Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
ЛДП ја обвинува Владата и мнозинството дека направиле, како што велат, класичен испад на „пиши-бриши“ со измените на Кривичниот законик откако сфатија дека „случајно“ избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ. -Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка, за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста. „СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. ...
Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми денес на прес-конференција зборуваше за случајот со Алта банка, велејќи дека таа е донесена во Македонија од страна на сегашната Влада. Тој нагласи дека претходната Влада на ДУИ и СДСМ ја заштитиле државата од оваа банка. Додаде дека ДУИ ќе поднесе кривични пријави против оние кои ја клеветеле партијата поради оваа банка. „Сегашната влада се обиде да ја поврзе ДУИ и претходната влада со доаѓањето на Алта банка. ...
Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, во вчерашното издание на дебатната емисија „Анализа“ на „ТВ 24“ истакна дека со Кривичниот законик, којшто е испратен до Европската Комисија, предвидено е воведување на ново кривично дело кое се однесува на загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, по пат на неосновано ширење во јавност на неточни информации, за кое е предвидено и казна затвор, зошто како што вели ...
ВЛЕН денеска преку прес-конференција порача дека документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Обвинуваат дека наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Според ВЛЕН, ова е само уште еден доказ за долгогодишната ...
„Европа мора да учествува во преговорите за Украина, без неа не може да има нова безбедносна архитектура“, изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во Даблин, каде што учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Република Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на ...
Oд Левица велат дека една најава за пратенички прашања од нивната пратеничка Јована Мојсоска била доволна, за, како што велат, премиерот Христијан Мицкоски да исчезне од собраниските клупи. Левица обвини дека „од ЗНАМ да му организираат евакуација“. Денешната седница за опозициски пратенички прашања не се одржа, откако Мицкоски, спротивно на деловничката обврска за присуство, не се појави во Собранието. Од нашата мрежа Што стои зад ...
СДСМ денес поднесе тужба против гувернерот на Народна Банка, Трајко Славески и други одговорни и службени лица, откако НБРМ вчера поднесе кривични пријави против претседателот на СДСМ Венко Филипче, како и против Александар Трајановски, Александар Саша Димитријевиќ и против Андреј Жерновски. -За кривичните пријави кои вчера ги најави Народна банка, Гувернерот го прави тоа што Мицкоски пред неколку дена му го порача од говорница. Малку ги ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција истакна дека тврдењата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, огласени во врска со Алта банка, се целосна невистина, додавајќи дека банката немала никаква забрана за работа во Европската Унија и не можела да биде спречена да влезе во Македонија. Според Манасиевски, премиерот Мицкоски вчера обелоденел извадок од Нацрт-записник од 194. седница на владата од 24 ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција обвини дека Христијан Мицкоски изнесувал лаги на надзорната расправа за Алта банка за да ја оправда својата улога во случајот. Тој порача дека кривичните пријави против претставници на СДСМ нема да ја спречат партијата да бара вистина и одговорност. „Вчера во Собранието, на Комисијата, Мицкоски лажеше пред целата македонска јавност само за да се ...
Ниту Институтот за јавно здравје ниту која било здравствена установа не побарале да не се примаат невакцинирани деца во училиштата и градинките, ниту пак сме побарале ушилиштата да дадат списци со податоци за деца кои се вакцинирани, а кои не се, изјави Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје за „Локално“. Ова следува откако последниве десетина дена на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од наводна наредба од ...
Дваесетчетиригодишниот Михал Оксињски, кој завчера на главниот плоштад во полскиот Краков уби шест лица и рани уште петнаесет, почина рано утринава во болница од последиците од тешките повреди здобиени во пресметката со полицијата, потврди локалната полиција. Нападот се случил завчера околу 15 часот кога Оксињски со автомобил пристигнал на Главниот плоштад во Краков и со полуавтоматска пушка „АР-15“ отворил оган врз минувачите, туристите и ...
Оливер Миланов поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство, а на негово место е назначен Јовица Андовски. Оставката се случува во период на незадоволство кај сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите. АХВ негира дека притисокот од сточарите бил причина за оставката. Кадровската промена ја објави Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), чии членови се двајцата ...
Шефот на „Нвидиа“ (Nvidia), Џенсен Хуанг, ја призна невербата кон својата сопруга, но она што започна како приватна афера прерасна во можен шпионски скандал. Жената со која го поврзува „Њујорк тајмс“ наводно работела за кинеските разузнавачки служби, а американскиот Конгрес сега бара одговори за можните безбедносни пропусти. „Нвидиа“ истражува дали се загрозени нејзините деловни тајни. Компанијата тврди дека не знаела за сомнежите на ...
СДСМ го обвини гувернерот на Народната банка, Трајко Славески дека работи на повик од премиерот Христијан Мицкоски за случувањата со Алта Банка. Партијата потсетува дека во Европа имаше санкции и суспензии за банката. „Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта Банка и ги потврди притисоците. Во Србија сега е отворен стечај, извршено е апсење на Мацура и отворена е истрага за 380 милиони евра. Формален сопственик е човек со менувачница. Сомнежите ...
Во затворот „Идризово“ биле пронајдени 171 таблета во пакет наменет за осуденик, кој претходно го оставила неговата мајка. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 7 ноември во 15:55 часот, откако при проверка на пакетот, наменет за 40-годишниот Г.С., биле откриени таблетите. Од нашата мрежа Од 16.200 до 85.600 евра: Колкави се разликите во просечните… 29 минути biznisinfo.mk Европската комисија лансира платформа за дизајн на чипови од 525… 49 ...
Ива Михаилова (23) од Кочани, на која ѝ се суди во Македонија за сообраќајна несреќа со смртни последици и која беше причина за нови тензии меѓу Скопје и Софија, упати низа обвинувања против домашните институции откако неодамна избега во Бугарија. Во еден бугарски подкаст, каде што беше гостинка со својот адвокат Николај Димитров, Михаилова тврдеше дека третманот кон неа на суд се влошил откако се изјаснила како Бугарка и го обвини ...
Европа собори рекорд во повлекувањето гас од подземните складишта, соопшти денеска рускиот енергетски гигант „Гаспром“. Според податоците на организацијата „Гас инфраструктура Европа“ (Gas Infrastructure Europe), од подземните складишта на 6 ноември е повлечена рекордна количина гас за тој датум – за 23,9 отсто, односно 83 милиони кубни метри повеќе од претходниот дневен максимум, наведе „Гаспром“, а пренесуваат „РИА Новости“. Од нашата ...
На социјалните мрежи се појави нова снимка од Александар Вучиќ од белградскиот „Чаци бар“, на која им се заканува на обвинителите, полицајците и студентските активисти. Неговата Српска напредна странка (СНС) ги изгуби парламентарните избори на 25 октомври. Снимката настана за време на разговорот на Вучиќ со главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ. Во неа Вучиќ порачува дека сите што ги споменува ќе одговараат. Од нашата мрежа ...
Лидерот на француската левица, Жан-Лик Меланшон, порача дека, доколку стане претседател, француските бродови по потреба ќе ги придружуваат цивилните флотили што се обидуваат да стигнат до Газа, и дека нема да ја прифатат постепената анексија на Западниот Брег, јужен Либан и Голан. Меланшон, лидерот на партијата Непокорена Франција (La France Insoumise) и кандидат на претседателските избори во 2027 година, тоа го кажа во саботата на голем ...
За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата со младата Месечина во Скорпија. Зголемувања на платите и финансиски добивки ќе им ги наполнат џебовите – проверете дали сте меѓу нив. За многумина, крајот на сиромаштијата конечно пристигна, младата Месечина во Скорпија во ноември носи судбински промени кои е невозможно да се игнорираат. Ова е период во кој три хороскопски знаци конечно ќе престанат да се мачат со парите. Од нашата мрежа ...
Повеќе од 850.000 луѓе ширум Украина останаа без струја по ноќните руски напади. Украинската енергетска компанија ДТЕК (DTEK) извести дека руските сили извеле масовен напад врз енергетскиот сектор и целеле клучни постројки во источната Дњепропетровска област, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Во Дњепропетровската област без струја останаа повеќе од 600.000 жители во окрузите Павлоград, Самар, Камјанске и Дњепар, како и во самиот град Дњепар. ...
Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала 19 кривични дела за безобѕирно управување со моторно возило на територијата на целата држава. Во рамки на акциските контроли, 17 лица биле лишени од слобода, додека со едно лице бил извршен службен разговор, информира Министерството за внатрешни работи. „Од лицата опфатени со полициските постапки, 11 управувале возило без положен возачки испит или без да се стекнат со право на управување“, ...
Таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Томас Маркл постариот (82), е исфрлен од домог за нега на лица со деменција во Лејкленд, Флорида, каде што требаше да престојува откако судот му одобри пуштање на слобода со кауција и домашен притвор, објавува британски „Сан“. На Томас Маркл судијата во Тампа во петокот наредил да биде пуштен на слобода со електронски надзор, односно да носи уред за следење на ногата. Меѓутоа, тој не се вратил во ...
ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение упати критики до СДСМ поради реакциите на опозициската партија во врска со случајот со Алта банка, обвинувајќи ја дека создава паника и политички ги користи прашањата поврзани со банкарскиот систем. Од владејачката партија сметаат дека опозицијата треба подобро да ги познава надлежностите на институциите, особено улогата на Народната банка и гувернерот во регулирањето на банкарскиот сектор. „Во СДС прво треба ...
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, потврди во неделата дека европските претставници ќе учествуваат на разговорите за Украина што следната недела се одржуваат во Абу Даби, пренесува „Ројтерс“ (Reuters). Во интервју за радиото РТЛ, Баро го најави француското учество. „Европјаните ќе имаат силно претставништво. Франција ќе биде во Абу Даби и ќе учествува во тие дискусии“, изјави тој. „Сè уште не можам да откријам кој точно ...
Членките на НАТО имаат недостиг од околу седум милијарди евра за да го исполнат ветувањето за 70 милијарди евра воена помош за Украина за оваа година, а до крајот на годината останаа помалку од два месеца, пишува „Политико“ (Politico). Сојузниците на самитот во Анкара во јули се обврзаа дека ќе ѝ дадат на Украина 70 милијарди евра воена помош за оваа година, а истиот износ и во 2027 година. Во тој износ се вбројуваат билатералните придонеси ...
Политичката партија Левица во партиско соопштение го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори за ефикасноста на полицискиот систем во заштитата на жените од насилство, посочувајќи дека Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, значително над европскиот просек од околу 340, но и натаму се соочува со висока стапка на убиства на жени од интимни партнери. Од партијата сметаат дека бројноста на полицискиот ...
Во центарот на Скопје денеска се одржа протестниот марш против фемицидите, организиран по трагичното убиство на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци. Под мотото „Ниту една повеќе!“, граѓаните излегоа на улиците барајќи правда, институционална одговорност и конкретни мерки за спречување на насилството врз жените. Со транспаренти „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ и „Истата полиција, истите институции, истите пропусти“, демонстрантите ...
Студентите во блокада, кои извојуваа победа на вонредните парламентарни избори и освоија 140 пратенички мандати со „Студентската листа“, соопштија дека се подготвени за конститутивната седница на Собранието на Србија што е закажана за 17 ноември. „Конститутивна седница на Народното собрание на 17 ноември. Подготвени сме“, кратко напишаа студентите на својот профил на социјалната мрежа Икс (X). Од нашата мрежа 🎥 Маркез и Бецеки со ...