На адресите на граѓаните во Србија кои имаат и унгарско државјанство им пристигнуваат писма од унгарскиот премиер со повик да го искористат своето избирачко право, пишува РСЕ. Во писмата Орбан, кој првпат има силен противник на изборите, тврди дека влогот „не е ништо помалку од иднината на нацијата“. „Ризикот од војна што ѝ се заканува на Европа сè повеќе расте и носи сериозна енергетска криза и раст на трошоците за живот. Во вакви времиња ...

По еден месец војна на Блискиот Исток и силен раст на цените на нафтата, нордиските земји прибегнуваат кон сè посилни енергетски субвенции и олеснувања за своите граѓани, а во понеделник за првпат беше спомната и можноста за ограничување на продажбата на гориво на бензинските пумпи. Тоа го изјави шведската министерка за финансии Елизабет Свантесон. „Ако кризата продолжи, ќе имаме проблеми со високите цени, а можеби дури и со пристапот до ...

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал ...

„Hide My Email“ (Сокриј го мојот е-маил) е функција која им овозможува на корисниците што плаќаат „iCloud+“ да генерираат анонимни е-мајл адреси кои ги препраќаат пораките на приватната адреса на корисникот. Епл наведува дека не ги чита пораките што се препраќаат. Сепак, судските документи покажуваат дека оваа функција за приватност нема да ги спречи органите на редот да откријат кој е сопственик на анонимната „iCloud“ адреса. Според судските ...

Контактот со авионот, Ан-26, бил изгубен во понеделник околу 18 часот по московско време (15 часот по Гринич), а истражителите на Министерството за одбрана работат на местото на несреќата, соопшти министерството. Меѓу 29-те загинати има 23 патници и шест членови на екипажот, соопшти министерството за ТАСС. На остатоците од авионот не се пронајдени знаци на надворешен удар, додаде министерството, истакнувајќи дека во оваа фаза од истрагата ...

Според официјалните статистички податоци, бројот на жители заклучно со 1 јануари изнесувал 58,94 милиони, што е речиси непроменето во однос на претходната година. „Италија останува земја во која изразено позитивниот миграциски биланс во голема мера може да го надомести негативниот природен прираст и во која населението продолжува да старее“, соопштија од италијанскиот завод за статистика. Тие посочија дека прекинот на постојаниот прилив на ...

„Делегираните овластувања на дел од обвинителите за случајот „Пулс“ нема да бидат веднаш повлечени“, изјави државниот обвинител Ненад Савески на вчерашниот брифинг со новинарите. Тој рече дека кога бил назначен за прв човек на обвинителството затекнал состојба во која за многу предмети има делегирани овластувања на обвинители од различни обвинителства, што создава хаос и неможност да контролира кој обвинител што и како работи. Затоа, како што ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но ...

„Катастрофално и жално е да се слуша таква изјава од премиер, човек кој треба да не турка кон ЕУ. Барем со тоа, искрено кажа која му е позицијата. Кога веќе е кај Орбан, може да го праша колку пари Унгарија доби. Темата е колку ние губиме пари за реформи, болници, училишта…“, вели меѓународниот секретар на СДСМ, Андреј Жерновски за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „подготвени сме да чекаме и децении“ за влез во ЕУ, бидејќи, како ...

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел ...

Новиот државен обвинител излезе дека е латентно вмровско конте. Дојде дотеран со некои квази-манири, но за 24 часа, како иста глава да имаат со Мицкоски. Се што кажа Мицкоски на говорница, овој му исполни за 24 часа, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев за новиот државен јавен обвинител. Апасиев критикува дека Савески ја обвинителката Алексова-Трајчевска која беше, како што вели, единствениот квалитетен обвинител која што ги уапси ...

Правдата и интегритетот на јавните обвинители се нивниот штит и своето место во системот треба да го демонстрираат преку независност и транспарентност, вели државниот јавен обвинител Ненад Савески. Тој истакна дека еднакво ќе го вреднува трудот на секој обвинител и најави дека донел одлука да ги повлече сите овластувања за предметите по кои досега постапувале обвинителите. Во однос на повлекувањето на обвинителот Ивана Трајчева од застапување ...

Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи цели кон транспарентно информирање на јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности. Се наведува дека УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара ...

Иако и екстремно интелигентните луѓе се справуваат со свои специфични предизвици, како што се тешкотии со менталното здравје или песимизмот што произлегуваат од подлабоко разбирање на светот, тие имаат и особини што јасно ги издвојуваат од просекот. Од внимателно слушање до способноста подобро да се предвиди што би можело да се случи, разликите помеѓу генијалец и просечна личност често може да се забележат по само неколку минути разговор, ...

Хрватската пејачка Нина Бадриќ денеска го промовирала својот албум во Белград, но најавила и концерт во Сава Центарот. Нина самата напиша неколку песни од албумот, а една од нив се занимава со женската солидарност. Бадриќ го опишала своето искуство со оженет маж кој ѝ пришол. – Тоа е една химна за сите нас, иако сме слободни и прекрасни, одлучуваме да ја зачуваме среќата на некоја жена која ужива во домот и со тој мажот кој се заљубил во нас ...

„Рано е да му судиме на новиот државен обвинител“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за првите денови од новата функција на државниот јавен обвинител, Ненад Савески и направените потези. Како што вели, кадровските решенија не се само негов избор, но за него токму кадровското екипирање и правењето на некаков тим што ќе му помага е важна работа. -Подеднакво е важно на самиот старт јасно да покаже дека нема да прима политички ...

Украина во изминатиот месец ги засили нападите врз руската инфраструктура за извоз на нафта, изведувајќи ги своите најинтензивни напади со беспилотни летала во четиригодишната војна врз балтичките пристаништа Уст-Луга и Приморск. „Доколку се дозволува користење на воздушниот простор за спроведување непријателски, терористички активности против Руската Федерација, тоа ќе нè принуди да извлечеме соодветни заклучоци и да преземеме соодветни ...

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, го откажа самитот Брдо-Бриони, наведувајќи дека нема услови за доаѓање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Хрватска поради неговите политички изјави и постапки. Од кабинетот на словенечката претседателка наведоа дека не можат да се мешаат во одлуката на Милановиќ и дека меѓу Загреб и Љубљана се водат разговори за одржување на самитот на алтернативна локација, пишува N1 Словенија. ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека во енергетските планови на Владата е вклучена компанија поврзана со лице кое се наоѓа на „црната листа“ на САД. Според него, министерката за енергетика Сања Божиновска во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година ја вклучила компанијата „Хронос сум“, поврзана со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ. „Сања Божиновска подготвила бизнис со ...

Алказар Енерџи ја објавува Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ESIA) за ветерниот парк Штип и ја става на јавен увид, што претставува значајна пресвртница во развојот на проектот кој треба да стане најголемиот проект за обновлива енергија во Северна Македонија. Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност ...

Италија одбила да дозволи слетување на американски воени авиони во воздухопловната база Сигонела на Сицилија, пред тие да се упатат кон Блискиот исток, пренесува Ројтерс повикувајќи се на италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Имено, дневниот весник „Кориере дела Сера“ објави дека „неколку американски бомбардери“ требало да слетаат во базата во источна Сицилија пред да продолжат кон Блискиот исток. Весникот не наведе кога било планирано ...

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, се обрати до јавноста по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Скопјe, нагласувајќи ги силните пријателски односи меѓу двете земји, како и нивната меѓусебна посветеност на регионалната соработка и европската иднина. На почетокот од своето обраќање, претседателот Милатовиќ се заблагодари за гостопримството и топлото добредојде. „Дозволете ми да започнам со тоа што ќе ѝ се ...

Поднесена била кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец. „ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека ...

Откако протече уште еден негов разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, унгарскиот министер Петер Сијарто се огласи и порача дека истите работи ги кажува и јавно. Имено, „VSquare“ и други истражувачки организации спровеле истрага во чии рамки е објавен разговор од август 2024 година. Во него, меѓу другото, Лавров го потсетува унгарскиот министер да ја тргне сестрата на руски олигарх од листата на санкции на Европската ...

Европската унија (ЕУ) внимателно ги следеше локалните избори одржани на 29 март во десет општини во Србија, соопшти денес шефот на делегацијата на ЕУ, Андреас фон Бекерат, додавајќи дека Делегацијата на ЕУ жали поради пријавените неправилности и инциденти за време на изборите. „Го поздравуваме фактот што националните власти го поканија Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа да ги набљудува локалните избори. Ги земаме ...

По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. „Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...

39 полицајци потфрлиле во постапувањето во случаите на семејното насилство кое обвинетиот Стојанче Јовановски го вршел врз сега покојната Ивана пред трагедијата во Тафталиџе. Ова го покажа внатрешната контрола на МВР. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, како што информираат од Обвинителство, веќе е доставен до ОЈО ГОКК и ќе го преземе обвинител од Специјализираното одделение за гонење ...

Франција повторно ја преработува својата воена стратегија врз основа на лекциите од војните во Украина и на Блискиот исток, подготвувајќи се за можен судир со Русија подоцна во оваа декада. Тие два конфликта директно влијаат на одлуките за тоа какво оружје Париз ќе развива, набавува и распоредува, додека француската влада се подготвува на 8 април да го претстави ажурираниот закон за воено планирање, пишува Политико. „Применуваме сè што можеме ...

„Унгарија останува искрен и докажан партнер на Македонија, заедничките вредности, меѓусебната почит и силната соработка се темел на стратешкото партнерство“. Во Будимпешта средба на премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Во фокусот, продлабочувањето на економската соработка, нови инвестиции и проекти што ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји. Мицкоски и Орбан заклучиле оти во време на предизвици, силните пријателства и ...

Неопходна е обука на вработените во Министерството за внатрешни работи и центрите за социјални работи за да може поуспешно да одговорат во случаи на семејно и родовно базирано насилство, за да може да се пружи соодветна заштита на жртвите. Ова на денешната прес-конференција го истакна народниот правобранител Фатон Сељами, кој рече дека минатата година најмногу претставки имало од областа на правосудството, потоа од потршувачките права, од ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
1.35
80%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 6ᴼ
2.06
55%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.01
82%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
91%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
50%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
43%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 8ᴼ
0.89
74%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
77%
1016
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Калај

50.19

Платина

68995.50

Бакар

12.22

Цинк

0.00

Сребро

2561.63

Иридиум

253540.09

Злато

154701.23

Рутениум

56199.51

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Паладиум

50508.82

Алуминиум

3.64