Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период ...
Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека не доликува претседателот на Собранието да го замени одбележувањето на 2 Август-Илинден со учество на меѓународна конференција. Ако не ги почитувате елементарните датуми за создавање на државата и државноста, вели Димитриевски, тогаш не ја почитувате ниту државата. -Се знае редот. За 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за ...
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, соопштија денеска извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои ...
Претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез вчера објави дека бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија земјата во јуни се искачи на 6.125 луѓе, пренесува „Ројтерс“. Според податоците што Родригез ги објави на „Телеграм“, речиси 61.000 луѓе биле згрижени во болниците, а досега биле отстранети само 16,5 отсто од урнатините предизвикани од земјотресите. Вршителката на должноста претседателка, Делси Родригез, која ...
Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...
Oсновниот суд Куманово, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, ѝ одреди притвор на 41-годишна жителка на Кратово, осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“ и спречување службени лица во вршење службени дејствија. -Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без ...
За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската Теснина. „Ако некој треба ...
Поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека не гледа перспектива земјата да стане членка на НАТО – цел што е запишана во украинскиот Устав. Според украинскиот портал „Европска правда“, Залужни на средба со украински амбасадори изјавил дека Украина во моментов не ги исполнува воените стандарди потребни за приклучување кон Алијансата. „Многу добро ...
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, се соочува со остри критики од дел од европските лидери поради миграциската политика на неговата влада, по минатонеделната криза во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. Според податоците на шпанските и мароканските власти, повеќе од 80 мигранти загинале при обид за преминување во Сеута, вклучително и лица кои се удавиле или настрадале во стампедо при обид да ја совладаат граничната препрека. Во ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...
Во дилемата помеѓу спасување на луѓе или лажна историја, властите го избраа второто, бидејќи добро знаеја дека овој народ е навикнат да ја бара среќата токму таму каде што сите други ја изгубиле. Се продолжува со (не)логичното – нека живеат мртвите дури и ако умираат живите! Мерсел Биљали Македонија немаше среќа со лидерството уште од самиот почеток, и пропушти бројни можности да го пронајде вистинскиот пат низ годините. „Успешните лидери ...
Американските гласачи првпат по речиси една деценија оценија дека Демократската партија подобро управува со економијата од Републиканската, покажуваат резултати од спроведена анкета на „Ипсос“. Испитувањето на јавното мислиење исто така покажува пад на поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп, чиј рејтинг на одобрување се намалил на 35 проценти. Анкетата укажува дека начинот на кој администрацијата на Трамп се справува со ...
Одборот за мир – иницијативата предводена од САД – вчера соопшти дека израелската армија целосно ќе се повлече од Појасот Газа само откако Хамас ќе биде разоружан. „Спротивно на неточните извештаи, повлекувањето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) зад Жолтата линија ќе дојде само по завршувањето на процесот на разоружување, на кој Хамас се обврза пред медијаторите“, соопшти одборот за мир на Икс, додавајќи дека ова се однесува на лесното и ...
Фестивалската треска полека го обзема градот, па во тоа име и едно изненадување за сите љубители на BOOKSTAR! Во склоп на програмата, но пред официјално да започне Фестивалот, во Скопје ни доаѓа Леа Ипи!, соопшти Антолог. „Жена која не се плаши да го сподели своето мислење, носејќи го Балканот и нејзиното детство на овие простори како уникатен беџ низ животот, но и низ творештвото. Прогласена за една од десетте најважни мислители на ...
Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ во соопштение. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој ...
На граничниот премин „Богородица“ за излез кон Грција, утрово се чека околу еден час, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. Притоа, за влез во државата од истиот граничен премин се чека десет минути. На „Табановце“, пак, за излез од државата се чека десет минути, но за влез се чека половина час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните ...
До 7:30 часот утрово на територијата на државата биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а 27 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активен останува пожарот меѓу селата Раец и Ќесендре во Општина Кавадарци, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активен е и пожарот во Прилеп, на улицата „Дебарска“, кај месноста Теке, каде што гори депонија, додека ...
Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расветлен случајот со насилниот инцидент во Гостивар, откако полициските службеници ги идентификувале лицата што учествувале во нападот. Според МВР, на 2 август во 22:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои употребиле ...
Пораки за евакуација од бројот 112 за итни случаи добија попладнево жителите и оние кои се наоѓаат во седум населени места и околината на индустриската зона на предградието Мегара во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, поради големиот пожар, што во текот на денешниот ден одново се интензивираше, а гаснењето продолжува веќе четврти ден, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот продолжуваат да интервенираат речиси 500 ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, поради пукање со огнено оружје на свадбена прослава. Според Обвинителството, оомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека се движел по автопатот Тетово–Гостивар. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот целосно зафатен од пламен. Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар во изминатите часови се одвивал отежнато. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица Повеќе информации од ...
Граничниот премин Евзони моментално е во состојба на целосен сообраќаен хаос. Влезот во Грција од македонска страна е целосно блокиран, а колоната возила долго време стои во место и речиси не се движи. Ситуацијата е дополнително влошена од екстремната летна жештина – живата во термометарот надмина пеколни 42°C. Заробени во жешки автомобили и на жешкиот асфалт, патниците и возачите почнаа да губат трпение, а оглушувачко и масовно свирење на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за денешниот ден (03.08.2026 година), заклучно до 18:00 часот. Според официјалните податоци од теренот, од вкупно регистрираните 15 пожари, противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 10, додека борбата со пет активни пожари сѐ уште трае. Активни пожари (вкупно 5): Општина Прилеп (критична точка): Пожар во ...
Поранешниот руски претседателски кандидат и опозициски политичар, Борис Надеждин, објави дека ја напуштил Русија. Тој објави видео од Париз на својот Телеграм канал. „Има добри вести. Жив сум и слободен. За жал, не сум во Русија. Сега треба да направам преглед на околината и да сфатам како да продолжам понатаму. Ќе пишам за моите планови подоцна“, рече тој. Во 2024 година, Надеждин се обиде да се кандидира на руските претседателски избори. ...
Урсула фон дер Лајен го пофали Педро Санчез за справувањето со 60.000 пристигнувања на мигранти во Сеута и истакна дека епизодата ја истакнува потребата од зајакнување на миграциската политика на ЕУ. „И шпанските и мароканските власти го управуваа ова ефикасно и ефективно, успешно спречувајќи го нелегалното движење кон континентална Шпанија и Европа“, напиша Фон дер Лајен во писмо датирано од 3 август. Писмото доаѓа како одговор на писмото ...
Вчeрашниот настан во струшко Ташмаруништа каде едно лице протестирало против премиерот Христијан Мицкоски беше повод за препукување на двете најголеми партии во Македонија. СДСМ утринава преку соопштение праша „што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната ...
Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби. Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума. Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за употреба на фосфорни бомби. ...