување од 156 денари тешко може да се почувствува во семејниот буџет, особено кога за покривање на основните месечни потреби се потребни речиси 70 илјади денари. Толку, според новата пресметка на Сојузот на синдикатите на Македонија, изнесува синдикалната ...
Политичката партија Левица преку соопштение соопшти дека не се откажува од барањето за воведување една изборна единица и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик во рокот предвиден во рамки на реформската агенда поврзана со Европската Унија. Од партијата тврдат дека власта не била пасивен набљудувач на процесот, туку негов организатор и носител на парламентарното мнозинство. Според Левица, наместо да ...