Хрватска е потресена од смртта на Кристијан Јосип Периш, кој починал во Психијатриската клиника „Свети Иван“ под околности што предизвикаа големо внимание во хрватската јавност. Случајот доби нова димензија откако весникот „Јутарњи лист“ дошол до снимка од надзорните камери во собата 11а, на која се гледа како медицинскиот персонал повеќе од осум минути му ја притиска главата на пациентот со перница, додека истовремено со нозете и рацете го ...
Поранешни пациенти на загрепската психијатриска клиника „Свети Иван“ во Јанкомир јавно проговорија за удари, грубо врзување и понижување за време на лекувањето. Сведоштвата ги објавија Индекс и РТЛ Директ по смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој почина во клиниката на 21 октомври. Хрватската здравствена инспекција во меѓувреме утврди пропусти во документирањето на мерките за физичко ограничување на Периш, а управниот совет ја ...
Четворицата медицински техничари осомничени за тешкото убиство на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој почина во загрепската психијатриска клиника „Свети Иван“, се преместени од затворот Реметинец во две други затворски установи во Хрватска. Според информациите на „Јутарњи лист“, осомничените биле распоредени во затворите во Липовица и Карловац, откако надлежните затворски служби процениле дека е потребно нивно преместување. Одлуката била ...
Скандалот во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб добива нова димензија. Претседателот на Управниот совет, Мирандо Мршиќ, соопшти дека тој и останатите членови на ова тело поднеле неотповикливи оставки по случајот со смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш. Оставките доаѓаат откако претходно функциите ги напуштија директорката на болницата, Мајда Грах, нејзиниот заменик и помошникот за медицинска нега. Случајот предизвика ...

