Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Српскиот фолк пејач Аца Лукас бил приведен од страна на граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид „Курир.“ Лукас требало да одржи концерт со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилета Јашарспахиќ, но планот бил променет поради проблеми со документацијата со шведскиот организатор. Пејачот Лукас рекол за „Хајп Тв“ и ја откри вистинската причина зошто му беше забрането да настапува во Шведска. Прочитајте повеќе: „Да, вистина е дека не ни ...
Од организацијата наведуваат дека во Кладово на нивните набљудувачи им бил оневозможен влез на одредени избирачки места, додека на некои локации биле присутни „трети лица“ кои се претставувале како набљудувачи, без да наведат за која мисија работат. Регистрирани се и случаи на организирано носење гласачи на гласање. Во Мајданпек, како што објави „Црта“, на повеќе избирачки места било сериозно нарушено тајното гласање, при што во одредени ...
Полицијата го расчисти убиството што вчера се случи во Виница, при што е поднесена кривична пријава против 80-годишен државјанин на Грција, а четири лица се приведени. Како што информира МВР, на 28 март околу 16:11 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница е пронајдено тело на 56-годишен маж од село Липец. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на ...
Русија оваа недела ја нападнала Украина со повеќе од 3.000 беспилотни летала, 1.450 наведувани бомби и 40 ракети, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој на Телеграм додаде дека Украина е погодена од „практично истите ударни дронови какви што се користат против земјите на Блискиот Исток и во регионот на Заливот“, а кои ги користи Иран. Зеленски оцени дека руските „балистички ракети се користат против нас со ист цинизам ...
Според СДСМ, актуелната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се фокусира речиси исклучиво на критики и напади врз најголемата опозициска партија и нејзините функционери. Социјалдемократите укажуваат дека ова се одвива преку црни кампањи и јавен линч на лидерот на партијата, Венко Филипче, како и преку ширење измислени афери и негативни објави во голем број медиуми, како и преку лажни анкети и секојдневни прес-конференции кои според нив се небулозни. „Ете ...
Денеска на прес-конференција Министер за транспорт Александар Николоски, Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи во обемниот проект за реконструкција, проширување и модернизација на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со кој е предвидено да се добијат околу 4.500 квадратни метри нов функционален простор, што е за 2.500 квадратни метри повеќе од постојниот. Вицепремиерот ...
Независниот синдикат на полицијата информира дека внимателно ја следи состојбата по синоќешниот инцидент пред дискотеката „Пјур“ во Скопје, каде биле нападнати двајца полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош. Според синдикатот, напаѓачите биле под дејство на алкохол, а полицајците се здобиле со тешки телесни повреди. „Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат ...
Според овој договор, Иран секојдневно ќе дозволува премин на по два брода под пакистанско знаме низ овој клучен пловен пат, изјави Дар. „Оваа позитивна објава претставува значаен чекор кон мирот и ќе ги зајакне нашите заеднички напори во таа насока“, додаде тој. Во изминатите недели, Иран веќе дозволи премин на неколку пловила поврзани со Пакистан, кој помага во посредувањето на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран. Прочитајте повеќе: ...
Седум лица се лишени од слобода поради случаи на семејно насилство во повеќе градови низ државата, информираат од Министерството за внатрешни работи. Три од приведените се во Скопје, двајца во Кавадарци, а по едно лице во Струмица и Гостивар. Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела 41-годишна жена поради сомнение дека физички ја нападнала својата 66-годишна свекрва. Во поврзан случај, друга 41-годишна жена пријавила дека ...
На денешното обраќање кон медиумите по повод започнувањето на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“, Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да прифати уставни измени без јасни гаранции и предвидлив исход од евроинтегративниот процес, и покрај пораките од меѓународната заедница дека тоа е клучен услов за продолжување на патот кон ЕУ. Тој нагласи дека актуелната позиција на државата е резултат на, како што рече, ...
Политичката партија Левица отвора прашање за, како што наведуваат, сериозно прекршување на законите и пример на неспоивост на функции. Тие посочуваат дека Астрит Илјази истовремено ја извршува функцијата директор на ХЕС „Треска“, во рамки на државната компанија АД ЕСМ, и е советник во Град Скопје од редовите на Влен, повикувајќи се на објава на Портал Х. „Наместо одговорност, Илјази тврди дека „нема никаков случај“, дека се консултирал со ЕСМ ...
Турција ги предупреди САД, Ирак и курдските сили дека ќе преземе воена акција доколку курдските организации бидат вклучени во операциите против Иран. Според информациите што ги добила Турција, со почетокот на нападот врз Иран, Израел започнал да се обидува да преговара со Работничката партија на Курдистан (PKK) и нејзиното иранско крило PJAK, кои во Анкара се означени како терористички групи, за нивно учество во борбите како копнени ...
Индексите на светските пазари паѓаа и кон крајот на март, бидејќи инвеститорите стравуваат дека зголемените цени на нафтата ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го забават растот на светската економија. На Волстрит, индексот „Dow Jones“ минатата недела се намали за 0,9 отсто, на 45.166 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,1 отсто, на 6.368 поени, а „Nasdaq“ за 3,2 отсто, на 20.948 поени. Овие индекси остро паѓаа веќе петта недела по ред, па ...
Руските сили во регионот собориле 36 дронови, изјави Дрозденко. Уст-Луга е клучна лука за извоз на сурова нафта, течен природен гас, ѓубрива и јаглен. Луката беше нападната и претходно оваа недела, кога беа оштетени танкери, складишта и товарни станици. Медиумите тогаш известуваа за густи облаци чад над областа. Украина ја нападнала регијата и во саботата, што е трет последователен ден на напади. Уст-Луга, со која управува рускиот ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Царинската управа, спречиле обид за нелегален увоз на голема количина јајца од Србија, при што над 40 тони небезбедна стока биле уништени на депонијата Дрисла, соопштуваат од АХВ. „Акцијата беше спроведена на граничниот премин Табановце, каде по деталната контрола беа откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. ...
Управата за јавни приходи (УЈП) најави засилени контроли насочени кон даночни обврзници кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем, со цел сузбивање на сивата економија и зајакнување на фискалната дисциплина. Според податоците на институцијата, 6.451 активни субјекти со вработени не поседуваат фискален уред, а од нив 3.115 се и ДДВ-обврзници. Дополнително, УЈП ќе проверува уште 13.966 субјекти без фискални уреди, ...
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека денес (29.03.2026) жичницата на Водно нема да работи поради силен ветер. Оттамму наведуваат дека брзината на ветерот ги надминува дозволените граници за безбедно и непречено функционирање на објектот, дека ја следат состојбата на терен и дека веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата повторно ќе биде пуштена во употреба за превоз на патници. ЈСП Скопје ги информира граѓаните ...
На Клиниката за онкологија веќе две недели има недостиг од клучни лекови, што предизвикува сериозна загриженост кај пациентите и јавноста. Според Социјалдемократскиот Сојуз, недостигаат основни терапии како Фезго, Палбоциклиб и Рибоциклиб, без кои не може да продолжи лекувањето на дел од пациентите со малигни заболувања. „Тоа е денеска реалноста со криминалната власт на ВМРО-ОКГ. Граѓаните, болните, се оставени на милост и немилост. Владата ...
„Со гордост споделуваме дека Лекарската комора на Република Северна Македонија е примена во полноправно членство во Европскиот совет на лекарски комори (European Council of Medical Orders – CEOM). Овој историски чекор е меѓународно признание за нашата работа и заложба за унапредување на медицинската професија“, се вели во соопштението на Лекарската комора на Република Северна Македонија. На настанот по повод приемот, кој се одржува во ...
Договорот беше потпишан во главниот град на Катар, Доха, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со што ја заврши својата турнеја низ земјите од Заливот. Според соопштението на катарското Министерство за одбрана, договорот опфаќа размена на стручни знаења и искуства во борбата против проектили и беспилотни летала, што претставува клучна област во која Украина во последните години развива значајни капацитети. ...
Професорот на Филозофскиот факултет во Белград изјави за новинарите дека во петокот му бил забранет влез во Хрватска затоа што „претставува закана за јавниот ред, внатрешната безбедност и јавното здравје“. Тој додаде дека одлуката му била соопштена на граничниот премин Батровци на патот за Бања Лука, каде требало да учествува на промоција на книгата „Тесла, Србин сум“ на историчарот Бранислав Станковиќ. Вучиќ изјави за новинарите дека станува ...
Европската комисија истражува кибернетички напад врз своите интернет-страници, кој беше откриен изминатиот вторник. Првичните наоди на извршното тело на ЕУ покажуваат дека дел од податоците најверојатно се украдени, дознава Политико. Од ЕК соопштуваат дека се преземени „итни чекори“ за ставање на ситуацијата под контрола. Нападната е cloud-инфраструктурата што Комисијата ја користи за платформата Europa.eu, на која се поставени ...
Цената на еуродизелот од вторник на бензинските пумпи во Црна Гора би можела да биде повисока за околу 11 центи и да изнесува 1,68 евра, додека двете видови бензин најверојатно ќе поскапат за околу три центи. Така, еуросупер 98 ќе чини околу 1,59 евра, а еуросупер 95 околу 1,55 евра. Лож-уљето веројатно ќе поскапи за 11 центи, па неговата цена ќе изнесува 1,83 евра за литар. Ова го покажуваат прелиминарните податоци за цените на нафтените ...
Повеќедневното невреме и снежните врнежи, проследени со отежнат сообраќај и првите поплави, предизвикаа и сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија во делови од Босна и Херцеговина, потврдија од Електропривреда БиХ. Како што наведоа, најтешка е состојбата во северозападниот дел од земјата, односно во Унско-санскиот кантон, каде што повеќе градови се без електрична енергија. Поради дефект на далноводот што ги поврзува Приједор ...
Според изворите, одлуката била донесена на состанокот што денес го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководителите на нафтените компании. Според истите извори, времетраењето на забраната сè уште не било разгледано, иако еден од нив посочил дека би можела да трае до три месеци. Изворите исто така навеле дека евентуална забрана за извоз на дизел-гориво засега не е разгледувана. Прочитајте повеќе: Добро упатени ...
Претседателот на Социјалдемократската партија во Хрватска (СПД) Синиша Хајдаш Дончиќ на заедничка конференција со претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Венко Филипче, изкажа силна поддршка за европската перспектива на Македонија и за партнерската партија СДСМ. „Јас лично мислам дека тоа што ви го правеа и уште ви го прават и грците и бугарите е една европска срамота на вашиот европски пат. Тие работи треба да останат ...
Во изминатите 24 часа, на територијата на целата држава, полицијата приведе 12 возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, седуммина возеле без возачка дозвола, при што еден бил повикан на службен разговор во Свети Николе, а останатите шест биле лишени од слобода во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и двајца во Кичево, известуваат од МВР. Дополнително, четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен биле фатени како управуваат ...
„OpenAI“ влезе во нова фаза на монетизација на своите производи. Пилот-проектот за огласување во рамки на Чет-ГПТ надмина приход од 100 милиони долари на годишно ниво за помалку од два месеца од неговото лансирање на американскиот пазар. Овој резултат го потврдува силниот комерцијален потенцијал на интеграцијата на огласувањето во AI платформите, особено во контекст на сè поголемиот број корисници на бесплатните верзии. На почетокот на ...
Утре (29.03.2026) во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка на 10 километри, која започнува во 10:00 часот. Трасата ќе се движи од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот кај манастирот „Св. Пантелејмон“ и назад. Поради ова, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван кон околните улици. Прочитајте повеќе: Од МВР ...
Ханде Ерчел, турска актерка која стекна голема популарност и во Македонија, се најде во центарот на еден од најголемите скандали што ја тресе јавната сцена во нејзината родна земја. Прв на удар беше турскиот актер Џан Јаман, како дел од акцијата за сузбивање на наркотици, а сега шармантната бринета се соочува и со остри обвинувања, дури и притвор, а налогот е издаден додека таа престојувала во странство. Од крајот на 2025 година, Турција ...