Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Членот на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски денеска на прес-конференцијата на партијата, беше запрашан за снимката од разговор меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според Фрчкоски, со оглед на ситуацијата, ништо не изненадува. „Мој коментар е дека ништо од ова, впрочем, доколку внимателно ја слушавте и оваа прес-конференција, не нè зачудува. Токму за такво влијание и односи ...
Снимки од разговори меѓу Сергеј Лавров и Петер Сијарто, кои се појавија на социјалните мрежи, сугерираат дека унгарскиот министер бил спремен да ги унапреди интересите на Москва во рамките на ЕУ. Во еден разговор, Лавров бара укинување на санкциите врз сестрата на олигархот Алишер Усманов – Сијарто одговара дека Унгарија, заедно со Словачка, веќе подготвува предлог. Подоцна таа беше отстранета од листата на санкции на ЕУ. Прочитајте повеќе: ...
Левица преку соопштение порачува дека ВМРО-ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и ...
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ги пречека Калас и другите високи претставници на ЕУ на главната железничка станица во Киев рано во вторник, истакнувајќи дека таквото силно присуство на Европа покажува дека правдата за руските злосторства е неизбежна. „Денес ја одбележуваме мрачната годишнина од масакрот во Буча“, напиша Сибиха на „Telegram“. „Сеопфатната одговорност за руските злосторства е клучна за враќање на ...
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа денеска престанува со работа. Заедно со македонскиот сервис, се затвора и сервисот на Радио Слободна Европа на паштунски јазик, кој емитува програма за Авганистан и Пакистан. Радио Слободна Европа ги затвора бројните подружници низ светот откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумските проекти надвор од САД. Претседателот и извршен директор ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи информира дека извршило линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Оттаму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. ...
Рубио изјави дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која САД се обврзани да ја бранат, им го одзела користењето на својот воздушен простор и се фалила со тоа, според транскриптот од изјавата за Ал Џезира, објавен од неговото министерство вчера. Тој исто така рече дека Вашингтон се соочил со отпор при користење на воените бази во Шпанија и на други места. „НАТО е корисен за САД затоа што овозможува стационирање на трупи и опрема во ...
Словенија издаде обврзници во јуани на кинескиот пазар. Големината на емисијата изнесува 4 милијарди јуани, односно околу 500 милиони евра. Главен организатор е „Bank of China“ во соработка со други кинески банки Министерството за финансии на 24 март објави мандат за издавање на т.н. „панда обврзници“. Книгата на нарачки официјално беше отворена во понеделникот со почетен распон на каматни стапки меѓу 1,70 и 2,20 проценти. Изданието привлече ...
Владата на Република Словенија во понеделникот донесе одлука за укинување на ограничувањето за точење гориво на бензинските пумпи, откако беше проценето дека состојбата на пазарот на нафтени деривати се стабилизирала. Одлуката за укинување на уредбата со која беше ограничена максималната дневна количина продадено гориво по поединечно продажно место стапи на сила веднаш по нејзиното усвојување, пренесува STA. Овие ограничувања беа во сила од ...
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот со кој се воведува систем за наплата на поминувањето низ Ормутскиот теснец и се предлага ограничување на пристапот за пловила поврзани со земји кои вовеле санкции против Иран. Нацрт-законот ќе биде поднесен за расправа и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Можтаба Сари за медиумска агенција FARS. Според нацрт-законот, на бродовите од Соединетите Американски ...
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека нема да прифати уставни измени без јасни услови, претседателот на Институтот за демократија, „Социетас Цивилис“, Марко Трошановски смета дека земјата не треба да чека, туку треба да биде проактивна и да бара решенија. -Самото проширување е исклучително важно за Унијата поради глобалната нестабилност, безбедносна, економска, ебнергетска и од секаков вид. Од друга страна, токму неизвесноста ...
Први денови од работата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески и веднаш обвинувања од опозицијата. Се истакнува дека се елиминира обвинителката на ОЈО ГОКК која ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ во Кочани и дека новиот државен јавен обвинител за свој заменик ја назначи Анита Топалова Исајловска која бараше да падне случајот “Талир” за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ…Исто така од ...
Италијанскиот министер за одбрана Гуидо Крозето упати драматично предупредување за војната со Иран, наведувајќи дека располага со „застрашувачки“ информации кои укажуваат на ескалација на конфликтот, чии последици ќе ги почувствува цела Европа. Во интервју за весникот „La Repubblica“, Крозето беше подиректен од кога било, истакнувајќи дека заканата не е само воена, туку и општествена и економска. „Поради природата на мојата работа, имам увид ...
Дека интересот навистина расте, потврдуваат и податоците од интернет-платформите за продажба на возила. Како што пренесува „Хенделсблат“, портпарол на „Mobile.de“ изјавил дека бројот на пребарувања за електрични автомобили од почетокот на месецот речиси се утроил. Истовремено, продавачите на автомобили забележале и 66 проценти повеќе барања за половни електрични возила во споредба со февруари. Овој тренд не е ограничен само на Германија. ...
Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање. Ова беше ...
„Мислам дека тоа е нешто за кое претседателот би бил и тоа како заинтересиран – да ги повика да учествуваат во финансирањето“, изјави Левит. „Тоа е идеја за која размислува и верувам дека наскоро ќе слушнеме повеќе директно од него“, пренесува Ројтерс. На прашањето дали арапските земји навистина ќе се вклучат и ќе помогнат во покривањето на трошоците за евентуален конфликт, Левит остана воздржана, но јасно стави до знаење дека таа опција се ...
„Република Хрватска и Република Словенија, како членки на Европската унија, го иницираа Процесот Брдо-Бриони со цел унапредување на меѓусебната соработка и забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Југоисточна Европа. Состанокот на шефовите на држави во рамки на Процесот Брдо-Бриони оваа година требаше да се одржи во мај во Хрватска. Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на ...
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја обвини Европската комисија дека се обидува да влијае врз политичката состојба во Словачка, откако Брисел ја критикуваше неговата влада поради воведување двојни цени на горивото. Фицо тврди и дека Унијата сака да ја ослаби, па дури и да ја замени власта на Виктор Орбан во Унгарија, пренесува DennikE.sk. Вака се изрази за можните последици од енергетската криза: „Кој ќе го објасни недостигот од нафта? Кој ќе ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додека жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот ...
По одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител, преку социјалните мрежи, реагираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска која одлуките ги оцени како системско политичко влијание врз обвинителството. Таа своите обвинувања ги темели на неколку спорни чекори. „Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ“, ...
„Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните. Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении“, велат од СДСМ ...
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ ја информира севкупната засегната јавност дека Град Скопје донеле одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева- активист на „Анима Мунди“ и долгогодишен борец за системско и хумано решавање на проблемот со бездомните животни. Како што информираат, оваа одлука се соопштила преку телефонски повик до активистката, без претходен состанок, образложение и или било каква ...
Mногумина го отстрануваат белиот, влакнест слој наречен кора од портокалот, често поради неговиот горчлив вкус, текстура или едноставно поради неговиот изглед. Меѓутоа, ако го фрлите, може да пропуштите вредни хранливи материи. Еве зошто задржувањето на белата кора на вашиот портокал всушност може да биде корисно. Ако некогаш сте јаделе портокал, веројатно сте го забележале белиот слој под кората. Овој дел од овошјето често се занемарува ...
Арно Дени, истакнатиот француски актер, чиј живот се претвори во продолжена агонија по неуспешната операција на вградување мрежа за хернија, денеска се подготвува за евтаназија во Белгија. Со години се сметаше за уметник посветен на класиците и суптилната интерпретација на драмските текстови. Меѓутоа, во последно време, неговото име се повеќе се поврзува со борбата за правото на достоинство во состојба на тешко страдање, но и со остра критика ...
Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои ...
На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...
„И покрај јасниот факт дека владејачкиот режим целосно ги искористи државните ресурси и медиумскиот монопол за време на кампањата, претерување е да се зборува за изборна кражба. Злоупотребите и притисоците врз гласачите сè уште се случуваат според воспоставената практика што датира од времето на Слободан Милошевиќ, но проценките велат дека тоа му обезбедува на режимот до 5% дополнителни гласови. Иако изборните услови во Србија се сè уште ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...
„Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за ставовите на СДСМ по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за евроинтегративниот пат на Македонија. Според најголемата владејачка партија, како што велат, оваа слаткоречива изјава ...