Ива Михаилова (23) од Кочани, на која ѝ се суди во Македонија за сообраќајна несреќа со смртни последици и која беше причина за нови тензии меѓу Скопје и Софија, упати низа обвинувања против домашните институции откако неодамна избега во Бугарија. Во еден бугарски подкаст, каде што беше гостинка со својот адвокат Николај Димитров, Михаилова тврдеше дека третманот кон неа на суд се влошил откако се изјаснила како Бугарка и го обвини ...

Ива Михаилова побарала преку видеоконференциска врска од Бугарија да учествува на денешното рочиште пред судот во Кочани, каде што ѝ се суди за сообраќајна несреќа со загинато лице. Во интервју за Бугарската национална телевизија таа изјави дека нејзиниот адвокат поднел барање, но дека сè уште очекува одлука дали ќе ѝ биде овозможено такво учество. На рочиштето се очекува да бидат разгледани две вештачења изработени по нарачка на одбраната. ...

Обвинетата Ива Михаилова, на која во Кочани ѝ се суди за предизвикување на сообраќајна незгода со смртни последици, а која неодамна нелегално ја напушти Македонија и се пресели во Бугарија, изјави дека наскоро би можела да замине на лекување во Израел. Во изјава за бугарската национална телевизија, таа побарала да учествува преку видеоконференција на денешното судско рочиште во Кочани, во рамките на постапката што се води против неа. Се ...