Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен. Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. Ова е прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин ...

Трговијата помеѓу Македонија и Србија во изминатата 2022 година надмина 1,1 милијарди евра, што е највисока вредност во последните 17 години, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Србија е традиционален пазар со кој имаме добра соработка, поради географската положба и добрата патна инфраструктура. Србија е четврт најголем трговски партнер на Македонија, зад Германија, Велика Британија и Грција. Кога станува збор за извозот, ...

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, ...

Бразил и Кина објавија дека постигнале договор за да го отфрлат американскиот долар во корист на нивните сопствени валути во трговските трансакции. Договорот, објавен во средата, ќе им овозможи на Кина и Бразил директно да вршат трговски и финансиски трансакции, разменувајќи јуани за реали – или обратно – наместо прво да ги конвертираат своите валути во американски долари. Бразилската агенција за промоција и трговија и инвестиции (ApexBrasil) ...

Комората организираше регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од ЗБ – предизвици и можности“, во рамки на Проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, во партнерство со УСАИД. Нејзината екселенција Анџела Прајс Агелер, Амбасадор на САД во Северна Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на ...

Менаџерите и директорите на сите компании на Нелт Група се собраа на еднодневна конференција на која беше презентиран статусот на стратешките проекти, беа разгледани досегашните резултати и претставени плановите, една година по лансирањето на бизнис стратегијата „Accelarate 2025“. Извршниот директор на Нелт Група, Милош Јелиќ, ги потсети присутните на триесетгодишниот развој на Нелт, од мал семеен бизнис до меѓународен организациски систем кој ...

Бизнис платформата ЕУ-Западен Балкан денеска на едно место во Скопје ги собра бизнис заедницата од регионот, претставена преку Бизнис советот на Коморскиот инвестициски форум и креаторите на политики од Европската Унија. На настанот учествуваа високи претставници од Европската Унија и различните директорати, регионалните институции кои работат на економската агенда во регионот и претставници на бизнис-секторот кои дискутираа за клучни прашања од ...

По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на ...

Стопанските комори на Македонија и на Австрија организираа Македонско-австриски бизнис- средби, со цел поттикнување на соработката меѓу компаниите од двете земји (29.03.2023 година). – Посетата на австриските бизнисмени во земјава е одговор на зголемениот интерес за соработка што бизнисмените ја иницираат, а ние како стопански комори ја поддржуваме. Република Северна Македонија и регионот имаат потреба од соработка на економски план особено во ...

Вештачката интелигенција (AI) би можела да замени еквивалент на 300 милиони работни места со полно работно време, се вели во извештајот на инвестициската банка Голдман Сакс. Тоа би можело да замени четвртина од работните места во САД и Европа, но може да донесе нов квалитет и бум на продуктивноста што на крајот може да ја зголеми вкупната годишна вредност на стоките и услугите произведени на глобално ниво за 7%, се заклучува во извештајот. ...

Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), ќе додели награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан. Наградите, како што информираат организаторите, се во вкупно шест категории и тоа за најголем раст на извозот во регионот во 2022 година, дигитализација, заштита на животната средина, иновативност, инвестиции ...

Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организира регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“. Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската размена ...

Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply), во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија. РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки за електрична енергија, дел од нив упатија повици за учество со ...

Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и косопственик на компанијата „Ариљеметал“ учествуваше на деветтото издание на Меѓународниот саем за индустрија на сврзувачки елементи во Штутгарт Германија. Овој настан е меѓународна трговска изложба на производители, трговци на големо, дистрибутери и добавувачи на технологија за прицврстување, која обединува повеќе од 1.000 изложувачи кои доаѓаат од сите краеви на светот. Настанот ...

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар. РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој. РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со ...

Банките имаат огромен удел при одредувањето на насоката на движењето на економијата и на самата иднина на нашите општества. Од апликации за следење на CO2 отпечатокот до кредити за фотоволтаични централи, денес банките во светот мора да бидат едни од лидерите при справувањето со глобалните предизвици поврзани со климатските промени, социјалната нееднаквост, ранливоста на енергетските системи и одржливоста на социо-економското опкружување. ...

Најновите податоци на Нaродната банка покажуваат дека извозот на ИКТ (информатички, компјутерски и телекомуникациски) услуги изминатата 2022 година надмина 467 милиони евра. Тоа е раст од 41% или зголемување за 137 милиони евра во споредба со извозот од претходната 2021 година кога извозот на ИКТ услуги изнесуваше 330 милиони евра. Извозот на ИКТ услуги од Македонија бележи висок и континуиран раст во последните пет години. Така во 2018 година ...

Во понеделник, на 27 март, работниците од различни сектори, вклучително и јавниот и приватниот транспорт, јавната инфраструктура и логистиката, ќе учествуваат на националниот предупредувачки штрајк во Германија. Штрајкот е организиран од Ver.di и EVG, два од најголемите работнички синдикати во Германија, за да побараат повисоки плати и подобри работни услови. Заради штрајкот во понеделник се очекува масовна парализа на сообраќајот и транспортот, ...

Централната банка на Албанија одлучи да ја зголеми својата основна каматна стапка на 3% од 2,75% во обид да го олесни враќањето на инфлацијата до целта, рече гувернерот Гент Сејко. Централната банка ја зголеми и каматната стапка на средствата за кредитирање преку ноќ на 4% од 3,75%, како и стапката на депозитите преку ноќ на 2% од 1,75%,. „Надзорниот совет смета дека оваа одлука е неопходна за да се гарантира стабилно враќање на инфлацијата до ...

Глобалната трговија со стоки и услуги ќе достигне рекордни 32 трилиони долари во 2022 година и покрај забавувањето во втората половина од годината поради влошената економска ситуација и зголемената неизвесност, објави УНКТАД. Трговијата со стоки минатата година пораснала за околу 10%, на 25 милијарди долари, соопшти Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој. Трговијата со услуги порасна уште посилно, за 15%, на седум милијарди ...

Дванаесет македонски винарници ги претставија своите вина на „Prowein“ – најголемиот вински настан во светот, кој се одржа од 19 до 21 март 2023 во Дизелдорф. „Prowein“ е еден од најпрестижните саеми во светот кадешто компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со меѓународни соработници и увозници. На овој саем се претставуваат извозно ориентирани винарници, чие производство ги задоволува потребите за пласман на странските пазари во ...

Директорот на Развојна банка на Северна Македонија – Кире Наумов, заедно со премиерот на Владата на Република Северна Македонија – Димитар Ковачевски и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти, ја промовираа новата Кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација. Развојната банка на Северна Македонија поведе иницијатива за воведување на оваа кредитна линија уште во текот на 2022 година. Следејќи ги потребите на компаниите, со ...

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчерашната седница на одлучи каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,25 п.п. до нивото од 5,50%. На седницата била донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат ...

Во јанури годинава македонските компании во земјите од Западен Балкан извезле стоки во вредност од 71,8 милиони евра. Тоа е за речиси 35% повеќе во споредба со јануари минатата 2022 година кога извозот на стоки изнесувал околу 53 милиони евра. Од петте земји од Западен Балкан, пак, во истиот период сме увезле стоки во врендост од 75 милиони евра, што е зголемување за 7% во споредба со ланскиот јануари. Србија и Косово се најголемите трговски ...

Зголемувањето на каматните стапки, нестабилноста на пазарот и војната во Украина го направија значително поскапо финансирањето на стоковната трговија, принудувајќи ја индустријата да бара дополнителни 300 до 500 милијарди долари обртни средства за да продолжи да се движат суровините низ светот. Секторот за тргување со стоки, кој пренесува суровини како нафта, гас, шеќер и злато низ светот, е моторот на глобалната економија. Компаниите кои ...

Во Стопанската Комора на Северна Македонија вчера се одржа обраќање на тема „Каква пазарна економија сакаме?“, на која зборуваше м-р Зоран Јовановски потпретседател и советник во Кабинетот на претседателот на Комората за макроекономски прашања и јавни финансии. Во своето обраќање Јовановски се осврна на главните модели на пазарна економија, осврнувајќи се на САД како земја со слободна пазарна економија и Германија како земја со координирана ...

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). Според договорите за купопродажба, ЕБОР ќе купи од ИФЦ 9,9 проценти од акциите во ProCredit General Partner AG, ...

Македонската Влада донесе одлука за замрзнување на цените на јајцата и оризот, а заради непречено снабдување на домашниот пазар е ограничен и извозот на јајца до 30 април. „Донесовме одлука за понатамошно замрзнување на цените на основните прехранбени производи, меѓу кои, јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година со важност до 30 април 2023 година“, изјави ...

Производните компании во Полска се повеќе се вртат кон автоматизација на процесите и воведување на роботи со цел да се справат со предизвиците кои ги носат стареењето на населението и иселувањето. Недостатокот на работници е еден од најголемите проблеми денеска во Полска. Многу тешко се наоѓаат луѓе за работа дури и за да се надоместат одливите по основ на заминувањето во пензија. Токму заради тоа, полските бизнисмени се повеќе почнуваат да се ...

Продажбите на автомобили во ЕУ растат веќе седми месец по ред, благодарение на зголемените продажби на најголемите пазари, како и заради олеснувањето на проблемите во синџирите на снабдување. Иако автомобилите на бензин имаат и понатаму најголемо учество, продажбата на електрични возила на батерии во февруари бележи раст од 39,7% во споредба со истиот месец од 2022 година. Во февруари 2023 година, пазарот на патнички автомобили во ЕУ продолжи да ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
29%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
41%
1016
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
39%
1017
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
36%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.09
39%
1014
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
3.09
39%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
7.2
38%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
44%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
6.17
37%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
41%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75