24.08.2024 Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2024 година, француски поет Жан Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, продолжи 63. издание на меѓународната поетска манифестација. Годинешниот лауреат во своето обраќање во црквата „Света Софија“ потенцираше дека поезијата мора да се сфати сериозно и да биде дел од сите сфери на живеењето. – Страста за богатство и моќ ...

Да се стане дел од медиумите од мали нозе, покрај талентираност и подготвеноста бара и голема енергија и темперамент, а најчесто и знае да создаде зависност, па дури и да премине во силна опседнатост, бидејќи “чивијата” која медиумот ја фрла во душата, е силна и речиси нераскинлива. Но има и медиумски ликови кои понатаму ја одбираат другата страна- онаа помирната, поспокојната. Поранешната ТВ водителка Николина Василевска, токму сега ги ужива ...

24.08.2024 Суперхикс синоќа понуди одлична забава и возбудлива атмосфера на првата вечер од музичкиот фестивал “Џојфест”, кој годинава се одржува по 11 пат во Крива Паланка.На Градскиот плоштад во Крива Паланка публиката играше во ритамот на песните од најновиот албум на Суперхикс, но и со добро познатите хитови од тридецениска музичка кариера на македонската сцена, објавува организаторот. Меѓу бројните посетители беше и Ана Блажеска, ...

23.08.2024 Промоција на Антологијата „Од поети за поети“, во избор на македонскиот поет Милован Стефановски, ќе се одржи вечерва во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ со почеток во 20 часот на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Во изборот на посветени песни од современите македонски поет, под заеднички наслов „Од поети за поети“, се застапени претставници на сите генерации, вкупно 53 поети од кои десет се поетеси, ...

23.08.2024 Со звукот на тапаните што одекна низ целиот град, предводејќи го дефилето низ централната улица и спектакуларен огномет на крајот од програмата, во Крива Паланка синоќа беше затворено годинашното, 19то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал “Св.Јоаким Осоговски”. Над 700 играорци од 18 фолклорни друштва од Турција, Бугарија, Србија, БиХ и Македонија, на трите фестивалски вечери го покажаа богатството на та традиција и фолклорот ...

23.08.2024 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, синоќа на свеченото отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ истакна дека оваа престижна манифестација, благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија. „Струшките поетски вечери сведочат за културните ...

Јубилејното 15. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заврши на 22 август 2024 година со објава и доделување на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. На последната вечер се одржа и македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска, а по проекцијата се одржа уникатен концерт со ...

23.08 2024 Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, ...

Август, 2024 По годишноодморската пауза вратите на кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда. Ќе се стартува со турско- ...

Интернационалната поетска манифестација “Сплоти се Македонијо” и оваа година ќе се одржи онлајн. -Конкурсот секогаш го започнуваме на голем православен празник, овојпат решивме да биде 28 август 2024 година, на Голема Богородица. Сите поети и љубители на пишаниот збор можат да се пријават на следниве мејлови [email protected] и @gmail.com. Како секоја година така и оваа ќе се обидеме да имаме квалитетна поезија, најавува организаторот. -Сите кои ...

22.08.2024 Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков. Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма. Во нејзин ...

Отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе се случи на 17 септември 2024 година со музичкото драмско дело/рап-перформансот, „Црнила ремикс“ со почеток во 21:00 часот. Режисер на ова современо читање на драмската класика „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап- колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Талентираната актерска екипа, односно организацијата која ...

22.08.2024 Со музичко- поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Манифестацијата се отвори во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, владини ...

Боби Петковски некогашен новинар, спикер, радиоводител на НРИО “Наш Весник” и РТВ Куманово, кој веќе 15 години живее и работи во Словенија, на 29 август, на денот на одржување на годинешниот “Тумба фест”, ќе има промоција на необична книга, книга со текстови за песни испеани на овој омилен и уникатен фестивал. Промоцијата, за која владее голем интерес во естрадно музичките кругови, е закажана во Домот на Занаетчиите во Куманово од 13 часот. ...

22.08.2024 Поетесата Силвана Димитриевска е една од добитниците на престижната Интернационална академска награда за современа литература Луциус Анај Сенека, доделена од Академија за филозофски уметности и науки од Италија. Наградата Луциус Анај Сенека се доделува седма година по ред, од 2017 година, во неколку категории, национален и интернационален дел, кои вклучуваат поединечна песна, книга поезија напишана или преведена на италијански јазик, ...

22.08.2024 Јас сметам дека не живееме на правилен начин. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави ...

Последниот ден на јубилејното 15. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, на 22 август, ќе почне со објавата и доделувањето на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. Врачувањето на наградите ќе се одржи од 20.30 часот, во Куршумли ан. Во рамки на филмската програма, по доделувањето на наградите, ќе се одржи македонската премиера на долгометражниот документарен ...

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 август, четврток, со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Потрети и нивните луѓе“ на уметничката Александра Гедеон. Изложбата нуди нова перспектива на гледање портрети преку кои се разбира карактерот и се чувствува душата на портретираните лица. Акцентот е ставен на ситноста- минијатурата, играњето со линијата и контрастите, кои ги отсликуваат психолошките состојби ...

Музичката поп дива Калиопи ќе биде главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест“, кој годинава се одржува по 11 пат во Крива Паланка. Кривопаланечката публика нестрпливо ја очекува омилената пејачка, а Калиопи ветува незаборавна ноќ со бројните гости и посетители , на 24 август , на Градскиот плоштад во Крива Паланка, која е во знакот на фестивалските денови по повод патрониот празник на заштитникот „Свети Јоаким Осоговски“. Покрај Калиопи, ...

Охрид, 20 август 2024 Оваа возбудлива концертна ноќ, ќе биде запаметена по изведба на исклучително квалитетен светски саунд, раскошна џез вибрација која го разбранува охридското крајбрежје и која ја комплетираше сликата на културниот живот во Охрид, создавајќи неизбришлива концертна меморија. Хаџиманов го поздрави институционалното врамување на џезерите, нарекувајќи го преседан во препознавањето на работата на кретивни поединци, и рече дека е ...

СКОПЈЕ, 21.08.2024 Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат ексклузивен концерт во големата сала на Македонската филхармонија. Со почеток во 20:00 часот, ова музичко доживување ветува вечер исполнета со врвна уметност и незаборавни емоции, донесени од еден од најистакнатите виолинисти на нашето време. Виртуозниот Стефан Миленковиќ е еден од најпочитуваните виолинисти ...

Во НУ Центар за култура Крива Паланка синоќа 13.08.2024 беше отворената изложба “Мантра на љубовта” од сликарката Маја Андонова Јокиќ. На изложбата се поставени уметнички дела од кои најголем дел се создадени за време на карантинот во ковид кризата, а секое дело го бои моментот на животот, ги буди тајните и ги поместуваа границите на личното ослободување. Пристутната публика настанот го поздрави со аплаузи и честитки за авторката која по вторпат ...

Јубилејното 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се ближи кон крајот. Претпоследната вечер, на 21 август, главно е посветена на програмата „Нови автори“, а ќе бидат прикажани и три кратки документарни филмови кои се реализирани во рамки на школата за документарен филм „Докуникулци“. Во објектот Куршумли ан, во 21 часот, ќе биде прикажан краткиот филм „Како болно жолта“ на косовската авторка Норика Сефа, а во истиот ...

Сигурно многу пати сте се запрашале “Каде отиде хуморот кај луѓето?” Забележувате дека сѐ помалку и помалку луѓево се смеат. Времињата и секојдневието ја однеле навиката за смеење, но жарот за искрено и од срце громогласно смеење, тлее во секој од нас. Најтешка задача е да насмееш некого, велат, особено преку песна, но тоа и тоа како лесно им успева на шегобијните мајстори на познатиот “Тумба фест”, и затоа секогаш се очекува со многу нетрпение. ...

*На 29 август на плоштадот во Куманово нѐ очекува уште едно издание на единствениот фестивал на шегобијни песни кај нас, “Тумба фест”. Како директор сте посветен со месеци, амбициозно го подготвувате. Што ќе ни понудите на програмата годинава? -Да токму така, фестивалот го подготвуваме со месеци, впрочем почетоците на организирање на фестивалот започнува утредента по завршување на последниот, значи подготовките траат цела година. Годинава на ...

Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ се враќа во своето четврто издание, нудејќи уникатна платформа за реобмислување на кураторските практики во современата уметност и пошироко. Во организација на Локомотива, а курирана од Билјана Тануровска-Ќулавковски , овогодинешната програма ќе се одржи од 25 до 31 август 2024 година во Струга. Овогодинешното издание брои 7 учесници кои ќе се вклучат во серија работилници, предавања и ...

21 август 2024 Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот ...

Во четврток, на 22 август 2024 година, во 20:30 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање на годинешното 63. издание на Фестивалот, кое традиционално започнува со поетското читање „Меридијани“. Оваа година, церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот за култура, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на ...

Со зурли и тапани и големо дефиле на играорци што се слеа од повеќе страни на Градскиот плоштад, во Крива Паланка започнаа фестивалските празнувања што ќе се одвиваат во наредните 10 дена во градот под Осоговието, во чест на патронот и заштитник „Свети Јоаким Осоговски“. Празничната прослава традиционално започна со Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, оваа година надополнет со Фестивал на храна и Фестивал на знаети и ...

ЗАПАДЕН БАЛКАН- Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO) со задоволство објавува дека 90 средни училишта од Западен Балкан се избрани за учество во програмата за размена на RYCO- Superschools. Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1300 ученици, додека RYCO ќе понуди различни можности за градење на капацитети за 90 наставници. Од овие 90 училишта: 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1032
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1033
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.96
71%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1028
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
70%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1030
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1031
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 2ᴼ
5.66
74%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Сребро

2128.87

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Злато

139470.53

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Платина

61733.50

Калај

42.35

Цинк

3.03

Алуминиум

2.90

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74