Осум припадници на Управата за криминалистичка полиција на српското Министерство за внатрешни работи се уапсени под сомнение дека го тепале, малтретирале и мачеле Далибор Драгијевиќ, братот на Дејан Драгијевиќ, обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Како што објави српскиот портал Н1, апсењата се извршени на 6 ноември по налог на Вишото јавно обвинителство во Ниш. Седуммина од осомничените се од Белград, а еден од Нова Пазова. Од ...

Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со снимки од ноќно излегување во еден белградски ресторан. Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со присутните, на социјалните мрежи посебно се прошири снимка на која неговото расположение, барем навидум, одеднаш се промени. Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан „Саванова“, познат и како „Чаци бар“, каде што беше организирано неформално дружење на кое, ...

Следејќи ги американските фјучерс-индекси, цените на акциите паднаа и на азиските берзи, главно под влијание на падот на цените на акциите поврзани со вештачката интелигенција, откако изборните проекции покажаа дека демократите на американските меѓуизбори освоија мнозинство во двата дома на Конгресот. Индексот MSCI за азиско-пацифичките акции (без јапонските) е во минус од 0,5 отсто, а најмногу паднаа цените на акциите на компаниите за ...

Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ” бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална ...

Економскиот аналитичар Славко Лазовски смета дека граѓаните-депоненти во Алта Банка треба да покренат иницијатива за стечај и банката да помине од рацете на Народната банка во рацете на судот. „Се поставува и прашањето – што ако дојде до национализација на Банката во Србија? Какви последици ќе има во Македонија. Анализира ли некој како оваа опција ќе се одрази врз нас “, прашува Лазовски. Од нашата мрежа Леклер конечно прокоментира за ...

Институциите се подготвени за навремен почеток на откупот на тутунот од овогодишната реколта и за инспекциски надзор на постапката, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната средба со откупувачите, преработувачите и Сојузот на тутунски здруженија, која се одржа во Тутунскиот комбинат во Прилеп. „Тутунот е стратешка култура за македонското земјоделство, а неговиот откуп е еден од законски ...

Компанијата „Гересхајмер“ планира да направи нова инвестиција во Македонија и да го зголеми бројот на вработени од 300 на 500, најави премиерот Христијан Мицкоски од Диселдорф. Дополнително, најавени се три нови производни капацитети што би отвориле над 1.000 работни места кога ќе достигнат полн капацитет. Во јавноста се поставува дилемата колку ваквите инвестиции реално ја менуваат структурата на македонската економија? Според економистот и ...

Волстрит во средата забележа силен раст откако републиканците ја изгубија целосната контрола врз Вашингтон, а нафтата падна на најниското ниво во последните два месеца. Азиските берзи утрово главно се во плус, освен оние поврзани со вештачката интелигенција. Азиските берзи во четвртокот главно пораснаа по растот на американските берзи по изборите за Конгресот. Индексот Дау Џонс (Dow Jones) скокна за повеќе од три отсто откако партијата на ...

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. „Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем ...

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Во неколку случаи осомничените биле лишени од слобода, а полицијата постапува и по останатите пријави за целосно расчистување на настаните. Пријавите се однесуваат на физички напади, закани, навреди и вознемирување меѓу сегашни и поранешни партнери, брачни другари и членови на семејства. „Во ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека европските земји немаат што да бараат на преговарачката маса за решавање на конфликтот во Украина. Како што пренесува „РИА Новости“, таа го изјави тоа коментирајќи ги првите воени вежби на таканаречените мултинационални сили за Украина, организирани во рамките на иницијативата „Коалиција на волните“. Од нашата мрежа Леклер конечно прокоментира за ...

Министерството за здравство презема активности за усогласување на националното законодавство со европските стандарди во областа на контролата на дрогите и психотропните супстанции. Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека ресорот има два конкретни чекора во Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и приближувањето кон законодавството на Европската Унија. „Министерството за здравство има два ...

Победата на демократите на изборите за Конгресот на САД дополнително ги потресоа американските берзи, а најголем притисок почувствуваа технолошките компании кои со години профитираа од огромниот интерес за вештачката интелигенција. Инвеститорите сега се прашуваат дали станува збор за привремен пад или за почеток на пукањето на финансискиот балон што се создаде околу AI индустријата. Распродажбата на акциите на американскиот пазар во ...

Илон Маск сподели на X објава во која помошта за Украина преку Старлинк на почетокот на руската инвазија се нарекува грешка. Објавата на 5 ноември ја напиша профилот Whole Mars Catalog. Авторот тврди дека SpaceX ѝ испратил на Украина илјадници бесплатни терминали на Старлинк и плаќал милиони долари месечно за услугата. Во објавата исто така се наведува дека Старлинк, кој во почетокот служел за поврзување на цивилите, подоцна станал важен за ...

Цените на храната во Европа повторно почнуваат да растат, особено на свежите намирници, додека зголемените трошоци за енергија и транспорт дополнително ги оптоваруваат потрошувачите. Според податоците за септември, цените на храната и безалхохолните пијалаци во Европската Унија пораснале за 0,6 отсто на годишно ниво, но меѓу државите постојат значителни разлики, покажува анализата на „Еуроњуз“ (Euronews) заснована на податоците од Евростат ...

Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка” АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани. Сппред НБ, податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во незначителни износи, особено имајќи го предвид обемот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори на прашањето кој треба да ја понесе одговорноста за тоа што е дозволен влез на Алта банка Србија во Македонија, односно дали одговорноста е кај гувернерот на Народната банка Трајко Славески или кај министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која вчера пак изјави дека гувернерот не го информирал министерството за влезот на српската банка. Славески за Локално изјави дека Народна банка нема ...

За забрзување на енергетската транзиција, покрај законската регулатива, неопходни се инвестиции во паметна мрежа која ќе овозможи соодветен развој на пазарот. Според податоците презентирани во „Белата книга“, социо-економска студија изработена од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, вкупните инвестиции на ЕВН Македонија од 2006 година досега, изнесуваат 850 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини граѓаните на Соединетите Американски Држави за стромоглавиот пад на Волстрит во четвртокот, велејќи дека самите се виновни бидејќи гласале за кандидатите на Демократската партија. „Берзата поради резултатите од изборите претрпе еден од најлошите денови во историјата. Колку е тажно да се гледа тоа! Вашите пензиски фондови поради тоа паднаа. Запомнете, тоа не беа републиканците, туку ...

Новото законско решение за пушењето треба да тргне од една јасна јавно-здравствена цел: никој што работи, се дружи или престојува во затворен простор да не биде принуден да дише туѓ чад. Но, вистинскиот успех на законот нема да се мери според бројот на забрани на хартија, туку според тоа дали тие функционираат во реалноста — во рестораните и кафулињата, во инспекциските контроли и во секојдневното однесување на гостите. Токму во ...

Македонската банкарска асоцијација информира дека сите банки во земјава во текот на викендот ќе спроведуваат планирани системски прилагодувања за примена на новите стандарди во платниот промет. Промените се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат. Од нашата мрежа 🎥 Шелтон стави кај на бајката на Аш и по… 7 минути kontra.mk Одегор го спаси шампионот, Фулам и Њукасл ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна поддршка за развојот на суперинтелигенцијата (СИ), тврдејќи дека на американските сојузни држави таа технологија може да им донесе огромно богатство. Во објава на Truth Social, тој порача дека ќе соработува со државите што сакаат да инвестираат во нејзиниот развој. „Како претседател, сто отсто ја поддржувам суперинтелигенцијата (СИ) и ќе соработувам со бројни американски сојузни ...

Со првите постудени денови, почесто размислуваме за имунитетот. Посегнуваме по витамини, бараме совети и се прашуваме како подобро да се грижиме за своето здравје. Но дали на пробиотиците треба да се сетиме само кога земаме антибиотици или тие имаат свое место и во секојдневната исхрана? Токму ова е една од темите во третата епизода од поткастот „Во рамнотежа“ на Баланс+, во која гостува нутриционистот Владимир Тодоровски. Низ разговорот тој ...

Министероот за надворешни работи Тимчо Муцунски смета дека од дома не постојат ризици да се загрози македонскиот извоз, а не ги исклучи надворешните фактори кои може да влијаат. Тој во одговор на новинарско прашање за тоа дали македонскиот извоз ќе биде загрозен ако предолго останеме во чекалната на ЕУ рече дека постојат ризици кои не зависат од нас. -Во однос на извозот во моментот секако постојат потенцијални ризици кои не зависат од нас, ...

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „Алта банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги – изјави на попладневната прес-конференција гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Тој најави три нови олеснувања што се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на ...

Народната банка ќе организира бесплатен превоз за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од Прилеп, Охрид и Ресен кои имаат платежна сметка, но не располагаат со платежна картичка, соопштија денеска од централната банка. Според информациите од Народната банка, организираниот превоз ќе се реализира утре, 7 ноември, од овие три града директно до филијалата на банката во Битола и назад. Целта на оваа мерка, како што појаснуваат од институцијата, е ...

Скопје речиси една деценија е без Луна парк, а ветувањето за изградба на нов забавен парк со години се повторува во предизборните програми на градските власти. Левица критикува дека и актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најавуваше реализација на овој проект, но наместо конкретни резултати, скопјани сè уште чекаат одговор кога конечно ќе добијат нов Луна парк. -Иако во мај годинава Град Скопје склучил договор со фирмата „МАСТЕФ“ за ...

Град Скопје денеска повторно тврди дека главниот град ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. Велат дека остануваат посветени на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. Во однос на постапките за набавка и спогодбеното раскинување на договорот склучен по новиот тендер, Град Скопје ...

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во партиско соопштение ги отфрли, како што вели, критиките и личните дисквалификации од Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот на партијата, Максим Димитриевски. Од ЗНАМ оценуваат дека наместо аргументирана политичка дебата, нивните политички противници користат навреди и обиди за дискредитација, меѓу кои и квалификацијата „патриот на батерии“. „Кога нема аргументи за суштината на ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција ја обвини опозициската СДСМ дека во изминатите две години шири паника и создава недоверба кај граѓаните кон институциите преку, како што тврди, пласирање невистини и дезинформации. Според него, раководството на СДСМ, предводено од Венко Филипче, се обидува да создаде негативна слика за состојбите во државата поради внатрешните проблеми во партијата. „Челниците на СДС ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
85%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.82
98%
1029
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
96%
1025
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1021
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
98%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1024
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1030
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.89
89%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
97%
1027
Currency

61.759

Currency

55.727

Currency

73.911

Currency

37.95

Currency

39.147

Currency

66.765

Currency

8.3615

Currency

0.67403

Currency

0.34861

Currency

0.52449

Currency

1.1077

Currency

0.5926

Бакар

12.18

Сребро

1567.56

Цинк

3.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

326330.08

Платина

47808.16

Алуминиум

3.01

Паладиум

31572.03

Кобалт

33.53

Калај

48.52

Родиум

289356.72

Злато

124854.21