Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна од автопатот М3 во Унгарија синоќа, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар. Автобусот паднал во канал и се превртел во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ. -Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3, објави унгарскиот премиер Петер ...
Пелагониските земјоделци, производители на жито се незадоволни од откупната цена на пченицата која се движи од 10 до 9,5 денари за килограм и бараат од државата доплата од 5 денари по килограм, средства од Интервентниот фонд. Здруженијата на земјоделци се со став дека оваа година жетвата поминала со катастрофално ниски цени кои не им ги покриваат трошоците за производство на лебното жито. На средбата во Прилеп што се одржа синоќа, ...
Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, ана ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (недела) во 11:00 часот ќе изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, во Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени преку вториот јавен повик на Владата. Проектот ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот. „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска. Таа посочува дека со подобра организација и ангажман успеале да ги сработат заостанатите предмети. ...
Драматични видеоснимки од голем пожар во Сутоморе, Црна Гора, вечерва се шират на социјалните мрежи. На снимките се гледаат големи пламени јазици и густ чад кој се шири над населеното подрачје. Според видеоснимката објавена на Инстаграм-профилот „192_rs“, огнот во еден момент стигнал многу блиску до куќите во Сутоморе. „Голем пожар во Сутоморе, огнот стигна до куќите“, стои во описот на објавата. На снимката се гледа како огнената линија се ...
Три нови случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, со што вкупниот број на регистрирани случаи оваа сезона се искачи на 34, соопшти Центарот за јавно здравје Скопје во изјава за МРТ. Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител на скопско Арачиново. Според епидемиологот Љуљзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје – Скопје, во подрачјето има услови погодни за размножување на комарците. „Нов случај денеска имаме во ...
Два земјотреси се регистрирани на територијата на Македонија во период од нешто повеќе од 22 часа. По синоќешниот потрес во Охридскиот Регион, денеска попладне земјотрес со магнитуда од 2,5 степени е регистриран во Полошкиот Регион, во близина на Гостивар. Последниот земјотрес бил регистриран денеска во 16:10 часот. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на околу 47 ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т. (48) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Според информациите од МВР, во јули 2021 година пријавениот измамил едно лице од кое набавил 2,580 тони сливи, но до моментот на пријавувањето не ја извршил исплатата за преземената стока. Со тоа, според пријавата, Ј.Т. се стекнал со противправна имотна корист во ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вечерва упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да не предизвикуваат пожари, посочувајќи дека состојбата со пожарите на отворен простор и понатаму е алармантна. Во видео порака од опожарен терен, на кој се гледаат само пепел и прашина, Ангелов предупреди дека една искра може да предизвика голема катастрофа. „Да не бил некој добар, но невнимателен човек, или ...
Два земјотреса се регистрирани на територијата на Македонија во период од нешто повеќе од 22 часа. По синоќешниот потрес во Охридскиот Регион, денеска попладне земјотрес со магнитуда од 2,5 степени е регистриран во Полошкиот Регион, во близина на Гостивар. Последниот земјотрес бил регистриран денеска во 16:10 часот. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на околу 47 ...
Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата. Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ – фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола. Вечерва, програмата продолжува. Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку ...
Пет лица се повредени во пукање што рано утрово се случило на Државниот универзитет на Вирџинија во САД, при што едно од нив е во критична состојба. Инцидентот се случил околу 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Quad Annexes“, пренесува NBC News. Според универзитетот и полицијата, сите петмина повредени биле пренесени во локалните болници. Едно лице се здобило со тешки повреди и се наоѓа во критична ...
По вчерашната голема меѓународна полициска акција во која беше сузбиена организирана криминална група за недозволена трговија со наркотици, истрагата продолжи и во текот на ноќта и раните утрински часови, при што е пронајдено и лишено од слобода уште едно лице. Одделот за криминалистичка полиција, по спроведените истражни дејствија и оперативни активности, го пронајде и лиши од слобода лицето за кое постојат сомненија дека е дел од ...
Трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска се ангажирани во гаснењето на пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот зафатил исклучително стрмен терен со густи грмушки, што го отежнува движењето и оневозможува пожарникарите директно да дејствуваат на теренот. Поради тешко пристапниот терен, трите „ер трактори“ дејствуваат концентрирано на неколку точки, со цел да ...
Стотици мигранти денеска се собрале во планинска област во близина на Кастиљехос, во обид нелегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута, но мароканските безбедносни сили ги растерале и спречиле нивно приближување до границата. Според шпанските медиуми, повикувајќи се на марокански безбедносни извори, мигрантите биле забележани во планинската област во близина на пограничниот град Кастиљехос, југозападно од Сеута. По ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала денес попладне беше почувствуван во Гостивар и околните населени места, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според официјалните податоци, земјотресот бил регистриран во 16:10 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје. Потресот бил почувствуван ...
Елведин Пезиќ, исламски проповедник од Босна и Херцеговина кој во август минатата година одржал верски настани во Струга и Октиси, е протеран од Косово откако на 13 август бил приведен непосредно пред планираната промоција на книга во Витомирица кај Пеќ. Косовските власти досега не ја соопштиле конкретната причина за протерувањето. Пезиќ на Косово требало да одржи уште две трибини, во регионот на Исток и во Призрен. По приведувањето, на 14 ...
Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото се отвори, ветрот стивна и ѕвездите осамнаа над Античкиот театар Хераклеа Линкестис којшто ги вдоми маестро Симон Трпчески со неговите маестрални музички пријатели и привилегираната публика, желна и жедна за музички чуда, напиша денеска на Фејсбук претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која присуствувала на концерт на Симон Трпчески. Симон, уште еднаш покажа и докажа ...
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, ...
Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата, истакна денеска премиерот ...
Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“. -Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје ...
На 14.08.2026 година во 14:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода И.Д.(44) од Тетово. Постапувајќи по претходна пријава од неговата 41- годишна сопруга, дека по вербална расправија физички ја нападнал при што и упатил и вербални закани. Пријавителката се здобила со телесни повреди, но истиот и оневозможил да побара лекарска помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе ...
Се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик, информира министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Преку објава на социјалните мрежи тој соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето може да се ...
Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...
Во јавната дебата често се наметнува дилемата дека државите мора да избираат меѓу заштитата на животната средина и развојот на рударството. Европското искуство, сепак, покажува дека овие две цели не мора да бидат спротивставени – земји со високи еколошки стандарди истовремено развиваат современо рударство и инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси. Во Брисел наскоро се очекуваат резултатите од вториот повик за ...
Информиран сум дека неколку лица, повеќе од 10-ина се повикани на разговор во МВР. За жал, денеска преку социјалните медиуми голем број пораки се испраќаат, меѓу кои и вакви кои претставуваат своевиден хибриден напад, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за лажните информации во врска со водата во Скопје. -Пораки кои имаат за цел да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните. Во услови кога не можете ...