Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Водата во Гостивар беше прогласена за безбедна за пиење истиот ден кога Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија објави дека водата од тамошниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење, се наведува во соопштението СДСМ , објавено на социјалните медиуми. Во соопштението се наведува дека Мицкоски и Клековски повторно избегнале да се појават пред граѓаните. Вчера во Гостивар беше организирана здравица и групна ...
Драматично утро во Индонезија. Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 го погоди источниот дел на земјата, по што беа регистрирани и помали бранови од цунами. Според најновите информации од спасувачките служби, најмалку 20 лица загинале, шест се повредени, а две лица останале затрупани под урнатини. Потресот се случил во раните утрински часови во близина на островот Флорес. Најтешка е состојбата околу Маумере, каде што спасувачите пронашле ...
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...
Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“. „Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк. Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став. „Она што го правиме ...
“Заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски имавме работен состанок на терен за автопатот Охрид- Кичево” -објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “Се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана ...
СДС и раководството нема што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата единствено што знае СДС е да креира хаос, да шират лажни вести и дезинформации. Венко Филипче додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека Венко Филипче и Зоран ...
Активни се шест пожари, а еден е под контрола, информираат од Центарот за управување на кризи. До 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 метри квадратени, а вредноста на проектот изнесува 19.410.970 денари. По завршувањето на настанот, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме ...
Тричлено семејство е меѓу најтешко повредените во катастрофалниот пожар кај Омиш, објави Net.hr, повикувајќи се на неофицијални информации. Станува збор за две женски и едно машко лице, на возраст од 18 до 46 години, кои се здобиле со тешки изгореници, а нивната здравствена состојба е многу сериозна. Лекарите во Загреб во моментов се борат да ги стабилизираат виталните функции на најтешко повредените, по што треба да продолжи третманот на ...
Ссончево време со мала до умерена облачност, за денеска најавуваат од УХМР. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб ...
Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, вели Наум Стоилковски. -Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира! Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, ...
Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина Јегуновце, зафаќајќи ја околната вегетација. На терен се мобилизирани значителни противпожарни сили, објави 4news.mk Во моментов, во гаснењето на стихијата учествуваат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување на помош се пристигнати и колеги од противпожарните служби од ...
Едно лице загина, а 42 се повредени во катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето околу Омиш и Сплит, Хрватска. Осуммина од повредените се во критична состојба и се борат за живот на респиратор, додека пожарот зад себе остави голема материјална штета – изгорени автомобили, уништени куќи и опожарени бродови. Сплитската полиција го пронашла телото на починатата жена на локацијата Мала Лука. Според првичните неофицијални информации, станува ...
Македонски и косовски државјанин се лишени од слобода денеска во Солун во рамки на меѓународна координирана истрага против организирана криминална група. При контрола на товарно моторно возило, во приколката биле пронајдени и запленети 324 килограми марихуана, скриени во осум палети со хартија. Акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство ...
Човечко невнимание, меѓу кое и фрлен отпушок од цигара, е една од можните причини за катастрофалниот пожар кај Омиш, Хрватска, но точната причина сè уште не е утврдена. Полицијата ја спроведува истрагата, додека пожарникарите и денеска продолжија со гаснењето на огнот кој зафати околу 900 хектари. Во пожариштето денеска било пронајдено и тело на едно лице. Томислав Ресман, заменик-командант на Јавната противпожарна служба на Загреб, вели ...
Двајца пожарникари биле нападнати додека се обидувале да изгаснат пожар во штала со поголемо количество тутун во близина на Прилеп. Сопственикот на објектот со туркање во пределот на градите ги спречувал да продолжат со интервенцијата, а случајот е пријавен во полиција. За инцидентот информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Пожарникарите пристигнале на местото за да го локализираат пожарот и да го ...
Утре (сабота, 15.08.2026 година) во 11:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 м², а вредноста на проектот изнесува 19.410.970 денари. По завршувањето на настанот, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите. Утре (сабота, 15.08.2026 година) во 11:00 часот, претседателот на ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне, во 18:08 часот, во Охридско-Ресенскиот регион. Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Куратица (североисточно од Охрид и Лескоец), на длабочина од 15 километри. Земјотреси со ваква јачина спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси и најчесто се почувствувани само од ...
Фондот подготви решение за терапијата што пациентите ја користат долгорочно. За „Мајфортик“ од 180 милиграми нема да се доплаќаат 615 денари, а за дозата од 360 милиграми, 1.439 денари. Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а ...
Состојбата со пожарите на отворен простор денеска е подобра во споредба со вчера, но и натаму има осум активни пожари на територијата на Македонија. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, попладнево информираше дека во текот на денот биле регистрирани околу 20 пожари. Најкомплексен за гаснење и натаму е пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Според Ангелов, во текот на целиот ден дејствувале ...
Водата од градскиот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготовка на храна до добивањето на конечните резултати од дополнителната анализа, соопштија локалните власти и ЈКП „Бошава“. Одлуката е донесена откако лабораториските испитувања на примероци земени во понеделник и вторник од истото мерно место покажале различни резултати за исправноста на водата. Според ЈКП „Бошава“, анализата на примерокот земен во понеделник од ...
За само пет часа полицијата санкционирала 72 возачи на лесни електрични возила во различни делови од Македонија. Акциската контрола била спроведена вчера, во периодот од 17 до 22 часот, а покрај прекршоците со тротинети и други лесни електрични возила, биле регистрирани уште 260 сообраќајни прекршоци. Контролата била насочена кон почитувањето на сообраќајните правила од страна на возачите на лесни електрични возила, соопшти Министерството за ...
Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа ...
Семакедонската конференција во Велес на 21 ноември 1912 година, на која Петар Поп Арсов и Димитрија Чуповски се залагале за самостојна и неделива Македонија, завршила со остар судир со Крум Зографов и неговите истомисленици. Собирот бил прикриен како прослава на именден во куќата на Ангел Коробар, а откако врховистите се спротивставиле на идејата за самостојна Македонија, Поп Арсов им порачал: „Секогаш сте биле гробари на Македонија, а и сега ...
Симон Трпчески синоќа одржа концерт во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката зборуваше за својата посебна поврзаност со градот, за своите спомени од детството и за автопатот Охрид-Кичево, кој е во фаза на изградба. Македонскиот пијанист со светска слава порача дека Охрид за него отсекогаш бил многу повеќе од место за одмор и дека секое враќање во градот му буди силни чувства. „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, Охрид. Сега ...
Млад тракторист со трактор влегол директно во огнената линија за да помогне во спасувањето на селото Лознани во Пелагонија од големиот пожар што избувна синоќа. Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци се вклучил во гаснењето и спречувањето на огнот да се прошири кон селото, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во пожарот со изгореници бил повреден и еден човек. „Да истакнам еден локален ...
СДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди. Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“. Денес излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката. Затоа уште еднаш, сосема едноставно: СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски ...
Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. – Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, настапи смртен исход – ...
Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана. Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со ...