Податоците од најновата специјална едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ покажуваат дека 2021 година била добра за повеќето од големите извозници. Од најголемите 100 македонски извозници во 2021 година, дури 79 имале зголемување на извозот. На ниво на економија, пак, компаниите во 2021 година имале раст на приходите од 19%, што се должи на поголемите продажби. Извозните компании кои работат во Македонија во текот на 2021 година оствариле извоз на стоки во ...

ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности. Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти за брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски ...

Четири од десет германски компании очекуваат намалување на бизнисот во 2023 година, покажа истражувањето на Германскиот економски институт (IW), наведувајќи ги како причина високите трошоци за енергија, проблемите со синџирите на снабдување и продолжувањето на војната во Украина. „Ризикот од недостиг на гас во зимската сезона 2022/23 повеќе не е присутен како што беше во летото 2022 година, а цените на енергијата исто така се повлекоа оттогаш. ...

Продажбата на вино во конзерва, сè уште речиси непознато кај нас, станува се повеќе глобален феномен. Овој тренд е особено е популарен кај младите, како и кај потрошувачите кои се грижат за одрлжливоста. Станува збор за пазарен сегмент кој во 2021 година беше проценет на 241 милион долари, а кој во 2030 година може да надмине 725 милиони долари, со раст од 13% годишно, се вели во неодамнешниот извештај на Straits Research . Виното во конзерва ...

Светска банка во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 % годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани. Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 %. Светската банка има надолна ревизија и на проекцијата за македонскиот БДП за 2024 година за кога прогнозира дека ќе изнесува 2,7%, односно надолната ...

Производството на патнички автомобили на германските производни линии бележи континуиран пораст во изминатите осум месеци, иако вкупните бројки остануваат долго зад оние постигнати пред Ковид-19. Во цела 2022 година, производителите на автомобили испорачале 3,4 милиони единици, што е за 11% повеќе отколку во 2021 година, покажуваат податоците од федерацијата на автомобилската индустрија VDA. Целокупниот пораст на годишно ниво е малку ...

Бугарија е еден од најголемите извозници на скии и сноуборд во ЕУ, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во 2021 година во ЕУ се произведени 3,6 милиони пара скии и сноуборди, што е зголемување од 3% во споредба со претходната година. Речиси половина (1,6 милиони) се произведени во Австрија. Што се однесува до трговијата, во 2021 година околу 3,5 милиони пара скии и сноуборди биле извезени во другите земји-членки. Истата година извозот на ...

Глобализацијата го зголеми глобалниот просперитет, но, според стидјата на Светскиот економски форум, таа е при крај. Непосредно пред состанокот во Давос, носителите на одлуки во светот даваат мрачни прогнози за иднината. Еднаш годишно, глобалната елита се состанува во Давос. Ништо не го симболизираше богатството во изминатите децении како Светскиот економски форум во швајцарските планини, годишниот состанок на врвни политичари, менаџери и ...

Кредит на ЕБОР и грант од ЕУ за поконкурентни МСП Со растечките цени на енергијата и останатите предизвици, светските пазари и ланците на снабдување, насекаде ги поттикнуваат деловните ентитети да размислуваат како да ја зголемат продуктивноста и да ги намалат трошоците за електрична енергија. Во Северна Македонија, една од многуте компании кои решија да инвестираат во енергетска ефикасност е Кристал 1923, компанија со долгогодишна традиција ...

Светскаta банка ја намали нагло прогнозата за раст на глобалната економија во 2023 година на 1,7% за 2023 година од претходната проекција од 3% и предупреди дека глобалната економија е на чекор пред втората рецесија во период од една иста деценија, нешто што не се случило повеќе од 80 години, пишува CNNmoney. Тоа би го означило „третото најслабо темпо на раст во речиси три децении, засенето само од глобалните рецесии предизвикани од пандемијата ...

Полската влада усвои програма за субвенции од 1,07 милијарди евра за секторите кои трошат големи количини енергија за да ги заштити од зголемените цени на енергијата. Полските потрошувачи се соочуваат со нагло зголемување на сметките за струја и гас поради бојкотот на руските јаглеродни горива и глобалната енергетска криза. „Тоа е уште една фаза на владина поддршка за енергетски интензивни претпријатија, со буџет од дури 1,07 милијарди евра“, ...

Нови 40 реномирани компании, кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, од јануари 2023 година се приклучија во балансната група на РЕС, со што оваа компанија, формирана во февруари 2022 година, за помалку од една година се етаблираше како лидер во трговијата и снабдувањето со електрична енергија на македонскиот пазар. Во овој моментот балансната група на РЕС е сочинета од повеќе од 230 домашни и странски компании. Со овие ...

Италијанскиот производствен сектор повторно е во пад, шести месец по ред поради постојаниот пад на производството и бројот на нови нарачки, покажуваат резултатите од најновото истражување „Глобален индекс на набавки“ (PMI) на агенцијата Standards and poor’s. Новите податоци за PMI за италијанскиот производствен сектор се 48,5%, што е стабилно во споредба со 48,4% за претходниот месец. Подиндексот на преработувачката индустрија се искачи на 48,8 ...

ИНТЕРВЈУ СЛАВИЦА КУТИРОВ, директорка на Царинската управа на Р.С.Македонија #Во последниов период се актуелизира регионалната соработка и засилено се работи на нејзино унапредување како чекор кон побрзата интеграција на регионот кон ЕУ? Колку Царинската управа е важна во овој процес и кои активности се преземаат за да се унапреди и олесни трговијата и транспортот во регионот? Кутиров: Со задоволство можам да кажам дека од осамостојувањето до ...

КОЛУМНА Последната колумна за годинава, очекувано, ја посветувам на 2022 и економските предизвици со кои се соочивме, но и очекувањата за 2023 година, во која сите влегуваме со надеж и оптимизам за подобри денови и просперитет. Изминатите три години му покажаа на светот, на сите нас, дека многу работи ги земавме здраво за готово, на пример слободното движење, евтината енергија и храна. Овој период од поновата историја е добра лекција за ...

Фондот за иновации и технолошки развој(ФИТР) го објави новиот јавен повик „Со дигитална трансформација до иновација” кој се реализира во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ. Повикот е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско – прехранбениот и туристичкиот сектор, со цел да се овозможи зголемување на иновативноства и конкурентноста на ...

Во пресрет на празниците, во рамки на најавената „Хуманитарна акција за донација на компјутери“ од МАСИТ и ПроКредит банка, од страна на ПроКредит Банка беа донирани 30 десктоп компјутери за потребите на „ОУ Александар Македонски – Скопје“, со кои е опремена првата компјутерска лабараторија во училиштето. Користењето на дигитални алатки во образованието прави значаен придонес во унапредување на образовните процеси, па така оваа донација е од ...

КОЛУМНА Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација Годината која е зад нас ја оценувам како најпредизвикувачка година за стопанството по Втората светска војна. Предизвикот за бизнисот во 2022 година беше огромен, од една страна поради ескалација на енергетската криза, а од друга страна, од кумулативните проблеми кои се собираа и во претходните две години за време на „Корона кризата“. Во 2022 година сите ние и граѓаните и ...

Цената на природниот гас во Европа падна на најниско ниво од почетокот на руско-украинската војна, заради благите временски услови, високото ниво на залиги на гас низ Европа и зголемување на производството на зелена енергија. Јануарската цена на договорот за гас на TTF, виртуелното место за тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше отворена во средата, на 29 декември, по цена од 81 евра за мегават-час. Падот на цената беше ...

Македонското индустриско производство во ноември бележи пад од 3,7%, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е трет месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ги одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата. Поскапувањето на струјата и гасот, но и на останатите суровини драстично го поскапија производството, па многу компании одлучија свесно да го намалат или ...

Македонскиот прехранбен сектор, во кој доминираат компании со мнозински домашен капитал, е еден од секторите кои беше најмалку погоден во пандемијата, дури одредени сектори имаа и раст на извозот. Зголемувањето на цените на суровините и амбалажата, повисоките трошоци за транспорт влијаеа врз работењето на повеќето прехранбени извозни компании, но и покрај тоа голем дел од нив успеаа да ги задржат позитивните трендови во бизнисот и во продажбите ...

ИНТЕРВЈУ ЉУПЧО ВЕЛЕСКИ, директор на извоз на “Витаминка” Македонија и светот поминуваат низ една од најголемите економски и енергетски кризи. Со какви проблеми и предизвици се соочува Витаминка, најголемата прехранбена компанија во земјава во секојдневното работење и извозот на странските пазари? Велески: Да, за жал, ова е период во кој негативните консеквенци врз економијата предизвикани од пандемијата на Ковид 19 ескалираа во уште ...

Во врска со искажаната намера за воведување на дополнителен данок на добивка за 2022 година и работниот текст на Предлогот на Закон за дополнителен данок на добивка Стопанската Комора на Северна Македонија на одржаните работни средби на оваа тема во Министерството за финансии ги изнесе своите забелешки, а истите до Министерството се испратени и во писмена форма. Стопанската комора на Северна Македонија во однос на предложениот концепт има ...

СОС Детско село – Северна Македонија е дел од интернационална организација којашто работи во 136 земји во светот веќе 70 години и е посветена на помош и на поддршка на најранливите – децата. СОС Детско село е организација којашто во моментов се грижи за повеќе од 394 деца и млади кои се без родители/родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Oд згрижувањето на првото дете во 2002 година, СОС Детско село во земјава има ...

Станува јасно дека геополитичките случувања ќе играат сè поважна улога во обликувањето на глобалната економија. Многу аналитичари веруваат дека синџирите на снабдување ќе бидат реконфигурирани според геополитичките зацртани линии. Сепак, економистите нагласуваат дека нема да бидат погодени сите региони слично и дека тоа може да предизвика преобликување на сегашните глобализирани трговски мрежи. “Се чини сè се поверојатно глобалната економска ...

И покрај сложените услови за работа кои ги предизвикаа пандемијата и енергетската криза, вредноста на извозот на македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува да расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот од јануари до октомври 2022 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 61,1 6 милиони евра, што е раст од 18,6% или за 9,6 милиони евра повеќе во споредба ...

Зашто треба поединецот да реагира вака, спротивно на општествените норми? Затоа што тој мора да ги има предвид сите информации што се поврзани со конкретната дејност и на крајот, да донесе одлука сам, со целокупниот ризик. Јас тоа го правев, затоа што ги знаев тешките последици што би настанале врз работењето на штотуку изградениот објект, но и врз серија нелогичности коишто беа видливи од месечината. На пример, повикот за поставена бомба беше ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 80 денари за литар. ...

Европа е регионот со најголем пад на производството на челик во ноември годинава во споредба со истиот месец лани. Производството на суров челик во 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во ноември изнесувало 10,5 Mt, што е намалување за 17,9%. Во ЕУ и другите земји кои не се членки на ЕУ како Турција, БиХ, Македонија, Србија, Норвешка и Велика Британија производството во ноември е намалено за дури 25,1%. Светското производство на суров ...

На церемонијата за доделување на Годишните награди на Македонската берза за 2022 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2022 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2022 година, и тоа во две категории: по избор на пазарните учесници и по избор на новинарите. ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
74%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
50%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
90%
1010
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.55
83%
1018
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
81%
1012
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
78%
1011
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 4ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
7.2
39%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3684

Currency

70.9439

Currency

33.8516

Currency

38.923

Currency

66.6976

Currency

7.40043

Currency

0.64626

Currency

0.37871

Currency

0.52552

Currency

1.42227

Currency

0.62797

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1037.27

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65