Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид. Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните ...

Зимската бура донесе снег, мраз и ниски температури низ поголемиот дел од САД, а предупредувања беа издадени за околу 60 милиони луѓе во повеќе од десетина држави, од Канзас до Њу Џерси. Невремето се движи кон средината на Атлантикот, а главниот град Вашингтон се подготвува за обилни снежни врнежи. Канзас и делови од северозападниот дел на Мисисипи беа погодени од снежното невреме, соопшти Националната метеоролошка служба (НМС), додавајќи дека ...

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега на Интер Мајами, Луис Суарез изминатиот викенд , спречил самоубиство во својата родна земја Уругвај, каде бил на одмор. Имено, непознат човек на дрво закачил јаже, го врзал околу вратот и се обидел да се самоубие. Полицијата неколку часа се обидувала да го разубеди и спречи. На местото на настанот пристигнал Суарез со неговата сопруга. Почнал разговор со него и по кусо време ...

Најновиот извештај на ACEA, „Возила на европските патишта“, открива интересни факти за старосната структура на возниот парк во Европа и ја истакнува потребата за побрз премин кон поеколошки возила. И покрај тоа што продажбата на електрични возила на батерии расте, тие сè уште сочинуваат само 1,2% од сите возила на патиштата во ЕУ, иако минатата година беа трет најпопуларен избор со пазарен удел од 15%. Ова покажува дека ќе бидат потребни години, ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност. „Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови ...

„ДУИ нонграта продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината со катастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа до оваа состојба, велат од ВЛЕН. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да ја претвори ДУИ во зелена партија откако ја уништија ...

Двајца штипјани на возраст од 38 и 20 години заработија кривични пријави и определена им е мерка притвор, бидејќи постојат основни сомненија за сторено кривично дело изнуда и палење на автомобил. Според соопштението од СВР-Штип, кривичната пријава е поднесена против 38-годишниот К.А и 20-годишниот М.М, двајцата од Штип, за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. – По ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“. – Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија. Ова се негови зборови, а имам и сведоци. Тој кажа: „Извини“ ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата изјави дека земјата „буквално ја поразила“ терористичката група ДАЕШ/ИСИС, која „неодамна се обиде да се рестартира како апарат за регионални планови“. Ердоган во Трабзон рече дека Турција постигна значителен успех во стратегијата за решително елиминирање на тероризмот до својот извор. Тој рече дека Турција го отстранила проширувањето на терористичката група ПКК од границата на земјата и ...

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности, велат од ДУИ. – Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, ...

Тројца Израелци се убиени, а неколкумина се ранети во пукање во автомобил и автобус во близина на градот Кедумим, окупиран од Израел, на Западниот Брег, објави израелската национална служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА). Израелското воено радио објави дека војската ги опколила сите села во областа во потрага по осомничените. Се верува дека осомничените побегнале во едно од блиските палестински села. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште чувствува траума од враќањето во Австралија, од која беше депортиран пред три години. „Ќе бидам целосно искрен, последните неколку пати кога слетав во Австралија и поминав низ пасошка контрола, ја почувствував траумата од пред три години. Некои траги сè уште остануваат кога поминувам низ пасошка контрола, бидејќи само проверувам дали некој доаѓа од зоната за имиграција. Јас исто така го ...

Руските вооружени сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во нападите била оштетена инфраструктура на воени аеродроми, магацини за оружје, како и објекти за обука и лансирање на беспилотни летала, пренесе Интерфакс. Се посочува дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле насочувана ракета „хамер“ од француско производство, 12 ...

Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден ќе забрани нова експлоатација на нафта и гас долж повеќето американски брегови, соопшти денеска Белата куќа. Во соопштението се наведува дека врз основа на таа забрана ќе бидат заштитени сите американски сојузни води долж источниот и западниот брег на САД, како и долж источниот дел на Мексиканскиот залив и делови од северното Берингово Море на Алјаска. Забраната ќе опфати 253 милиони хектари ...

Маж со нож е уапсен денеска откако се обидел да влезе во официјалната резиденција на белгискиот премиер Александар де Кро, соопшти директорот за комуникации на белгискиот премиер Барен Лејтс, а потврди и белгиската полиција. Осомничениот е уапсен околу 10 часот во официјалната резиденција на белгискиот премиер, пренесува белгиската агенција Белга. „Мажот наводно бил вооружен со нож и им се заканувал на присутните воени лица. Тие го совладале ...

Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море, познато и како Источно Море, соопшти јужнокорејската војска, на денот на посетата на Сеул на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Источното Море“, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Тоа е прво лансирање ракета од Северна Кореја оваа година. Последните лансирања, бараж балистички ракети со краток дострел, беа на ...

Две лица од кои еден малолетник се фатени како вчера превезуваат мигранти на автопатот Табановце – Куманово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 20-годишниот А.И. од скопското село Огњанци и малолетникот од селото Палатица, општина Желино, во возило „фолксваген голф“ со тетовски таблички превезувале тројца мигранти од кои двајца од Кина и еден од Индија. Полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до православните христијани во земјава кои денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. – На овој најрадосен празник за веста на раѓањето Христово, на сите граѓани кои го слават празникот им посакувам искрени желби за здравје, среќа и благосостојба. Бадник не потсетува дека токму сега е време да бидеме сè поблиски, посложни и поединствени, вели тој во ...

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 15.00 часот во с.Брвеница, го привеле Т.М.(41), жител од ова тетовко село кој се барал за издржување затворска казна. Како што соопшти МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено ...

Граѓаните на Германија во изминатата година, над 20 години по воведувањето на еврото 1,1,2002 година, заменија околу 53 милиони германски марки за евра. „Луѓето обично носат банкноти од 100 марки, но и монети од еден фенинг“, изјави претседателот на управниот одбор на германската централна банка, Буркхарт Балц. Така, минатата година беа разменети околу пет милиони марки помалку од една година пред тоа, во 2023. А 23 години по воведувањето на ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја оцени како „ужасна“ изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека има намера да го откаже државјанството стекнато со раѓање на територијата на САД. „Идејата дека ќе го смениме уставното право стекнато со раѓање… Ако си роден во држава, не си граѓанин? Што се случува“, рече Бајден за време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, според Ројтерс. За прашањето за имиграцијата, тој го ...

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере денеска изјави дека директното мешање на американскиот милијардер Илон Маск во внатрешните политички работи на други земји е загрижувачко. „Загрижувачки е што човек со огромен пристап до социјалните мрежи и огромни економски ресурси е толку директно вклучен во внатрешните работи на другите земји. Вака не треба да бидат работите меѓу демократските земји и сојузниците“, рече Стере, пренесува Ројтерс. Тој оцени ...

Нискобуџетниот филм „Бруталист“, драма за поединец кој го преживеа холокаустот и оди во САД за да стане архитект, е големиот победник со три награди на овогодинешното 82. доделување на Златните глобуси. „Бруталист“ е прогласен за најдобар филм во категоријата драма, Адриен Броди ја доби наградата за најдобар актер за улогата во тој филм, а Бренди Корбет за најдобар режисер, пренесе „Гардијан“. Броди, кој претходно изгуби Златен глобус за ...

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да воведе нови санкции кон Русија кои ќе се фокусираат на приходите од нафта и ќе преземат мерки против танкери кои превезуваат руска нафта, изјавија неименувани извори запознаени со ситуацијата. Според извори, санкциите ќе бидат насочени кон танкери кои превезуваат руска нафта што се продава по цена повисока од 60 долари за барел, што е граница поставена од Западот, пренесe ...

САД не треба да ја загубат Украина, бидејќи тоа би ги ставило американските власти во губитничка позиција во однос на Русија. Ова гледиште го искажа претседателот на комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, во интервју за ABC News. „Ова би била ужасна политичка одлука“, нагласи политичарот. Претходно „Тајмс“, повикувајќи се на украинскиот пратеник Александар Мережко, објави дека тимот на Владимир Зеленски презема ...

Легендарниот Рој Кин во својата анализа на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед на „Скај Спортс“ упати низа критики кон фудбалерот на „црвените“ Трент Александар Арнолд во свој стил. Најголемото дерби во англискиот фудбал заврши нерешено 2:2, а особено беа забележани погрешните потези на Арнолд. Наводно го следи Реал Мадрид кој сака да го доведе, но по овој меч прашање е дали ќе останат на тој став. „Трент Александар Арнолд треба да ...

Група граѓани денеска се собраа пред споменикот на вилата Ловќен во Цетиње за да им оддадат почит на жртвите од неодамнешното злосторство што се случи во тој град со дванаесетминутен молк, пренесе Вијести. Да потсетиме, во масакрот во Цетиње, кој се случи на 1 јануари, загинаа 12 лица, од кои две деца. Убиецот Аца Мартиновиќ починал при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава. Во престрелката четири лица се тешко ...

Италија води преговори со компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, кои се поврзани со обезбедување безбедни телекомуникации за владата на земјата, објави денеска Bloomberg. Планираниот договор за телекомуникациски безбедносни услуги на SpaceX е вреден 1,5 милијарди евра. Извори запознаени со ова прашање изјавија за Блумберг дека договорот со SpaceX има за цел да ја обезбеди Италија со целосен опсег на шифрирање на највисоко ...

Водечките бугарски партии без успех ги завршија преговорите за формирање влада, бидејќи не беше постигнат договор за кандидатот за премиер и кадровските решенија, јави Бугарската телеграфска агенција (БТА). БТА јави, повикувајќи се на соопштението на коалицијата ГЕРБ – Сојуз на демократски сили (УДФ), дека не е постигнат договор за составот на идната влада и името на кандидатот за премиер на средбата на преговарачките тимови со партии ...

Вонредна состојба е прогласена во американските сојузни држави Кентаки, Вирџинија, Канзас, Арканзас и Мисури поради обилниот снег и мраз. Во неколку сојузни држави беше издадено предупредување за невреме, во 30 држави беше прогласена „вонредна состојба“, а на граѓаните им беше препорачано да останат внатре. Откажани се околу 1.500 летови низ САД, а околу 2.000 летови се одложени. Покрај тоа, откажани се и некои железнички линии. Се очекува дека ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
70%
1031
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
54%
1032
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.23
53%
1027
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
89%
1032
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
66%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1027
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
100%
1027
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
68%
1032
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73