Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Инспекцијата на Општина Аеродром денес започна со ослободување на јавните површини преку подигнување на хаварисаните возила, информираат во Фејсбук групата Општина Аеродром – Граѓанска патрола. – Го поздравуваме овој потег и ја поддржуваме акцијата, затоа што освен што го нагрдуваат ликот на општината, хаварисаните возила претставуваат безбедносен ризик и сериозно ги оптеретуваат паркинзите, кои и онака имаат мал капацитет. Да продолжиме со ...
Затвореник од затворот во Штип во текот на вчерашниот ден избегал за време на пауза од судење во Основниот кривичен суд во Струмица. Откако била дадена пауза, лицето било спроведено од двајца затворски полицајци, а кога побарало да оди во тоалет, на излезот го турнало едниот полицаец и се дало во бегство. Затвореникот избегал со лисици на рацете. Настанот за „Инфомакс“ го потврдил и директорот на штипскиот затвор, Дејан Здравков. Тој изјавил ...
Пожар избувнал во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во близина на селото Цветово, скопско. Во инцидентот нема повредени лица. Според информациите од МВР, вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишен скопјанец, додека управувал со автобус на ЈСП, пред влезот во село Цветово забележал чад кој доаѓал од предниот дел на возилото. Возачот веднаш го запрел автобусот, по што со противпожарен апарат успеал да го ...
Mакедонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34 години од формирање. На централната церемонија која се одржа во Охрид, министерот за одбрана, Владо Мисајловски истакна дека Македонија е безбедна и стабилна држава, а Армијата е столб на стабилноста и институција на која граѓаните и партнерите можат да се потпрат. Тој ја искористи можноста да истакне дека модернизацијата на Армијата се реализира согласно планираното, со набавка на ...
Родители возеле околу 100 километри на автопат во Италија без да знаат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие биле убедени дека спие, пишува „Кориере дела Сера“. Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца. Семејството од романско потекло патувало кон Торино. Таткото возел, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син на задното седиште. Починал од срцев удар ...
Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, а четири држави — Калифорнија, Колорадо, ...
Рејтингот на одобрување на работата на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговиот мандат, според анкетата на Ројтерс/Ипсос, бидејќи големо мнозинство Американци се загрижени дека војната на САД со Иран ќе трае долго време. Само 33 проценти од испитаниците во анкетата рекле дека го одобруваат работењето на Трамп во Белата куќа, додека 64 проценти не го одобруваат. Рејтингот на одобрување на Трамп, кој падна од ...
МВР информира дека утринава во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична ...
На 17.08.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот ...
На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга, соопшти денеска МВР. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски ...
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар за време на нивниот меден месец, загинаа во падот на приватниот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос, што се урна и запали вчера попладне, а во тек е истрага за причините за несреќата, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот падна вчера кусо по 18 часот во близина на хелиодромот во северниот дел на островот, по падот избувна пожар, а при интервенцијата на припадници на противпожарната ...
Повеќе од 1.200 онколошки пациенти кои аплицираа на повикот на Град Скопје за финансиска помош се исплатени, информира во пост на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Повикот сè уште е отворен и сите заинтересирани можат да аплицираат. „Со чувство на огромна одговорност и искрена грижа, обезбедивме финансиска поддршка за нашите сограѓани кои ја водат една од најтешките животни битки. Секоја апликација беше обработена со максимална ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во Охрид, во Центарот за обука на вода, каде што се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. „Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, кажа ...
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Во обраќањето таа потсети на историскиот развој на Армијата, од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година до членството на земјата во НАТО, ...
Четврто лице во Македонија почина од западнонилска треска, со што бројот на жртви од вирусот во земјава се зголеми на четири. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Тој посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните ...
Сократ Вата (29), осомничен дека е сторител на убиството на 20-годишниот француски државјанин Мигел Мендес во Ксамил, е уапсен по неколку часа во бегство. Тешкиот инцидент се случил утрово во крајбрежната зона на Ксамил, каде животот го загубил 20-годишниот Французин. Вата бил уапсен на контролен пункт поставен во Леван, во рамки на полициската акција за негово пронаоѓање. Според информациите, 29-годишникот се обидувал да ја напушти областа ...
Во голем пожар што вчера попладне избувнал во близина на прилепското село Чаниште и брзо се проширил кон селото, биле опожарени повеќе од 20 куќи и плевни, а четворица жители побарале медицинска помош поради вдишување чад. Пожарот избувнал на околу 200 метри од селото, најпрво гореле сува трева и нискостеблести грмушки на површина од околу три хектари. Силниот пожар, меѓутоа, набргу се проширил кон Чаниште и навлегол меѓу објектите во ...
„Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати. Филипче може да ...
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција најави дека утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања. Муцунски посочи дека Мацинка ќе ...
Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Операцијата била под името „Ќе те носам на крстарење 2026“ ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...
Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска се одржува централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на која присуствува највисокиот воен и државен врв. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На свеченоста ...
Флорида денеска треба да ја изврши 13. смртна казна во 2026 година, продолжувајќи со интензивното спроведување на најтешката казна во САД. Осудениот Вилијам Френсис Силвија, 61, треба да биде погубен со смртоносна инјекција во затворот на Флорида во близина на Старк. Извршувањето е закажано за 18 часот по локално време, додека во последен момент сè уште се разгледувала жалба пред Врховниот суд на САД. Доколку казната биде извршена, Флорида ...
На подрачјето на градот Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман. Активностите ќе продолжат и во наредните денови, информираат надлежните. На 20. август, поточно во четврток, е предвидена теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21. август во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека од 23. до 26. август ќе се спроведува терестична ...
„Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари. Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот. Ниту навреме, ниту сега. Нема намалување на акцизата. Нема привремена интервенција. Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните“ соопштија денеска од СДСМ. Велат „ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада. Додека ...
Цените на нафта растат трета последователна сесија, бидејќи изгледите за нов договор меѓу САД и Иран ослабеа откако претседателот Доналд Трамп изјави дека не е заинтересиран за продолжување на привремениот мировен договор. Цената на суровата нафта „Брент“ утрово се искачи над 91, 7 долар за барел, додека цената на нафтата од типот WTI се зголеми за 1,2% на 85,5 долари за барел. Пазарот реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд ...
Милионерите и милијардерите кои го стекнале своето богатство благодарение на бумот на вештачката интелигенција ги менуваат приоритетите, принудувајќи ги луксузните брендови да ги редефинираат своите понуди. OpenAI, Anthropic и други компании за вештачка интелигенција во последниве години создадоа нова генерација милионери и милијардери кои сега ги менуваат правилата на луксузната индустрија. Наместо традиционални симболи на статус, тие сè ...
Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст, се наведува во партиското соопштение. -Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе ...
Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долга и тешка борба со ракот. Веста за смртта на писателката беше споделена на нејзината Фејсбук страница со порака дека таа „отиде во област без сигнал“. Showbuzz.hr, исто така, ја објави веста потврдена за нивниот портал од извори блиски до писателката. Ведрана Рудан (родена на 29 октомври 1949 година во Опатија) беше една од најчитаните, но и најконтроверзните современи ...