Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на Путин, ги пречека американските преговарачи Џаред Кушнер и Стив Виткоф на московскиот аеродром, во пресрет на нивната средба со рускиот лидер, која треба да се одржи подоцна во текот на денот. „Да им посакаме добредојде на Стив и Џаред во Москва“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа Икс, објавувајќи фотографија на која се ракува со Виткоф покрај авионот во студено и облачно утро, додека Кушнер стои ...
Во Даблин денеска се одржува деветтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), на кој учествуваат околу 50 шефови на држави и влади, како и претставници на клучните европски и меѓународни институции. Главната тема на годинешниот состанок е „Европа – силна, безбедна и поврзана“. Како што е наведено на официјалната веб-страница на ирската влада, самитот се одржува во Конгресниот центар во Даблин (Convention Centre Dublin), сместен на ...
Литванскиот министер за финансии Тауримас Валис изјави дека војната во Украина би можела да заврши во текот на оваа зима, наведувајќи ги големите руски загуби на фронтот, ограничените територијални придобивки на Москва и притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп како причини за ваквата процена. „Се надевам дека војната во Украина ќе заврши оваа зима. Имам чувство дека ќе заврши“, изјави Валис, поранешен заменик-министер за ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за постоење конкретна опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата, но предупреди дека станува збор за „стратегија насочена кон ширење хаос“. На средбата со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на единство. По полициските проверки и евакуациите, наставата во училиштата денеска треба да продолжи нормално, пренесува ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во работата на воениот сателитски систем „Старшилд“ над територијата на Украина, и тоа долж целата линија на фронтот, како и на привремено окупираните територии. Зеленски ја објави информацијата откако ги добил извештаите од министерот за одбрана Јевхениј Хмара и врховниот командант на вооружените сили на Украина, ...
Мартин, во изјава за новинарите, призна дека во рамките на Европската Унија е тешко да се постигне единство кога станува збор за воведување санкции против Израел. „Во Европската Унија постојат различни мислења меѓу 27-те земји-членки и беше многу тешко да се постигне согласност од сите 27 држави во однос на трговските и економските мерки. Тоа, за жал, е реалноста“, изјави ирскиот премиер. Тој додаде дека Европа е најголемиот донатор на ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави промена на правилото од времето на Виктор Орбан, според кое жените пред абортус мораа да приложат доказ за „јасен знак на живот“ на плодот, најчесто преку слушање на неговите отчукувања на срцето. Владата ќе ја ратификува и Истанбулската конвенција. Маѓар го претстави пакетот мерки за заштита на жените во видеообраќање објавено на Фејсбук, пренесува Ројтерс. Од нашата мрежа Добри вести за Фолксваген: ...
Дејан Шошкиќ, кандидат на Студентската листа за пратеник во Собранието на Србија, смета дека со заминувањето на актуелната власт ќе се создадат услови Србија да стане фактор на стабилност и соработка во регионот, наместо да биде извор на поделби и конфликти. Шошкиќ, професор на Економскиот факултет во Белград и поранешен гувернер на Народната банка на Србија, ова го изјави во интервју за подгоричкиот весник „Вијести“. Тој оцени дека режимот ...
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се повредени во силна експлозија и пожар во фабрика за железо и челик во турскиот пристаништен град Алиага, во покраината Измир. Бројот на загинатите го потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по денешната седница на Владата, јави новинската агенција АП. Експлозијата се случила во фабриката ХАБАШ (HABAŞ), околу пладне по локално време. Според изјавата на гувернерот на Измир, Сулејман Елбан, несреќата се ...
Српската телевизија „Информер“ доби решение од тамошното Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) со кое на седум дена ѝ се забранува емитување на утринската емисија „Прва инфо“, како и на секој друг содржински сличен формат, дури и доколку телевизијата му го промени името или терминот. Дека решението е пристигнато, денеска потврди и главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, кој информираше дека забраната се однесува на ...
Хрватска е потресена од смртта на Кристијан Јосип Периш, кој починал во Психијатриската клиника „Свети Иван“ под околности што предизвикаа големо внимание во хрватската јавност. Случајот доби нова димензија откако весникот „Јутарњи лист“ дошол до снимка од надзорните камери во собата 11а, на која се гледа како медицинскиот персонал повеќе од осум минути му ја притиска главата на пациентот со перница, додека истовремено со нозете и рацете го ...
Според првичните информации, најмалку 10 лица загинале, а 48 се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе од 70 возила. За несреќата придонела густата магла. Еден од очевидците изјавил дека видливоста не била поголема од 50 метри. Автопатот „Тракија“, во близина на Јамбол, во Бугарија, е целосно затворен за сообраќај по страшниот верижен судир во кој учествувале повеќе од 70 патнички и товарни возила. Како што пренесуваат ...
Вкупно 11 лица загинале во двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во близина на клучката „Зимница“, соопшти бугарското Министерство за здравство. Според Министерството, во првите часови по тешката сообраќајна несреќа била добиена прелиминарна информација за 12 загинати. По дополнителните проверки, утврдувањето на идентитетот и усогласувањето на податоците за настраданите, било потврдено дека бројот на загинати ...
Вршителот на должноста главен уредник на Информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС), Боривоје Ускоковиќ, денеска изјави дека јавниот сервис за првпат во својата историја произведува информативна програма без политичко влијание и притисоци од претставниците на власта. Како што објави РТС на својата интернет-страница, Ускоковиќ ова го истакнал на редакциски состанок со вработените, на кој им порачал дека новинарите имаат можност ...
Поранешниот српски министер за економија, Раде Баста, беше уапсен во средата наутро во Белград, во голема полициска акција насочена кон сузбивање на корупцијата. Апсењето е спроведено по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, а информацијата ја објавија српските медиуми, меѓу кои „Нова.рс“ и јавниот сервис РТС. Од нашата мрежа Добри вести за Фолксваген: Продажбата на електрични возила во Кина… 35 минути biznisinfo.mk Кои се главните ...
Носителот на листата „Обединета Србија“ и поранешен претседател на државата, Александар Вучиќ, на денешната прес-конференција порача дека нема намера да си замине од Србија, и покрај наводните закани по неговата безбедност. Тој најави длабоки кадровски промени во неговата Српска напредна странка (СНС) и упати остри критики до новата власт, предупредувајќи дека земјата ја губи стабилноста. „Сè посветив на напредокот на земјата. Сите мои деца ...
Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, порача дека Црна Гора, по поразот на Александар Вучиќ, најголемо внимание треба да посвети на односите со Србија, бидејќи токму тие се најмногу нарушени. Тој предупреди дека политиката што придонела за влошување на односите и понатаму има длабоки корени и континуитет. „Мораме да научиме да ги разликуваме дометите на овие промени. Дали станува збор за промена на режимот или за навестување ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија, по победата на Студентската листа, минува низ општествен и политички експеримент, но дека е прерано за ентузијазам. Тој додаде дека Белград и натаму не покажува отвореност за нормализирање на односите со Косово. Рама ова го изјави во Даблин, каде што, на покана на Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA), одржа предавање за европскиот пат на Албанија, пренесува „Еуроњуз Албанија“. Од ...
Здравствената инспекција утврдила низа неправилности во постапувањето на Психијатриската клиника „Свети Иван“ во Загреб во врска со смртта на младиот Кристијан Јосип Периш. Меѓу утврдените пропусти се неправилното документирање на постапките за физичко ограничување на пациентот, но и временското доцнење во прегледувањето на снимките од видеонадзорот и известувањето на надлежните институции. Како што се наведува во инспекцискиот извештај, ...
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека четиридневната работна недела, предвидена во програмата на Студентската листа, е утопија и предупреди дека невработеноста за една година би можела да биде „непропорционално поголема“. Вучиќ ова го изјави вчера на прес-конференција во седиштето на Српската напредна партија (СНС), пренесува Танјуг. Од нашата мрежа Што стои зад најголемото зголемување на профитот на европските ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51% во однос на одлуката од 2.11.2026 година. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 0,4%, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). На годишно ниво, односно во споредба со октомври 2025 година, трошоците на животот бележат зголемување од 3,3%, додека индексот на цените на мало бележи раст од 3,2%. Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, зголемување на трошоците на животот е ...
Норвешкиот оператор „Статнет“ денеска ја прекина обработката на барањата за приклучување на центрите за податоци на електроенергетската мрежа, очекувајќи Владата да воспостави систем за издавање дозволи со кои ќе се ограничи наглото ширење на инфраструктурата за вештачка интелигенција и нејзината потрошувачка на електрична енергија. Норвешка произведува повеќе електрична енергија отколку што троши, па вишокот го извезува. Сепак, се очекува ...
Во јуни годинава, Владата ги протурка законските измени со кои дата-центрите (Г4.7) беа класифицирани како градби од прва категорија, со што надлежноста за нивно одобрување се префрли на централно ниво. Истовремено, со измените на Законот за урбанистичко планирање значително се скратија роковите за нивно урбанистичко планирање: јавната презентација е ограничена на најмногу 10 дена, а јавниот повик може да биде објавен само пет дена пред ...
Денеска се реализирани вкупно 750 исплати на шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица за клиентите кои немаат платежни картички, соопшти Народната банка. Според информациите од централната банка, исплатата на средствата се одвива непречено и со добра организација. Граѓаните кои не располагаат со платежни картички, на шалтерите во овие три града можат да подигнат готовина во износ до 20.000 денари. Од нашата мрежа ...
Американското списание „Вајрд“ (WIRED) објави дека извршниот директор на „Нвидиа“ , Џенсен Хуанг, најмалку од октомври 2025 година соработува со агенцијата за кризна комуникација „Хелер“, позната по ангажманите со моќни мажи вмешани во скандали. За аферата со жена за која американските служби сметаат дека е кинеска шпионка, првиот човек на „Нвидиа“ проговори дури во неделата. Агенцијата „Хелер“ работи на комуникациската стратегија на Хуанг ...
По повод Светскиот ден за борба против дијабетесот, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организира бесплатно едукативно предавање на тема „Дијабетес во бременост – сè што треба да знаете“, наменето за сите идни мајки, трудници и жени кои сакаат да се информираат повеќе за оваа состојба и нејзиното влијание врз здравјето на мајката и бебето. Предавањето ќе се одржи на 18 ноември (среда), со почеток во 18:00 часот, во амфитеатарот на ...
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на новите економски околности, последиците од глобалната неизвесност и ефектите врз домашната економија. Одговорноста на Владата е навремено да реагира, да ги приспособи економските политики на новите реалности, но притоа да ја зачува стабилноста на јавните финансии и да обезбеди непречено функционирање на државата. Ова го истакна министерката за финансии Гордана ...
Владата го усвои вториот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се вградени реалокации меѓу буџетските корисници. Предлогот, по завршувањето на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет, беше доставен до Собранието за усвојување на пленарна седница, која започна денес. Со дополнетите измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од денес, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 ...