Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од најблиската населено место. Пожарот, што уништи речиси 3.000 хектари шумска област, е еден од најголемите во историјата на Белгија. Иако не се очекува пламените јазици да ...
Во нуклеарната централа Пакш во Унгарија се преземаат вонредни мерки за да продолжат да работат двете преостанати турбини, откако ниското ниво на Дунав ја намали работата на електраната. Унгарскиот премиер Петер Маѓар на мрежата X соопшти дека вторник и среда ќе бидат критични, бидејќи се очекува нивото на Дунав дополнително да падне за 14 до 15 сантиметри. „Моментално сме девет сантиметри од нивото на водата што би барало повторно ...
Првите три случаи на западнонилска треска оваа сезона се потврдени во Војводина, а експертите предупредуваат дека променливите климатски услови може да придонесат инфекциите во Србија да се појавуваат во подолг период од годината. Специјалистот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Војводина, Снежана Медиќ, вели дека кај најголем дел од заразените инфекцијата поминува без симптоми. Околу 80 отсто од луѓето заразени по каснување ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 47 се повредени откако автобус со полска регистрација излетал од автопатот М3 во источна Унгарија, паднал во канал и се превртел. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ во близина на градот Мезекерестеш, на околу 140 километри од Будимпешта. Автобусот патувал кон Ниреѓхаза во североисточниот дел на земјата. Во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Според унгарските служби за итна помош, десет од ...
На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода 25-годишниот Д.М. од Струмица, откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени марихуана и четири таблети екстази. Според информациите од полицијата, на 15 август 2026 година околу 21 часот, при извршен преглед на патничко возило „поло“ со струмички регистарски ознаки, Д.М. од возилото извадил и им предал на полициските ...
По повеќемесечна истрага, Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и со надлежните служби од Косово и Грција, ја сузбило организираната криминална група инволвирана во меѓународен транспорт на марихуана. На 14 август 2026 година во Солун биле лишени од слобода македонски и косовски државјанин. При акцијата биле ...
Нов пожар избил над селото Вржале, во околината на Скопје, информира Центарот за управување со кризи. Поради непристапниот терен, пожарот не може целосно да се локализира со интервенција од земја. Поради тоа, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе зависи од временските услови и состојбата на теренот. Екипите ќе останат на местото во текот на целата ноќ и ќе ја следат состојбата, со цел навреме да се реагира доколку ...
„Филипче од јахтата на Заев откри нова криза – селската чешма во Кривогаштани“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по предупредувањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека водата од селска чешма во Кривогаштани е загадена. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче темата ја отвора додека е на одмор во Грција и го обвинуваат дека преку случајот шири „хистерија“ и паника и се обидува да прави политички пресметки. „Филипче додека од јахтата на Заев се шета по ...
СДСМ обвинува дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, како што наведува партијата, во јавна чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени бактерии поради кои водата не е безбедна за пиење. Од СДСМ наведуваат дека во водата биле пронајдени Escherichia coli, интестинални ентерококи и Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии. „По Гостивар и над 50 места низ ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и ...
Дваесетгодишен скопјанец е приведен под сомнение дека со закана со остар предмет се обидел да ограби спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар. Од СВР Скопје информираат дека на 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје. Претходно во полиција било пријавено дека во спортска обложувалница, осомничениот со закана со остар предмет се обидел од вработената да одземе пари. По ...
Групна физичка пресметка во која учествувале шест лица се случила во непосредна близина на полициската станица во Кочани. Четворица од учесниците биле приведени, а надлежните ќе го испитуваат и постапувањето на полициските службеници. Инцидентот се случил вчера, 15 август, околу 19:15 часот на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани. Според информациите од полицијата, по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка ...
Голем пожар избувнал синоќа во скопската општина Зелениково, при што огнената стихија се приближила до првите куќи. Благодарение на брзата реакција на противпожарните екипи и локалните жители, пожарот бил спречен да се прошири кон објектите. Во гаснењето помогнале и членови на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково, кои заедно со професионалните пожарникари интервенирале на теренот. Според податоците од Центарот за управување со ...
Фотографии на кои се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа реакции на социјалните мрежи. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и директно се качуваат на објектот на храмот, притоа облечени во костими за капење. Според него, црквата претставува свет и духовен простор, но и дел од културното и туристичкото ...
Илјадници емотивни обожаватели излегоа на улиците за да ѝ оддадат последна почит на легендарната пејачка Бони Тајлер, додека нејзиниот ковчег се пренесуваше кон нејзиниот дом во Свонси. Изведувачката на незаборавниот хит „Total Eclipse of the Heart“ ненадејно почина на 8 јули, на 75-годишна возраст, во болница во Португалија, пишува „Би-би-си“. Иако успеа да го освои светот со своите хитови, жителите од нејзиниот роден крај ја опишуваат како ...
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, ...
На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Н.(59) од Скопје по претходна пријава дека околу 16:30 часот во домот физички ги нападнал неговата 58-годишна сопруга и нејзината 78-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 15.08.2026 околу 20:30 часот Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од ...
Да се објави извештајот за водатата во Гостивар. Еве, јас инсистирам, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозициската партија и повикувањето на премиерот на одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, Мицкоски на новинарско прашање одгвоори дека „тоа е демократско право на секоја политичка партија доколку тие ценат дека таа стратегија во нивното политичко ...
Фотографии на кои се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа реакции на социјалните мрежи. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, дека станува збор за место кое „претставува свет и духовен простор, а истовремено е ...
Експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, на 16.08.2026 околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во селото Бардовци, Скопско кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. Бил скршен прозорец, оштетено било патничко возило, портата и друго. Експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. – На пожарот на ...
Да се објави извештајот за водатата во Гостивар. Еве, јас инсистирам, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозициската партија и повикувањето на премиерот на одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, Мицкоски на новинарско прашање одгвоори дека „тоа е демократско право на секоја политичка партија доколку тие ценат дека таа стратегија во нивното политичко ...
Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во периодот од февруари ...
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски оцени дека ова се податоци кои ја покажуваат суштинската разлика во економските резултати меѓу актуелната и претходната власт на СДСМ и ДУИ. Споредено со просекот на Европската ...
Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата. Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид. Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се ...
Во Македонија се гради на повеќе од 1.200 места. Ова за Владата е многу значајно. Не само што се ангажира домашната оператива туку е и сериозен индикатор за подобра економска активност, а се докажува дека децениски проблеми можело да се решат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. -Иако, се ...
Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва. Ова го соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА. Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Градоначалникот на Москва соопшти дека ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов раскажува за драматична ситуација која синоќа се случила над Зелениково. Во опасност од пожар биле неколку куќи. -Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, ...
Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже. Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од ...