Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...

Парламентарното мнозинство на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, отсега ќе брои 59 пратеници, откако Демократската партија на Турците на Македонија се приклучи кон коалицијата. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека со ДПТМ е потпишан договор за политичко партнерство, соработка и поддршка. Партнерство засновано врз доверба и заемно почитување Мицкоски оцени дека приклучувањето на ДПТМ ...

Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки. Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора – изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп и промоцијата на Центарот за дигитални услуги. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски е оптимист дека Охридскиот регион ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја. Николоски денеска одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека својот оптимизма го темели по посетата на Мисијата на УНЕСКО на земјава, минатиот месец, а со чии претставници имале средба тој и ...

Големиот православен празник посветен на Св. Апостол Петар што секогаш се одбележува на 12 јули се смета за еден од најголемите празници по Велигден. За Петровден, според фолклористот Марко Китевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои и во новата сезона ќе го носат сино-белиот дрес. Нивното останување во клубот беше меѓу главните приоритети на управата при формирањето на тимот за претстојните предизвици. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во дресот на МЗТ Скопје, во која ќе се обиде да ја освои својата 12. шампионска титула со клубот. Војдан ...

Од авиокомпанијата „Рајанер“ се огласија по инцидентот на летот од Солун кон Меминген, при кој бил оштетен прозорец во патничката кабина, а еден патник бил повреден. Од компанијата потврдиле дека прозорецот бил избиен за време на летот под дејство на физичка сила, по што авионот се вратил на аеродромот во Солун. Авионот нормално слетал во Солун „Авионот нормално слета, а патниците беа вратени во терминалот“, соопштиле од „Рајанер“. Од ...

Во мај годинава издадени се 340 одобренија за градење, што е за 27,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година – објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот – 51, Југозападниот – 36, Пелагонискиот – 24, Вардарсиот – 20, ...

Студенти постари од 30 години повеќе нема да можат да престојуваат во државните студентски домови, предвидуваат измените на Законот за студентски стандард, кои се веќе во собраниска процедура. Јаневска: Имаше злоупотреби на системот Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека измената е предложена поради утврдени злоупотреби, односно случаи во кои лица со години останувале сместени во студентските домови без реално да ги ...

Европската комисија денеска ја обвини компанијата Мета за кршење на законот за социјални медиуми поради дизајнирањето на Фејсбук и Инстаграм со што ги навлекува корисниците подолго да останат на платформите. ЕК и нареди на Мета да ги оневозможи „клучните функции што предизвикуваат зависност“. ЕК тврди дека Мета не успеала правилно да ги процени ризиците по физичкото и менталното здравје на корисниците, вклучително и на малолетниците, од ...

Граѓанин преку Фејсбук групата „Кисела Вода – Пријави Проблем“ алармираше за вандалски чин во детското игралиште на улицата „Ѓорги Сугаре“, веднаш до зградата „Дабар“, каде, според објавата, непознато лице ги полеало детските реквизити со масло. Во објавата, граѓанинот изразува разочараност и револт, посочувајќи дека најмногу се погодени децата кои секојдневно го користат игралиштето. „Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги ...

Врз основа на информација од македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување ...

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена, а проектот веќе бележи видлив напредок на терен. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници на Министерството, ДЕСФА и НОМАГАС ...

Посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Македонија предизвика внимание поради тоа што во нејзината агенда немаше средби со лидерите на најголемите парламентарни опозициски партии, Венко Филипче и Али Ахмети. Според дипломатски извори на МКД.мк, изостанувањето на средбите со претседателите на СДСМ и ДУИ претставува порака од Брисел поврзана со улогата на опозицијата во процесот за измени на Изборниот законик. Невообичаена ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми. Гранатата потекнува од Првата светска војна, а е пронајдена во атарот на село Пепелиште, Неготино, информираат од ДЗС. Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени ...

Македонските аеродроми бележат рекорден раст на бројот на патници. Во првите шест месеци од годинава низ двата аеродроми поминале два милиони патници, што претставува раст од над 30 проценти во однос на истиот период лани, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. „Бројките излегоа денеска и се одлични. Имаме два милиони патници за шест месеци годинава, што е раст од над 30 проценти споредено со ...

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја излажат јавноста преку прашањето за измените на Изборниот законик и гласањето на дијаспората. „Дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и гласа според постојниот модел. Ние не сме против тоа право, туку сме против неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба“,рече таа. ...

Српски државјанин (61 годишен) е повреден за време на летот од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен, откако прозорецот на авионот се скршил и кабината се декомпресирала, објави „Прототема“. Авионот кој полетал од Солун за Минхен, безбедно се вратил на аеродромот во Солун, но неколку патници пријавиле повреди. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор наводно се скршил и удрил во прозорецот на кабината. Според патникот, откако ...

Четиринаесетгодишно девојче починало по пад од лулашка во паркот во Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово, вчеравечер кај нив од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар ...

Во време кога Европа сè повеќе инвестира во критичните минерали, дел од домашната јавност и понатаму со недоверба гледа на рударските проекти. Универзитетскиот професор Благој Голомеов оценува дека ваквата перцепција не ја следи технолошката еволуција на современото рударство. „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“ Според него, токму проектот „Иловица“ предвидува примена на современи технологии, а јавната ...

Мароко беше елиминирано од Светското првенство, но поразот предизвика тензична атмосфера на улиците во Лондон. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат групи навивачи, полициско присуство и хаотични сцени по натпреварот. Тензична ноќ во Лондон По завршувањето на натпреварот, дел од мароканските навивачи излегоа на улиците, а ситуацијата на повеќе локации излезе од рамките на спортска еуфорија. Според видеата што се шират на ...

Навистина е големо задоволство кога ќе се видат завршени проекти, му честитам на градоначалникот, навистина прави одлична работа. Тетово доживува инфраструктурен бум и тоа е за секоја поддршка и за секое поздравување. Улицата „Штипска“ е дел од проектот кој што го работиме заедно со општината и со Светска банка, кажа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Тетово. Она што со гордост сакам да ...

Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во работна посета на општина Тетово, каде заедно со градоначалникот Биљал Касами и заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, извршија увид во реконструираната улица „Штипска“. При посетата, Николоски ја истакна успешната соработка меѓу Владата и општина Тетово, нагласувајќи дека градот доживува силен инфраструктурен развој преку ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии, сè додека во законското решение е задржано гласањето на дијаспората. -Сакам да ја потсетам јавноста дека изминатата недела, поточно во саботата, како и оваа недела во вторникот, се одржаа средби на ...

Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Скопје со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови. -Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза. Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата е да се направат меѓуградски возови, нешто што многу ќе го ...

Македонските аеродроми во Скопје и Охрид во првата половина од 2026 година опслужиле вкупно 1.975.911 патници, што претставува раст од 5 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти ТАВ Македонија. Во периодот од јануари до јуни реализирани се 15.251 лет, што е зголемување од 4 проценти во однос на првите шест месеци од минатата година. Најголем дел од патничкиот сообраќај е остварен преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил ...

Студентите кои ќе ги прекршат правилата за престој во студентските домови би можеле да се соочат со значително построги санкции, предвидени во новиот Предлог-закон за студентскиот стандард. Меѓу најстрогите мерки е можноста за забрана за сместување во студентски дом во период до пет години за потешки прекршоци. Построги дисциплински мерки Според предложените измени, поседувањето или консумирањето алкохол во студентска соба може да биде основ ...

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела порасна на 3.889 лица, покажуваат податоците што синоќа ги објави високиот функционер Хорхе Родригез. Според најновите податоци, во земјотресите се повредени 16.740 лица, додека 17.907 луѓе останаа без своите домови. Најголемите здравствени ризици по двата земјотреси вклучуваат прекини во редовната здравствена заштита, пренатрупани привремени засолништа и недостиг на пристап до чиста вода, ...

Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша, во соопштение за медиумите остро го осуди задржувањето на функционери од партијата ВЛЕН од Македонија на граничниот премин Ќафасан. „Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, вчера, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од коалицијата на албански партии во Македонија, ВЛЕН, не им беше дозволено да влезат на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.03
54%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
75%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07