Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил ...
„Почитуваниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, е навистина силен и моќен лидер и се докажа со феноменални резултати. Ја сака својата земја и народ и неуморно се бори за нив, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави. Виктор вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја зајакне економијата, да создаде работни места, да ја унапреди трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред“, изјави ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираат на односот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кон новинарот на ТВ Канал 5, кој на вчерашниот јавен настан наменет за медиумите, наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, избра потценувачки и дисквалификувачки однос кон новинарите. На директните новинарски прашања, Славески изјави дека ...
Неодамнешната дискусија на популарната страница на „Reddit“ – „r/AskBalkans“ повторно го постави вечното прашање – кој главен град на Балканот е најнепривлечен. Корисниците од целиот регион не штеделе зборови, а во стотици коментари, два града се издвоиле како главни фаворити. Социјалните мрежи отсекогаш биле совршено место за размена на мислења, а кога ќе се отвори темата за балканските градови, загарантирана е жива и искрена дискусија. ...
Во период обележан со постојана нестабилност на пазарот на енергија, бизнисите сè повеќе бараат предвидливост и стабилност кога станува збор за трошоците за електрична енергија. Препознавајќи ги овие потреби, ЕДС лансираше нова промотивна кампања насочена кон поддршка на компаниите со финансиска сигурност и дополнителни практични придобивки. Кампањата воведува модел на електрична енергија со фиксна цена, овозможувајќи им на компаниите подобро ...
Според наводите на украински извори, Русија во последните 24 часа го извршила досега најинтензивниот бран напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот, при што кон цели ширум Украина биле упатени околу 900 дронови. Оваа информација ја пренесува порталот „Бизнис инсајдер“, повикувајќи се на податоци од украинска страна. Како што се наведува, со тоа е надминат претходниот рекорд забележан во јули 2025 година, кога биле лансирани 728 ...
Денес бил регистриран земјотрес кој бил почувствуван во делови на Скопје и околината. Според информациите, потресот бил на 14 километри источно од Скопје е регистриран земјотрес од 2,7 степени по Рихтер на длабочина од 6 километри. Епицентарот бил на македонско-косовската граница. Фото: Принтскрин Граѓаните во делови од Скопје го почувствувале како слаб потрес. До овој момент нема потврда за предизвикана материјална штета ниту повредени лица. ...
Најновата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток повторно го отвори прашањето за безбедноста на глобалното снабдување со енергенси – но овојпат со побрзо и поинтензивно прелевање на последиците врз пазарите. Она што до вчера беше регионален безбедносен ризик, сè повеќе се претвора во глобален економски шок. Извршниот директор на „Шел“, Ваел Саван, предупредува дека нарушувањата веќе ги зафатиле азиските пазари, каде се бележат конкретни ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата остро ја критикуваше воената акција на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, оценувајќи ја како „неправедна и незаконита војна“, во обраќање пред Конгресот. Санчез, кој долго и отворено се спротивставува на оваа војна, изјави дека САД и Израел „го поткопале меѓународното право, го дестабилизирале Блискиот Исток и повторно ги разгореле конфликтите во Ирак и Либан“. Шпанскиот лидер ...
На обвинувањата од ДУИ дека во првите два месеци од 2026 година била набавена струја во вредност од над 24 милиони евра, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека го поздравува „новото однесување на ДУИ“. Вели дека излегле од ретро-политиките на политичарите од пред неколку децении. Според Мицкоски, партијата од албанскиот блок конечно почнала да се интересира за реалните теми за граѓаните. -Не бараат добро со бројките ...
На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на автопатот Врање – Лесковац, при што едно лице е повредено, јавуваат српските медиуми. Државјанин на Македонија, Н. К. (33), бил уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац под сомнение дека синоќа со камион го усмртил пешакот Г. П. (57) од Грделица. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога, како што се сомневањата, Н.К. од Струга возел камион марка „Волво“ кон ...
Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори, обвинуваат од СДСМ. Со оваа одлука, додаваат од партијата, 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик. „Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник ...
Пратеникот на рускиот претседател и прв човек на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, се осврна на изјавите на британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека тие би можеле да придонесат за дополнителен раст на цените на нафтата. Имено, Дмитриев ги коментираше најавите на Стармер дека Велика Британија ќе предводи коалиција која ќе овозможи слободна пловидба низ Ормускиот теснец. „Со оглед на беспрекорното „досие“ на ...
„Во Струмица се зборува дека малтене се е под контрола на Зоран Заев, не ме чуди и судството, како и судиите кои таму се избрани кога тој бил на функција. Впрочем, тој беше и претседател на Тело за реформи во правосудниот систем, иако неславно заврши на функцијата. Претпоставувам, од она што го разговарав со одредени луѓе, дека тој веќе се договорил со судијата и ова е само еден формален начин тоа да го сработи“, вели пратеникот од ...
Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити го повикал претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски да се посвети на извршување на своите должности, а не да се занимава со дневна политика. „Претседателот на Уставниот суд треба да биде на ниво на своите должности. Тој почна да се однесува повеќе како шеф на партија или институција што се занимава со дневна политика отколку како претседател на Уставниот суд. Не е во ...
ДУИ преку соопштение обвинува дека последната одлука на министерот Иван Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата. Според партијата, дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна. „Одлуката е донесена без доволни докази и ...
Македонија за жал држи неславен рекорд на Балканот со своето време на чекање да почнат преговорите за пристапување кон ЕУ, иако е земја – кандидат уште од 2005 година, истакна претседателот на „Солуција“ и поранешен министер за надворешни работи Никола Димитров, на вчера одржаниот панел за ЕУ проширување во Париз, Франција. „Мојата земја е ноторен пример за тоа како не треба да се изведува процесот на проширување. Во чекалницата на ЕУ сме ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...
Социјалдемократите на данската премиерка Мете Фредериксен се на пат да го остварат најлошиот изборен резултат во повеќе од сто години, откако миграцијата и инфлацијата ја засенија поддршката што ја имаше поради цврстиот став кон Вашингтон во врска со Гренланд. На власт од 2019 година, Фредериксен (48) во кампањата ги убедуваше гласачите дека нејзините докажани лидерски способности ќе ѝ помогнат на државата да се справи со сложените односи со ...
Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла”. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. „Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме ...
СДСМ бара Основното јавно обвинителство да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот Трајко Славески во законскиот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Според партијата, во овој случај постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот. „Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на ...
Вчера во Софија, Бугарија, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот Амар Мециновиќ, ја посетиле кубанската амбасада и оствариле состанок со Н.Е. Мариета Гарсија, на кој ја изразиле нивната цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба, кој со децении се соочува со неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада. Според Левица, блокадата е систем на колективно казнување што го ограничува правото на ...
Во Загреб, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја повторил својата поддршка за Македонија на патот кон ЕУ, по повод официјалната посета на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Хрватска. Пленковиќ ја повторил својата „силна поддршка за почеток на преговорите и нагласи дека Хрватска е сè уште подготвена да помогне во пренесувањето на своето знаење и искуство во тој процес“, се вели во соопштението на владата. Силјановска-Давкова ...
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени на 31 март 2026 година. Одлуката доаѓа во контекст на глобални буџетски ограничувања и реорганизација на ресурсите во рамки на медиумската мрежа. Информацијата ја соопшти претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус, кој истакна дека затворањето на македонскиот сервис, како и паштунската служба Радио Машал, претставува ...
Претседателот на Република Српска, Синиша Каран, изјави дека НАТО пред 27 години со невидена сила ја нападнал суверената држава Србија и српскиот народ, со што, како што рече, дефинитивно било урнато меѓународното право, но не успеал да ги уништи Србите, кои станале уште посилни. „И денес сведочиме на последиците од рушењето на меѓународното право – она што се случува денес, му се случи на српскиот народ пред 27 години. Не само што убиваа ...
Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје. Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и ...
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека НАТО-бомбардирањето било чин на отворена и брутална агресија врз суверена земја која никого не нападнала, чин на кршење на меѓународното право, па дури и на правилата на НАТО. „Ова беше непростлив злостор врз Србија, нашиот народ и сите наши граѓани“, истакна Брнабиќ на мрежата „X“, реагирајќи на наводите на претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели со јавноста дека денес Владата го одобрила Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град. Ѓорѓиевски потенцира БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, ...
Кинеските производители на автомобили ги надминаа јапонските конкуренти по вкупна глобална продажба на возила во 2025 година, со што за првпат ја презедоа водечката позиција во светот, пренесуваат јапонските медиуми. Според пишувањето на јапонскиот деловен весник „Nikkei“, вкупната продажба на јапонските автомобилски компании благо се намалила на околу 25 милиони возила, што довело до тоа Јапонија да ја изгуби долгогодишната водечка позиција, ...