Голем шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес, уништувајќи домови и создавајќи сообраќаен метеж, додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромни облаци од чад, кои зафатија поголем дел од градското подрачје. Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови што пристигнаа по долга суша. Сведоците ...

Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство. Според Сафет Емрули – декан на Правниот факултет, Груби, поради вршењето јавна функција до август 2024 кога се вратил на работа, го ставил во прекин работното место на Универзитетот, но неколкудневното отсуство без да даде објаснување значи преземање мерки против него. -Со непојавувањето на работа, Груби не ...

Таткото на американскиот милијардер Илон Маск, Ерол Маск изјави дека неговиот син е заинтересиран да го купи англискиот фудбалски клуб Ливерпул, пренесе денеска АП. Ливерпул е во сопственост на Fenway Sports Group (FSG) од 2010 година. Во интервју за „Тајмс ради“о, Ерол Маск изјави дека извршниот директор на Тесла е заинтересиран да го купи Ливерпул. Elon Musk’s father, Errol Musk, has claimed that his son is interested in buying Liverpool ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дури две карти со додадена Канада, по неговите контроверзни предлози соседната земја да стане 51-ва сојузна држава на САД. – О, Канада! – напиша Трамп под првата карта. На таа карта територијата на Канада е обоена заедно со САД во боите на американското знаме. На друга мапа, Канада е обоена во иста боја како и САД, а преку неа со црни букви е ...

Законодавниот дом од петок повторно ќе работи, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути. Интерпелациите за Меџити, ...

Србија е најблискиот европски сојузник на Русија, а корупцијата е сеприсутна во таа балканска земја, се вели во анализата објавена од германската фондација Фридрих Науман. „Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, веќе 17 пати се сретна со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. Во 2019 година, Вучиќ во Москва го доби Орденот Александар Невски, кој вообичаено се доделува на големи руски дејци. Тоа беше еден од најсреќните моменти ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето разбирање за противењето на Русија за членството на Украина во НАТО. – Русија со години вели дека НАТО не треба да се меша со Украина. Тоа беше врежано во камен – им рече Трамп на новинарите, тврдејќи дека американскиот претседател во заминување Џо Бајден одлучил Украина да се приклучи на Алијансата. Ројтерс наведува дека од 2008 година членките на НАТО официјално го ...

Неколку денови по ред, во Скопје не се излегува надвор -во воздухот повторно има високи концентрации на опасни честички. Проблемот како и секоја зима, остана и оваа, без никакво решение. Скопје утрово повторно е меѓу најзагадените градови во светот, покажуваат податоците на сајтот за мерење на квалитетот на воздухот „IQ Air“. Главниот македонски град е на 4. место на светската листа со индекс на загаденост 187, а следен град од регионот по ...

Студентите на Филозофскиот факултет во Нови Сад се на блокада и за Божиќ. И покрај тоа што се одвоени од семејството, тие го поминуваат во кругот на новостекнатите, студентски пријатели. Во разговор со „Н1Инфо.рс“ велат дека големата поддршка од родителите и граѓаните и за време на празниците им дава сила да истраат во борбата за подобро утре. Граѓаните беа со студентите на Универзитетот во Нови Сад на палењето на бадникарскиот оган пред ...

Бројот на загинати во земјотресот што денеска го погоди Тибет достигна 126, а повредените се 188, јавија светските агенции. Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во оддалечена и ретко населена област уништи стотици куќи и преполни улици со урнатини. Се верува дека многу луѓе се уште се заробени под уништените згради. #Tibet Özerk Cumhuriyetinde 6.8 şiddetinde #deprem meydana geldiği bildirildi. ...

„Мета“ ќе се ослободи од фактчекерите, драматично ќе ја намали цензурата и ќе препорачува повеќе политички содржини на своите платформи вклучително Фејсбук, Инстаграм и Тредс, информираше основачот Марк Цукерберг, пренесе „Гардијан“. Во видео порака тој се обврза да го приоритизира слободниот говор откако Доналд Трамп ќе се врати во Белата Куќа и кажа дека почнувајќи во САД „ќе се ослободи од фактчекерите и ќе ги замени со пораки од заедницата ...

Соединетите држави денеска воведоа санкции против шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан поради негова наводна вмешаност во корупција во таа земја, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии. Антал Роган, кој е задолжен за контрола на разузнавачките служби и медиумите, е обвинет за „оркестрирање системи на корупција за контрола на стратешките сектори на унгарската економија и пренасочување на приходите во ...

Русија изврши над 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, врз Украина во првите три дена од 2025 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“, пренесува Укринформ. „Нашите сили успеаја да соборат или да ги неутрализираат со средства за електронска војна значителен дел од овие напади. Но, за жал, имаше погодени цели, повредени и загинати. Им изразувам сочувство на ...

Европската унија го осуди денеска лансирањето балистичка ракета со среден дострел од страна на Северна Кореја, за која Пјонгјанг тврди дека е опремена со хиперсонична боева глава. „Со ова се прекршуваат неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН и дополнително се зголемуваат тензиите на Корејскиот полуостров“, се вели во изјавата на портпаролот на ЕУ, објавена на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи. ЕУ ја повика ...

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина (БиХ) Зукан Хелез одби да даде дозвола за лет на српски воен авион или хеликоптер над територијата на Босна и Херцеговина, според планот за летање обезбеден од српската амбасада во Босна и Херцеговина за 8 и 9 јануари. За ова ја информираше Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина (ОХР), седиштето на НАТО во Сараево, ЕУФОР и Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина. „Овој прелет ...

Во Словенија минатата година имало 16.735 породувања, што е за 130 помалку од 2023 година. Тоа е досега најниско ниво на бројот на родени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ). Проценетиот број живородени, вклучително и повеќеплодната бременост, е околу 16.900. Засега, привремените и неофицијални податоци на НИЈЗ го потврдуваат продолжувањето на негативниот тренд на бројот на родени деца во Словенија. Со исклучок ...

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден во телефонски разговор му се заблагодари на канадскиот премиер Џастин Трудо за се што направил за зајакнување на односите меѓу САД и Канада, соопшти денеска Белата куќа. Во соопштението се наведува дека Бајден посочил дека Трудо во последната деценија ја водел Канада со посветеност, оптимизам и стратешка визија. Бајден рекол дека сојузот САД-Канада е посилен поради залагањето на Трудо, како и ...

Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се појаснува во соопштението на МВР. Странските државјанки ...

Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа објави дека во единствениот избирачки список, за парламентарните избори на 11 мај, запишани се над 3.7 милиони граѓани со право на глас. -Министертвото ги почна подготовките за претстојните општи избори. Според граѓанската евиденција во единствениот избирачки список се наоѓаат 3.721.116 лица со право на глас. Од вкупниот број 50,5 отсто се мажи додека 49,5 отсто жени. До овој момент во списокот ...

Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен во врска со посетата на синот на Доналд Трамп на арктичкиот остров, откако неговиот татко предложи приклучување на територијата кон САД. „Како што рече премиерот (на Гренланд) Муте Егеде, Гренланд не е на продажба“, изјави Фредериксен за ТВ2. „САД се нашиот најблизок сојузник“, нагласи таа во исто време. Доналд Трамп помладиот денеска слета на островот со ...

Францускиот крајнодесничарски политичар Жан-Мари Ле Пен почина на 96 години, објави неговото семејство. Ле Пен ја основал партијата Национален фронт во 1972, што неговата ќерка Марин ја трансформираше во поумерената верзија Национален собир и во една од водечките француски политички сили. Тој успеа да влезе во вториот круг на претседателските избори во Франција во 2002, кога изгуби од Жак Ширак. „Жан-Мари секогаш ѝ служел на Франција и ги ...

– Американската администрација преговара со Авганистан за размена на приведени Американци во таа земја за најмалку еден затвореник од Гвантанамо, кој наводно имал поврзаност со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави денеска „Волстрит џурнал“. Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека американската администрација бара ослободување на тројца Американци кои беа уапсени во 2022 година – Рајан Корбет, Џорџ ...

Украинските власти го испитуваат директорот на Царинската служба, Серхи Звјагинцев поради сомневање дека не пријавил куќа во близина на Киев, чија вредност се проценува на повеќе од 100.000 долари, соопшти денеска Националното биро за борба против корупцијата. Истражителите веруваат дека Звјагинцев и неговото семејство се сопственици на куќа од 236 квадратни метри, како и на имот во предградието на Киев, кој е регистриран на неговиот свекор, ...

Данило Шарановиќ, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, одговори на повикот на својот татко Славко да поднесе оставка порачувајќи дека никој од неговото семејство нема контакт со него и дека состојбата на „поранешниот член“ на нивното семејство се користи за, како што кажа, „најдовратни политички пресметки“. „Кога сите политички планови и евтини манипулации ќе пропаднат, да се посегне по злоупотреба на ситуацијата на еден поранешен член ...

Мнозинството Украинци сè уште го поддржуваат претседателoт Володимир Зеленски, речиси три години по целосната инвазија на Русија, иако оваа поддршка значително се намали во текот на изминатата година, според резултатите од истражувањето објавено денеска од Mеѓународниот институт за социологија во Киев. Институтот спроведе телефонско истражување на 2.000 луѓе кои живеат на територијата под контрола на Украина, во периодот од 2 до 17 декември – ...

ДУИ го загади албанското општество со криминал, коцкарници, тендери, неморал и непотизам. После 22 години власт, денес, токму денес, на ДУИ му дојде на памет, за прв пат, да се грижи за животната средина во која живеат нашите граѓани. ДУИ е партија во чиј мандати Тетово не доби вода, но доби депонија сред град, Кичево не доби чист воздух, но доби депонија среде град, Струга не доби статус на успешна општина, ама доби депонија среде град. ...

Европската комисија одржува контакти на политичко и на техничко ниво со сите страни засегнати од истекот на Договорот за транзит на руски гас преку украинска територија, изјави денеска портпаролката на ЕК за клима, енергија, домување, животна средина и оданочување Ана-Кајза Итконен. – Европската комисија правеше и продолжува да прави се во врска со завршувањето на Договор за транзит и е во контакт со земјите членки кои се најпогодени од тоа, ...

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета. „Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок. ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заменик-директорот на „Македонија пат“, Дранго, ќе биде разрешен ако се потврдат обвинувањата дека ја убил мечката со која беше фотографиран. Мицкоски истакна дека ако се докажат ваквите тврдења, ќе побара одговорност и нема да дозволи амнестија за девијантно однесување. „Ако се потврдат овие тврдења, ќе биде разрешен. Тоа се девијантни однесувања кои нема да ги амнестирам“, рече Мицкоски. Случајот беше ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божик, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1031
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
57%
1032
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.29
84%
1029
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.32
75%
1027
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
92%
1031
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
75%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
97%
1026
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.89
77%
1032
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73