
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



Германскиот извоз падна повеќе од очекуваното во октомври, според официјалните податоци, кои заедно со зголемената инфлација, слабеењето на странската побарувачка и прекините во синџирот на снабдување, ја прават рецесијата во најголемата европска економија поизвесна зимава. Извозот падна за 0,6% на месечно ниво, двојно повеќе отколку што предвидуваа аналитичарите анкетирани од Ројтерс, покажаа денеска податоците на Федералната канцеларија за ...
На Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вчера се отвори лабораторијата за дигитална фабрикација и производство – ФабЛаб СКОПЈЕ, каде младите ќе имаат можност да учат, соработуваат и да ги произведуваат своите идеи. ФабЛаб СКОПЈЕ е воспоставена од страна на Центарот за истражувања, развој и континуирано образование (ЦИРКО) кој е основан од Машински факултет – Скопје (МФС), преку финансиска поддршка од страна на ...
Претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев, на прес конференција информираше дека членките на комората дел од Групацијата започнуваат кампања насловена ДОМАШНО-КВАЛИТЕТНО-ЕВТИНО, со што домашните, квалитетни евтини месни производи ќе бидат достапни за секој граѓанин, како одговор на кризата која се повеќе ја намали куповната моќ на граѓаните. Целта, како што изјави Трајчев пред медиумите е бенефитот да ...
Индустриското производство во октомври годинава бележи пад од 5,26% во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ова е втор месец по ред како се намалува производството во македонската индустрија, но намалувањето во октомври е најголемо годинава. За периодот јануари – октомвrи, пак, индустриското производство во Македонија бележи минимален раст од 0,3%, покажуваат најновите податоци на Државниот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го презентираа новиот Концепт на даночна реформа. Новата даночна реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети. Целта на новиот Концепт на даночна реформа е праведен, ефикасен и модерен даночен систем кој овозможува за ...
За петнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари. Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од kомисиите за распределба ...
Велешката фабрика БРАКО започна со изградба на нова хала во која ќе се прошири производството на возила за одржување хигиена во урбани средини. Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности. Халата ќе се протега на површина од 4500м2, ќе се гради во наредните две години и ќе чини над 2,5 милиони евра. Новиот работен простор ќе овозможи проширување и на ...
Светскиот најголем играч во контејнерскиот транспорт, MSC, ја објави испораката на првиот авион со брендот MSC, изграден од Boeing и управуван од Atlas Air. Товарниот Б777-200 ќе лета на линиите меѓу Кина, САД, Мексико и Европа. „На нашите клиенти им треба опција за воздушни решенија, поради што го интегрираме овој начин на транспорт за да ги надополниме нашите обемни поморски и копнени товарни операции. Испораката на овој прв авион го означува ...
Подобрата снабденост со полупроводници и силната премиум побарувачка им даваат на производителите на автомобили добар профит. Третиот квартал од 2022 година за многу компании беше „квартал од соништата“. Според студијата на консултантската куќа EY, најголемите светски производители на автомобили продолжуваат да остваруваат рекордни профити. „Заклучокот е дека третиот квартал беше квартал од соништата за автомобилската индустрија, и покрај ...
Како дел од низата активности на банката за справување и намалување на ефектите на климатските промени, тимот на ПроKредит во координација и соработка со ЈП Национални Шуми изминатиот петок реализираше еко-инцијатива за пошумување на површина од 2 хектари во близина на Крива Паланка, каде беа засадени 4.700 садници бел бор. „Грижата за околината е приоритет и е дел од стратешките определби на Банката. Пошумувањето во кривопаланечко е ...
Секоја четврта компанија во Германија ја разгледува можноста за преместување на производството или дел од производството во други земји, пред се заради енергетската криза со која се соочува земјата, пишува германскиот ведник Die Welt, повикувајќи се на изјавата на генералниот директор на Германската индустриска унија (BDI), Тања Генер. Таа потенцира дека високите цени на енергенсите и забавувањетона економијата силно ја погодуваат Германија и ...
Цените на нафтата денеска паднаа на најниско ниво од декември 2021 година, бидејќи бранот немири во Кина го намали интересот на инвеститорите за ризични средства и ги замати изгледите за побарувачката на енергија, додавајќи стрес на веќе нестабилниот глобален пазар на сурова нафта. Меѓународниот репер сурова нафта „брент“ падна за 2,53 долари или 3,03% на дневна основа, на 81,10 долари за барел. Американската сурова нафта WTI потона за 2,25 ...
Германската фармацевстка компанија Stada ja започна изградбата на фабрика за лекови во градот Турда, во Романија, инвестиција најавена на почетокот на оваа година. Вредноста на инвестицијата е над 50 милиони евра и е прв ваков проект во последните 30 години започнат од меѓународен играч во Романија. Дел од инвестицијата е поддржана од романските власти преку државна помош во висина од 21 милион евра. Групацијата Stada има 20 фабрики во светот. ...
Германскиот производител на автомобили BMW соопшти дека планира да инвестира повеќе од две милијарди евра во својата унгарска фабрика што е во изградба и гради фабрика за склопување електрични батерии на терен. Плановите за фабриката се дел од промената кон електрификација во BMW и во германската автомобилска индустрија како целина. Фирмата ги објави плановите во 2018 година да ја изгради фабриката во близина на источниот град Дебрецен, ...
Владата во Италија, предводена од премиераката Џорџиа Мелони, планира да примени еднократен данок од 50% следната година на вишокот приход на енергетските компании кои имале корист од порастот на цените на нафтата и гасот, покажува нацртот на владиниот буџет за 2023 година, пишува Ројтерс. Со стапка од 50% ќе биде оданочен делот од корпоративниот приход во 2022 година, што е најмалку 10% повисок од просечниот приход на компаниите пријавен ...
Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска имаше работна средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на која се разговараше за зајакнување на соработката на полето на евроинтеграциите и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори. На средбата претседателот Азески потенцираше дека улогата на комората во процесот на преговорите со ...
ИНТЕРВЈУ БОРИЈАН БОРОЗАНОВ, директор на Џонсон Мети во Македонија -Македонија и светот поминуваат низ една од најголемите економски и енергетски кризи. Со какви проблеми и предизвици се соочува Џонсон Мети Македонија во секојдневното работење и извозот на странските пазари? Борозанов: Постои очигледна тензија предизвикана од различни фактори во глобалните синџири на вредности. Флуктуациите од страна на побарувачката на пазарот на мобилност ...
Рекордни 17 возила за одржување на хигиена во урбани средини, неделава излегоа од погоните на БРАКО и се испорачани кон метрополите во 5 европски земји. Инжинерите и техничарите во БРАКО навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно 11 возила во Велика Британија, 3 возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија, Германија и Франција. Интересот за електрични возила продолжува да биде на високо ниво, но во испораката има и возило ...
Малку подобар од очекуваниот раст поддржан од потрошувачката на домаќинствата, покажуваaт податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германскиот бруто домашен производ (БДП) на најголемата европска економија се зголеми за 0,4 % во третиот квартал од оваа година во споредба со претходниот квартал, според податоците објавени во петокот. Бројката е малку подобра од првото читање за раст од 0,3%, првенствено поддржан од потрошувачката ...
Linde, најголемата светска компанија за индустриски гасови, соопшти дека започнала со производство на зелен водород во своите капацитети во Грција. Зелениот водород се добива од вода со електролиза со користење на обновливи извори на ветер и соларна енергија. Американско-германската компанија, која доставува гасови како кислород, азот и водород за фабриките и болниците, рече дека тоа е првото зелено производство на водород во Грција. „Linde ...
Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие „Национални шуми“ и бизнис заедницата ќе помогне во засадувањето на 13.000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион, информираше Амбасадата на Велика Британија преку соопштение. „На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива ‘Засади дрво за јубилејот’ за да се одбележи 70-от Платинест ...
Глобалниот логистички сектор нема да ги избегне економските падови во 2023 година, предвидуваат две аналитички куќи. Според ММФ и ОЕЦД, глобалната економија се соочува со значителни предизвици во 2023 година. На пример, ОЕЦД предвидува дека растот во ЕУ и САД ќе биде еднаков на само 0,5 отсто следната година. Според Transport Intelligence, ваков развој неизбежно ќе влијае на глобалниот логистички сектор. „Јасно е дека влегуваме во период на ...
Извозот на Телекомуникациски, компјутерски и информациски (ИКТ) услуги од Македонија во првата половина од 2022 година 202,1 милиони евра, што претставува раст од 35,8% во споредба со истиот период од 2021 година, покажуваат податоците од Народната банка на Р.С.Македонија. Најголем дел од извозот е остварен од извоз на компјутерски услуги, чиј извоз во првата половина годинава достигнал 182,2 милиони евра, што е за 36,7 % повеќе во споредба со ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, денес оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Данијел Емери, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји. На состанокот беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка со Австралија при што претседателот Азески најави и инцијатива за засилување на ...
ЕУ става плафон на цената на гасот од 275 евра/mWh, што е блиску до рекордот Границата се смета за превисока и повторно наиде на критики меѓу државите. Се очекува тој да биде одобрен од министрите за енергетика во четврток. По неколкумесечни внатрешни борби во блокот, Европската комисија предложи максималната цена на гасот да биде 275 евра за мегават-час, а оваа мерка ќе се применува од 1 јануари 2023 година и ќе важи една година, изјави ...
Царинската управа информира дека од денеска е пуштена во употребa надградбата на Системот за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД со која се воведува Зелена царинска декларација. Со оваа новина во царинското работење се овозможува целосно автоматско и бесхартиено завршување на царинската постапка за еден час од поднесувањето на царинската декларација. Ова ќе важи за декларации кои се правилно пополнети, со електронски приложени ...
Предноста на регионот на Западен Балкан во однос на другите дестинации за инвестиции, во светло на новите глобални случувања и приближувањето на синџирите на снабдување, како и можностите и придобивките за инвестирање во регионот на Западен Балкан беа главните теми на Инвеститорската конференција за Западен Балкан организирана од Западен Балкан 6 Коморски инвестициски форум (WB6 CIF) и Регионалниот совет за соработка (RCC), а поддржан од ...
Сепак, компаниите сè уште не ги одразиле целосно повисоките трошоци во крајните цени, па најверојатно тие ќе продолжат да растат Германските производствени цени во октомври го забележаа својот прв месечен пад во последните две и пол години, поттикнувајќи ги очекувањата дека инфлацијата во најголемата европска економија можеби се приближува на својот врв. Цените на производителите на индустриски производи паднаа за 4,2 отсто во однос на ...
Европската унија произведе 7,96 милиони автомобили во првите девет месеци од оваа година, 430.000 единици повеќе од претходната година, односно 5,8% повеќе, достигнувајќи удел во глобалното производство на автомобили од 16%, покажува извештајот на ACEA за првите три квартали од годината. Земја со најголемо производство на патнички автомобили во ЕУ останува Германија, каде во деветте месеци годинава се произведени 2,4 милиони единици, што е за ...
Извозот на овошни сокови од Турција годинава ќе достигне вредност од 1 милијарда долари, што е годишно зголемување од над 100%, по растот од 25% претходната година. Овој раст на извозот на сокови е резултат на зголеменото производство во земјата и зголемената глобална побарувачка. Во Турција има повеќе од 45 фабрики за овошни сокови кои се продаваат во над 200 пазари во целиот свет. Во текот на изминатите пет години, уделот во глобалниот пазар ...