Црногорската полиција спроведе голема акција против организираниот криминал во Подгорица, во која е уапсен 24-годишниот Лука Тодоровиќ, осомничен дека е поврзан со високоризична организирана криминална група. При контролата и претресите на повеќе локации биле пронајдени над 4,2 килограми наркотични средства. Меѓу запленетата дрога имало околу еден килограм кокаин, приближно 3,2 килограми марихуана и 190 таблети МДМА, позната како екстази. Од ...

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на ...

И покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност, истакна на денешната прес конференција Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти. Особено ...

Катарскиот државен инвестициски фонд го блокирал планираниот договор меѓу германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ и израелската одбранбена компанија „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“, проект кој требаше да обезбеди иднина за стотици работни места во фабриката во германскиот град Оснабрик, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Според истите извори, Катарската инвестициска управа (QIA), која поседува ...

Додека Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија напредуваат во процесот на европска интеграција, Македонија останува надвор од европската мапа и од агендата за проширување поради погрешните политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој оцени дека најавениот „супер вторник“ на 14 јули е доказ дека Европската Унија го задржува проширувањето високо на листата на приоритети, но дека Македонија не ...

Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале помладите ученици што ...

Односите меѓу Полска и Украина се соочуваат со сериозна криза поради спротивставените толкувања на Волинскиот масакр и одлуките на Киев со кои се величаат припадници на Украинската востаничка армија – УПА. Иако двете земји остануваат стратешки партнери во спротивставувањето на Русија, историските спорови предизвикаа остри реакции во Варшава, најава за изградба на спомен-ѕид и политички судири околу натамошната воена помош за Украина. Коренот ...

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци. Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично ...

Сопругата на 61-годишниот српски државјанин Љубиша Каровиќ раскажа како таа и уште двајца патници успеале да го задржат откако за време на лет со авион на „Рајанер“ од Солун пукнал прозорецот покрај неговото седиште, а половина од телото му завршило надвор од леталото. Каровиќ сега се наоѓа во болница, каде што закрепнува од повредите и претрпениот шок, а неговата сопруга Светлана Грковиќ во емисијата „Live News“ на грчката телевизија „Мега“ ...

Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада. Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација. Причината за смртта не е позната, но има шпекулации дека станува збор за самоубиство, бидејќи имал проблеми со депресија. Како ...

Седумдесет и тригодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната и ограбена на подрачјето на Општина Центар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 11 јули во 01:30 часот во СВР Скопје, М.П. (73) пријавила дека едно лице употребило физичка сила и ѝ го одзело личниот накит. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Седумдесет и ...

Осуденик физички нападнал затворски службеник во полуотвореното одделение на КПУ Затвор Идризово, додека тој ги извршувал своите работни задачи. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје на 10 јули околу 10:45 часот. Според полициските информации, напаѓачот е 35-годишниот Т.П. од Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. Осуденик физички нападнал затворски службеник во полуотвореното одделение на КПУ Затвор Идризово, ...

Епл поднесе тужба во федералниот суд во Калифорнија во петокот, тврдејќи дека OpenAI ги користел трговските тајни на компанијата додека развивал сопствен хардвер за ChatGPT. Во тужбата, Епл тврди дека OpenAI, при вработувањето на своите вработени, го охрабрувал споделувањето доверливи информации и давал упатства за тоа како да се избегне контрола кога се префрлиле во друга компанија. „Овој случај вклучува поранешни вработени на Епл кои ...

На Водно, над Нерези и во близина на селото Горно Крушопек, била забележана мечка, информира платформата „SkiMacedonia“. Информацијата се проширила и меѓу планинарските друштва, според кои животното се движело по рутата Јасен – Матка – Нерези. Засега нема пријавен напад или друг инцидент, ниту надлежните служби соопштиле дека постои непосредна опасност за граѓаните. Сепак, посетителите на Водно се повикуваат на зголемена внимателност, ...

Попладнево е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои работат на локализирање на пожарот. „Кон местото на пожарот ќе бидат упатени и два ‘ер трактори’ со цел да помогнат во гаснењето“, соопшти Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС. Според првичните ...

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата во најкраток можен рок ќе преземе мерки кон трговците кај кои е утврдено зголемување на трговските маржи, откако ќе биде финализирана анализата за цените на околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во реконструкцијата на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски информираше дека наскоро во Министерството за економија и труд ќе се одржи состанок со ...

Од СДСМ обвинија дека државата повторно нуди на продажба дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, додека, како што велат, сè уште нема јасен одговор дали е постапено по барањето за негова екстрадиција од Унгарија. Партијата наведува дека станува збор за станови и друг имот вреден неколку милиони евра, но тврди дека тоа е само мал дел од вкупниот имот и средствата со кои располагаат Груевски и неговото семејство. ...

Апелациониот суд во Скопје донесе конечна одлука со која делумно ја усвои жалбата на Зијадин Села и ја зголеми отштетата за нематеријалната штета што ја претрпел за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Според пресудата, државата треба да му исплати вкупно 7,8 милиони денари поради повреда на неговите лични права, физичкото и менталното здравје, достоинството, честа и угледот. Апелациониот суд оценил дека првостепениот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара предложениот нов министер за земјоделство јавно да одговори дали има бугарски пасош и двојно државјанство, оценувајќи дека само кадровска смена нема да ги реши наталожените проблеми во земјоделството. На средба со земјоделци во Чешиново-Облешево, Филипче рече дека власта до неодамна го бранела досегашниот министер, иако СДСМ поднел интерпелација против него, а само неколку недели подоцна ...

Десетици илјади луѓе се собраа денес во Сребреница, во Меморијалниот центар Поточари, за да им оддадат почит на жртвите од геноцидот извршен пред 31 година во таа енклава под заштита на Обединетите нации (ОН), а по овој повод, 11 јули се одбележува и како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Посмртните останки на десет жртви беапогребани денес: Јусиќ (Заим) Сенад (1975), Бараковиќ (Рамиз) Муриз (1973), Мусиќ (Едхем) Хамед ...

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе добие 3.465 евра отштета од државата поради мерките притвор и куќен притвор што му биле определени во предметот „Организатори на 27 април“. Атанасовски поминал шест месеци во притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен притвор. Поради тоа поднел претставка до Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека му било повредено правото на слобода и безбедност. Според одлуката, по неуспешните ...

Принцот Арчи и принцезата Лилибет, децата на принцот Хари и Меган Маркл, по четири години повторно се сретнаа со својот дедо, британскиот крал Чарлс Трети. Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс и кралицата Камила во петокот, 10 јули, ги угостиле принцот Хари, Меган Маркл и нивните две деца на приватна семејна средба. Средбата се одржала во Хајгроув Хаус, приватната селска резиденција на кралот во Глостершир, Англија. Од палатата ...

Со зголемувањето на температурите, многу луѓе претпоставуваат дека фрижидерот е најбезбедното место за чување на целата храна за да ја одржат свежа. Сепак, за некои производи, ладењето прави повеќе штета отколку корист, бидејќи може да го уништи нивниот вкус и текстура. „Мирор“ истакнува пет намирници што никогаш не треба да ги чувате во фрижидер, дури и во жешко време. Краставици Ниските температури можат да предизвикаат кората да се ...

Турската полиција приведе 27 лица во истрага за наводно поткупување и нерегуларности при јавни набавки, а обвинителството издало наредби за апсење на вкупно 36 осомничени. Меѓу нив е и градоначалникот на анкарската општина Чанкаја, Хусеин Џан Гунер, член на главната опозициска Републиканска народна партија – ЦХП. Според турските власти, акцијата продолжува и полицијата трага по преостанатите девет лица опфатени со наредбите. Обвинителството ...

Спроведените евалуации на високообразовните институции во земјата покажале неправилности во работењето кај дел од нив, поради што ќе следува одземање на акредитации и затворање на оние што нема да ги отстранат недостатоците во законски предвидениот рок. Тоа денеска од Охрид го посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Одговарајќи на прашање на медиумите, Јаневска посочи дека, за разлика од претходниот период сега активно ...

Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората. -За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека се направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз – БРТ. Тој остварил работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која присуствувале и Билјана Милошеска и Даница Пишева Исајловска. Проектот бил деблокиран по повеќегодишен застој ...

Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот, кога И.И. (52) паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. На местото излегле полициски службеници од ...

Три луксузни апартмани на поранешниот премиер Никола Груевски во комплексот „Панорама резиденс“, одземени во рамките на предметот „Плацови на Водно“, повторно се понудени на јавна продажба. Разгледувањето на недвижностите ќе биде организирано на 16 јули, додека јавното наддавање е закажано за 29 јули. Модерно уредување, џакузи и панорамски поглед Станува збор за три апартмани од висока категорија, со голема станбена површина, пространи ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54