Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Од денеска водата во градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов изјави дека препораката за дозволено пиење на водата доаѓа по добиените задоволитни резултати од лабораториските испитувања од страна на Институтот за јавно здравје ...
Околу 200 лица, меѓу кои и деца, ноќеска биле спасени од морето на брегот на Омиш, соопшти Министерството за море, транспорт и инфраструктура. Тие се засолниле во морето и на чамци поради голем пожар што го зафатил брегот. Обемната операција за спасување ја координирал Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека, во соработка со Капетанијата на пристаништето во Сплит и нејзините ограноци. Координираната ...
Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да работат на изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници поради воведувањето на системот „ЕЕС“ (Entry/Exit System) во Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите од дел од превозниците за можни протести доколку до 1 септември не се најде решение, Николоски ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар… Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи. Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за ...
Американскиот Стејт департмент го потврди предупредувањето од второ ниво за патување во Германија, советувајќи ги сопствените граѓани на зголемена претпазливост при престојот во оваа европска земја. Ваквата одлука ја става германската држава во понеповолна положба во однос на централноевропското опкружување, што директно ги менува плановите на американските туристи кои летово патуваат низ Европа. Главната причина за ваквата проценка од ...
Северна Македонија повторно се најде на второто место на европската „црна листа“, овојпат по количество отпад, обвинува СДСМ во соопштение. „Покрај тоа што сме ‘трета економија во Европа’, покрај тоа што сме ‘први по туризам’, покрај тоа што сме ‘лидери во авиосообраќајот’ и покрај тоа што аеродромот е ‘најбрзорастечки’, и покрај тоа што платите најбрзо ни ‘растеле’…, повторно сме втори на европската црна листа. Овојпат по ѓубре“, наведува ...
Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а ...
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година ...
Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...
Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...
Вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, до овој момент,информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, наведуваат од Министерството. Министерството за надворешни работи и ...
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето, велат во денешното соопштение од политичката партија ВРЕДИ. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно ...
Во моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираше вечерва директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат беше евакуирано 481 лице, јави дописничката на МИА од Атина. Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, зафати и домови и возила, полесно се повредени двајца пожарникари, ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...
Голем пожар во Хрватска што избувна во Локва Рогозница доцна синоќа се прошири во текот на ноќта кон Омиш, и зафати области над самиот град. Заменик-градоначалникот на Омиш, Иван Пивчевиќ изјави дека има повредени, вклучувајќи пожарникари, додека неколку граѓани се здобиле со изгореници, претежно на рацете. „Според информациите што ги имаме сега, нема загинати или повреди за кои знаеме дека треба да имаат трајни последици“, изјави Пивчевиќ ...
Европската инвестициска банка алармира дека Европа располага со значаен минерален потенцијал, но нема доволно геолошки истражувања и подготвени проекти кои можат да преминат кон реализација на нови рудници. Во техничкиот извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ оценува дека повеќедеценискиот недостиг од инвестиции во геолошките истражувања оставил значителен дел од европскиот минерален потенцијал ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на М-НАВ. Како што соопшти Министерството за транспорт, тој ќе изврши увид во инсталираниот нов АТМ-систем и новиот радарски систем на Контролна кула Скопје. Од Министерството додаваат дека се предвидени изјави за медиуми во 10 часот пред М-НАВ (Контрола на летање на Меѓународниот аеродром Скопје). Заменик-претседателот на ...
Вчерашниот ден бил еден од најтешките во досегашната сезона на пожари, особено поради загрозеноста на населените места, оцени директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Во видеоизјава, Ангелов информираше дека вчера биле регистрирани повеќе од 40 пожари на отворен простор. Во моментов активни се шест, но тие не претставуваат опасност за населените места, ниту, според него, постои ризик да се прошират кон ...
Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста за кривична одговорност од 15 на 14 години, додека десничарската влада се подготвува за општи избори, ветувајќи дека ќе го намали криминалот. Владата сакаше да ја намали возраста на која децата би можеле да бидат испратени во затвор на 13 години, но мораше да го повлече предлогот во јуни откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот. Вкупно 281 пратеник гласаа за 14 години, ...
Куќите во селата Лознани и Новоселани повеќе не се загрозени, откако пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и доброволци водеа тешка битка со огнената стихија. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, заедно со командирот на битолските пожарникари Христијан Тодоровски, информираа дека опасноста за домовите е надмината, но пожарот и натаму е активен на друг фронт. Огнот во моментов се движи ...
Спортплус пренесува дека од самиот старт тетовци тргнаа офанзивно кон голот на шкотскиот тим. Веќе во третата минута се закани Круезиу, кој е работ на шеснаесетникот, биеше само неколку сантиметри покрај голот на гостите. Истиот фудбалер се убедив во 26-та минута од поголема далечина, но тој удар беше далеку по непрецизен. И тоа беше се што можеше да се одбележи од првото полувреме. И во вториот дел иста слика на теренот. Тетовци постојано ...
И ноќеска продолжува борбата со пожарот во селото Лозани, во општина Могила. Со паѓањето на мракот гасењето е отежнато бидејќи веќе не може да се дејствува од воздух. Во текот на денот огнот се доближи до куќите во селото, но опасноста да ги зафати беше надмината. Сепак, според фотографиите и видеата од теренот, состојбата и понатаму е загрижувачка. Пожарот продолжува да се шири, а борбата со огнената стихија продолжува и во текот на ноќта. ...
Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва сама ќе ги избере целите на кои би одговорила на, како што ги нарече, „разбојништвото“ и „пиратството“ на западните земји. Тој порача дека руската реакција не мора да се случи во истите води каде што западните земји би презеле дејствија. „Рускиот претседател Владимир Путин многу јасно и одмерено рече дека ние ќе одговориме на ова разбојништво и на ова пиратство ...
Денеска го посетив „Спомен-домот на браќата Миладиновци“ во Струга, убава стара куќа во која со слика и реч е раскажана семејната приказна на Миладиновци, објави на својата Фејсбук страница претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова. Во неа е сместена НУ „Струшки вечери на поезијата“. Таа 65 годишна институција одамна ги пречекори државните и национални граници и стана светски познат културен синоним за врвна поезија ...
Македонски државјани кои се наоѓаат на подрачјата зафатени со пожарите на Халкидики телефонски се обратиле во македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун за информации и насоки. Засега нема официјален податок колку македонски државјани биле евакуирани, бидејќи грчките институции сè уште немаат доставено таква информација до македонските власти. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат ...
Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...
Адина Михај (31) и нејзиниот партнер Мадалин Думитру (30) дрогирале и ограбувале мажи во Британија, откако Михај се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на жртвите. Во виното им ставале гама-бутиролактон, силен седатив познат и како „дрога за силување“, за да ги онеспособат и потоа да ги ограбат. Двајца од четворицата мажи кои биле дрогирани починале. Двојката, која потекнува од Романија, во јуни ја ...