Најновата анкета на МКД.мк и „Маркет вижн“, спроведена од 2 до 18 март, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и понатаму уживаат најголема доверба кај граѓаните. И покрај тоа што партијата е речиси две години на власт, а Мицкоски е премиер, нивниот рејтинг останува повисок во однос на опозицијата, при што довербата во него ја надминува вкупната поддршка за лидерите на другите партии. Сепак, најголем дел од анкетираните ...

„Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ. Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!“ , се вели во сатиричното соопштение на СДСМ. Според сатиричниот наратив, растот на цените на основните производи и горивата се прикажува како директно поврзан со раст на политичкиот рејтинг на Мицкоски и поврзаните ...

„Излагањето на Николоски дека растот на цените на недвижностите е последица на #Левица, блокирани урбанистички планови и неградењето, никако не соодветствува со реалните состојби на пазарот на домување! Таквото толкување го пренасочува вниманието од суштинскиот проблем на структурно нерегулиран и шпекулативен пазар кој директно влијае врз достапноста на домувањето за граѓаните“, се вели во соопштението на опозициската партија Левица. Оттаму ...

Најголемиот предизвик е да не се оштетат граѓаните кои уплатиле аранжмани по повластени цени со рана резервација, особено затоа што во случај на откажување тие средства не подлежат на поврат. Поради тоа се апелира туристите да не ги откажуваат аранжманите за дестинации каде што ситуацијата се одвива нормално, со цел граѓаните да не сносат финансиски последици, вели во интервјуто за „Локално“ Ана Марија Алексова Малева, претседател на ...

Претстојната полна месечина во Вага, позната како Розова Месечина, носи идеално време за искрени разговори за љубовта и новите романси. Реновидниот психијатар Т. Џ. Хигс објаснува дека овој астролошки феномен ќе го извади на површина сè што долго време било прикриено во врските, отворајќи го патот за лекување и емоционална јасност. Иако се нарекува розова Месечина, таа всушност нема да ја промени бојата на небото. Името доаѓа од пролетниот ...

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е позната по тоа дека ги обожава светските модни трендови и секогаш се труди да биде во чекор со нив. Овој пат Северина претстави ново модно издание на социјалните мрежи, доминирајќи во монохроматска комбинација од неутрални тонови. Стајлингот, кој претставува модерен минимализам, е базиран на светли крем нијанси и внимателно одбрани кроеви. Прочитајте повеќе: Северина искомбинира лелеави панталони со ...

Данската премиерка Мете Фредериксен и нејзините социјалдемократи денес започнаа преговори за формирање коалициска влада, со надеж дека ќе обезбедат трет мандат и покрај големиот пораз на нејзината центристичка коалициска влада на изборите во вторникот. Фредериксен ја поднесе оставката на владата до данскиот крал во средата, кога стана јасно дека нејзината коалиција со центристичките Умерени и десничарските Либерали повеќе не може да владее. ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска посочи дека во јавното здравство има лекари кои земале плати и повисоки од 10.000 евра. Министерот информира дека се тестира решение како „фингерпринт“ и здравствените работници да се логираат со „check in“ и „check out“. -Имаме доктори кои што неделно прегледуваат и еден пациент неделно, а имаме и 100 пациенти. И едното и другото не е во ред. Мора да ги следиме и да направиме систем, кој, прво, ...

Украина и Саудиска Арабија потпишаа договор за одбранбена соработка со кој се поставуваат темелите за идни договори, технолошка соработка и инвестиции, изјави во петокот украинскиот претседател Володимир Зеленски. За време на ненајавената посета на Персискиот Залив, Зеленски се надева дека ќе обезбеди поголема поддршка за Украина во војната против Русија, која сега е во петтата година, додека конфликтот со Иран создава неизвесност околу тоа ...

Извештајот „State of AI Traffic“ на компанијата за кибербезбедност „Human Security“ покажува дека вештачката интелигенција и ботовите официјално ги засениле човечките корисници. Автоматизираниот сообраќај, кој „Human Security“ го дефинира како „интернет-сообраќај генериран од софтверски системи (вклучително и вештачка интелигенција), а не од човечки корисници“, нагло пораснал бидејќи луѓето сè повеќе се свртуваат кон чат-ботови опремени со ...

На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради ...

Медведев во интервју за РИА Новости, зборувајќи за државните набавки за одбрана, рече дека сè се одвива „според утврдениот план“, кој го одобрил рускиот претседател Владимир Путин. „Успеавме да постигнеме многу високи стапки на производство на широк спектар оружје, воена опрема и средства за уништување. Во спротивно, едноставно не би можеле да се бориме, бидејќи целиот западен свет се бори на страната на нашиот непријател, а ние самите се ...

Членовите на владата од трите владејачки партии објавија дека постигнале начелен договор за забраната, со цел да се заштитат децата од „алгоритми што предизвикуваат зависност“ и содржини кои вклучуваат сексуална злоупотреба, но не можеа да кажат кога тоа ќе започне, ниту пак се договориле како ќе се спроведува. „Решително ќе ги заштитиме децата и младите во иднина од негативните ефекти на социјалните мрежи“, изјави вицеканцеларот Андреас ...

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс” од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон ...

Стриминг-гигантот Нетфликс ја прилагоди својата ценовна структура во четвртокот, при што сите претплатнички опции поскапеа за најмалку еден долар. Планот со реклами сега изнесува 8,99 американски долари месечно (претходно 7,99 долари), стандардниот план 19,99 долари (претходно 17,99 долари), додека премиум-пакетот сега чини 26,99 долари, во однос на претходните 24,99 долари. Цените за дополнителни корисници исто така се зголемени – ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остварил работна средба со проектантите на БРТ-системот (Bus Rapid Transit), на која детално биле презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. Од Град Скопје информираа дека на средбата се разговарало за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и за граѓаните. Особено беше нагласено дека трасата на БРТ нема да ...

Денеска Македонија одбележува шест години откако стана дел од НАТО, исполнувајќи една од своите најважни стратешки цели. Како 30-та членка на Алијансата, земјата го зацврсти своето место во меѓународната безбедносна структура – патување што започна уште во 1993 година со усвојувањето на Резолуцијата во Собранието, со која беа дефинирани главните надворешно-политички приоритети: интеграција во НАТО и Европската Унија. По долгогодишни напори, ...

Првиот и најголем приватен ИВФ-центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува нова поволност за идните родители – бесплатен пренатален неинвазивен тест (NIPT) со секое приватно ин витро. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон обезбедување уште посеопфатна, сигурна и современа грижа за пациентите кои се на пат кон родителство. Со вклучувањето на NIPT-тестот во пакетот за приватно ин витро, идните родители добиваат ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за новинари, објави нова мерка која што е вклучена во новата предлог програма на СДСМ, а се однесува на кратење на работната недела од сегашните пет работни дена на четири работни дена. Филипче порача дека со овој модел човекот се става пред профитот, а целта е достоинствен живот за работниците. „Станавме нација со најдолг работен циклус. Нација која е најпреработена, најисцрпена ...

Премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар откако конфузија предизвикаа медиумски известувања дека првата дама на САД, Меланија Трамп ја именувала Северна Македонија како Македонија на Глобален самит во Белата куќа, по што реагирала грчката амбасада во Вашингтон. „Го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед. Претпоставувам дека изворот е дипломатски. Зарем некој може да верува дека говорот на првата на САД пред таа да го ...

Вчера во Собранието дојде до жестока дебата меѓу пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ и министерот за транспорт, Александар Николоски кој наместо да одговори на поставеното прашање, потенцираше дека Левица била виновник за високите цени на становите: „Да кажете дека Левица е виновна за квадратот од 2.500 ЕУР, тоа е чиста когнитивна дисонанца. Јас со 29 години сум виновен, а не тие што со децении владеат и имаат партнери во урбанистичката ...

Откако вчера премиерот Христијан Мицкоски од Собранието изјави дека некои доктори кои што работеле деноноќно биле на некакви еликсири и затоа заработувале многу пари, лидерот на СДСМ денеска му порача дека „Христијане, за разлика од тебе што цел живот ништо не си работел, ние сме работеле и сме дежуреле и по 24 часа и моите колеги имаат право со работа да заработат“. -Ние не случајно ги зголемивме платите и дежурствата на лекарите за да имаат ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан нема да им недостига на повеќето европски лидери доколку ги загуби изборите на 12 април, откако блокираше клучни политики, како виталната поддршка за Украина, но не се очекува дека неговиот ривал, во случај на победа, целосно ќе го промени пристапот на Будимпешта кон Европа. Повеќето анкети на јавното мислење сугерираат дека националистичката партија на Орбан, Фидес, која е на власт од 2010 година, би можела да ...

„Која е разликата меѓу ситуацијата во Иран и Украина? Разликата е во тоа што Исламската Република Иран не прекршила никакви меѓународни обврски, вклучително и оние што се однесуваат на иранската нуклеарна програма… Украина, заедно со своите западни спонзори, прекршила сè што можело да се прекрши“, изјави Лавров во интервју за телевизијата „Франс“. Рускиот министер изјави дека американската страна го уништила иранскиот нуклеарен договор и дека ...

Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди евра во 2025 година, што е зголемување од 15 проценти во споредба со 2024 година, објави „Албаниан дејли њуз“, повикувајќи се на статистика за платниот биланс од централната банка на земјата, Банката на Албанија. Сепак, во споредба со претходните години, растот на странската потрошувачка во Албанија на годишна основа е забавен, со 19,6 проценти во 2024 година и 47 проценти во 2023 ...

Новите податоците од трезорот на Буџетот за 2026-та покажуваат дека на крајот од вториот месец од годинава потршени се повеќе од 302.000.000 евра од буџетскиот дефицит или дури 47,50% од планираните средства за целата година. За годинава според сегашните буџетски проекции, минусот во државната каса е проектиран на 637 000 000 или на 3,5% од БДП, процент кој е помал во однос на дефицитот во 2025-та кој достигна 4% од бруто домашниот производ. ...

На Филозофскиот факултет во Белград синоќа се случи трагичен настан кога во објектот се запалила пиротехника, по што една студентка скокнала низ прозор и, за жал, загинала. Полицијата синоќа во 22:40 часот добила пријава дека на платото пред факултетот се наоѓа женско лице без знаци на живот, а утврдено е дека станува збор за 25-годишна девојка. До јавноста се соопштени информации добиени од очевидци за околностите на трагичниот настан. ...

„Reddit“ ќе бара од профилите што покажуваат „автоматизирано или на друг начин сомнително однесување“ да потврдат дека зад нив стои човек, изјави генералниот директор на „Reddit“, Стив Хафман, во објава на платформата. Процесот на верификација има за цел да се спротивстави на несаканите ботови кои го преплавуваат „Reddit“ во време кога ВИ-ботовите се подготвени да го преземат интернетот. „Како што вештачката интелигенција станува сè поголем ...

Претседателот на „Европа на суверени нации“ во Европскиот парламент и бугарски европратеник од редовите на контроверзната партија Преродба, Станислав Стојанов го коментирал почетокот на состаноците за овогодинешниот извештај за напредокот на Македонија на патот кон пристапување кон Европската Унија, изразувајќи загриженост за, како што вели, одбраната на бугарската позиција во Брисел. Стојанов изјави дека бугарските известувачи во сенка ...

Рускиот претседател Владимир Путин побарал од олигарсите да донираат во државниот буџет со цел да се стабилизираат финансите на земјата додека продолжува со инвазијата врз Украина, објави порталот „The Bell“ во четвртокот вечерта, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува Ројтерс. Се наведува дека Путин во четвртокот се сретнал со водечки руски бизнисмени зад затворени врати. „Фајненшл тајмс“ исто така во четвртокот објави сличен ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
79%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
55%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.22
86%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
92%
1021
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
52%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
43%
1016
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
68%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 8ᴼ
0.89
75%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
80%
1015
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Иридиум

253540.09

Платина

68995.50

Паладиум

50508.82

Бакар

12.22

Родиум

319899.93

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Калај

50.19

Алуминиум

3.64

Злато

154701.23

Сребро

2561.63

Кобалт

45.39