Управата за јавни приходи информира дека во текот на месец септември даночните обврзници имаа обврска за плаќање на данокот на личен доход и социјалните придонеси (исплата на бруто плата) до 15-ти октомври и плаќање на обврските за ДДВ до 25-ти октомври. Обврска за исплата на бруто плата за месец септември 2026 година имаа 74.782 работодавачи за 553.040 вработени лица. 66,11% од работодавачите или 49.439 исплатиле бруто плата на 481.003 ...

Собранието на Република Северна Македонија го изгласа вториот ребаланс на државниот буџет за 2026 година, со 67 гласа „за“, 15 против и без воздржани. Со овие измени се врши надолна корекција на приходите и расходите, додека буџетскиот дефицит останува ист – 46,3 милијарди денари. Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска, го критикуваше ребалансот нарекувајќи го „комплетен фискален пораз“. Според неа, фактот што се носи нов ребаланс во ...

„Доколку има доцнење на платите во повеќе институции, тоа е сериозен сигнал кој бара објаснување од Министерството за финансии. Сепак, треба да се разликува системски проблем со ликвидноста од административни или оперативни проблеми во исплатата“, вели екс-министерот за финансии и економски аналитичар, Кирил Миноски во разговор за „Локално“ откако дел од опозицијата излезе со тврдења дека доцнат октомвриските плати во повеќе институции, меѓу ...

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка” АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка” АД Битола претставува ...

Невработеноста меѓу граѓаните со високо образование во Германија достигна рекордно ниво, особено кај младите, во услови на слаба економија и сè поширока примена на вештачката интелигенција, објави Сојузната агенција за вработување. Во август без работа биле 372.000 високообразовани граѓани, со што трендот на раст на невработеноста во оваа група продолжил петта година по ред, покажуваат податоците на агенцијата. Од нашата мрежа Добри вести за ...

Според објавените податоци, планот за 2026 година предвидува 67 нови енергетски објекти со вкупна планирана моќност од околу 4.416 MW – 59 фотонапонски, седум ветерни и една гасна когенеративна електрана. Предвидени се и 96 капацитети за складирање енергија. Но одобрениот план не значи дека сите објекти ќе бидат изградени и пуштени во употреба. Македонија има голем инвестициски интерес за обновливи извори, но вистинскиот тест не е бројот на ...

Владата планира да отвори уште еден граничен премин со Косово од каде ќе поминуваат камионите со јаглен кој ќе го увезат од Косово. Ова на денешниот брифинг со новинарите го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тоа е преминот кој порано го користел КФОР. Тој рече дека за да се зголеми производството на струја на ЕСМ, планираат да ги стават во погон и ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј. -Планираме да отвориме посебен граничен премин со ...

Илон Маск порача дека за него би било чест да го вработи Џенсен Хуанг, извршниот директор на „Нвидиа“, на кого му се заканува смена по скандалот поврзан со наводни вонбрачни врски и сомнежи за кинеска шпионажа. Реакцијата на Маск следуваше по извештаите дека управниот одбор на една од највредните технолошки компании во светот ја разгледува иднината на Хуанг во компанијата. Сè започнало со објава на финансискиот портал „Зерохеџ“ на социјалната ...

Најновите податоци од Агенцијата за катастар на недвижности отвораат важно прашање за насоката во која се движи пазарот на недвижности во Македонија. Дискусиите во јавносте се отворија околу податоците за третиот квартал од 2026 година во кој бројот на продадени станови се намалил за 14 проценти во споредба со претходниот квартал, додека бројот на регистрирани закупи на станови пораснал за 45 проценти. По периодот на силен раст на цените, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31), што се одржува во Анталија, Република Турција. Како претставник на македонскиот енергетски сектор, министерката Божиновска е ...

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е новопоставен директор на Младинскиот културен центар, објави Левица во петокот на 6-ти ноември. Денес таквата информација беше потврдена откако досегашниот директор Бени Шаќири поднесе оставка. Тој беше назначен за директор во јануари 2024 од тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Шаќири објави фотографија со Арсовски на социјалните мрежи и порача дека во иднина ќе биде дел ...

Повеќе кучиња опфатени со хуман третман, повеќе активности на терен и значително зголемен обем на работа. Ова се резултатите што ги бележат во ЈП „Лајка“ во 2026 година, со особено изразен раст во последните седум месеци. Во првите десет месеци од годинава, нивните екипи заловиле 1.285 кучиња, спровеле 1.084 ветеринарни третмани и вдомиле 310 кучиња. Во споредба со истиот период минатата година, тоа се 440 повеќе заловени, 362 повеќе ...

По неколкумесечна пауза и реконструкција, жичницата на Водно би можела повторно да проработи следниот месец. Во тек се обновата на кабините и другите зафати, а се чека да пристигне моторот што е испратен на репарирање во странство. „Ја обновуваме жичницата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед! – ветува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Од нашата мрежа Добри вести за Фолксваген: Продажбата на електрични возила во Кина… 25 ...

Пет станбени згради во Скопје, во населбата кај „Мерцедес“ на улицата „Индустриска 1“, повеќе од 19 часа се без електрична енергија. Прекинот започнал вчера околу 13 часот, а жителите и утрово се без струја, без прецизна информација кога ќе биде отстранет дефектот. Проблемот, според жителите, бил пријавен веднаш по прекинот во средата, 11 ноември. Сепак, како што тврдат, интервенцијата се одвивала бавно, а во текот на вчерашниот ден добивале ...

Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош за новороденче во износ од 10.000 денари. Општината ја зголеми оваа поддршка од 7.000 на 10.000 денари, со цел да им помогне на младите родители за да им да им ги олесни трошоците по раѓањето на детето. „Доаѓањето на принова е еден од најубавите моменти во семејството, но носи и нови обврски и трошоци. Знаеме дека во тие моменти секоја финансиска помош е ...

„Треба да се договорат кој и како ќе настапува во јавноста. Но што сега и да кажат, следејќи ја состојбата и со белградската Алта банка, станува очигледно дека матрицата од купување на банката до нејзино заглавување како во Белград така и во Скопје е речиси идентична освен во обемот“, вели аналитичарот и новинар, Зоран Иванов за „Локално“ околу одговорноста на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за ...

Навременото препознавање на врсничкото насилство во училиштата , според професорката Елеонора Серафимовска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, останува сериозен предизвик. Професорката, која е и претседателка на Комората на психолози, за „Локално“ вели дека проблемот е во тоа што насилството станува видливо дури кога ќе се случи сериозен инцидент. -Не би било оправдано да ...

Бројот на стипендии за поддршка на стратешки програми е поголем од бројот на студенти запишани на овие програми, велат од студентската платформа „Студентарија“. Тие за „Локално“ изјавија дека поднеле иницијатива до Министерство за образование и наука со која бараат да се дополни конкурсот, со тоа што ако не се поделат стипендиите поради помалку студенти во една група, да се прераспределат во друга група. -Вкупниот број стипендии останува ист ...

Според ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за ЈП „Железничка инфраструктура“, за неискористени кредитни средства биле платени речиси 7,8 милиони евра провизии. Кај делницата Бељаковце–Крива Паланка, до крајот на 2024 година физичката реализација била околу 33%, а биле склучени 33 анекси на договорот. Ревизорите утврдиле и сериозни ограничувања на постојната железничка мрежа. Македонија се задолжува за инфраструктура што не се ...

Правосудниот систем мора да биде по принципот „франка лингва“ категоричен е премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека до Владата не e и нема да биде доставено барање, правосудниот испит да се полага само на албански јазик. Решението кое е на маса содржи два дела, делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, и натаму ќе се полага на македонски јазик, појасни Мицкоски. Жестоките реакции на албанскиот корпус партии дојде по ...

Ширење лажни информации кои можат да ја загрозат стабилноста на банкарскиот и финансискиот систем би можело да стане ново кривично дело за кое ќе се предвидува и затворска казна. Ова е предвидено со новиот Кривичен законик, кој веќе е испратен до Европската комисија. Ваквите новости вчера ги најави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска, говорејќи во дебата за Алта банка Битола. Според неа, новата одредба ќе предвидува кривична ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на надзорната расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, побара одговорност за јавната комуникација на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче во врска со случајот со „Алта банка“. Според Петрушевски, јавните настапи и партиските соопштенија на СДСМ се загрижувачки бидејќи можат да предизвикаат сериозни последици врз довербата на граѓаните во банкарскиот систем. Тој цитираше ...

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени ...

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во Дневникот на ТВ Сител говорејќи за случајот со Алта Банка истакна дека на денешната надзорна расправа во Собранието сите лаги на СДСМ кои ги ширеа се распрснаа, бидејќи ниту Црна Гора, ниту австрискиот регулатор не ја блокирал банката поради руски капитал како што тврдеа од опозицијата. „Црна Гора направила уште полошо. Тие ја прифатиле Алта Пеј, тоа е платежен систем. Уште полошо е. Јас незнам ...

Во гостувањето во Тема на денот во дневникот на Сител Телевизија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изрази сомнеж дека буџетот на судството и обвинителството се причината за лошите резултати во правосудството. „Јас можам да ви гарантирам дека не станува збор за парите. Еве сега преку судски буџет судовите во Македонија добија дозвола за вработување на преку 200 луѓе, и догодина ќе добијат уште толку. Платите им се покачени на ...

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на „Телма телевизија“ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски изнесе невистини како сведок на надзорната расправа за Алта банка во Собранието, со цел да ја избегне политичката одговорност за влезот на банката во Македонија. „На денешната надзорна расправа премиерот Христијан Мицкоски се дрзна да каже една брутална лага како сведок на ...

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР Скопје, С.Д.(23) од Скопје пријави дека на 09.11.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Н.Т., Г.Ш. и Љ.Ш., по што Н.Т. најпрвин го удрил со пиштол, според пријавеното најверојатно гасен, а потоа испукал неколкупати во воздух и кон него. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен. Од нашата мрежа Што стои зад најголемото ...

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари реагираше на политичките дебати околу влезот на Алта Банка во Македонија, критикувајќи ја ВЛЕН за нејзиниот став. Таравари истакнува дека банката официјално влегла во земјата во септември 2025 година, кога ВЛЕН веќе е дел од Владата и тврди дека АА претходно предупредила за потенцијалното економско и финансиско влијание на Србија. „АЛТА Банка официјално влезе во Северна Македонија во ...

СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски го натерал гувернерот на Народната банка, Трајко Славески да поднесе кривични пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, генсекот на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, како и членовите, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. СДСМ тврдат дека граѓаните знаат дека, како што велат, Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата ...

Левица обвинува дека „во држава со досие на масовно прислушување, власта повторно посегнува по една од најчувствителните институционални брани против злоупотребата на државната моќ“. Според партијата, наместо независен надзор над тајните служби, владејачката партија го претвора Советот за граѓански надзор во уште еден полигон за политичко влијание, каде што партиските релации очигледно тежат повеќе од стручноста и независноста. -На предлог на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
85%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.82
98%
1029
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
96%
1025
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1021
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
98%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1024
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
90%
1030
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.89
89%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
97%
1027
Currency

61.759

Currency

55.727

Currency

73.911

Currency

37.95

Currency

39.147

Currency

66.765

Currency

8.3615

Currency

0.67403

Currency

0.34861

Currency

0.52449

Currency

1.1077

Currency

0.5926

Сребро

1567.56

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

47808.16

Родиум

289356.72

Иридиум

326330.08

Цинк

3.75

Бакар

12.18

Алуминиум

3.01

Злато

124854.21

Калај

48.52

Паладиум

31572.03