Секој пат кога ќе седнете зад воланот на вашиот бензински или дизел автомобил, имате можност да заштедите – едноставно возејќи економично. Примената на неколку совети може да ви заштеди стотици евра годишно. Помалата потрошувачка на гориво не е добра само за вашиот буџет, туку и за животната средина, пишува данскиот портал ФДМ. При купување, обрнете внимание на потрошувачката на гориво. Автомобил со помала потрошувачка значи секојдневна ...

Владата изразува сериозна загриженост и остра реакција на неодамнешниот настан на јавен медиумски настан, при кој новинарот Невриј Адеми, со, како што велат, очигледно несоодветен тон, непримерна реторика и недолично формулирано прашање се обрати кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Особено не загрижува, порачуваат од Владата, фактот што ваквиот непримерен однос не претставува изолиран инцидент, туку повторување на веќе ...

Контролите на Фондот за здравствено осигурување кои утврдиле злоупотреби со боледувањата на вработените во Министерството за внатрешни работи, се пропусти кои ги вршеле лекарите, изјави денес по новинарско прашање министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече дека паралелно со овие контроли, истрага за боледувањата на полицајците прави и одделот за внатрешна контрола при МВР. -Имате право да побарате боледувње, но одговорноста за ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и ...

Во мај или јуни ќе се случи реконструкција на Владата, по што ќе се знае кој од министрите ќе замине од илинденска, а кој ќе ја ротира министерската фотелја во друго министерство. Многу од прашањата за време и пред реконструкцијата ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа – рече вчера премиерот Христијан Мицкоски, при тоа посочувајќи дека партнерите имаат коректна соработка и нема намера да разговара со друг политички субјект за влез ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. ...

Македонскиот пазар на недвижности во 2025 година забележа вкупен промет од рекордни 1,14 милијарди евра, што претставува раст од 12,9% во споредба со претходната година. Според најновиот годишен извештај на Агенцијата за катастар, становите остануваат најдоминантен сегмент со учество од 48% во вкупната вредност, додека скопските општини Центар, Аеродром и Карпош се неприкосновени лидери по бројот на трансакции и висината на цените. Пазарот на ...

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, моментално е во притвор во Стара Градишка во Хрватска и чека да биде изведен пред судија. Оваа информација ја потврди неговиот соработник Милан Аљетиќ, кој синоќа бил со него во моментот на приведувањето. „Во моментов, според нашите информации, се наоѓа во Стара Градишка и чека да биде изведен пред судија“, изјави Аљетиќ. Прочитајте повеќе: Тој додаде дека Станивуковиќ бил приведен утринава ...

„Очигледно дека Владата не покажа резултати и затоа е најавата од премиерот Мицкоски дека ќе има реконструкција на Владата, и тој го има тоа право како премиер. Сепак не се знае дали таа реконструкција ќе се случи, бидејќи тој и претхдно најавуваше смена на одредени ресори“, изјави за „Локално“, прaтеникот и претседател на НСДП, Горан Мисовски. Вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека во мај или во јуни ќе се знае кои министри ќе бидат ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова е во официјална посета на Хрватска, каде што се сретна со хрватскиот колега, Зоран Милановиќ. Милановиќ го коментирал долгорочниот процес на пристапување на Македонија кон Европската Унија, истакнувајќи дека има премногу барања и услови за нас. Тој порачал дека земјава самата одлучува за својот пат. „Македонија сама одлучува што е подобро за неа и кој пат ќе го избере, претпоставувам дека тоа е ...

„Понекогаш тоа што нема коментар, не значи дека некој заборавил да коментира. Едноставно, некои луѓе не заслужуваат да биде коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му – сите може да го видат и слушнат“, вели премиерот Христијан Мицкоски за вчерашниот случај кога новинар ѝ постави прашање на министерката за овразование Весна Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела и преведувач од македонски на ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен. Оттаму велат дека во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе ...

Левица јавно објави фотографии кои претходно биле доставени и до Антикорупциска комисија. На фотографиите, како што велат, јасно се гледа личната блискост меѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на фирмата “Сити Аутсорсинг” – Милчо Стрезоски. „Криминалната шема е јасна: Томовски формално ја “продава” семејната компанија ,,Сити Аутсорсинг” на својот пријател Стрезоски, кој потоа со истата компанија добива 160 тендери во рекордни ...

Пристапот до доверливи документи на ЕУ што го имаат пратениците на германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) предизвикува загриженост кај европските дипломати и политичари поради можноста за протекување на чувствителни информации кон Русија, пишува Политико. Како што наведува овој портал, германските пратеници, вклучително и членовите на АфД, имаат пристап до база на податоци што содржи илјадници документи на ...

Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Од партијата на Али Ахмети истакнуваат дека додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Според ДУИ, причината е тоа што Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој престојува во дводневна работна посета на Република Турција, вчера во Анкара оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. На средбата, на која присуствуваа и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски, двајцата министри ги потврдија традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика САД и Иран веднаш да седнат на преговарачка маса со цел да го прекинат де факто затворањето на Ормускиот теснец и да ги запрат непријателствата на Блискиот Исток. Фон дер Лајен, за време на посетата на Австралија, каде што беше потпишан нов договор за слободна трговија, истакна дека иранските напади врз невооружени комерцијални бродови и критична инфраструктура „мора да ...

Дали државните пензии во Европа се доволни за покривање на трошоците за живот? Според истражувањето на компанијата за плати и човечки ресурси Moorepay, одговорот е не за 20 од 39 анализирани европски земји. Во исто време, важно е да се напомене дека пресметката на трошоците за живот не ги вклучува висините на кирии или за стан, па затоа вистинската слика би можела да биде полоша, пишува „Euronews“. Македонија е при дното на листата, меѓу ...

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје синоќа отстраниле две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија. Оттаму велат дека локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. -ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на своите последни ...

Австралија и Европската унија во вторникот потпишаа трговски договор што се подготвуваше осум години, со кој се укинуваат царините за речиси целата европска стока и за речиси целиот извоз на австралиски критични минерали. Договорот доаѓа откако двете страни ги забрзаа преговорите во време на значително повисоки американски царини воведени за време на администрацијата на Доналд Трамп. Двете страни исто така потпишаа договор за зајакнување на ...

Руската војска започна пролетна офанзива на истокот на Украина. Како што пренесува американскиот „CNN“, повикувајќи се на информации од украинскиот фронт и анализи на „Institute for the Study of War“, нападите од ден на ден добиваат на интензитет благодарение на подобрувањето на временските услови. Москва во нападите, покрај пешадијата и дроновите, вклучува и десетици тенкови и оклопни возила. Врховниот командант на воружените сили на ...

На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, ...

Трговците направиле облози вредни повеќе од половина милијарда долари на пазарот на нафта само 15 минути пред американскиот претседател Доналд Трамп да ја објави веста за „продуктивни преговори“ со Иран, ексклузивно пренесува угледниот американски весник Фајнаншл Тајмс (ФТ). Како што наведува ФТ, околу 6.200 фјучерс договори за нафта од типот Брент и West Texas Intermediate (WTI) смениле сопственик во понеделникот помеѓу 6:49 и 6:50 часот ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на ...

Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов вели дека има проамерикански ставови во однос на ситуацијата на Блискиот Исток и смета дека Американците имаат добри причини за нападите на Иран. Ангелов го оправдува американскиот напад, бидејќи, како што вели, во Иран владее суров режим кој што ги казнува сопствените граѓани и режим кој обезбедил сериозна количина на ракети, како и подготовка на нуклеарно оружје. ...

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба. Меѓу првите одлуки намалување на ДДВ на горивата од 18 на 10% проценти, но премиерот Христијан Мицкоски не исклучува носење дополнителни мерки доколку се влоши ситуацијата со цената и снабдувањето со нафтените деривати. Сепак, уверува оти електроенергетската состојба во земјата е стабилна и нема да се дозволи нов ценовен шок. Според пресметките, заштедите на дневно ниво се над 200 илјади евра. За ...

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јованка Тренчевска смета дека само со една мерка, намалување на ДДВ-то од 18 на 10% на горивата, не може да се постигне ефект во заштита на стандардот на граѓаните. Тренчевска предлага да се намали и акцизата за 4 денари, како и намалување на ДДВ на основните производи на 0% и преполовување на патарините. -Во моментот, инфлацијата на месото ви е 7,9, на овошјето ви е 16,3, на безалкохолните пијалоци ви ...

На Бил Козби му е наредено да ѝ плати повеќе од 19 милиони долари (16,3 милиони евра) отштета на Дона Мотсингер, жената што го обвини дека ја силувал, откако поротата утврди дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал пред повеќе од 50 години. Пресудата од 19,25 милиони долари вчера ја донесе калифорниската порота, третиот ден од расправата, пишува „Пејџ сикс“. Мотсингер ја покрена граѓанската тужба против поранешниот актер од „Козби шоу“ во ...

Тина Габер, сопруга на Роберт Голоб, беше вистинска сензација на вчерашните избори во Словенија. Таа се појави во друштво на својот избраник и веднаш го привлече вниманието на јавноста. Во Словенија вчера се одржаа парламентарните избори, кои, според словенечките и странските медиуми, биле „најнапнатите избори досега“. Прочитајте повеќе: View this post on Instagram A post shared by Robert Golob (@_robertgolob_) Тина Габер Голоб, родена на 9 ...

Валери Перин (82), американска актерка номинирана за Оскар за нејзината улога во биографскиот филм „Лени“ и позната на пошироката публика како госпоѓица Тешмахер во филмот „Супермен“, почина денеска во Беверли Хилс, пишува „Вариети“. Актерката со години се бореше со Паркинсонова болест, а веста за нејзината смрт ја објави нејзината пријателка Стејси Саутер на Фејсбук. „Со длабока тага објавувам дека Валери нè напушти. Таа се справуваше со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
80%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.54
80%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 5ᴼ
1.03
54%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.14
87%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
94%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.69
65%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
42%
1015
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
0.45
70%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
78%
1015
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Кобалт

45.39

Паладиум

50508.82

Алуминиум

3.64

Платина

68995.50

Бакар

12.22

Иридиум

253540.09

Злато

154701.23

Калај

50.19

Сребро

2561.63

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51