Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објави „Дејли мејл“. Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна ...

Ќерката на позната британска актерка и телевизиска водителка Лиза Максвел почина на 27 години, додека студирала на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Веста за нејзината ненадејна смрт ја потресе академската заедница, а семејството и универзитетот се збогуваа со младата студентка и претприемачка. Околностите под кои починала засега се непознати, а причината за смртта не е објавена. Ќерката на позната британска актерка и телевизиска водителка ...

Во координирана акција на грчката полиција во северна Грција, успешно е разбиена голема криминална организација која се занимавала со шверц на цигари и тутунски производи. Според официјалните податоци, мрежата дистрибуирала над 17 милиони шверцувани цигари и незаконски се стекнала со финансиска корист од 1,36 милиони евра, известуваат грчките медиуми. Операцијата била спроведена во средата, на 11 ноември, од страна на Управата за борба против ...

Четири лица го загубија животот откако турски воен хеликоптер попладнево се урна во населбата Саманкој, лоцирана на јужната периферија на Малатја, главниот град на истоимената провинција. Информацијата за трагичниот инцидент официјално ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција, а ја пренесоа локалните медиуми и светските новински агенции. Според соопштението од турското Министерство за одбрана, хеликоптерот од типот С-70 ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“, соопштуваат од Кабинетот на Претседателката. Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, на кој говореше за поврзаноста меѓу европската ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска во Даблин порача дека мировниот процес за завршување на војната во Украина мора да има јасен редослед: најпрво прекин на огнот, потоа мировен договор, а дури потоа разговори за безбедносната архитектура на Европа. Говорејќи пред новинарите при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), Калас нагласи дека прекинот на ...

Распоредувањето странски војски на украинска територија е „целосно неприфатливо“ за Москва и би значело директно продолжување на војната, предупреди рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната средба во Кремљ со американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пренесува „Асошиејтед прес. На средбата во Москва, која уследи по дводневните преговори во Абу Даби, рускиот претседател нагласил дека евентуалното присуство ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвини власта дека намерно, преку процедурални трикови, спречила поставување на опозициски пратенички прашања во Собранието. Според партијата, владејачкото мнозинство користело „ситни игранки“ и барања за паузи од страна на движењето ЗНАМ, за кои тврдат дека претставуваат прекршување на собранискиот Деловник. Од нашата мрежа Добри вести за Фолксваген: Продажбата на електрични возила во Кина… ...

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче, реагираше на денешните случувања во македонското Собрание, оценувајќи ги како загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија. Неговата реакција следува откако времето предвидено за собраниски паузи беше пресметано во загарантираните два часа кои ги има опозицијата за поставување пратенички прашања до Владата, со што, според него, им било ускратено ова ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) упати критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за „празни алибија, манипулации и глумење фрапираност“ од состојбите во судството. Од партијата посочуваат дека премиерот има моќ уште на следната владина седница да иницира законски измени во Собранието по скратена постапка, со кои ќе се зголемат роковите на застареност за кривичните дела кои го оштетуваат државниот буџет. Тие потсетуваат дека ...

Рускиот претседател Владимир Путин предложил заедничка руско-украинска хуманитарна операција во украинскиот град Констјантинивка, по примерот на неодамнешната операција во Олешки, во регионот Херсон. Предлогот го изнел на денешната средба со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва. Путин рекол дека во Констјантинивка сè уште има околу 400 до 500 цивили и предложил во операцијата да учествуваат претставници на руските и ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека Русија покажува зголемена подготвеност да ја прифати улогата на Европа во потенцијалните мировни преговори за Украина. Во своето обраќање на маргините на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) кој се одржува во Даблин, Мерц нагласи дека во разговорите за европската безбедност неспорно мора да бидат вклучени и европските претставници. Од нашата мрежа Добри вести за Фолксваген: Продажбата на ...

Португалското Министерство за надворешни работи упати остри критики кон Марк Руте. Генералниот секретар на НАТО претходно изјави дека Лисабон ја смета Русија за далечна и помалку важна закана, пишува „Политико“. Во објава на платформата X, португалското министерство порача: Од нашата мрежа Добри вести за Фолксваген: Продажбата на електрични возила во Кина… 2 часа biznisinfo.mk Кои се главните кандидати за наследник на Јенсен Хуанг 2 часа ...

Еден тон подмладок од крап денес е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство ...

Иако мозочниот удар најчесто е поврзан со постарата возраст, последните децении бележи опаѓање на неговата зачестеност кај постарите лица, додека истовремено расте бројот на случаи кај помладите луѓе. Особено загрижува порастот на мозочните удари кај луѓето помлади од 55 години, а сличен тренд потврдуваат податоците од различни делови на светот, пишува „Индепендент“. На глобално ниво, речиси 2,8 милиони луѓе помлади од 55 години доживеале ...

Американската манекенка и актерка Туки Смит почина на 75-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврдија нејзините близнаци Ајрин и Џулијан де Ниро, кои ги доби со холивудскиот актер Роберт де Ниро. Како што откриле за „Холивуд репортер“, Смит починала во средата, 4 ноември, во болница во Њујорк, по долга борба со мултиплекс склероза. Од нашата мрежа Што стои зад најголемото зголемување на профитот на европските компании… 60 минути ...

Дејвид Валијамс, комичар, актер и писател, се соочува со сериозни обвинувања од повеќе жени кои тврдат дека ја искористил својата популарност и влијание за да ги врбува за сексуални односи. Вилијамс, добитник на наградата БАФТА, познат по сериите „Мала Британија“ и „Полетај со мене“, како и по тоа што беше член на жирито во шоуто „Британија има талент“ десет години, е обвинет за сексуално напаѓање и заведување девојки кои имале 15 години. Тој ...

За два хороскопки знака, животот буквално започнува одново од Новата година, односно од 1 јануари. Успех и големи пари ги очекуваат во 2027 година. Вселената одлучи да го испрати најубавиот новогодишен подарок директно на адресите на два хороскопски знака кои влегуваат во 2027 година со тотална пресвртница. За нив започнува период на огромна среќа, а успехот и големите пари им доаѓаат како награда што ја заслужувале, бидејќи ѕвездите се ...

Германските социјалдемократи (СПД), левичарската партија Левица и Зелените постигнаа договор за формирање коалициска влада во североисточната сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Новата влада ќе ја предводи лидерската на СПД, Мануела Швезиг, соопштија партиите. На изборите во септември, СПД освои 35,5 отсто, а Левицата 6,5 отсто од гласовите, со што го загубија дотогашното мнозинство потребно за формирање влада. Најсилна партија ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе деталите од првиот ден на трилатералните преговори во Абу Даби. Зеленски им изјави на новинарите дека, откако го добил вториот извештај од украинскиот преговарачки тим од Блискиот Исток, дознал за тврдењата што ги изнесувале руските претставници. „Ми рекоа дека Русите мислат и тврдат оти веќе го зазеле и оној дел од Донбас што сè уште е под наша контрола. Нашиот тим им одговорил: ‘Не ...

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека тој и американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Најавата доаѓа по завршувањето на трилатералните преговори во Абу Даби, кои завршија без јасен напредок, пишува CNN. „Стив и јас утре патуваме во Москва на средба со рускиот претседател Путин, за да разговараме за ...

Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, во средата наутро бил спроведен во Централниот окружен суд во Будимпешта, кој одлучува за притвор за него и за уште двајца осомничени во аферата со визи за виетнамски државјани. Како што пренесува унгарскиот портал „Телекс“, полицијата нешто по 9:30 часот го спровела Орбан, заедно со уште двајца осомничени во аферата со визите, со лисици на рацете во зградата на судот, каде што ...

Украина и Русија постигнаа начелен договор за голема размена на воени заробеници по дводневните мировни преговори, одржани со американско посредништво во Абу Даби. Тоа е единствениот конкретен резултат од разговорите што завршија во средата, без позначаен напредок кон прекин на огнот или решавање на територијалните спорови. Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф сега патуваат во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир ...

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да следуваат по постигнатото пошироко разбирање за идните преговори за Украина во Абу Даби, соопшти денеска портпаролот на германската влада. Одговарајќи на новинарско прашање дали Мерц е подготвен да разговара со Путин, портпаролот изјави дека во Абу Даби е постигнато разбирање за основните насоки на идниот преговарачки процес и дека тоа разбирање ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска порача дека Европа мора да биде претставена во секоја фаза од дипломатските разговори за завршување на војната со Русија, нагласувајќи дека приоритет на Украина е постигнување достоинствен мир што е можно поскоро. „Приоритет на Украина е војната да заврши што е можно поскоро, со достоинствен мир. Веруваме дека Европа треба да биде претставена во секоја фаза од вистинската дипломатија“, објави ...

Европската Унија е на пат да стане првиот климатски неутрален континент во светот, а истовремено работи на забрзување на електрификацијата на економијата, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на климатскиот самит COP31 во Анталија, Турција. – Европа е попосветена од кога било да предводи со сопствениот пример, дома и на глобално ниво. Остануваме на патот да станеме првиот климатски неутрален континент, ...

Русија не гледа никаква можност за размена на територии со Украина во рамките на евентуален мировен договор, изјави денеска Владимир Медински, шеф на руската делегација во преговорите со Украина, по завршувањето на дводневните трилатерални разговори во Абу Даби. „Темата за можна размена на територии периодично ја иницираат различни страни. Не гледам никаква можност за размена на овие територии“, изјави Медински во разговор за руската ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ја повика Европа да именува едно лице кое ќе ја претставува во преговорите за завршување на војната во Украина. Изјавата ја даде по завршувањето на дводневните трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД во Абу Даби. Кушнер оцени дека европските земји имаат различни интереси, ставови и политички перспективи, поради што е потребно да се координираат и ...

Најмалку 52 лица се приведени во Шпанија за време на денешниот 24-часовен генерален штрајк, организиран со барања за повисоки плати, поквалитетни јавни услуги и гарантирање на правото на домување. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, до 17 часот биле регистрирани и 919 инциденти поврзани со штрајкот. Националната полиција и Цивилната гарда извршиле 38 приведувања, од кои 15 во Мадрид, 11 во Андалузија и шест во ...

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер веќе пристигнаа во Москва, каде што ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин за резултатите од мировните преговори за Украина. Нивното пристигнување следуваше само неколку часа откако Русија и Украина извршија нови напади врз главните градови, а вчерашните преговори во Абу Даби завршија без напредок во клучните прашања. Виткоф и Кушнер на аеродромот Внуково ги пречека специјалниот ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
85%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.82
98%
1029
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
96%
1025
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1021
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
98%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1024
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1030
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.89
89%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
97%
1027
Currency

61.759

Currency

55.727

Currency

73.911

Currency

37.95

Currency

39.147

Currency

66.765

Currency

8.3615

Currency

0.67403

Currency

0.34861

Currency

0.52449

Currency

1.1077

Currency

0.5926

Иридиум

326330.08

Алуминиум

3.01

Цинк

3.75

Рутениум

61086.42

Паладиум

31572.03

Калај

48.52

Платина

47808.16

Сребро

1567.56

Бакар

12.18

Родиум

289356.72

Злато

124854.21

Кобалт

33.53