Разговори со коалициските партнери Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во петок и сабота ќе одржи средби со коалициските партнери од ВЛЕН и ЗНАМ, на кои ќе се разговара за најавената реконструкција на Владата. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на реконструираната Општа болница во Струмица, Мицкоски истакна дека соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН е коректна и пријателска. Мицкоски очекува соработката да продолжи Премиерот ...

Несреќата се случила во Младеновац Дванаесетгодишно дете е тешко повредено откако врз него се урнала метална конструкција од автобуска станица во Младеновац, Србија. Детето било примено во Детската болница во Белград во 23:30 часот. Детето е во животозагрозувачка состојба Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, детето се наоѓа во животозагрозувачка состојба, а лекарите се борат за неговиот живот. Очевидци изјавиле дека ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ. – Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја опструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која ...

Пристигнувањето на илјадници навивачи на Шкотска на Светското првенство предизвика неочекуван проблем во Бостон – недостиг на пиво низ целиот град. За време на групната фаза од Светското првенство, Шкотска игра два натпревари во Бостон, а голем број навивачи на популарната „Тартан арми“ отпатуваа во САД за да го поддржат својот тим. Сепак, нивната жед стави сериозен притисок врз локалните пабови и дистрибутерите на алкохол. Сопствениците на ...

Потребни се повеќе средства за приспособување Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, поради што се неопходни поголеми финансиски средства за спроведување мерки за приспособување кон климатските промени, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата. Оттаму посочуваат дека медитеранските земји, меѓу кои и Македонија, сè почесто се соочуваат со подолги сушни периоди, помалку ...

Скопје се најде на осмото место на светската листа на најдобри градови за соло патници, според најновото истражување на платформата GuruWalk. Рангирањето е изработено врз основа на резервациите за бесплатни пешачки тури во последните 12 месеци, при што бил анализиран уделот на туристите кои патувале сами во 150 популарни туристички дестинации ширум светот. Како е направено рангирањето? Истражувањето на GuruWalk ги опфатило резервациите за ...

Европските индекси денес се во мал пад, а цената на суровата нафта (WTI) од утрово падна за 1,03 проценти и се продава за 75,23 долари за барел. Според податоците од берзата утрово цената на нафтата брент падна за 0,66 проценти на 78,44 долари. Германскиот DAX падна за 0,40 проценти, британскиот FTSE 100 падна за 0,10 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,04 проценти. Вредноста на еврото во однос на доларот денес е 1,1607 долари. ...

Пред осум години, на 17 јуни 2018 година, во грчкото село Нивици, познато и како Псарадес, на брегот на Преспанското Езеро, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа. Со документот беше завршен долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји. Променето уставното име и отворен патот кон НАТО Со договорот, тогашната Република Македонија го промени уставното име во Република Северна Македонија. Грција ги призна македонскиот јазик и ...

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во ...

Блокадата ќе трае два часа Бугарската Фондација „Македонија“ најави дека в недела ќе ги блокира трите гранични премини меѓу Бугарија и Македонија. Според најавата, блокадата ќе трае два часа, од 11 до 13 часот, а активностите се координирани со бугарското Министерство за внатрешни работи. Од Фондацијата обвинуваат за прогон на Бугарите Од организацијата соопштија дека целта на мирната блокада е да му испратат порака на премиерот Христијан ...

Натпросечно високи температури, особено во Повардарието, Скопската Котлина, Пелагонија и источните делови на државата, се најавуваат во текот на летото, кое ќе се карактеризира со повеќекратни и интензивни топлотни бранови, но и со повремени, локално интензивни атмосферски нестабилности. Професорот по метеорологија на Природно-математичкиот факултет и член на Советот за безбедност, д-р Владо Спиридонов, во неговиот најнов осврт за летото ...

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц. Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите на ...

Дебатата за европската иднина на Западен Балкан во Европскиот парламент донесе уште една порака што предизвика реакции кај бугарските европратеници. Покрај известувачот за Македонија, Томас Вајц, поддршка за земјата искажа и португалскиот известувач во сенка Антонио Танжер Кореја. – Повеќето од овие земји порано беа многу поблиску до ЕУ. Наша е вината, поради тоа што ги напуштивме. Во однос на Република Македонија, се согласувам дека ни е ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма, каде што говореше за реализацијата на владината програма, улогата на ЗНАМ во Владата и клучните политички прашања од интерес за граѓаните, се наведува во соопштението на ЗНАМ. Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ стана дел од владината коалиција, Димитриевски истакна дека главната цел била да се спречат негативните политички ...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Д.С.(44) од Скопје кој е осомничен за опожарување на дипломатските возила во Скопје. СВР Скопје во целост го расчистило случајот кога на 15.06.2026 година беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит-пазар поднесе кривична пријава по итна постапка ...

Лионел Меси постигна хет-трик за историјата на Светското првенство една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светското првенство, Меси ги постигна сите голови во победата од 3-0 над Алжир во Канзас Сити. Со вкупно 16 гола, тој се изедначи со Мирослав Клосе, кој беше единствениот најдобар стрелец во историјата на Светските првенства досега. Капитенот на актуелните светски шампиони во одбраната на титулата ги ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го опиша рамковниот договор со САД, кој треба да биде потпишан во Швајцарија в петок, како дипломатска победа за неговата земја. „Не треба да дозволиме оваа можност, која би можела да ја извлече земјата од моменталната ситуација, да ни се испушти. Можеби нема да се повтори“, рече Пезешкијан, според новинската агенција ISNA. Иранскиот претседател: Договорот со Америка е можност што не смееме да ја ...

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. По тој повод голем народен собир ќе се одржи на стадионот „Младост“ во Струмица од 20 часот. Пораката на прославата е „Македонија забрзува. Наша обврска“. Оваа порака ја истакнува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да се изгради просперитетна Македонија. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на Г7 на брегот на Женевското Езеро изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран, иако верува дека тоа сепак се случило. – Никогаш не ми беше грижа за промена на режимот … но претпоставувам дека сега имате промена на режимот – рече Трамп денеска по средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани. На почетокот на војната на 28 февруари, Трамп ги повика ...

Во Обединетото Кралство во понеделникот пристигнале 710 луѓе за кои се претпоставува дека се мигранти, откако го преминале каналот Ламанш со мали чамци. Тоа е најголемиот број пристигнувања во еден ден од почетокот на годинава, покажуваат најновите податоци. Преминувањето следува по двонеделен период без регистрирани пристигнувања, бидејќи меѓу 1 и 14 јуни не бил забележан ниту еден ваков случај. Во понеделникот пристигнале вкупно 11 чамци, ...

Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат. Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување ...

Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници ...

По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во дебатата за европската иднина на земјите од Западен Балкан се заложи напредокот и спроведените реформи во земјава да бидат наградени. Австрискиот европратеник предложи и амандман за бришење на параграфот 73 од извештајот за Македонија, со што во текстот повеќе не би бил конкретно споменат Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија. ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров иронично го поддржа влезот на Украина во Европската Унија, тврдејќи дека тоа би довело до распад на самиот блок. Изјавата ја даде на прес-конференција во Москва, по средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пренесува РИА Новости. „Со оглед на внатрешните проблеми на Европската Унија, можеби не е лошо ако Украина се приклучи. Тогаш таа едноставно би се распаднала“, рече ...

Договорот што во петок треба да го потпишат Соединетите Американски Држави и Иран содржи повеќе прецизно дефинирани одредби, објави саудиската телевизија „Ал Арабија“, која тврди дека добила копија од документот меѓу Вашингтон и Техеран. Со Меморандумот за разбирање, Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави, заедно со своите сојузници во тековната војна, треба веднаш да прогласат моментален и траен прекин на ...

На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; ...

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, се осврна на темата за правосудството за што кажа дека забавувањето на одредени процеси не значи дека правдата нема да биде задоволена, посочувајќи дека Владата презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството. Според неа, нема да има компромиси во борбата против криминалот и корупцијата. -Ако процесот забавува, не значи дека ...

На социјалните мрежи се појави видеоснимка од надзорни камери во Ресен, на која се гледа како граѓанин со секира разбива банкомат на една македонска банка. Засега не е познато што го мотивирало или разлутило ресенчанецот да посегне по вакво „ладно оружје“ против апаратот за готовина. Останува непознато дали банкоматот му ја задржал картичката, не му го прифатил ПИН-кодот, покажал дека на сметката нема средства или, пак, лицето итно се ...

Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата, рече Марија Митева, член на ИК на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.1
40%
1016
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
1.07
54%
1014
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.51
49%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.18
42%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.62
44%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.45
74%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.58
39%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.43
60%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.11
46%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
54%
1016
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
0.45
30%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.47
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Бакар

12.22

Алуминиум

3.11

Цинк

0.00

Злато

129060.56

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Паладиум

38355.84

Иридиум

233896.68

Калај

50.54

Кобалт

56.29

Платина

50476.67

Сребро

1862.96