„Опасен преседан во обидот за промена на Изборниот законик“, вака ja започнува критиката потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми за внесувањето на измените на Изборниот законик во собраниска процедура. Според него, промените, традиционално и институционално, отсекогаш биле предлагани од Министерството за правда или од пратениците на четирите најголеми парламентарни партии, од владата и опозицијата, во духот на консензус и инклузивност. „Сега, за ...

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа пристигна на скопскиот аеродром. Според министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, со тоа станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт. Осум државјани – четири возрасни лица, три деца и едно бебе – беа евакуирани преку Египет. Министерството за надворешни работи ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот Фејсбук профил реагираше на говорот на Христијан Мицкоски по повод 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Според Филипче, Мицкоски се обидува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија. „Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува. Свесен е дека не му поминуваат лагите кои четврта година како локална власт и една година како апсолутна централна власт ги ...

Да докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти со оние што владееја во минатото. Да не заборавиме дека нашата фотелја не е крајна цел, туку должност, должност кон народот, кон Македонија. Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање по повод јубилејот – 35 години ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува опцијата САД да му се придружат на Израел во нападот врз нуклеарните објекти на Иран, вклучувајќи го и оној во Фордоу, објави Си-Би-Ес, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Според тие извори, таа опција требало да биде разгледана на денешниот состанок во таканаречената Соба за ситуации, просторот на Белата куќа наменет за спроведување кризни операции. Сепак, сè уште нема целосен ...

Иранското министерство за одбрана соопшти дека употребило нова, „невидлива“ ракета во напад врз израелски разузнавачки објект, тврдејќи дека нападот пробил повеќе слоеви на воздушна одбрана. „Во денешниот напад, распоредивме ракети кои не можеа да се следат или пресретнат“, изјави бригадниот генерал Реза Талаеи-Ник, портпарол на министерството, цитиран од иранската државна новинска агенција ИРНА. Тој ја опиша операцијата како изненадување за ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави на самитот на Г7 во Канада дека промената на воениот режим во Иран би била голема грешка, јавуваат Ројтерс и АФП. „Промената на режимот би довело до хаос“, изјави Макрон пред новинарите во Алберта, нагласувајќи дека земјите треба да се вратат на преговорите за нуклеарната програма на Иран. „Верувам дека ни требаат Соединетите Американски Држави за да ги вратат сите на преговарачката маса“, рече ...

Тројца повредени, меѓу кои и 14-годишно дете, е билансот на жестока пресметка со ножеви која се случила вечерва во скопската населба Чаир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 19:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка. Во конфликтот учествувале 14-годишно момче и две лица на возраст од 64 и 18 години – ...

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, вчера во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода. Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се ...

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз иранските ракетни лансери во централен Иран, потврди денес портпаролката на израелската војска, генерал Ефи Дефрин. „Шеесет борбени авиони учествуваа во напади врз клучни ракетни цели длабоко во Иран“, рече Дефрин. Таа додаде дека нападите ги принудиле иранските сили да се повлечат кон исток. „Тие го напуштија западен Иран, но ние ги гониме“, рече таа, додавајќи дека ...

Врховниот командант на иранската армија, генерал Абдолрахим Мусави, денес ги повика жителите на Израел, особено Тел Авив и Хаифа, веднаш да се евакуираат. „Евакуирајте се што е можно поскоро за да ги спасите вашите животи и да не станете жртви на животинските желби на Нетанјаху“, рече Мусави, според новинската агенција „ИРНА“. Тој нагласи дека претходните напади на Иран врз Израел биле „само предупредување и одвраќање“ и најави дека „казнената ...

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати јавна честитка на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор. „Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, сè повеќе се радувам што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји — Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа ...

Студентите кои ги блокираа факултетите во Србија поднесоа кривична пријава против претседателот Александар Вучиќ на 17 јуни. Тие го обвинуваат за пречекорување на своите овластувања кога ги посети повредените пациенти од дискотеката „Пулс“ во Кочани, во придружба на новинари, пишува РСЕ. „Ова е отворено понижување на здравствениот систем, повреда на телата на пациентите, на Законот за заштита на личните податоци и, најважно, на човечкото ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која побара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“. Во претходните најави, Трамп изјави дека САД сега имаат „целосна контрола врз небото над Иран“ и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи. „Нема да го убиеме, барем не засега“, напиша Трамп, сугерирајќи дека целта е позната, но дека во моментов не планира напад врз ...

Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека целосното уништување на иранската програма за нуклеарно оружје може да биде на дневен ред доколку Техеран не попушти и не се врати на преговарачката маса. „Израелската војска очигледно не е способна да постигне целосно уништување на иранската нуклеарна програма бидејќи нема оружје потребно за тоа. Но, Американците имаат такво оружје“, рече Мерц во интервју за телевизијата „ZDF“ на маргините на ...

„На 16.06.2025 околу 20:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат с.Виштица-с.Никуштак и пат за с.Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од с.Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

Грција во понеделник поднесе формален протест поради плановите на Турција да ги прошири своите територијални води за да вклучи специјални економски зони во Егејското Море, обвинувајќи ја Анкара дека се обидува да преземе области под грчка јурисдикција без правна основа. Овој потег би можел да ги затегне односите меѓу двата сојузници на НАТО, кои со децении се во конфликт околу поморските граници, ресурсите во Егејското Море и етнички поделениот ...

Шведската претприемачка Фариба Ванкор, која некогаш беше позната како кралица на отпадот, е осудена на шест години затвор за нелегално фрлање стотици илјади тони токсичен отпад во најголемиот кривичен случај за животна средина во историјата на земјата, објавува „Гардијан“. Ванкор, порано позната како Бела Нилсон и поранешна директорка на компанијата за управување со отпад „Think Pink“, беше прогласена за виновна по 19 точки од обвинението за ...

Новата влада на Сирија се соочува со растечки критики дома поради тоа што не го осуди Израел за нарушување на сирискиот воздушен простор во нападот врз Иран, додека граѓаните бараат Дамаск да ги искористи своите зајакнати дипломатски врски за да побара прекин на прекршувањата. Петта ноќ по ред, Сиријците гледаат кон небото и ги слушаат израелските борбени авиони како летаат над облаците додека одекнуваат одекот од експлозии – знак дека иранските ...

На 16.06.2025 околу 18:20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР ...

Уживањето во зелениот чај мача е јапонска традиција и станува сè попопуларен низ целиот свет. Една од причините за ова е што е познат како суперпијалок. Последица од овој тренд е што одгледувачите сè потешко ја задоволуваат побарувачката за овој чај. Се меле во фин прав и има различни вкусови. Врз основа на него, се создадоа производни линии, како што е Мача Лате, пијалок на база на млеко, кој се користи и во слатки и козметика. „Џапан тајмс“ ...

Комарците не само што предизвикуваат непријатно чешање на кожата, туку можат да пренесуваат и болести, предизвикувајќи можни здравствени ризици. Иако многу луѓе се свртуваат кон хемиски спрејови, тие можат да бидат груби и непријатни за употреба во затворен простор. За среќа, природно и ефикасно решение можеби веќе постои во вашиот дом. Според Марта Стјуарт, овој едноставен лек помага да се одвратат комарците без да се изложите вие или вашите ...

Холанѓаните сè повеќе ги следат упатствата на Светската здравствена организација (СЗО) за здрав начин на живот и пијат и пушат помалку и вежбаат повеќе, што ги прави да се чувствуваат поздраво, покажа нова студија. Студијата од 2024 година ја спроведе националната статистичка служба „CBS“ и Институтот за јавно здравје „RIVM“, објави „NL Times“. Анкетата покажа дека 45 проценти од возрасните Холанѓани ги следат упатствата на СЗО, во кои се ...

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот. Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот. Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ...

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади „Фокус”. Во Македонската телевизија тогашна ...

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 49,1 на 100.000 жители. Во текот на мај се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 20,0 проценти во однос на претходниот месец април. Во текот на мај, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со ...

Нејмар ќе стане слободен агент за помалку од две недели, кога ќе му истече договорот со Сантос, но воопшто не мора да се грижи за својата иднина. Tој има понуда од неговиот сегашен клуб за продолжување на соработката, како и покани од неколку европски клубови, вклучувајќи ги и оние што учествуваат во Лигата на шампионите. Неговиот татко и менаџер, Нејмар Сантос не ги споменува имињата на потенцијалните работодавци за 33-годишниот напаѓач, но ги ...

Европската комисија изрече висока казна од речиси 400 милиони евра на Грција поради неуспешно управување со земјоделските фондови на ЕУ и несоодветни контроли, објави денес порталот Политико. Брисел ѝ наложи на Атина да плати 392,2 милиони евра од фондовите на ЕУ за системски неуспеси во управувањето со земјоделските субвенции на ЕУ помеѓу 2016 и 2023 година. Грчката агенција одговорна за надгледување на субвенциите на ЕУ е исто така обвинета ...

Зголемувањето на трошоците за одбрана, кое ќе се дискутира на самитот на НАТО следната недела, треба да се спроведува во период од најмалку 10 години, изјави денес словачкиот претседател Петер Пелегрини, додавајќи дека владата би можела да даде приоритет на инвестициите во проекти со двојна намена во наредните години, наместо директно зголемување на воените трошоци. Пелегрини рече дека Словачка е вклучена во преговорите и нема да го поткопа ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.7
41%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.27
79%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.14
94%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.54
45%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.52
43%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.76
91%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 27ᴼ
1.79
33%
1008
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.71
63%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.43
54%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
60%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.92
68%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.67
85%
1010
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74