Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за постоење конкретна опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата, но предупреди дека станува збор за „стратегија насочена кон ширење хаос“. На средбата со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на единство. По полициските проверки и евакуациите, наставата во училиштата денеска треба да продолжи нормално, пренесува ...
Италијанската влада ги менува безбедносните протоколи по бранот закани со бомби упатени кон училишта низ целата земја. Според новите насоки, евакуацијата на објектите повеќе нема да се спроведува само врз основа на масовно испратени заканувачки електронски пораки; наместо тоа, ќе бидат потребни конкретни докази кои укажуваат на реална опасност. Оваа одлука доаѓа по инцидентот од претходниот ден, кога околу 6.300 училишта добиле дојави за ...

