Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека иако е постигнат договор за повеќето од 20-те точки од мировниот план, прашањето за Донбас останува тешко. Тој ја даде изјавата за време на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп по разговорите во Мар-а-Лаго, објави Укринформ. „Вие ја знаете нашата позиција. Мора да го почитуваме нашиот закон, нашиот народ и територијата што ја контролираме. И секако, ...

Најголемата партија на косовските Срби, „Српска листа“, синоќа објави дека ќе ги освои сите 10 места во косовскиот парламент резервирани за српските пратеници, по предвремените парламентарни избори во Косово што се одржаа вчера, објави косовскиот српски весник КосСев. Претседателот на Српската листа, Златан Елек, ја објави победата на партијата синоќа, според прелиминарните резултати. Овие резултати се базираат на 99,26 проценти од ...

Лидерот на владејачкото левичарско националистичко Движење Самоопределување (ЛВО) на Косово и актуелен премиер Албин Курти прогласи победа за својата партија на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, 28 декември. Тој го стори тоа вчеравечер на плоштадот пред Гранд хотелот Приштина во центарот на главниот град на Косово пред стотици негови поддржувачи кои се собраа да го прослават резултатот на партијата. Тој им се заблагодари ...

АД „Пошта на Северна Македонија“ најостро реагира на изјавите и обвинувањата изнесени од страна на СДСМ, кои, како што велат, содржат неточни, тенденциозни и политички мотивирани тврдења во врска со постапката за избор на економски оператор за одржување на хигиената во објектите на Поштата. -Овие наводи претставуваат обид за свесно дезинформирање на јавноста и грубо извртување на фактите, со цел политичка дискредитација на институција која ...

СДСМ ги нарекуваат „колаборанти“ функционерите од ЗНАМ и велат дека го потврдија скандалот што го објавиле од АКТ – тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. „Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност. Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска ...

Инфлацијата во државата се стабилизира, а изминатите месеци имаме месечен пад на инфлацијата од 0,2 отсто, покажуваат статистичките податоци. Но, во пракса ситуацијата е поинаква. Граѓаните се прашуваат зошто ако бројките се реални од маркет излегуваат со полупразни кеси. И најавите на Владата и на Народна банка дека ќе ја зауздаат инфлацијата и наредната година таа ќе падне под 3 отсто, паѓаат во вода со порастот на цената на струјата. ...

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на претседателот на косовската Самоопределување, Албин Курти за резултатите од изборите. Меџити порача дека овој резултат е добра вест што доаѓа од Косово, додавајќи дека е „задоволство да се види новата победа на Курти“. „Добра вест доаѓа од Косово. Уште една победа за Албин Курти и движењето Самоопределување. Драг Албин, големо задоволство е да се види ...

Лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија, Мендух Тачи во својот говор на завршната годишна конференција на партијата, одржана во Тетово, зборуваше за положбата на Албанците и иднината на државата. Тачи нагласил дека Македонија нема да напредува и нема да има стабилност и одржлив развој сè додека Албанците не ги уживаат сите права што се нивни и што ги имаат другите заедници во земјата. Според него, целосната рамноправност ...

На 27.12.2025 во 22:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода А.К.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека извршел кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При преглед во неговото патничко моторно возило „бмв” со гостиварски регистерски таблички, во багажникот се пронајдени и ...

Грчката влада денес ги повика земјоделците на преговори, по иницијатива на 18 групи демонстранти и задруги за започнување дијалог. Портпаролот на тамошната Владата, Павлос Маринакис рече дека е охрабрувачки што се повеќе претставници на земјоделците што протестираат ја препознаваат потребата од дијалог, додавајќи дека решенијата можат да дојдат само од искрени разговори, објавува „Катимерини“. Маринакис изјавил дека владата ги повикува ...

На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов. Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница на која се испратија пораки. Извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, ...

Во пресрет на најавената средба со украинскиот претседател, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да даде дополнителни детали за содржината на разговорот. Трамп ја објави пораката на социјалната мрежа „Truth Social“. „Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, пред мојата ...

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко бил соборен за време на хокеарскиот натпревар меѓу лидерите на Белорусија и екипата на Брестската област, кој се одржал денес во Минск и кој завршил со нерешен резултат 5-5. На објавеното видео се гледа како како играчот на претседателскиот тим, број 68, поранешниот белоруски хокеар Јарослав Чуприс, случајно го удира Александар Лукашенко во грбот, по што тој паѓа на мразот, објави „Изветсија„. ...

Во врска со дeнешната прес конференција на СДСМ, а во однос на тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП „Македонски пошти“, партијата ЗНАМ ја информира јавноста дека нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една ваква постапка. Според партијата, точно е дека господинот Сашо Петровски бил носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција. -Тој е приватен стопснственик кој ...

Oткако дел од граѓаните од Ново Лисиче се разбудија денес со избушени гуми на своите автомобили без никаква причина, Министерството за внатрешни работи соопшти дека вкупно триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра. -Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 23:00 часот на 27.12.2025 до 09:00 часот на 28.12.2025 на ...

Откако денеска на социјалната мрежа „X“ се појавија слики од лидерот на СДСМ, Венко Филипче на аеродромот во Венеција, Италија, се огласија од неговата партија. Ја обвинија власта дека го следи Филипче „со истите методи како во времето на екс-премиерот Никола Груевски“. „Денеска беше објавена фотографија од претседателот Венко Филипче од аеродром. Покрај обидот за јавен линч, денеска практично признаа и дека вршат притисок преку следење. Ова ...

Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“ со насмевки, радост и вистинска новогодишна магија. Со повеќе од 800 учесници, градот денес пулсираше во празничен дух, а најмалиот учесник, стар само половина годинка, за мене е апсолутниот победник и најубавиот симбол на надежта и иднината, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој истакна дека најмладите биле израдувани со новогодишни ...

Косово, во соработка со Албанија и Хрватска, планира да започне со производство на оклопното возило „Шота“, што би била прва заедничка програма од ваков вид на Балканот. Веста ја потврди в.д. министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, наведувајќи дека разговорите со Албанија се во завршна фаза, по што договорот ќе се прошири и на Хрватска, пишува „Klix.ba“. Маќедонци, во интервју за емисијата „60 минути“, која ја емитувала приштинска ...

На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој во с.Арачиново, скопско, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, сите со скопски регистарскиознаки, во три контејнери и во патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од А.Ј.(24) од ...

Американскиот милијардер претприемач Илон Маск тврди дека веќе се случила голема промена на населението во Европа. Маск на социјалната мрежа „X“ објави дека, според некои податоци, 73 проценти од децата во Брисел, главниот град на Европа, не се од европско потекло. Маск претходно имаше објавено, коментирајќи ја статистиката за децата во Брисел, дека главниот град на Белгија повеќе не е белгиски. Ова е потврдено со статистика: 78 проценти од ...

Најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека Европа има највисоко ниво на консумирање алкохол во светот, што значително придонесува за предвремена смртност и повреди. СЗО наведува дека консумирањето алкохол е причина за околу 800.000 смртни случаи секоја година во Европа. По повод божиќните и новогодишните празници, СЗО предупреди за ризиците што ги претставува зголемената консумирање алкохол, вклучувајќи ...

На 27.12.2025 околу 14:30 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(41) од Република Албанија. При гранични проверки и пасошка контрола, тој на полициската службениничка и понудил поткуп, односно преку прозорот од кабината на бирото оставил пари. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 27.12.2025 околу 14:30 часот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на крајот одлуката за мир ќе зависи од неговите партнери. „Ова се едни од најактивните дипломатски денови во годината и многу работи можат да се решат пред Нова година, а ние правиме сè за таа цел, но дали ќе се донесат одлуки зависи од партнерите“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм пред средбата со американскиот ...

Денеска (28.12.2025), полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода А.А.(51) од с.Кишава, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ од југословенско ...

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова вчера во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, преку видео-конференциска врска им се обрати на македонските мировници. Во присуство на нивните семејства, таа на припадниците на Армијата, кои се на работни задачи во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и во Германија, им се заблагодари за успешното извршување на тешките задачи и гордото ...

Грчката пратеничка Пети Перка и партијата СИРИЗА јавно реагираа по објавите дека бендот „Ендопика“ бил прекинат да изведе песна на македонски јазик на локален настан во Лерин. Грчката пратеничка остро го крититикуваше градоначалникот на Лерин. „Уште еднаш, нашето место – овој пат од страна на градоначалникот на Лерин – тоне во заборав. Бидејќи како поинаку може да се нарече чинот на цензура, еден ден пред најпознатиот обичај во нашиот регион. ...

Секој европски контингент војници распоредени во Украина би станал легитимна цел на руските вооружени сили, порачала министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во изјава објавена од државната новинска агенција ТАСС во неделата. Тој изјавил за ТАСС дека Москва ќе продолжи со „соработката со американските преговарачи за трајни договори што се занимаваат со основните причини за конфликтот“, додека ги критикуал Европејците. Лавров, ...

Со предлог измените на Кривичниот законик што ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Собранието, обвинуваат од Левица, власта се обидува да ја убеди јавноста дека ја враќа правдата. Но, тоа не е точно, истакнуваат од партијата. -Ова денес што се нуди не е реформа. Ова е обланда за идно амнестирање на функционери и за изрекување смешни казни за најтешки форми на корупција. По измените од 2023 година, за кои ДПМНЕ обезбеди кворум, клучното прашање не е колку ...

„Минималната плата од јануари треба да се зголеми на сите вработени во државата на најмалку 600 евра. Зошто? Затоа што владите во регионот го послушаа Сојузот на синдикатите на Македонија. Во Албанија минималната плата од јануари – 500 евра, во Косово – 430 од јануари, а од јуни 500 евра, во Србија – 550 евра, да не зборуваме за Босна и Херцеговина“, порачува претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов за ...

„Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе“ – според СДСМ вака ќе изгледаше насловот на нивното соопштение доколку, како што велат, во нивните редови работеше екипа од медиумскиот центар на ВМРО-ДПМНЕ. „Зошто ваков наслов? Затоа што еден дел е вистина, а другиот дел е целосна лага. Класичен пример за наслов од жолт печат. Со денови читаме сензационалистички наслови од соопштенијата на ВМРО, како да станува збор за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
8.23
64%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
7.72
66%
1011
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.13
80%
1014
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
83%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
64%
1009
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
72%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
77%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
8.23
74%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2677.51

Иридиум

215504.98

Паладиум

55363.59

Платина

68416.79

Злато

163216.16

Кобалт

64.04

Родиум

334367.76

Рутениум

45750.51

Калај

46.04

Цинк

3.29

Бакар

11.84

Алуминиум

3.07